Промени тема
Контакт

Хаос на европските аеродроми: Кибер-напад парализираше аеродроми во Лондон, Брисел и Берлин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
avion

Кибернетички напад насочен кон давател на услуги за системи за пријава и качување предизвика сериозни проблеми на неколку големи европски аеродроми, меѓу кои лондонскиот „Хитроу“, бриселскиот и берлинскиот аеродром, поради што дојде до доцнења и откажувања на летови, соопштија операторите.

— реклама —

Нападот ги оневозможил автоматизираните системи, соопшти аеродромот Завентем во близина на Брисел.

— реклама —

„Ова има големо влијание врз распоредот на летовите и, за жал, ќе предизвика доцнења и откажувања на летови“, стои во соопштението објавено на веб-страницата на операторот.

„Давателот на услугата активно работи на проблемот и се обидува да го реши што е можно побрзо.“ Од „Хитроу“ предупредија и на доцнења предизвикани од „технички проблем“ кај надворешен добавувач.

— реклама —

Патниците кои планирале летови во саботата беа советувани од погодените аеродроми да го проверат статусот на своето патување со авионската компанија пред да тргнат кон аеродромот.

— реклама —

„Поради технички проблем кај давателот на услуги кој работи низ цела Европа, времето на чекање при пријавата е подолго. Работиме на брзо решение“, објави берлинскиот аеродром во банер на својата интернет-страница. Портпаролот потврди дека нападот не го погодил аеродромот во Франкфурт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

skopski-aerodrom-skopje-patnici

Скопскиот аеродром меѓу европските рекордери: Патничкиот сообраќај пораснал за 34,8 отсто

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
bez-voda

Аеродром денеска без вода поради водоводен приклучок

Скопје | пред 6 дена

media-librarygicq96btf4q7ewH4huK

Нова парковска површина од 3.000 квадратни метри се уредува кај „Џевахир“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryt0k5ebtap13d9sVPhOE

415 нови паркинг-места во Мичурин и Стар Аеродром: се подготвува нов сообраќаен режим

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања