Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

„Во Македонија се оди во затвор за ќебапчиња, а не за милионски криминал“, вели Кичевски по притворот за Богоев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryt7aq9jj2rgmbfrMS4eu

Поранешниот претседател на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски, преку објава на социјалните мрежи реагираше по случајот со поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, оценувајќи дека станува збор за неправда и селективен пристап во правосудството.

— реклама —

„Како и по обичај, во Македонија во затвор се оди за украдени ќебапчиња, но не се оди ако украдеш стотици милиони. Не се оди ако труеш народ со хемиски супстанции кои се строго забранети. Не се оди ако труеш народ со палмино масло. Не се оди ако шверцуваш пет тони марихуана“, напиша Кичевски.

— реклама —

Тој изрази жалење што, како што наведе, Богоев ќе мора да ја почувствува неправдата на сопствен грб и да помине период одвоен од своето семејство.

— реклама —

„Жал ми е што Богоев ќе мора на свој грб да ја почувствува неправдата и да изгуби месеци од својот живот, раздвоен од фамилијата, а на крај сите ќе ја разберат вистината, кога ќе излезе дека од целиот случај нема ништо“, порача Кичевски.

— реклама —

Неговата реакција доаѓа откако беше отворен предмет во кој Богоев е осомничен за злоупотреби поврзани со јавна набавка во Царинската управа. Од СДСМ претходно оценија дека станува збор за политички мотивиран случај, додека надлежните институции најавија целосно расчистување на наводите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4v6m45aoebbc3YQiAW8

(Видео) „Нема вам да ви докажувам“ – прва изјава на Богоев по излегување од ќелија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryqeuec3dfct1m5eCnL9I

Стефан Богоев излегува од притвор, Судот прифати гаранција од 55.000 евра

Македонија | пред 2 седмици

media-library6ugq61aap6o06nwrI8s

Жалбата на Стефан Богоев за притворот сè уште не е стигната до Кривичниот совет, се чека мислење од обвинителот

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryqeuec3dfct1m5eCnL9I

Стефан Богоев понудил и гаранција од пари и имот за да остане на слобода и да се брани, но не била прифатена

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања