Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Од 22 до 6 часот без смет: Комунална хигиена ја тестира новата мерка во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

Новоназначениот в.д. директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, Драги Митковски, изјави дека забраната за фрлање смет во периодот од 22 до 6 часот е воведена главно поради угостителските објекти и дел од фирмите кои, како што рече, создаваат најголем дел од проблематичниот отпад во градот.

— реклама —

„Овој отпад ни прави големи проблеми. Во суштина, токму од тој начин и од тој отпад се формираат мини-депонии покрај микро-локациите. Пред сè, оваа одлука е поради тој вид на отпад, кој, за жал, најчесто се одлага токму во период кога тоа тешко се следи“, изјави Митковски за вестите на Сител.

— реклама —

Тој потенцираше дека мерката ќе биде флексибилна и дека ќе се следат нејзините резултати на терен.

— реклама —

„Ова е пробна варијанта која ќе се следи како ќе се одвива и ќе видиме каков резултат ќе даде“, додаде Митковски.

Одлуката предвидува забрана за фрлање смет во ноќните часови, а за прекршителите се пропишани казни. Претпријатието најави засилени контроли и апелираше до граѓаните и деловните субјекти да ја почитуваат новата регулатива со цел да се намали бројот на диви депонии и да се подобри хигиената во градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylmv5hhafuq7a9iCXB3J

Кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје за проневера на јавни средства од над 4,2 милиони денари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryclv0lbksph8l9tN5528

Отстранети 615 кубни метри отпад, во Чаир 13 записници за кршење на Законот за јавна чистота

Скопје | пред 3 седмици

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

(Видео) Над 1,5 милиони евра месечно губи Комунална хигиена поради девијантни појави од минатото, вели Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 месец

media-library394rmk2fr4fr8OmWH9V

При крајот на оваа пролет ќе се набавуваат камионите за Комунална хигиена-Скопје, а ќе стигаат до крајот на годинава

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања