Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Огњеновиќ: Младите се иселуваат, а лажните патриоти во Владата земаат бугарски пасош за ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryndu9oplpjfe373wxNQ8

На денешната прес-конференција на СДСМ, членот на Извршниот одбор Петар Огњеновиќ упати обвинувања кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека дел од нејзините функционери поседуваат бугарски пасоши, додека јавноста се соочува со масовно иселување на младите.

Огњеновиќ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го поддржи предлог-законот со кој би се забранило двојно државјанство за пратеници, членови на Владата и други носители на јавни функции.

— реклама —

„Зошто се блокира овој закон? Затоа што, според нас, дел од функционерите веќе поседуваат бугарско државјанство“, изјави тој.

Тој на прес конференцијата додаде дека, според СДСМ, министри, пратеници, градоначалници и директори на јавни претпријатија поседуваат двојни државјанства, додека во јавноста настапуваат како заштитници на македонскиот идентитет.

— реклама —

„Додека јавно се блокираат европските процеси, приватно дел од нив си обезбедиле европски пасоши за себе и за своите семејства“, рече Огњеновиќ.

Според него, ваквите политики придонесуваат за дополнително иселување на младите и за, како што рече, европска изолација на државата.

— реклама —

СДСМ оценува дека земјите од регионот напредуваат во евроинтеграциите, додека Македонија, според нив, заостанува во процесот.

„Од Македонија се создава слепа точка на Балканот, а младите гледаат само како да заминат“, додаде тој.

— реклама —

Од СДСМ побараа законот да се донесе итно и да важи за сите функционери без исклучок.

„Потребна е еднаква примена на правилата за сите“, порачаа од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања