Промени тема
Контакт

Онкологија по вчерашното невреме: Нема радијација, пациентите се безбедни и третманите продолжија без прекин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
2_99

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија соопшти дека нема опасност за пациентите и медицинскиот персонал, откако во јавноста беа изнесени тврдења за наводен радијациски ризик и поплава по вчерашното невреме во Скопје.

— реклама —

Од Клиниката информираат дека обилните врнежи предизвикале протекување на вода во делот каде што е сместен Одделот за радиотерапија. Како мерка на претпазливост, апаратите за радиотерапија биле привремено исклучени, по што биле извршени сите потребни проверки.

— реклама —

По отстранувањето на проблемот, просториите биле исчистени и дезинфицирани, а овластени лица извршиле технички преглед на апаратите. Според Клиниката, не биле утврдени никакви оштетувања или неисправности, по што радиотерапевтските третмани продолжиле без прекин.

Во врска со просторијата во која се спроведува терапија со радиоактивен јод, од Онкологија велат дека поради забележаното протекување пациентите веднаш биле преместени во друга соодветна просторија во рамките на установата.

— реклама —

Во координација со Институтот за нуклеарна медицина и Дирекцијата за радијациона сигурност биле спроведени детални мерења, кои покажале дека нема радиоактивна контаминација.

Од Клиниката потенцираат дека ситуацијата е целосно стабилизирана и дека здравствените услуги се одвиваат непречено, без да биде доведена во прашање безбедноста на пациентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Минатата година имало околу 1.000 нови случаи на рак на дојка, на Онкологија се лекуваат 7.000 пациенти

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
nino-vasev

Продолжи судењето за „Онкологија“: Судот го одби барањето на Васев за изземање на техничкиот советник на Обвинителството

Македонија | пред 3 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Македонија | пред 1 месец

2_99

„Доцнењето на дел од лековите е надминато, терапијата не беше прекината“, велат од Клиниката за онкологија

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања