Оставката на Трајановски од заменик градоначалник се нереализирани бизнис интереси околу Арсовска, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
aleksandar-trajanovski

„Александар Трајановски од ГРОМ задоцни цели 3 години во проценката на личноста и неделата на градоначалничката Данела Арсовска“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

„Неговата оставка од местото заменик градоначалник не е последица на неговиот револт од пајташите на Арсовска, туку веројатно причина се нереализирани бизнис интереси во морето интереси заокружени околу Данела Арсовска.

Да потсетиме дека Трајановски беше во улога "дрвен адвокат" и бранител на Арсовска до последниот момент, поточно до последната седница на Совет каде убедуваше дека кутрата Арсовска е жртва, а не агресор и уништувач на градот Скопје.

— реклама —

Ќе потсетиме на неговите жолчни и параночни навреди и клевети кон советниците на ВМРО ДПМНЕ, и коалицијата , квалификации и клевети и кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и тоа токму за работите за кои предупредувавме, а кои сега тој на говорница ги наведува како причина за неговиот раскин на соработка со Арсовска. Кога ВМРО ДПМНЕ предупредуваше за хаосот кој го приредуваше Арсовска, за нејзината неработа, но и тесни врски со ДУИ, Левица и ДУИ, тогаш Трајановски аплаудираше на Данела.

Трајановски не е никаква жртва туку тригодишен уживач на сите придобивки кои Арсовска му ги овозможи, заедно со пајташите од Левица и ДУИ. Но народот вели таквите како Трајановски го напуштаат бродот кој тоне, но Александар задоцни цели три години. Сега тоа не е исправање на неправда, туку тоа се вика лицемиерие“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања