Промени тема
Контакт

„Ова е неприфатлива неправда, одлуката мора да биде променета“, изјави Курти по пресудата за Тачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Балкан
kurti-640x427

Премиерот на привремените приштински институции, Албин Курти, реагираше по изрекувањето затворски казни за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, оценувајќи ја одлуката како „неприфатлива неправда“ и порача дека таа мора да биде променета во жалбената постапка.

Курти, во видеообраќање објавено на Инстаграм, рече дека станува збор за „голема и штетна казна“ и изрази несогласување со прогласувањето на четворицата за виновни.

— реклама —

„Пресудата можеби формално е изречена во име на народот на Косово, но оваа празна формула не треба да се меша со волјата на народот. Оваа пресуда дефинитивно мора да биде променета и исправена во жалбената постапка, и тоа што е можно побрзо“, рече Курти.

— реклама —

Тој додаде дека во, како што ги опиша, тешки моменти е со семејствата на поранешните лидери на ОВК и со сите нивни соборци.

— реклама —

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи се осудени на по 25 години затвор, Кадри Весели на 18 години, додека Реџеп Селими е осуден на 13 години затвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryplr3fhh2krar4OiXSMl

По пресудата во Хаг стигнаа реакции од Кадриу, Села, Касами и Меџити: „Последниот збор сè уште не е кажан“

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarycuqvkiggldriaXRjnea

(Видео) Немири во Хаг по пресудата за Тачи, полицијата уапси повеќе демонстранти

Настани | пред 5 часа

ali-ahmeti

„Неправедна и длабоко разочарувачка“: Ахмети за пресудата за Тачи и лидерите на УЧК

Македонија | пред 5 часа

Rama1

„Срамота“ – Рама со реакција по пресудите во Хаг

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања