Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Орбан: „Унгарија секогаш може да смета на Фидес“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Унгарскиот премиер и лидер на Фидес, Виктор Орбан, порача дека задачата на партијата е да биде подготвена за да може Унгарија да смета на неа секогаш кога ќе биде потребно. Тој ова го изјави на партискиот собир во југозападниот дел на земјата.

На годишниот собир на Фидес и Христијанско-демократската народна партија, Орбан оцени дека Унгарија зад себе има „16 фантастични години“ на граѓанско и патриотско владеење.

— реклама —

Според него, кога Фидес дошол на власт во 2010 година, Унгарија била во состојба налик на колонија, но владата, предводена од него, успеала да ја претвори во „независна, суверена и успешна земја“.

— реклама —

„Фидес победи на четири последователни изборни циклуси пред да загуби едни избори по 20 години“, изјави Орбан, пренесе унгарската новинска агенција МТИ.

Тој најави дека Фидес следниот четврток и петок ќе одржи дводневен состанок на раководството. Една од главните теми ќе биде распределбата на средства за поддршка на граѓани, медиуми, влијателни лица и поединци кои учествуваат во, како што го нарече Орбан, „националниот отпор“.

— реклама —

Говорејќи за миграциската политика, Орбан рече дека Унгарија во изминатата деценија ја штитела Европа и соседните земји.

— реклама —

Тој оцени дека токму „одбраната на надворешните граници на Европа“ од страна на Унгарија е причината што во Чешка и Словачка немало миграција, додека во Австрија таа била во многу ограничен обем.

Орбан најави и дека утре ќе даде интервју во кое ќе говори за говорот што допрва треба да го одржи на собир затворен за јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Братот на Виктор Орбан меѓу осомничените за трговија со луѓе, полицијата бара притвор

Свет | пред 2 дена

— реклама —
viktor-orban

Орбан го обвини Туск за обид за државен удар против сопствениот народ

Свет | пред 1 седмица

orban-tramp1

Зошто Трамп сака Орбан да биде генерален секретар на ОН? Се појави нова теорија

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhvtbbknj6p5hb7wDdtY

Орбан, Вучиќ, можеби наскоро и Трамп: Дали следува голем политички пресврт?

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања