Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Оваа година меѓу четирите најтопли во историјата, предупредуваат Обединетите нации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 45 минути -

Свет
media-library4mj581auo24g2N0aRJZ
Magnific

Оваа година би можела да биде една од четирите најтопли во историјата на мерењата, под влијание на силниот климатски феномен Ел Нињо и продолжувањето на глобалното затоплување, се наведува во најновиот извештај на Обединетите нации.

— реклама —

Извештајот на Светската метеоролошка организација (СМО) беше објавен во пресрет на новата рунда преговори во рамките на климатската конференција на ОН, ЦОП, која од денеска до 20 ноември се одржува во Турција. Според податоците, просечната глобална температура во периодот од јануари до септември годинава била за 1,47 степени повисока од прединдустриското ниво, а можно е дополнително зголемување поради влијанието на силниот Ел Нињо.

Податоците на СМО покажуваат дека сите последни 12 години, вклучително и тековната, се меѓу 12-те најтопли откако започнале мерењата, околу 1850 година.

— реклама —

„Сите показатели ја раскажуваат истата приказна. Топлината што ја задржуваат стакленичките гасови се забележува во океаните, атмосферата, топењето на мразот и порастот на морското ниво“, изјави Џон Кенеди, раководител на одделот за климатски информации на СМО, на прес-конференција во Женева.

— реклама —

Дополнително предупредување доаѓа и од европската програма за следење на климатските промени „Коперник“. Минатата недела оттаму соопштија дека речиси е сигурно оти 2026 година ќе биде втората календарска година, по 2024-та, во која ќе биде надминат прагот од 1,5 степени над прединдустриското ниво.

Овој праг е утврден со Парискиот климатски договор од 2015 година.

— реклама —

Во извештајот на агенцијата на ОН се предупредува и дека Земјата продолжува да акумулира топлина, а температурите на океаните годинава дополнително растат во однос на рекордните вредности забележани во 2025 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sobranie-obedineti-nacii

Македонија почесто на страната на ЕУ отколку на САД при гласањата во ОН, тврди Милошоски

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarypafall78tiou3jVRK9n

Засилено обезбедувањето околу ОН во Њујорк по мистериозните инциденти со шахти

Свет | пред 1 месец

IMG_6878

Советот за безбедност на ОН ги осуди нападите на Хутите врз Саудиска Арабија

Свет | пред 1 месец

media-libraryjb3rv9nv0r6v4PZGvhk

ОН стравуваат дека повеќе од 500 лица загинале во два бродолома кај Мјанмар

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања