Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Советот за безбедност на ОН ги осуди нападите на Хутите врз Саудиска Арабија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
IMG_6878

Советот за безбедност на Обединетите нации ги осуди засилените напади на јеменските Хути врз Саудиска Арабија, како и продолжувањето на воената ескалација на ова движење во Јемен.

— реклама —

Во заедничкото соопштение, членовите на Советот за безбедност најостро ги осудија нападите врз Саудиска Арабија и воените активности на Хутите во Јемен.

— реклама —

Според нив, ваквите дејствија претставуваат закана од проширување на конфликтот, ја загрозуваат поморската безбедност и меѓународната трговија и ги поткопуваат регионалните и меѓународните напори за воспоставување мир во Јемен.

— реклама —

Хутите контролираат делови од Јемен со најголема концентрација на население, како и поголем дел од северот на земјата. Од јули тие изведуваат напади врз Саудиска Арабија, откако беше прогласена поморска блокада на Ријад.

— реклама —

Меѓу целите на нападите биле и саудиски бродови во Црвеното Море, со што дополнително се зголемија безбедносните ризици за поморскиот сообраќај во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4mj581auo24g2N0aRJZ

Оваа година меѓу четирите најтопли во историјата, предупредуваат Обединетите нации

Свет | пред 3 дена

— реклама —
sobranie-obedineti-nacii

Македонија почесто на страната на ЕУ отколку на САД при гласањата во ОН, тврди Милошоски

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypafall78tiou3jVRK9n

Засилено обезбедувањето околу ОН во Њујорк по мистериозните инциденти со шахти

Свет | пред 1 месец

media-libraryjb3rv9nv0r6v4PZGvhk

ОН стравуваат дека повеќе од 500 лица загинале во два бродолома кај Мјанмар

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања