Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Онколошките пациенти чекаат со месеци за резултати и терапија, системот ги остава сами“, Стојчевска со критики за состојбата на Онкологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
2_99

Бојана Стојчевска преку објава на социјалните мрежи упати критики за состојбата во здравствениот систем, осврнувајќи се на искуствата на онколошките пациенти кои, како што наведува, со месеци чекаат за дијагностички резултати, прегледи и терапија.

— реклама —

Таа посочува дека пациентите по повеќемесечни терапии чекаат дополнителни месеци за компјутерска томографија и за извештај од снимањето, а во меѓувреме доаѓаат на контроли без конечни резултати. Според неа, лекарите се преоптоварени со голем број пациенти, што дополнително го усложнува процесот.

— реклама —

Стојчевска наведува дека по прегледите следуваат нови чекања за административни процедури и за подигнување на терапијата, а дел од пациентите се соочуваат и со недостиг од лекови.

„За еден онколошки пациент времето не се брои во денови. Се брои во шанси. Во секој изгубен ден, во секоја пропуштена терапија, во секој месец чекање“, пишува Стојчевска.

— реклама —

Во објавата таа нагласува дека вината не е кај лекарите или пациентите, туку кај системот, повикувајќи ги носителите на одлуки лично да ја видат состојбата во чекалните на Клиниката за онкологија.

„Ако ова е реалноста на едно општество, тогаш најголемата дијагноза не ја носат пациентите. Ја носи системот“, наведува Стојчевска.

media-library436j71rjclhg8dp8r98

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

onkologija-4142

Пристигнаа „Phesgo“ и „Goserelin“ на Онкологија, пациентите со одложена терапија ќе добијат повик

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Минатата година имало околу 1.000 нови случаи на рак на дојка, на Онкологија се лекуваат 7.000 пациенти

Македонија | пред 3 седмици

nino-vasev

Продолжи судењето за „Онкологија“: Судот го одби барањето на Васев за изземање на техничкиот советник на Обвинителството

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања