Полицијата во Њујорк го засили обезбедувањето околу Генералното собрание на Обединетите нации по серијата необјаснети случаи во кои луѓе биле забележани како влегуваат или излегуваат од шахти низ градот.
Последниот инцидент се случил рано на 23 септември, кога три непознати лица излегле од канализацијата во населба во која престојуваат бројни светски лидери, кои се наоѓаат во Њујорк. Според полицијата, нивните мотиви засега не се познати, а сите тројца успеале да побегнат.
Слични случаи со месеци привлекуваат внимание во Њујорк. Снимките од надзорните камери повеќепати регистрирале луѓе како се спуштаат во шахти или излегуваат од нив на различни локации низ градот.
Во врска со сличен инцидент, вчера биле приведени двајца осомничени, кои се соочуваат со обвиненија за неовластен пристап и заговор, соопшти полицијата.
Едно од можните објаснувања е дека луѓето влегуваат во канализацискиот систем во потрага по вредни предмети и отпаден метал, особено по невреме. Портпарол на полицијата изјавил дека такви случаи неодамна биле забележани, а инцидентот од 23 септември би можел да се вклопи во истиот образец.
Сепак, ова објаснување го довел во прашање градскиот водич Стив Данкан, кој организира официјални тури низ канализацискиот систем на Њујорк. Тој за „Њујорк тајмс“ изјавил дека во текот на бројните спуштања под градот, највредниот предмет што го пронашол била истечена кредитна картичка.
Властите во Њујорк предупредуваат дека влегувањето во канализацискиот систем е опасно поради присуството на токсични и потенцијално смртоносни гасови, нестабилното тло и можноста за ненадејни поплави.
Уапсени двајца мажи во Њујорк откако излегле од шахта во близина на хотелот каде што требало да престојува Нетанјаху
Во близина на хотелот во Њујорк каде што, според медиумските наводи, требало да престојува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на заседанието на Генералното собрание на ОН, полицијата уапси двајца мажи кои биле забележани како излегуваат од градскиот канализациски систем.Полицијата во Њујорк (NYPD) ги уапсила 26-годишниот Кевин Родригез и 25-годишниот Самјуел Реверон, под сомнение дека сториле кривични дела поврзани со здружување и неовластено влегување на туѓ имот, пренесува Би-Би-С
Свет | пред 4 часа