Промени тема
Контакт

Одбележани 80 години од ослободување на Ѓорче Петров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
80-godini-slobodno-Gjorce-1

Со положување цвеќе од страна на бројни делегации на Спомен-плочата на паднатите борци во НОБ, Општина Ѓорче Петров денеска го одбележа 14 Ноември, денот кога општината беше ослободена во антифашистичка борба.

Општинската делегација беше предводена од градоначалникот Александар Стојкоски кој во обраќање пред присутните рече дека 14 ноември е датум кој ја врежал слободата длабоко во историјата на ова место.

— реклама —

- Овој ден не е само историски настан, туку и сведоштво за неуморната борба, пожртвуваноста и храброста на сите оние кои се изборија за својата земја, за својот дом, за својата иднина. Никогаш не смееме да заборавиме дека слободата и државата тешко се стекнуваат, но вечно се бранат и чуваат со нашите дела кои се темелат на спомените на хероите и поуките кои ни ги дава историјата, како и на секојдневно вложениот труд – рече Стојкоски.

— реклама —

Затоа, додаде, одбележувањето на осум децении од ослободувањето на Ѓорче Петров го чествуваме како благодарност кон оние кои ги дале животите за денес ние да живееме во мир. Но, како што потенцираше Стојкоски, истовремено и како обврска на модерното време кое бара нови херои што ќе одговорат на новите предизвици, кои нудат храбри и одржливи решенија.

— реклама —

- Денес, вистинските вредности се видливи и тие се препознаени од ѓорчепетровци, кои секојдневно се сведоци на нови и нови дела, кои се прават за заедничкото добро на сите. Нека ни е честит и вековит Денот на ослободувањето на општина Ѓорче Петров! Секогаш да се потсетуваме на денешниов ден и да го негуваме духот на слободата и единството што не обединува. Да живее слободно Ѓорче, вечна да е Република Македонија – подвлече Стојкоски во обраќањето.

— реклама —

Ослободувањето на Ѓорче Петров, ден по ослободувањето на Скопје е пример за непокор и за големата жртва која македонските партизани ја дадоа за да го ослободат секое делче од нашата земја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evn-ptici-struen1

Дел од Ѓорче Петров без струја, не работат ниту семафорите

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-library8l8hsqk7bj15c1plvPm

Нова фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров

Скопје | пред 1 месец

media-library5b65qemhpef9fLYcR2q

Фотоволтаични системи на сите основни училишта во Ѓорче Петров

Скопје | пред 2 месеци

media-library0e095eprldu3d8lwA7O

Општина Ѓорче Петров: Бесплатен ранец, финансиска поддршка и ужинка за секое прваче

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања