АЕРОДРОМ

bujkovci-960x720-1

Пријава за паднато сомнително летало во близина на скопскиот аеродром

Полициски екипи го обезбедуваат атарот на селото Бујковци каде очевидци велат дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и претпоставувале дека воздухопловот паднал, објави ТелмаСе работи за летало кое не е пријавено во Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба.Според првичните информации, жителите тврделе дека се работи за беспилотно летало дрон.Извори од МВР потврдија дека по пријавата постапиле и нивни претставници го проверувале атарот но не нашле ништо.Фото: Телма

Македонија | пред 3 години

mvr-1

Нема паднато летало во близина на Аеродромот во Скопје

Нема паднато летало во близина на Аеродромот во Скопје. МВР постапувало по пријава, но не било пронајдено ништо. Полицијата постапувала како и по секоја пријава, која овојпат, дошла од граѓани.

Скопје | пред 3 години

mucunski-45

Муцунски: Наскоро нов парк од 5700 м2 во Реонски Центар Аеродром

Општина Аеродром ќе добие нов парк од 5700 квадратни метри во Реонски Центар Аеродром, значаен придонес во неговата изведба и уредување ќе биде обезбеден од страна на Шведска, а ќе го спроведе канцеларијата на УНДП. Шведска претставува најголем билатерален донатор помеѓу ЕУ земјите во нашата земја.„Денеска имав можност да се сретнам со шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, со која направивме прошетка низ нашата општина и обиколка на локацијата на која овој парк ќе биде поставен.На амбасадорката ѝ ги презентирав некои од нашите врвниприоритети за развој на општината во наредниот период, меѓу кои највисоко место зазема и заложбата за чиста и здрава животна средина. Оваа заложба ја потврдуваме со тоа што предвидениот парк се наоѓа на локација на која до сега беа предвидени градежни маркици за изградба на станбени објекти, а со наша одлука беа пренаменети во парк кој ќе зафаќа површина од 5700м2“, вели Тимчо Муцунски.

Скопје | пред 3 години

276296774_5371314909569235_3518167582173179071_n

Се поставуваат столпчиња во Аеродром поради непрописно паркирање

Општина Аеродром по барање на граѓаните денеска поставува заштитни столпчиња на средина од коловозот што се наоѓа пред сендвичарницата „7“ кај „Три бисери“.„Столпчињата ќе го спречат непрописното паркирање на средина од улицата, што досега претставуваше опасност, односно го попречуваше нормалното одвивање на сообраќајот во овој фреквентен дел од населбата.Заштитни столпчиња ќе поставуваме на сите локации каде што е потребно тоа и апелираме сите учесници во сообраќајот да се однесуваат совесно, а надлежните институции да ги санкционираат оние што ги прекршуваат пропишаните закони.Истовремено ги информираме граѓаните дека Општина Аеродром и ЈП „Градски паркинг“ ја интензивират соработката на терен, а од јавното претпријатие најавуваат засилени контроли и акции за акции за отстранување на непрописно паркирани возила“, велат од општината

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања