„Од петмина другари, само јас преживеав“, потресно сведоштво на судењето за „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
kocani

Сведоштвото на Мартин Китанов на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ беше едно од најпотресните досега. Тој опиша сцени на целосен хаос, чад и неподнослива жештина, со луѓе паднати и притиснати на главниот излез, каде, како што рече, животот и смртта се разделувале во секунди.

— реклама —

Китанов раскажа дека во обид да излезе од објектот се сопнал и паднал, по што врз него налетале и други лица. Притиснат под тежината на повеќе тела, почнал да го губи здивот и надежта дека ќе преживее. Во тие моменти, како што сведочеше, помислата на неговите две деца му дала сила да се обиде да продолжи да дише, додека пожарникари и други луѓе безуспешно се обидувале да го извлечат.

— реклама —

„Од пет другари кои излеговме таа вечер, само јас преживеав. Тројца ми беа другари од детство. До денес не знам како точно загинаа“, рече Китанов пред судот. Тој објасни дека сите заедно тргнале кон излезот, свесни дека се наоѓаат во сериозна опасност. „Единствено се обидував да издржам да дишам“, додаде.

— реклама —

Како што сведочеше, брзо стигнале до таканаречената „каубојска врата“, но видливоста била нула, а топлината екстремна. Меѓу двете врати се сопнал и паднал, испружувајќи ги рацете напред, по што врз него паднале уште неколку луѓе. „Петмина лежевме еден врз друг. Потоа никој повеќе не помина – сите паѓаа врз нас“, изјави Китанов.

Пресвртот, според него, се случил кога непознато момче со голем напор успеало да го извлече од купот тела и да го донесе до скалите. „Тоа го доживувам како божја сила“, рече сведокот, додавајќи дека бил извлечен без патики и со соблечени фармерки.

Надвор, прва му помогнала девојка по име Ана, која го препознала, му помогнала да се облече, му дала вода и се обидувала да го смири. Иако сакал повторно да влезе во објектот за да ги бара своите пријатели, луѓето околу него не му дозволиле, укажувајќи дека е повреден и цел во крв.

Откако седнал на тротоарот, Китанов почувствувал силен стрес и вкочанетост на рацете и нозете. „Пред очи ми се појавуваа сцени со луѓе и деца кои паѓаа и се онесвестуваа, а јас не можев да помогнам“, сведочеше тој.

Подоцна се упатил кон блиска бензинска пумпа, каде што работел негов пријател, но таму колабирал и му била укажана прва помош. Потоа бил префрлен во болница, каде, како што изјави, одбил да слушне информации за судбината на своите пријатели, стравувајќи од вестите што би можел да ги слушне.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

(Видео) Кој фали на обвинителна клупа за случајот „Пулс“, Давидовиќ: Главниот шериф не одговара

Студио | пред 1 ден

media-libraryba5s57816tu4dk1tsv0

Страшно сведоштво на пожарникар: Три јагленосани тела во ‘Пулс’, едното се држи за маса, друго потпрено за столб, третото со раце нагоре

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Пожарникар сведочеше за пожарот во „Пулс“: Во билетарата затекнав над десет лица кои не даваа никави знаци

Македонија | пред 1 седмица

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

Од затворот во Скопје се координира влијание врз сведоци во случајот „Пулс“, тоа го прави братот на газдата преку Вибер, тврди мајката на загинатиот Томас

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања