Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library86c4ck0ohv7l2eE4uJW

По повод Меѓународниот ден на мирот, одбележани се 15 години од спроведувањето и развивањето на мировното образование во училиштата, во соработка со Првата детска амбасада „Меѓаши“.

— реклама —

На одбележувањето државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска истакна дека искуствата од минатото покажуваат оти конфликтите носат болка и загуби, поради што мирот треба да се гради и да се негува уште од најрана возраст.

Во изминатите 15 години, бројни наставници поминале обуки и во училиштата реализирале содржини насочени кон ненасилно решавање конфликти, прифаќање на различностите, дијалог, толеранција и соработка.

— реклама —

Ивановска посочи дека доколку децата уште од мали учат несогласувањата да ги решаваат преку разговор, слушање и компромис, да ги контролираат своите емоции и да ги почитуваат ставовите на другите, тие ќе израснат во граѓани кои ја негуваат културата на мирот.

— реклама —

Таа изрази благодарност до „Меѓаши“ за нивниот ангажман и ги повика сите чинители да придонесат кон создавање образование што ќе помогне во развојот на современо и демократско општество.

За придонесот во мировното образование признанија добија средните училишта „Ванчо Прке“ од Виница и „Зеф Љуш Марку“ од Скопје.

— реклама —

Ивановска нагласи дека наставниците имаат значајна улога стекнатото знаење да го пренесат во училниците, а најголемата вредност од нивната работа се учениците кои растат во духот на почитта, толеранцијата и одговорноста за мирна иднина на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryria5t511mpil7l7HRNL

МОН отвори конкурс за студентски стипендии, пријавувањето трае до 20 ноември

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryr2ubmeo57qe490vh2Zz

Програмата за сеопфатно сексуално образование повторно е воведена, но под името – „Здравје и заштита на здравјето“.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj0me57nr0uu00uTeiFL

Во „Стив Наумов“ откорнале радијатор, фрлале влажни марамици во канализација и палеле цигари во собите, велат од МОН

Македонија | пред 2 седмици

media-library2lu3euolp37rd6bAm11

Над 10.800 средношколци учат според модернизирани наставни програми, во кои се вклучени СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања