Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

АЕРОДРОМ

aerodrom3

Беќаровски до Муцунски: Уште колку месеци ќе треба да ги "кршиме и валкаме" колите по неасфалтираната раскрсница кај базенот во Аеродром ???

Доктор Нико Беќаровски со посебен пост на Фејсбук му се обрати на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, укажувајќи му дека раскопаните улици низ општината се голем терет за граѓаните.Тој нагласува дека раскрсницата кај Воената академија во општината е хорор за граѓаните, особено за оние кои живеат таму и мораат секојдневно да поминуваат по неа.- Почитуван г-дине Тимчо Муцунски,Уште колку месеци ќе треба да ги "кршиме и валкаме" колите по НЕАСФАЛТИРАНАТА раскрсница кај базенот во Општина Аеродром ???Кој ќе ни ја плати оштетата за уништените амортизери и раштелуваните предници на автомобилите ???Избран сте од граѓаните на Општината за да бидете татко на Аеродром. Ставете ја во мирување Вашата партиска функција и посветете се на решавањето на проблемите на Вашите сограѓани - напиша Беќаровски.

Коментари | пред 2 години

1Gola-Mesecina

Меѓународниот театарски фестивал на комедијата „Гола Месечина“ и оваа година во Општина Аеродром

Со претставата „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан“ од Србија, утре (среда, 21.06.2023), ќе се одбележи отворањето на годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што ќе се одржи од 21. до 25. јуни на фудбалскиот стадион во Реонски центар во Аеродром.„Традиционалниот фестивал е во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава акцентот на репертоарот е ставен како на врвни театарски претстави и актери од регионот, така и на стенд-ап настапите на македонски познати комичари и актери, кои последните години привлекуваат огромен интерес кај публиката.Претставите и стенд-ап настапите ќе бидат со почеток од 21:00 часот, а целата агенда можете да ја видите на сликите во прилог. Влезот е слободен и е дозволен само за лица над 16 години.Ве повикуваме на уште едно театарско дружење на една од петте вечери, со кое низ смеа, забава и квалитетна програма, ќе го одбележиме доаѓањето на летото во Општина Аеродром“, информираат од општината.

Скопје | пред 2 години

nevreme-delcevo

Општина Аеродром ќе донира 500.000 денари за справување со последиците од невремето во Делчево

На предлог на претседателот на советот на Општина Аеродром Дејан Митески и советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Советот на општина Аеродром донесе одлука за донирање 500.000 денари од буџетот на општината, во насока на справување со последиците од невремето кое ги зафати неодамна Делчево и околината.- Аеродром е хумана општина и таа хуманост е потврдена досега во повеќе наврати. Помошта и поддршката во овој момент е важна за граѓаните на Делчево, а Општина Аеродром на ваков начин дава придонес кон санација на последиците и враќање на нормалното живеење во градот. Упатуваме апел до сите поединци и организации да го следат овој пример и во рамки на своите можност да дадат материјална и техничка помош и поддршка за нашите сограѓани, порачаа од општина Аеродром.

Скопје | пред 2 години

1-1

(ФОТО) Како изгледа булеварот во Аеродром кој беше поплавен по три часа

Се повлече водата од булеварот Јане Сандански кој попладнево беше поплавен поради силното невреме.Сообраќајот во моментов се одвива непречено, а возилата кои беа заглавени се тргнати.Булеварот беше поплавен околу три часа.

Скопје | пред 3 години

302503037_5821127204588001_9100842361678874844_n

Апел до жителите на Аеродром, со објавени насоки за да пријават штети

Централата во Општина Аеродром денеска ќе работи со продолжено работно време (од 19:30 до 22:00 часот) со цел жителите да можат да ги пријават штетите кои настанаа од силното невреме.Апелираме секоја штета предизвикана од невремето да биде пријавена на телефонскиот број 2400970, денеска во посоченото време или пак во наредните денови од 08 до 16 часот.

Скопје | пред 3 години

301632315_496528265811592_2029785349437012687_n

Апокалипса во Аеродром, Муцунски во најпогодените делови каде има откорнати и цели кровови

По силното невреме кое го зафати главниот град заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и останатите советници и службите на Општината излеговме на терен. Во активна комуникација со градските претпријатија работиме на отстранување на проблемите кои настанаа по дождот кој беше проследен со силен ветер, вели градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски„Во моментов ги детектираме најпогодените точки во Општината и секаде каде што е забележана штета предизвикана од невремето. Ќе повикуваме аеродромци да останат смирени бидејќи штетите ќе бидат посочени до надлежните градски претпријатија и ќе бидат санирани во најкраток рок.Општината Аеродром продолжува да биде вистински сервис на жителите и во соработка со градските претпријатија интензивно работи на решавање на проблемите на граѓаните и санирање на штетите.#НашАеродром #ПроменитеСеСлучуваат“, додава тој.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-08-30-184810

(ВИДЕО) Страшна снимка од поплавен стан во Аеродром

На социјалните мрежи се појави видео од поплавен стан во Аеродром.Според описот на видеото, станува забор за нов стан кај Мајчин Дом.„Кај Мајчин Дом зградата на ЗСФ, 1500 евра квадрат со гратис базен“, стои во описот на видеото, а под истото е објавено уште едно видео кое е снимено во влезот на зградата.На истото се забележува како вода тече по скалите.https://twitter.com/_ferchina_/status/1564650766656311297?s=20&t=rRcFL6sYWiUE2-S4Soa6SA

Скопје | пред 3 години

513451345134

(ВИДЕО) Се поплави и „Ист гејт“

Освен трговскиот центар „Бисер“ каде дуќанџиите се бореа со невремето, се поплави и новиот трговски центар „Ист гејт“. На приземјето, вода се излева од влезот. Дел од неа, навлезе и кај неколку дуќанџии. Ова доаѓа откако се поплави и улицата пред трговскиот. Засега непознато е каква е состојбата со подрумите и гаражите.Во Аеродром се поплавени и паркирани возила на булеварот АВНОЈ, но и на споредни улици. Десетици коли се заглавени, а дел од нив и наполнети со вода. Улиците на овој дел од Скопје буквално пливаат во вода. Силниот град искрши и шофершајвни на возила во движење низ Скопје. Градот Скопје го свика кризниот штаб.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Хаосот во Аеродром не запира, поплавени и паркирани возила

Во Аеродром се поплавени и паркирани возила на булеварот АВНОЈ, но и на споредни улици. Десетици коли се заглавени, а дел од нив и наполнети со вода. Улиците на овој дел од Скопје буквално пливаат во вода. Силниот град искрши и шофершајвни на возила во движење низ Скопје. Градот Скопје го свика кризниот штаб.Најкритично со невремето беше во центарот на Скопје, како и во Аеродром и Кисела Вода. Поплавени се булевари, подвозници, но и автомобили. На булеварот „Јане Сандански“, дел од возачите ги оставиле своите возила среде улица, бидејќи се поплавиле и не можеле повеќе да управуваат со нив. Низ трговските центри, поплавени се дуќани. Таков е случајот со „Бисер“.На булеварот Јане Сандански и натаму има оставени автомобили во вода, а нивните сопственици се повлекоа на страна. Поплавени се дури и пешачките патеки.

Скопје | пред 3 години

poplava-aerodrom-1

(ВИДЕО) Нови снимки од поплавените автомобили среде Аеродром

По силниот дожд кој го зафати главниот град се поплави булеварот Јане Сандански во Скопје. Возилата едвај поминуваат низ булеварот, а дел од нив се и поплавени.Водата на делови од булеварот, достигнуваше висина со жардењерите.Од Центарот за управување со кризи информираат дека на повеќе места во земјава е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во моментов јадра со поизразена нестабилност има и околу Штип, Велес, Демир Хисар и Св. Николе.

Скопје | пред 3 години

mucunski-222

Муцунски ги потпиша решенијата, 500 аеродромци добиваат субвенции за еколошки превоз

Денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, ги потпиша решенијата за доделување паричен надоместок за секој купен велосипед или електричен тротинет, за што неодамна Општина Аеродром објави јавен повик.Од објавувањето на повикот, па сè до исцрпувањето на предвидените средства, апликации за добивање на овие субвенции поднесоа 549 граѓани, од кои 497 ги поднесле сите потребни документи, па според тоа и ќе добијат надоместок.Ова е прва година во која Општина Аеродром, покрај за велосипеди, доделува субвенции и за електрични тротинети. Со овие мерки и со наши инвестиции во подобрувањето на инфраструктурата за користење алтернативни средства за превоз, заеднички со граѓаните придонесуваме за зачувување на животната средина.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Илинденските коњаници од Аеродром тргнаа на пат кон Крушево

Одржувајќи ја традицијата од 1978. година, Илинденските коњаници од Општина Аеродром вечерва тргнаа на пат кон Крушево.По 44-ти пат, во организација на Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, 27 коњаници, меѓу кои и една девојка, тргнаа кон местото каде што започна Илинденското востание и ќе дадат свој значаен придонес во одбележувањето на 119. годишнината од големиот македонски празник.Нивниот марш започна од паркот „Јане Сандански“, каде градоначалникот Тимчо Муцунски им го предаде општинското знаме. Потоа, придружени со зурли и тапани коњаниците поминаа низ неколку главни булевари низ Аеродром и се упатија кон црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде се одржа богата културно- уметничка програма, како круна на целиот настан.Општина Аеродром оваа година беше главен покровител и спонзор на овој голем традиционален настан. Почитта кон традицијата е една од клучните работи кои го зајакнуваат нашиот идентитет и национално чувство, а гордоста токму Аеродром да биде домаќин на оваа долгогодишна традиција е огромна.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Коњаниците од Аеродром тргнаа кон Крушево

Во пресрет на големиот национален празник Илинден, од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром денеска тргнува 44-от традиционален коњички марш до Крушево.Стартот на маршот е во 17:30 часот, кога градоначалникот Тимчо Муцунски ќе им го предаде општинското знаме на коњаниците, кои преку црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе го почнат својот долг пат до славното Крушево.Општина Аеродром како главен покровител на овој настан и најголем финансиски поддржувач, ќе продолжи да ја негува оваа традиција и во наредните години, која е од огромно значење за Аеродром и Република Македонија.

Скопје | пред 3 години

mucunski-5432

Аеродром субвенционира купување тротинети, објавени условите

Општина Аеродром во понеделник, 4 јули, го отвора јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипеди, а субвенциите од оваа година се проширени и ќе се однесуваат и на електрични тротинети:- за велосипеди во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари;- за електричен тротинет во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице.Заинтересираните граѓани е потребно да поднесат:- Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од веб-страницата http://aerodrom.gov.mk/vest/8955, почнувајќи од понеделник)- Фотокопија од лична карта или пасош како доказ за жителство во Општина Аеродром- Фотокопија од трансакциска сметка на барателот- Оригинална фискална сметка или фактура со датум од тековната 2022 година како доказ дека е извршено купување велосипед и електричен тротинет- Изјава (која може да се подигне од архивата или на линкот http://aerodrom.gov.mk/vest/8955), со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека нема добиено субвенции од друга институција.Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за купување велосипеди и електрични тротинети за 2022 година“ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

Скопје | пред 3 години

Gola-Mesecina1

Фестивалот „Гола Месечина“ од 25 до 30 јуни во Аеродром

Претставата „Да, инспекторе“ на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, а во режија на Синиша Евтимов ќе го отвори годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“ што од 25. до 30. јуни ќе се одржи на стадионот во Реонски Центар во Аеродром.Традиционалниот фестивал е во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава на репертоарот ќе бидат претстави од Македонија и регионот, сите со почеток од 21:00 часот.Градоначалникот Тимчо Муцунски на денешната прес-конференцијата ги повика граѓаните да присуствуваат на деветтото по ред издание на овој фестивал и ја изрази заложбата за поголема поддршка од страна на Општината за надградување и успешна реализација на настани од културен карактер.-Наша обврска како локална власт е да обезбедиме подобра инфраструктура за во уште подобри услови, проекти слични на овој да се реализираат и Аеродром да стане центар на културата во главниот град. Како најурбана и најдинамична општина во Град Скопје, за мене е од огромно жалење што немаме свој театар. Затоа она што го ветувам е дека посветено работиме и преземаме чекори за до крајот на мојот мандат да го реализираме едно од клучните ветувања – Аеродром да го добие својот мултимедијален центар со кино, театар, простор за изложби, галерија, читална за младите лица и други содржини, рече Муцунски.Фестивалот и програмата ги најави директорот на Театар Комедија Дарко Спасов, кој ѝ се заблагодари на Општина Аеродром за несебичната поддршка при реализацијата на овој културен настан.„Ние сме подготвени за почетокот, а шесте ноќи ќе бидат исполнети со одлична забава и одлични претстави. Имаме две меѓународни гостувања, „Театар Славија“ од Белград и гостување од Бугарија на големиот национален театар „Иван Вазов“. Покрај нив, имаме и четири македонски групи – театри од Велес, Охрид, Струмица и од Прилеп“, изјави Спасов и изрази надеж дека и ова фестивалско издание ќе има огромна посетеност.Картите се бесплатни и можат да се добијат почнувајќи од петок на пријавницата во Општина Аеродром, како и на билетарницата на Театар Комедија, секој ден, освен недела, а едно лице има право на две карти за конкретна претстава.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања