Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

АЕРОДРОМ

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против скопското Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ поради загрозување на животната средина. Пријавата е доставена до МВР и Обвинителството, откако претпријатието со денови не го собирало ѓубрето низ главниот град.Од Општината информираат дека нивните екипи во изминатите три дена биле принудени самостојно да соберат 24 тони комунален отпад од домаќинствата во Аеродром – работа што е обврска на градското јавно претпријатие.„Свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени дел од редовните активности – чистење на плочници и сервисни улици, косење и уредување зеленило, празнење на џебни канти, собирање лисја, гранки и кабаст отпад. Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање“, стои во соопштението на Општина Аеродром.

Скопје | пред 4 месеци

vardariste-protest

„Стоп за Вардариште“ в петок организира два протести во Аеродром: „Работодавците да имаат разбирање за граѓаните кои ќе доцнат на работа“

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ ги повикува граѓаните утре два пати да излезат на протест. Покрај веќе закажаниот протест во 18 часот, ќе се одржи и протест и наутро во 07:30 часот. Блокадата ќе биде на мостот „Близнаци“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.„Ги повикуваме работодавците да покажат разбирање и толеранција кон вработените кои евентуално ќе задоцнат на работа и ги замолуваме возачите за трпение,“ порачуваат од иницијативата.Протестот, велат, е резултат на тоа што истекол рокот од пет дена што им бил даден на институциите да започнат со исполнување на итните барања:Воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор на депонијата Вардариште.Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување.Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно во депонијата.Поставување ограда околу Вардариште.Започнување процес за трајно затворање на депонијата.Откривање и санкционирање на потпалувачите и организаторите на пожарите.Ригорозни мерки против граѓани и компании кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште.Барањата биле доставени до претседателката на државата, Владата, Министерството за животна средина, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјални политики, Град Скопје и општините Гази Баба и Аеродром, но до овој момент одговор не е добиен од ниту една институција.„Ги повикуваме СИТЕ ГРАЃАНИ да ни се придружат бидејќи ЧИСТ ВОЗДУХ е ПРИОРИТЕТ за сите нас,“ стои во соопштението на иницијативата „Стоп за Вардариште“.

Скопје | пред 4 месеци

dron1

Дронови го блокираа воздушниот сообраќај во Копенхаген и Осло

Силно полициско присуство и целосен прекин на сообраќај ја одбележаа ноќта на аеродромот во Копенхаген, откако беа забележани беспилотни летала над областа. Аеродромот, познат и како Каструп, беше затворен со часови, а повторно се отвори околу 00:30 часот.Данската полиција потврди дека во близина на пистите биле видени два до три големи дрона. „Тие беа директно над аеродромот, а потоа се поместија на периферијата“, изјави началникот на полицијата во Копенхаген, Хенрик Штормер, за ТВ 2 Данмарк. Портпаролот на аеродромот, Ден Прангсгард, додаде дека дел од летовите биле пренасочени кон Билунд, а бил повикан и дополнителен персонал.Неколку часа подоцна, слична ситуација се повтори и во Норвешка. По полноќ, аеродромот Гардермоен во Осло беше затворен поради нов извештај за дрон во областа. Претходно вечерта, беспилотни летала биле забележани и над центарот на градот, а двајца државјани на Сингапур се уапсени во рамки на истрагата.„Воздушниот простор над аеродромот е затворен поради нов извештај за дрон“, изјави за весникот VG Моника Фастинг, раководителка на комуникациите на аеродромот. Според „Флајтрадар“, во моментот имало неколку авиони што кружеле над Осло и Гардермоен.„Авионите кружат над градот и чекаат да бидат пренасочени кон други аеродроми“, објасни Фастинг, додавајќи дека затворањето во тој момент погодило 12 до 14 летови.

Македонија | пред 5 месеци

avion

Дефект на радарот на скопскиот аеродром – авионите ќе слетуваат еден по еден

Единствениот исправен радар во Контролата на летање на Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром се расипал, поради што од вчера наутро контролорите не можат да ги следат авионите на ниска височина при нивното слетување, објави СДК.Од двата радара на аеродромот – еден поставен врз Контролната кула и друг во нејзина близина – во функција бил само вториот, кој сега откажал. Сѐ додека дефектот не се отстрани и не пристигне делот што треба да се замени од Италија, контролорите ќе мора да слетуваат авиони еден по еден. Доколку во исто време пристигнат два или три авиони за слетување, дел од нив ќе треба да кружат во воздух додека претходните безбедно не слетаат.Директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, за СДК потврди дека нема никаков ризик за безбедноста на патниците и летовите. „Работата ќе продолжи како и досега, но со побавно темпо. М-НАВ располага со три радарски глави – една кај Охридскиот аеродром и две во Скопје. Едната сега има технички дефект, кој е детектиран и се работи на негово отстранување. Вакви електронски проблеми се нормални во авијацијата и постојат предвидени безбедносни процедури за вакви ситуации. Единствената промена е ограничување на бројот на авиони кои можат да се опслужат во еден час“, рече Ристески.Додека трае дефектот, за контролата на авионите на поголеми височини се користат радарите на Грција и Бугарија.

Македонија | пред 5 месеци

B9C0CB28-3AE1-4302-8A4F-CE2D67BC22E5_1_105_c

Мајка и едногодишно дете нападнати во Аеродром

На 20 септември 2025 година, во 21:00 часот, во СВР Скопје 33-годишниот Г.С. од Скопје пријавил дека неговата сопруга В.А. (23) и нивната едногодишна ќерка биле физички нападнати на подрачјето на општина Аеродром.Според пријавата, нападот го извршило женско лице кое најпрво употребило тврд предмет, а потоа и со остар предмет им упатило закани. Кога сопругот се обидел да интервенира и да ги заштити, бил нападнат од машко лице кое исто така користело тврд предмет.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

avion

Хаос на европските аеродроми: Кибер-напад парализираше аеродроми во Лондон, Брисел и Берлин

Кибернетички напад насочен кон давател на услуги за системи за пријава и качување предизвика сериозни проблеми на неколку големи европски аеродроми, меѓу кои лондонскиот „Хитроу“, бриселскиот и берлинскиот аеродром, поради што дојде до доцнења и откажувања на летови, соопштија операторите.Нападот ги оневозможил автоматизираните системи, соопшти аеродромот Завентем во близина на Брисел.„Ова има големо влијание врз распоредот на летовите и, за жал, ќе предизвика доцнења и откажувања на летови“, стои во соопштението објавено на веб-страницата на операторот.„Давателот на услугата активно работи на проблемот и се обидува да го реши што е можно побрзо.“ Од „Хитроу“ предупредија и на доцнења предизвикани од „технички проблем“ кај надворешен добавувач.Патниците кои планирале летови во саботата беа советувани од погодените аеродроми да го проверат статусот на своето патување со авионската компанија пред да тргнат кон аеродромот.„Поради технички проблем кај давателот на услуги кој работи низ цела Европа, времето на чекање при пријавата е подолго. Работиме на брзо решение“, објави берлинскиот аеродром во банер на својата интернет-страница. Портпаролот потврди дека нападот не го погодил аеродромот во Франкфурт.

Свет | пред 5 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Семејна драма во Скопје завршила со физички напад и закани - мажот пријавил во полиција

МВР информира дека 73-годишен скопјанец пријавил семејно насилство во својот дом на подрачјето на општина Аеродром.Според пријавата, на 18 септември околу 19:30 часот, по претходна расправија, тој бил физички нападнат од својата сопруга Г.Г., која користела тврди предмети и му се заканувала со остар предмет.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

544851890_17962759382972292_358438863839032306_n

(Видео) Жителите на Аеродром со блокада: „Загадувањето е визуелно, но умирањето е реалност“

Протестите против загадувањето во скопската населба Аеродром продолжија и денеска, со блокада на крстосницата меѓу булеварите „Србија“ и АСНОМ, пред мостот „Киро Глигоров“. За разлика од претходните денови, денеска беше забележано зголемено присуство на граѓани, од кои многумина пристигнаа со велосипеди или со своите деца.Децата беа најбројни и најгласни, носејќи транспаренти кои самите ги изработиле. На дел од нив пишуваше: „1 од 9 деца умираат од загаден воздух“, „Дојди на блокади – аир (air) да видиш“... View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Возрасните граѓани исто така носеа пораки насочени кон властите: „Изборите ви се угушија“, „Загадувањето е само визуелно? Умирањето е реалност!“.Протестот, кој трае неколку дена по ред, е реакција на жителите поради силното загадување што, според нив, доаѓа од депонијата „Дрисла“ и дивата депонија во Вардариште.Организаторите порачаа дека нема да сопрат додека не се најде трајно решение за проблемот и најавија нов марш и за утре во 18 часот.

Скопје | пред 5 месеци

Pozarnikari-DZS

Пожар на влезна врата од стан во Аеродром, нема повредени

Во раните утрински часови на улица „Владимир Комаров“ во Скопје бил запален влез на стан, при што огнот ја зафатил само вратата, а повредени лица нема.Денеска (09.09.2025) во 03:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје настанал пожар на влезна врата од стан во зграда, сопственост на З.Т.(57) од Скопје. Во пожарот била опожарена само влезната врата, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Аеродром излегле на местото и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

2

Вечерва завршува AERO Street Food Festival !

По три дена исполнети со рекордна посетеност, одлична атмосфера и незаборавни гастрономски искуства, денеска во парк „Авионче“ - Општина Аеродром ќе се одржи последниот ден од првото издание на AERO Street Food Festival.Во изминатите три дена, илјадници посетители уживаа во специјалитети од најпознатите брендови за улична храна, во музички настапи и забавни предизвици кои го раздвижија Скопје. Фестивалот се покажа како вистинска атракција за сите генерации и потврди дека ваков настан одамна му недостасуваше на овој дел од Скопје.Денеска сите љубители на добрата храна и урбаната забава имаат уште една можност да бидат дел од овој единствен гастро спектакл. Програмата, празнично ќе кулминира со настапи на Southpark, Dj Foodieman, Dj Ficho и други активности што ќе го заокружат фестивалот на најдобар можен начин. Фестивалот се реалзиира со поддршка на Општина Аеродром.

Магазин | пред 5 месеци

skopski-aerodrom

Нови пет авиолинии од Скопје и Охрид - познати дестинациите каде може да се лета

Имаме три убави вести во однос на авиосообраќајот, а тоа е дека воведуваме уште пет нови авиолинии и тоа до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано, а до Скопје од Будимпешта и Наполи. Визер следната година ќе понуди 3,3 милиони седишта за Македонија што директен импакт ќе има врз туризмот и економијата, а ќе донесе шест нови авиони од типот Ербас А321. Дополнително ќе работиме да се вработат уште стотина македонски граѓани во авиокомпанијата, истакна на денешната прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.“ Тука сме да споделиме три убави вести. Првата е да објавиме пет нови авиолинии, три од охридскиот аеродром, две од скопскиот аеродром. До охридскиот аеродром ќе се лета од Катовице -Полска од 28 јуни следната година, Вроцлав исто така Полска од 28 јуни следната година, што е многу значајно за отворање на Полска како земја која е многу заинтересирана за туризам во Македонија, особено полските туристи се доста добродојдени во охридскиот регион и третата дестинација е Милано-Малпенса главниот аеродром која исто така ќе оперира од 28 јуни следната година. На тоа додаваме уште две нови линии кон скопскиот аеродром, Наполи-Италија со почеток од 6 април следната година и Будмишта -Унгарија од 6 април следната година. Ако на ова ги додадеме претходните пет линии кои ги објавивме пред месец дена, тоа е главниот аеродром Стокхолм и Мадрид кои почнуваат од 2 ноември, потоа Келн кој што почнува на 20 декември, Бари и Прага исто така на 20 декември и Ларнака која почнува на 30 октомври, тоа се вкупно 11 нови авиолинии за само месец и половина во соработка со нашите пријатели од Визер.Втората вест е дека Визер на скопскиот аеродром ќе донесе шест авиони кои ќе бидат постојано присутни на аеродромот, до сега беа четири, ќе оди и на 7-8 и што е многу значајно прават замена на старите Ербас А320 на нови Ербас А231, кои се најмодерните авиони во светот во моментов. Тоа се авиони кои најмалку загадуваат и прават помалку бучава и авиони кои се со 239 седишта што ќе значи околу 59 % зголемување на капацитетот од следната година. Визер од следната година ќе понуди 3, 3 милиони седишта за Македонија што може да замислите што ќе значи за туризмот и за економијата во Македонија. Третата добра вест е 200 Македонци работат во Визер и таа бројка планираме во следниот период да ја зголемуваме за најмалку уште 100” – истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.Извршниот директор на Визер, Јосеф Варади истакна дека во Македонија гледаат партнер и како пазарен лидер во регионот воведуваат бенефити за граѓаните. Потенцираше дека до крај на годината ќе воведат шест летала и пониски цени, како и 3,3 милиони седишта во следната година за Македонија што ќе значи развој на туризмот и економијата. Тој додаде дека очекува дополнително да се вработуваат македонски граѓани во компанијата.

Македонија | пред 5 месеци

aerodrom-zagaduvanje

Од денеска натаму, најавени се секојдневни протести во Аеродром

Секој ден од 18 часот ќе се одржува народен собир во Аеродром, пред мостот „Киро Глигоров“, а поради депонијата „Вардариште“ која гори измиантите денови. Граѓаните сметаат дека се врши екоцид со години и бараат да се стави крај на таквото делување.[caption id="attachment_347309" align="alignnone" width="696"] Screenshot[/caption]

Коментари | пред 5 месеци

deponija-vardariste

(Видео) Вардариште трети ден чади и труе – жителите на Аеродром и Гази Баба излегуваат на протест

Депонијата „Вардариште“, која викендов беше зафатена од голем пожар, и денеска продолжува да чади. И утрово граѓаните се гушеа во отровните испарувања од старата депонија, за што сведочат фотографии и снимки направени од жител на Аеродром, кој вели дека ваквата состојба трае веќе три дена. За денеска е најавен и протест.„На 03.09.2025 во 18 часот, на раскрсницата на булевар АСНОМ со булевар Србија! Дојдете да покажеме колку сме!“, напиша еден жител, во граѓанска група на „Фејсбук“.Иако повеќе децении граѓаните апелираат за изнаоѓање трајно решение за „Вардариште“, депонијата и натаму претставува извор на загадување. Последниот пожар ја стави под лупа на инспекцијата и полицијата, но и во фокусот на актуелните и кандидатите за градоначалници, кои вчера го посетија просторот со нова низа ветувања.Жителите на Ново Лисиче и Аеродром најавуваат дека секојдневно ќе излегуваат на улица со протести, сè додека не се најде итно и трајно решение за депонијата, која со години е симбол на негрижа и политички манипулации.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Ноќеска хаос на скопскиот аеродром: Имало лажна дојава за бомба – летовите биле стопирани, сега функционира нормално

Министерството за внатрешни работи соопшти дека лажна била дојавата за поставена бомба на Меѓународниот аеродром Скопје.Денеска (16 август) во 02:41 часот на бројот 112 била добиена пријава дека во авион кој требало да полета за Турција е поставена експлозивна направа. Веднаш биле ангажирани единиците за антитероризам кои извршиле детални проверки, при што било утврдено дека станува збор за лажна дојава.Околу 06:00 часот, аеродромот ја продолжил својата работа со редовен режим на летање.Од МВР најавија дека се преземаат мерки за откривање на лицето што ја упатило дојавата.

Македонија | пред 6 месеци

rade-trajkovski-stekli-3

Штекли во судница: Рочиштето за познатиот случај за дрога во Аеродром прекина поради расправа за психичката состојба на главниот обвинет

Судскиот процес за случајот „Штекли“, поврзан со организирана трговија со дрога во скопската населба Аеродром, денеска доби нов пресврт – сето внимание се насочи кон психичката состојба на главниот обвинет Раде Трајковски, познат како Штекли.Судијата Илија Трпков соопшти дека одбраната приложила психијатриско вештачење според кое Раде Трајковски-Штекли страда од растројство со шизофрени карактеристики, халуцинации и параноидни идеи, и како таков – не е способен да ја следи постапката. Од друга страна, Обвинителството презентираше целосно спротивен извештај – во кој се наведува дека тој е апсихотичен и потполно способен за учество во судењето.Поради контрадикторните мислења, Судечкиот совет одлучи да ги соочи вештаците на следното рочиште, закажано за 3 септември. Дотогаш, останува отворено прашањето дали процесот ќе продолжи со Трајковски, дали ќе му се суди одвоено, или ќе се нарача ново, неутрално вештачење.Во истата постапка, четворица обвинети – меѓу кои и поранешниот директор на А репрезентацијата на Македонија, Данчо Масев – веќе признаа вина. Со тоа, нивниот случај беше раздвоен од главната постапка. Заедно со Масев, вина признаа и Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков.Обвинението опфаќа вкупно 10 лица и се темели на речиси годишна истрага спроведена од Обвинителството за гонење на организиран криминал. Клучна алатка во истрагата била американската донација „Cellebrite“ – софтвер за анализа на мобилни телефони.Според обвинителите, групата имала јасна хиерархија – од набавка и складирање, до улична дистрибуција на дрога, која се чувала по изнајмени станови. Кокаинот се продавал по 4.500 до 6.000 денари за грам, а марихуаната по 200 до 300 денари.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања