Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Од дожд до снег: од 8 јануари значителен пад на температурите и зимски услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
skopje-sneg-2022-2

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови од запад и југозапад, во текот на оваа недела во Македонија ќе преовладува променливо време со чести, а повремено и пообилни врнежи од дожд, пишува Метеоаларм. Врнежите на моменти ќе бидат проследени со засилен ветер од јужен правец, а локално се очекува да наврне позначително количество дожд, над 30 литри на квадратен метар, додека во западните делови на земјата количината може локално да надмине и 50 литри.

Слични временски услови ќе има и во Скопје и околината, каде што се очекуваат повремени врнежи од дожд, на моменти пообилни, со засилен јужен ветер. Температурите ќе останат релативно високи и над просекот за овој период од годината, поради јужното воздушно струење и дотокот на потопла воздушна маса. На повеќе места дневните температури ќе се искачуваат околу, а на дел од територијата и над 10 степени, додека и ноќните и утринските температури ќе бидат над нулата.

— реклама —

Од четврток, 8 јануари, поради продор на значително постуден воздух од север, ќе дојде до нагло заладување. Температурите ќе опаднат, повторно ќе бидат типично зимски и ќе бидат проследени со засилен ветер од северен правец. Како последица на тоа, врнежите од дожд на планините и на повисоките населени места ќе преминат во снег, при што ќе се формира снежна покривка. Според моменталните прогнози, снежната граница би можела да се спушти и под 1.000 метри надморска височина, а не е исклучена можноста за повремен снег и во пониските предели, односно во градовите.

Во наредниот период се најавува дополнителна и ажурирана метеоролошка анализа, во зависност од развојот на новиот продор на ладен и влажен воздух од север, кој се очекува од четврток.

— реклама —

Инаку, изминативе денови Македонија влезе во невообичаено топол период за јануари, со температури карактеристични за пролет. Утринските температури се релативно високи и насекаде се над нулата, а на одделни места и над 10 степени. Најтопло утрово беше измерено во Скопје – Петровец, каде температурата достигна 14 степени. Повремено дува засилен јужен ветер, додека во западните предели веќе се регистрирани и локални врнежи од дожд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

УХМР најавува невреме со дожд, грмежи и силен ветер

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
vreme

УХМР: Променливо облачно време со дожд, грмежи и ветер до 80 км/ч

Македонија | пред 3 седмици

IMG_2960

Облачно и нестабилно време, локално се очекува невреме

Македонија | пред 4 седмици

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево време со северен ветер, температури до 25 степени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања