Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

АЕРОДРОМ

media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Мака за авионите над Скопје: Опасниот феномен „wind shear“ го наруши сообраќајот

Феноменот „wind shear“ синоќа создаде сериозни проблеми во воздушниот сообраќај над Скопје, поради што повеќе авиони не можеа безбедно да слетаат на скопскиот аеродром.Овој метеоролошки појас, кој означува нагла промена во јачината или насоката на ветерот на многу мал простор, претставува една од најризичните појави за авионите при финалниот приод.Поради сложените временски услови, најмалку две редовни линии – една од Истанбул и една од Венеција – морале да го прекинат приодот кон пистата во Скопје и да бидат упатени кон аеродромот во Приштина.Патниците од авионот што тргнал од Венеција минале низ особено непријатна ситуација: летот кружел над градот повеќе од еден час додека екипажот барал безбедна можност за слетување, но на крај донел одлука за пренасочување.Сообраќајните нарушувања продолжуваат и денеска, а компаниите треба да ги информираат патниците за следните чекори и можни промени во распоредот, објави „Скопје1.мк“.Метеоролозите потсетуваат дека „wind shear“ може да предизвика ненадејно губење на висината на воздушните летала, што го прави секој обид за слетување исклучително чувствителен. Аеродромските служби внимателно ја мониторираат состојбата и ги применуваат сите протоколи за да се гарантира безбедноста на екипажите и патниците.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarye34i5ivo88tqcUv3VFe

Возачот кој удри во контејнери и паркирани возила во Аеродром избегал по инцидентот, па го бркале и фатиле

Во саботата, 08 ноември 2025 година, во 22:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул. „Матеја Матевски“ во Скопје, патничко возило „БМВ 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А. (22) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и во патничко возило „Алфа Ромео“ со демиркаписки регистарски таблички, информираат од Министерството за внатрешни работи.Возачот го напуштил местото на несреќата, но по преземени мерки од полициските службеници бил наскоро пронајден и фатен.Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarye34i5ivo88tqcUv3VFe

(Фото) Сообраќајна несреќа кај „Џевахир“ – возило удри во контејнери и паркирани автомобили

Ноќеска во скопската населба Аеродром, во близина на кулите „Џевахир“, се случи сообраќајна несреќа. Според првичните информации и сведоштва на очевидци, возило што се движело со голема брзина удрило во неколку контејнери и две паркирани возила.Очевидци на социјалните мрежи објавија дека возачот изгубил контрола врз возилото, предизвикувајќи значителна материјална штета. Неофицијално, се работи за турски државјанин, а ова е втора сообраќајна несреќа во истиот дел на булеварот во само една недела.Жителите на Аеродром остро реагираат дека три од четири ленти на булеварот се речиси постојано блокирани со непрописно паркирани возила, што, како што велат, го отежнува сообраќајот и ја зголемува опасноста во овој дел од населбата.Повеќе детали за несреќата се очекуваат во текот на денот.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryhbdf8seq1cet8SSGr5w

(Фото) Кога ќе заврне, кал до глуждови – маки за родителите пред градинкa во Аеродром

По секој обилен дожд, делови од Општина Аеродром се претвораат во вистинска каллива патека. На фотографијата е прикажан влезот пред една од детските градинки во населбата, каде што родителите со чадори и колички се обидуваат да се пробијат низ калта и локвите вода за да ги донесат децата на време.Нерамен и неасфалтиран терен, раскопани патеки го отежнуваат движењето, особено за мајките со колички и за децата што мораат да газат низ калта за да стигнат до вратата на градинката.Жителите на Аеродром со години реагираат дека пристапот до јавните установи за деца е срамно запоставен и бараат од општината конечно да преземе мерки за уредување и поплочување на овие приоди.Жителите апелираат до локалните власти да не го чекаат следниот дожд за да сфатат дека калта пред вратите на најмладите одамна е прашање на основна грижа и хигиена.

Скопје | пред 3 месеци

272036246_641907060398167_6220533566980419164_n

Македонците најмногу патуваат од регионот: Скопскиот и белградскиот аеродром со најмногу патници

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред се на проиширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“.Скопскиот аеродором планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе од лани, а белградскиот 518 илјади. На аеродромот во Охрид, пак, се очекува зголемување од 24 илјади патници, објави специјализираниот портал „Ex-Yu aviation“.Речиси сите аеродроми во поранешна Југославија го зголемуваат својот расположлив капацитет во споредба со минатата година. Аеродромот во Загреб ги комплетира првите три со најголем раст во регионоот, со 176 илјади патници повеќе од зимската сезона 2024/25, а главен двигател таму е „Кроација ерлајнс“, која ja проширува својата флота и мрежа.Четврти по раст се очекува да биде аеродромот во Сараево со 113 илјади патници, тузланскиот планира зголемување за 96 илади, љубљанскиот за 91 илјада, а аеродоромот во Ниш за 88 илјади патници.Најпрометна меѓународна дестинација кон која се насочени авиоператерите од регионот, е аеродромот во Истанбул, со 473.568 патници, по што следуваат Цирих со 414.502 и Истанбул Сабиха Гокчен со 342.704.На зимскиот распоред за летање вкупно се закажани 26 нови рути од аердормите во поранешна Југославија.

Скопје | пред 3 месеци

272362688_2229821540501382_809533397131494080_n-1

Почнува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

Стартува зимскиот распоред на летање.Од Меѓународниот Аеродром во Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации.Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации.Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона.На 28 октомври, Скопје првпат ќе се поврзе со Мадрид и со Ларнака, а од 15 декември со Прага и со Келн.Наредната година се најзвуваат и нови дестинации.

Македонија | пред 3 месеци

AVION

(Видео) Најголемиот аеродром во Европа никнува во Полска: Капацитет од 34 милиони патници годишно

Во близина на Варшава се планира изградба на џиновски аеродром, кој би можел да го прими својот прв лет во 2032 година и ќе има капацитет да опслужува до 34 милиони патници годишно.По период на неизвесност поради политичките промени во Полска, познатото британско архитектонско студио Foster + Partners ги достави финалните планови за Централниот транспортен јазол (CPK – Centralny Port Komunikacyjny), со мали измени во однос на претходниот проект.Според најавите, градежните работи би требало да започнат во 2026 година, а првата фаза на аеродромот – со капацитет за 34 милиони патници годишно – треба да биде завршена до 2032 година, пренесува порталот Avio Press.Планираниот терминал ќе се простира на 450.000 квадратни метри и ќе може да прими до 11.000 патници на час. Во првата фаза ќе има 140 шалтери за пријавување и предавање багаж, а во подоцнежната изградба бројот ќе биде зголемен на 170.

Свет | пред 4 месеци

media-library1bo7qc8eiqfj6OhRmNG

Трајановски: Аеродром ќе добие младински совет, фонд и стратегија за млади

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник од СДСМ, најави силна посветеност кон младите во општина Аеродром, потенцирајќи дека тие ќе бидат во центарот на неговите политики. „Младите се двигател на општеството и затоа ќе создадеме мерки кои директно ќе го подобрат нивниот живот и ќе им отворат нови можности“, рече Трајановски.Во рамките на својата програма, тој најави креирање Фонд за млади кој ќе обезбедува финансиска поддршка за младите претприемачи и младинските организации, формирање Локален младински совет кој ќе биде гласот на младите во општината, како и изработка на Младинска стратегија и акциски план со јасно дефинирани приоритети.Дополнително, програмата предвидува поддршка и промоција на младите таленти, развој на услуги за кариерно насочување и преквалификации, модернизација и дигитализација на училиштата, организација на редовни превентивни здравствени прегледи, како и поттикнување културни и спортски настани.„Драги средношколци, студенти и млади, јас ќе бидам вашиот партнер во креирањето на младинските политики и заедно ќе ги градиме условите за ваш развој и успешна иднина во Аеродром“, порача Трајановски.Тој нагласи дека со овие мерки младите ќе имаат шанса да ги остварат своите потенцијали и да го градат својот дом токму во својата општина. „Заедно со вас, младите, ќе се избориме за нашиот дом, за нашиот Аеродром!“, заклучи Трајановски.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryilib0kqkp9106zGUDdX

Митовски: 50% субвенции за котизацијата на тезгите – поддршка за пазарџиите

Влатко Митовски кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од СДСМ денеска при посетата на пазарот во Автокоманда најави нова мерка – 50% субвенции за котизацијата на тезгите, со цел поддршка на пазарџиите и развој на локалната економија.„Со ова директно ќе им помогнеме на пазарџиите, но и ќе ги поттикнеме нерегистрираните препродавачи да се вклучат во легален и уреден систем,“ изјави Митовски.Тој нагласи дека пазарите се симбол на традицијата и економската живост, и оти општината ќе продолжи со мерки што создаваат фер и организирана пазарска средина за сите.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarygp8spuc1r7444kPthch

Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот 

„Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвораат клиники во интерес на приватните болници, кои му диктираат на министерот за здравство како да работи. Докторите од приватните болници му се советници. Може да замислите каква катастрофа од систем – едноставно, тотална блокада на државата,“ рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во општина Аеродром.Тој нагласи дека ова е доказ за неспособноста на власта, која е ненародна влада и нема ништо добро направено во ниту една сфера. „И тоа е само доказ за една незаинтересираност и неспособност на оваа власт која нема намера да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните или на државата”, истакна д-р Филипче, додавајќи дека нема ниту еден проект за кој оваа власт може да се пофали.

Скопје | пред 4 месеци

media-library49hubqbe8psu3V77XAe

(Видео) Несреќа на аеродрмот во Њујорк, се судриле два авиони, едниот слетувал, другиот требало да полета!

Авионска несреќа во Њујорк, синоќа на пистата на аеродромот Ла Гвардија се судриле два авиона, при што две лица биле повредени, соопштија аеродромските власти и авиокомпанијата Делта ерлајнс.Инцидентот во кој беа вклучени два авиони на регионалната авиокомпанија „Делта“, „Ендевор Ер“, се случи во 21:58 часот по локално време. Едниот авион слетуваше, а другиот се подготвуваше за полетување, соопшти раководството на аеродромот.Делта соопшти дека член на екипажот на еден од авионите претрпел полесни повреди, а хоспитализирано е и уште едно лице кое не е во животна опасност.Аеродромот, еден од најпрометните во САД, не беше затворен поради инцидентот.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryut6dd98vhlsda0Xaake

(Видео) Трајановски ветува крај на сообраќајниот хаос во Аеродром, кандидатот на СДСМ најави бројни проекти

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, денеска на прес-конференција изјави дека неговата програма нуди конкретни решенија за сообраќајните и инфраструктурните проблеми во општината.Тој посочи дека Аеродром се соочува со сообраќаен метеж, недостиг од паркинг-простор и небезбедни пешачки и велосипедски патеки. „Нашата програма нуди решенија, а не празни зборови,“ рече Трајановски.Според него, во соработка со Град Скопје ќе се заврши изградбата на булеварот АСНОМ, ќе се обезбедат нови коридори за поврзување со соседните општини и ќе се изгради нова сообраќајница меѓу Аеродром и Кисела Вода. Исто така, е предвидена реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ и нејзините краци.Во програмата е вклучена и целосна реконструкција на споредните улици во Горно и Долно Лисиче, како и уредување на паркинг-просторите зад трговските центри „Скопјанка“ и „Бисер“, како и во Ново Лисиче.„Ќе реконструираме сите сервисни улици со воведување на ‘зона 30’, што ќе значи поголема безбедност за пешаците и велосипедистите. Ќе изградиме нови велосипедски патеки и ќе воспоставиме нулта толеранција за паркирање на тротоари и пешачки патеки,“ најави кандидатот на СДСМ.Дополнително, Трајановски најави поставување нови семафори кај сите училишта за поголема заштита на децата, како и изградба на паметни паркиралишта и катни гаражи, согласно принципите на одржлива урбана мобилност.„Ова се решенија што директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните – побезбеден сообраќај, поуредени улици и поголема мобилност за сите. Заедно ќе ставиме крај на сообраќајниот хаос и ќе изградиме модерна, европска општина Аеродром – општина по мерка на граѓаните,“ изјави Трајановски.

Скопје | пред 4 месеци

272044975_7325265100824619_7909443333828817716_n-1

Од утрово се патува за Штутгарт преку скопскиот аеродром

Со првиот лет што полета денеска, понеделник, 29 септември, во 6:25 часот наутро, од Меѓународниот Аеродром Скопјe до Штутгарт, Виз ер отвори уште една нова авиолинија и дестинација од главниот град на Македонија до Германија.Авиокомпанијата ќе лета од Скопјe до Штутгарт 3 пати неделно, секој понеделник, среда и петок. Во текот на летниот распоред на летови на аеродромот во Скопјe, односно до 24 октомври, времето на полетување од Меѓународниот Аеродром Скопјe во понеделник и петок е 06:25 часот, додека времето на пристигнување во Штутгарт е 11:10 часот по локално време. Во среда, патниците ќе полетуваат во 06:30 часот, а ќе слетуваат во 11:10 часот по локално време.

Скопје | пред 4 месеци

vardariste-OJO

„Стоп за Вардариште“ - Депонијата нема ограда!

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ која и денеска го блокираше мостот „Близнак“, посочи дека депонијата е без ограда, и дека повтрон е има отпад.Велат дека биле во посета на депонијата но не им било дозволено да влезат внатре, однадвор виделе противпожарно возило и полициско присуство што обезбедува, само од една страна, а на другиот крај, од каде што исто така може лесно да се пристапува имало купишта железен отпад.-Единствена подршка досега имале единствено од актуелниот градоначалник на Аеродром Дејан Митески кој денеска беше присутен на собирот.Митески потенцира дека Вардариште првенствено е градска депонија но е во постојана комуникација со релевантните институции, за трајно решавање на проблемот.

Скопје | пред 4 месеци

aerodrom-zagaduvanje

Општина Аеродром од понеделник почнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад

Општина Аеродром од 29 септември (понеделник) започнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на ноември.Во соработка со ЈП за комунални дејности, на повеќе локации ќе бидат поставени големи контејнери каде граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.Прва локација – населба МичуринПонеделник и вторник (29 и 30 септември) контејнерите ќе бидат поставени на ул. „Анастас Митрев“ (зад паркот до трансформаторот) и на ул. „Венјамин Мачуковски“ (до трансформаторот кај Железничка станица).Втора локација – населба ОстровоСреда и четврток (1 и 2 октомври) жителите ќе можат да го оставаат отпадот на ул. „Владимир Комаров“ бр. 9 и на ул. „Владимир Комаров“ бр. 16 (зад ТЦ „Скопјанка“).Кабастиот отпад ќе се собира речиси до средината на ноември. За сите останати локации и термини граѓаните можат да се информираат на официјалната страница на општината aerodrom.gov.mk.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања