Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Од полноќ бензините поскапуваат за пола денар, дизелот поевтинува за исто толку

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
benzine

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, со која од полноќ ќе има корекција на цените на горивата.

— реклама —

Според одлуката, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 0,27 проценти во однос на претходната одлука.

Од 30 јуни 2026 година од 00:01 часот, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 0,50 денари по литар, додека дизелот поевтинува за ист износ.

— реклама —

Така, новите максимални цени ќе изнесуваат:

— реклама —
  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 84,50 денари за литар

  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 86,50 денари за литар

  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 80,00 денари за литар

  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 79,50 денари за литар

  • Мазут М-1 НС – 41,495 денари за килограм

Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, додека мазутот поевтинува за 0,796 денари по килограм.

Од РКЕ информираат дека референтните цени на светскиот пазар бележат намалување кај сите нафтени деривати, при што кај дизелот намалувањето изнесува 2,183 проценти, а кај мазутот 4,388 проценти.

Од Комисијата потсетуваат дека утврдените цени се максимални, а трговците можат да ги формираат и пониско од одредените износи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Граѓаните во септември најмногу купувале гориво

Македонија | пред 11 час

— реклама —
235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Бензините поевтинуваат за пет денари, дизелот останува со иста цена

Македонија | пред 4 дена

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Нови цени на горивата од полноќ: бензините поевтинуваат за 2,5 денари, дизелот поскапува за 2 денари

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o

Фицо: Европа има големи проблеми со нафтата и горивото

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања