Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Од судење на најкрупни предмети до 350.000 евра во ѕид: хронологија на кариерата на Ѓоко Ристов

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-library7iqjo8ige4eb3Sng2XT

Судијата Ѓоко Ристов од 2020 година е судија во Апелациониот суд во Скопје, каде во изминатите години одлучуваше по некои од најкрупните и најчувствителни судски предмети во кои обвинети беа политичари, бизнисмени и лица со значителна моќ и влијание. Паралелно со неговата работа, до Судскиот совет имало претставка со наводи дека одредени предмети се задржуваат во фиока, додека истовремено се бара мито за нивно решавање, особено во случаи каде Ристов бил судија-известител.

— реклама —

Еден од најпознатите предмети во кои судел и Ристов е „Таргет–Тврдина“, случајот за масовното незаконско прислушување, во кој обвинет беше Сашо Мијалков. Со укинувањето на пресудата на Кривичниот суд, предметот застаре, што резултираше со негово затворање без правосилна судска одлука за тоа кој незаконски прислушувал политичари, новинари, бизнисмени и граѓани. Апелацискиот совет, во кој беа и судиите Нича, Беџети, Милева и Чачева, имаше можност да ја преотвори постапката и да донесе конечна одлука без да го враќа предметот на повторно судење. Предметот, според јавно изнесени информации, девет месеци стоел во фиока, во период кога судија-известител бил Енвер Беџети, кој подоцна беше разрешен и ставен на црната листа на САД.

Ристов учествуваше и во одлучувањето за притворот на Мијалков во предметот „Трезор“, заедно со Беџети, при што беше донесена одлука тој да биде пуштен на слобода, иако претходно беше недостапен за органите на прогонот. Станува збор за периодот кога Мијалков кажа дека бил болен и не видел дека два дена по него се трага.

— реклама —

Одлука за укинување на притвор донесе и во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, каде заедно со судиите Лирие Елези Ајрулау и Тања Милева беше прифатена имотна гаранција.

Со гласот на Ристов беше финализиран и предметот „27 април“, при што Апелација ја потврди пресудата, но ги намали изречените казни. Осудените и денес тврдат дека се неправедно осудени и бараат повторување на постапката.

Ристов беше судија-известител и во предметот „ТНТ“, каде оштетениот Фијат Цановски јавно го обвини дека предметот намерно се држи во фиока со цел да застари и да не дојде до обештетување за случајот „Космос“.

Во јавноста одекна и информацијата дека предметот за смртта на родилката Маја Кадиева од Дојран и нејзиното новороденче, во кој обвинети беа двајца гинеколози, три години стоел нерешен а судија известител бил Ристов. Пресудата во Велес била донесена во 2020 година, а Апелација, каде предметот го добил Ристов во мај 2023 година, донела одлука само една недела пред застарување, прогласувајќи ги обвинетите за виновни.

Ристов судел и во предметите „Метастаза“ за злоупотреби со инвалидски пензии, „Изгрев“ за финансиски злоупотреби со имот на МПЦ, како и „Албатрос“ и „Бумеранг“ за мито кај гранични полицајци. Во 2012 година се кандидираше за претседател на Кривичниот суд, но ја загуби трката од Владимир Панчевски, по што подоцна стана апелациски судија во 2020 година. Неговиот избор беше изгласан едногласно од сите 12 членови, со бројни пофалби за неговата кариера.

Денес, Ѓоко Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, за кој постојат сомнежи дека е прибавен со дејствија на корупција и трговија со влијание. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека при претрес во домот на неговите родители во Неготино, во соѕидан простор во ѕид биле пронајдени 350.000 евра за кои постои сомнение дека се незаконски стекнати. Претресите и истражните дејствија продолжуваат.

Засега нема официјална информација дали Ристов е приведен и дали ќе биде побаран притвор. Во случај да се предложи таква мерка, Обвинителството ќе достави предлог до судот, по што Судскиот совет би требало да одлучува за одземање на судискиот имунитет, како предуслов за евентуален притвор во Истражниот затвор „Шутка“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk9chqiu7d1gceH1tl4i

МВР со детали за претресот кај родителите на судијата, каде открија пари соѕидани во ѕид

Македонија | пред 6 часа

media-librarykvthg4k5ut31a4JlRGp

Најдени 350.000 евра во соѕидан простор во домот на родителите на судијата од Апелација, осомничен за висока корупција

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања