Промени тема
Контакт

(Видео) Протести во Приштина по пресудите во Хаг: Пиротехника, камења и навреди кон Србите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Настани
media-libraryocdpa3ak45g5dirkvUt

Незадоволството по пресудите изречени во Хаг против поранешните лидери на УЧК продолжи и синоќа во Приштина, каде што голем број поддржувачи се собраа на главниот плоштад.

— реклама —

Демонстрантите носеле албански знамиња и знамиња на УЧК, а за време на протестот биле активирани пиротехнички средства и биле упатувани навреди кон Србите. Од толпата се слушале и извици: „Смрт на предавниците, слобода за ослободителите“.

На протестот се обратил Насим Харадинај, поранешен заменик-претседател на Организацијата на ветераните на УЧК, кој ги повикал демонстрантите да побараат од пратениците во Собранието на Косово да расправаат за пресудата на Специјализираните совети во Хаг на пленарна седница.

— реклама —

Меѓу присутните биле и функционери и пратеници од Демократската партија на Косово и од Алијансата за иднината на Косово.

— реклама —

Полицијата и натаму ги обезбедува владините згради во центарот на Приштина со засилени сили. Претходно, група Албанци незадоволни од пресудите фрлале камења кон зградата на Владата на Косово, при што биле искршени прозорци.

Во Хаг, вчера, Хашим Тачи и Јакуп Красниќи беа осудени на по 25 години затвор, Кадри Весели на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години затвор за воени злосторства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypmqmhuflbhjj4Q7T0wr

Хаг го продолжи рокот за жалби во предметот против поранешните водачи на УЧК

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarypmqmhuflbhjj4Q7T0wr

Тачи по пресудата во Хаг им се заблагодари на граѓаните на Косово за големата поддршка и ги повика да останат смирени

Балкан | пред 3 седмици

media-libraryplr3fhh2krar4OiXSMl

По пресудата во Хаг стигнаа реакции од Кадриу, Села, Касами и Меџити: „Последниот збор сè уште не е кажан“

Македонија | пред 3 седмици

kurti-640x427

„Ова е неприфатлива неправда, одлуката мора да биде променета“, изјави Курти по пресудата за Тачи

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања