Промени тема
Контакт

Откриени детали од заклучоците на европските лидери во Париз, Макрон разговараше со Трап

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ги информира за вчерашниот собир на европските лидери во Париз.

Да потсетиме, лидерите на Обединетото Кралство и на Европската унија се состанаа вчера на вонреден самит за да разговараат за Украина. Извештаите покажуваат дека земјите биле поделени околу тоа дали Европа треба да испрати мировници во Украина во случај на договор за прекин на огнот.

— реклама —

Макрон доцна синоќа на социјалната мрежа Х напиша дека мировниот договор мора да биде проследен со силни и кредибилни безбедносни гаранции за Украинците.

- На ова ќе работиме заедно со сите Европејци, Американци и Украинци. Тоа е клучот, напиша Макрон.

— реклама —

Белата куќа ги опиша разговорите меѓу Макрон и Трамп како пријателски, додека Зеленски рече дека се согласиле дека сите безбедносни гаранции за Украина мора да бидат силни и сигурни.

— реклама —

- Убедени сме дека Европејците мора да инвестираат подобро, повеќе и заедно во својата безбедност и одбрана и за денес и за иднината. За таа цел, Европејците сакаат да го забрзаат спроведувањето на сопствената агенда за суверенитет, безбедност и конкурентност. Работата ќе продолжи врз основа на предлозите на Европската комисија, како за поддршка на Украина, така и за развојот и инвестирањето во нашата одбрана. Оваа програма, дефинирана во 2022 година на самитот во Версај, едноставно мора да се спроведе. Одлуки, акции, кохерентност. Брзо. Ќе ги продолжиме овие дискусии во наредните денови“, напиша Макрон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

makron-tramp

Макрон од францускиот архипелаг крај Канада му одговори на Трамп: „Ова е француско“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
makron

Макрон бара состанок на Г7: Ќе се разговара за енергијата поради растот на цените на горивата

Свет | пред 3 дена

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Свет | пред 3 дена

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Макрон: Европа и Франција се соочуваат со засилени руски хибридни закани

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања