„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

аеродром

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-27-8480PM

Густата магла ги парализира летовите: Откажани сите утрински полетувања од Скопје

Поради густата магла што ја зафати скопската котлина, откажани се сите утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје.Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје кон Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Откажан е и летот за Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и летот за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“.Во моментов, на аеродромот во Скопје нема ниту еден авион. Ниту еден од шесте авиони на „Визер“, кои се стационирани во базата во Скопје, вчера не успеа да слета. Поради маглата, авионите беа пренасочени кон аеродромите во Приштина, Софија, Тирана, Солун и Охрид.Екипажите на „Визер“ утрово патуваат до аеродромите каде што вчера слетаа авионите, од каде што ќе полетаат кон дел од дестинациите чии летови утрово беа откажани, со цел да ги преземат патниците за летовите кон Скопје.Поради исклучително густата магла, вчера на Меѓународниот аеродром Скопје слетаа само три авиони, а само тие успеаја и да полетаат во попладневните часови, кога временските услови накратко се подобрија. Сите други полетувања беа откажани, а авионите што требаше да слетаат беа пренасочени кон алтернативни аеродроми.Во одредени периоди, видливоста се намалуваше на помалку од 100 метри, што е далеку под минималните стандарди за инструментално слетување во најниската категорија 1, каква што има Скопскиот аеродром.Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје и во наредните три дена се очекува променливо облачно време со појава на магла, што значи дека можни се дополнителни нарушувања во авионскиот сообраќај.

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Густата магла направила проблем на скопскиот аеродром со летовите

Поради густата магла што ја зафати скопската котлина и предизвика значително намалена видливост, денеска (20 декември 2025 година) на Меѓународниот аеродром Скопје, во периодот од 00:00 до 18:00 часот, евидентирани се вкупно 16 откажани и 11 пренасочени летови.По подобрувањето на временските услови во попладневните часови, три авиони слетаа и три авиони полетаа. Слетувања се реализирани од Дортмунд, Истанбул и Париз, додека полетувања имаше кон Истанбул, Осло и Баден-Баден.Според најновата временска прогноза од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта, поради што можно е продолжување на промените во редот на летање.Од аеродромот апелираат до патниците редовно да ги следат информациите и насоките добиени директно од авиокомпаниите, бидејќи временските услови се променливи и состојбата може брзо да се менува.Истовремено, од Меѓународниот аеродром Скопје појаснуваат дека аеродромот не е затворен.„Аеродромот функционира постојано, без разлика на временските услови, а нашиот персонал е целосно подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците“, информираат од аеродромот.Сите измени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време на официјалната веб-страница на Меѓународниот аеродром Скопје – https://skp.airports.com.mk/.Дополнително, инфо-пултот работи 24 часа, а патниците можат во секое време да се информираат за статусот на летовите и преку телефонскиот број 02 3148 333.

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Апсења на Аеродромот Скопје: Турски државјанин баран од Интерпол, а со лисици завршија и уште две лица

На Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ во текот на 16 декември 2025 година полициските службеници лишиле од слобода три лица поради меѓународна потерница и фалсификувани патни исправи, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, во 15:20 часот, при влез во државата, бил лишен од слобода О.А. (46) од Република Турција. При извршената гранична контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека лицето е евидентирано со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.Претходно, во 01:50 часот, исто така на влез во државата на скопскиот аеродром, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Х. (26) од Италија и Ч.Л. (27) од Кина. Кај нив, при граничните проверки, било утврдено дека приложиле фалсификувани документи. Двете лица биле задржани во Полициската станица Гази Баба.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 1 седмица

media-library7merijds5qoj57WHKtm

Работи радарот на скопскиот Аеродром, според Мицкоски, лага е дека е вон функција

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека радарските системи за контрола на летање функционираат нормално и дека во јавноста се пласираат неточни информации за наводен прекин на нивната работа.„Си работат радарите, сè си е функционално. Сè си функционира нормално“, рече Мицкоски, обвинувајќи ја опозицијата дека намерно шири дезинформации и создава непотребна паника кај граѓаните.Изјавата на премиерот доаѓа по информациите дека македонското небо повторно е без радарска покриеност, што според достапните податоци требало да трае до околу 11:30 часот.Според информациите од дел од медиумите, ваквите прекини значат доцнења од околу еден до еден и пол час за авионите, како при слетување, така и при полетување, што има директно влијание врз авиосообраќајот.И покрај овие информации, од Владата уверуваат дека безбедноста на авиосообраќајот не е доведена во прашање и дека системите функционираат согласно процедурите, додека опозицијата, според Мицкоски, свесно пласира неточни тврдења за политички поени.

Македонија | пред 1 седмица

wizzair-1-750x400

Скопје и Белград лидери во авијацискиот бум: Над 200.000 нови седишта во првиот квартал од 2026

Како што се приближува крајот на 2025 година, авијацискиот сектор во регионот влегува во една од најдинамичните фази во последната деценија. Првиот квартал од 2026 година носи значително зголемување на капацитетите на речиси сите аеродроми во поранешна Југославија, а апсолутни лидери во овој раст се Скопје и Белград, кои ќе додадат по повеќе од 200.000 нови седишта во однос на истиот период лани.Најголемиот двигател на експанзијата е нискобуџетниот авиопревозник „Виз Ер“, кој по период на реструктурирање агресивно ги враќа и проширува своите операции. Во Скопје, компанијата ќе додаде дури 286.124 нови седишта, што претставува најсилен индивидуален раст на еден аеродром во регионот. Во Белград, „Виз Ер“ ќе ја зголеми понудата за дополнителни 141.905 седишта, со што двата главни града стануваат клучни точки на регионалната авијациска карта.Растот не е ограничен само на најголемите центри. Зголемени капацитети ќе има и на аеродромите во Охрид, Тузла, Ниш и Бања Лука, што укажува на поширока регионална консолидација и враќање на патничката побарувачка.Загреб го зазема третото место по раст, но со поинаква структура. Таму приматот го презема националниот превозник Croatia Airlines, кој е во фаза на модернизација и проширување на мрежата и ќе додаде 65.678 седишта. За разлика од претходните години, Ryanair бележи поскромен раст од 11.960 седишта, додека Turkish Airlines ќе додаде 13.006 седишта, надминувајќи го ирскиот нискобуџетен превозник.На регионално ниво, во првиот квартал од 2026 година ќе бидат понудени вкупно 7.514.798 седишта на редовни летови, распоредени на 48.428 операции, што претставува раст од 20,9 проценти. Кога се гледаат дестинациите, Истанбул е апсолутен лидер, со најмногу седишта кон аеродромот Истанбул (IST), по што следуваат Цирих и аеродромот „Сабиха Гокчен“.Воедно, патниците ќе добијат пристап и до нови авиолинии. Од Скопје ќе се лета кон Ларнака и Прага, од Белград кон Тбилиси, Астана и Гренобл, а од Љубљана кон Гран Канарија, што дополнително го проширува изборот и ја зацврстува позицијата на регионот на европската авијациска мапа.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Мака за авионите над Скопје: Опасниот феномен „wind shear“ го наруши сообраќајот

Феноменот „wind shear“ синоќа создаде сериозни проблеми во воздушниот сообраќај над Скопје, поради што повеќе авиони не можеа безбедно да слетаат на скопскиот аеродром.Овој метеоролошки појас, кој означува нагла промена во јачината или насоката на ветерот на многу мал простор, претставува една од најризичните појави за авионите при финалниот приод.Поради сложените временски услови, најмалку две редовни линии – една од Истанбул и една од Венеција – морале да го прекинат приодот кон пистата во Скопје и да бидат упатени кон аеродромот во Приштина.Патниците од авионот што тргнал од Венеција минале низ особено непријатна ситуација: летот кружел над градот повеќе од еден час додека екипажот барал безбедна можност за слетување, но на крај донел одлука за пренасочување.Сообраќајните нарушувања продолжуваат и денеска, а компаниите треба да ги информираат патниците за следните чекори и можни промени во распоредот, објави „Скопје1.мк“.Метеоролозите потсетуваат дека „wind shear“ може да предизвика ненадејно губење на висината на воздушните летала, што го прави секој обид за слетување исклучително чувствителен. Аеродромските служби внимателно ја мониторираат состојбата и ги применуваат сите протоколи за да се гарантира безбедноста на екипажите и патниците.

Скопје | пред 4 седмици

media-librarye34i5ivo88tqcUv3VFe

Возачот кој удри во контејнери и паркирани возила во Аеродром избегал по инцидентот, па го бркале и фатиле

Во саботата, 08 ноември 2025 година, во 22:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул. „Матеја Матевски“ во Скопје, патничко возило „БМВ 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А. (22) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и во патничко возило „Алфа Ромео“ со демиркаписки регистарски таблички, информираат од Министерството за внатрешни работи.Возачот го напуштил местото на несреќата, но по преземени мерки од полициските службеници бил наскоро пронајден и фатен.Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

media-librarye34i5ivo88tqcUv3VFe

(Фото) Сообраќајна несреќа кај „Џевахир“ – возило удри во контејнери и паркирани автомобили

Ноќеска во скопската населба Аеродром, во близина на кулите „Џевахир“, се случи сообраќајна несреќа. Според првичните информации и сведоштва на очевидци, возило што се движело со голема брзина удрило во неколку контејнери и две паркирани возила.Очевидци на социјалните мрежи објавија дека возачот изгубил контрола врз возилото, предизвикувајќи значителна материјална штета. Неофицијално, се работи за турски државјанин, а ова е втора сообраќајна несреќа во истиот дел на булеварот во само една недела.Жителите на Аеродром остро реагираат дека три од четири ленти на булеварот се речиси постојано блокирани со непрописно паркирани возила, што, како што велат, го отежнува сообраќајот и ја зголемува опасноста во овој дел од населбата.Повеќе детали за несреќата се очекуваат во текот на денот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryhbdf8seq1cet8SSGr5w

(Фото) Кога ќе заврне, кал до глуждови – маки за родителите пред градинкa во Аеродром

По секој обилен дожд, делови од Општина Аеродром се претвораат во вистинска каллива патека. На фотографијата е прикажан влезот пред една од детските градинки во населбата, каде што родителите со чадори и колички се обидуваат да се пробијат низ калта и локвите вода за да ги донесат децата на време.Нерамен и неасфалтиран терен, раскопани патеки го отежнуваат движењето, особено за мајките со колички и за децата што мораат да газат низ калта за да стигнат до вратата на градинката.Жителите на Аеродром со години реагираат дека пристапот до јавните установи за деца е срамно запоставен и бараат од општината конечно да преземе мерки за уредување и поплочување на овие приоди.Жителите апелираат до локалните власти да не го чекаат следниот дожд за да сфатат дека калта пред вратите на најмладите одамна е прашање на основна грижа и хигиена.

Скопје | пред 1 месец

272036246_641907060398167_6220533566980419164_n

Македонците најмногу патуваат од регионот: Скопскиот и белградскиот аеродром со најмногу патници

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред се на проиширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“.Скопскиот аеродором планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе од лани, а белградскиот 518 илјади. На аеродромот во Охрид, пак, се очекува зголемување од 24 илјади патници, објави специјализираниот портал „Ex-Yu aviation“.Речиси сите аеродроми во поранешна Југославија го зголемуваат својот расположлив капацитет во споредба со минатата година. Аеродромот во Загреб ги комплетира првите три со најголем раст во регионоот, со 176 илјади патници повеќе од зимската сезона 2024/25, а главен двигател таму е „Кроација ерлајнс“, која ja проширува својата флота и мрежа.Четврти по раст се очекува да биде аеродромот во Сараево со 113 илјади патници, тузланскиот планира зголемување за 96 илади, љубљанскиот за 91 илјада, а аеродоромот во Ниш за 88 илјади патници.Најпрометна меѓународна дестинација кон која се насочени авиоператерите од регионот, е аеродромот во Истанбул, со 473.568 патници, по што следуваат Цирих со 414.502 и Истанбул Сабиха Гокчен со 342.704.На зимскиот распоред за летање вкупно се закажани 26 нови рути од аердормите во поранешна Југославија.

Скопје | пред 1 месец

272362688_2229821540501382_809533397131494080_n-1

Почнува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

Стартува зимскиот распоред на летање.Од Меѓународниот Аеродром во Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации.Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации.Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона.На 28 октомври, Скопје првпат ќе се поврзе со Мадрид и со Ларнака, а од 15 декември со Прага и со Келн.Наредната година се најзвуваат и нови дестинации.

Македонија | пред 1 месец

AVION

(Видео) Најголемиот аеродром во Европа никнува во Полска: Капацитет од 34 милиони патници годишно

Во близина на Варшава се планира изградба на џиновски аеродром, кој би можел да го прими својот прв лет во 2032 година и ќе има капацитет да опслужува до 34 милиони патници годишно.По период на неизвесност поради политичките промени во Полска, познатото британско архитектонско студио Foster + Partners ги достави финалните планови за Централниот транспортен јазол (CPK – Centralny Port Komunikacyjny), со мали измени во однос на претходниот проект.Според најавите, градежните работи би требало да започнат во 2026 година, а првата фаза на аеродромот – со капацитет за 34 милиони патници годишно – треба да биде завршена до 2032 година, пренесува порталот Avio Press.Планираниот терминал ќе се простира на 450.000 квадратни метри и ќе може да прими до 11.000 патници на час. Во првата фаза ќе има 140 шалтери за пријавување и предавање багаж, а во подоцнежната изградба бројот ќе биде зголемен на 170.

Свет | пред 2 месеци

media-library1bo7qc8eiqfj6OhRmNG

Трајановски: Аеродром ќе добие младински совет, фонд и стратегија за млади

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник од СДСМ, најави силна посветеност кон младите во општина Аеродром, потенцирајќи дека тие ќе бидат во центарот на неговите политики. „Младите се двигател на општеството и затоа ќе создадеме мерки кои директно ќе го подобрат нивниот живот и ќе им отворат нови можности“, рече Трајановски.Во рамките на својата програма, тој најави креирање Фонд за млади кој ќе обезбедува финансиска поддршка за младите претприемачи и младинските организации, формирање Локален младински совет кој ќе биде гласот на младите во општината, како и изработка на Младинска стратегија и акциски план со јасно дефинирани приоритети.Дополнително, програмата предвидува поддршка и промоција на младите таленти, развој на услуги за кариерно насочување и преквалификации, модернизација и дигитализација на училиштата, организација на редовни превентивни здравствени прегледи, како и поттикнување културни и спортски настани.„Драги средношколци, студенти и млади, јас ќе бидам вашиот партнер во креирањето на младинските политики и заедно ќе ги градиме условите за ваш развој и успешна иднина во Аеродром“, порача Трајановски.Тој нагласи дека со овие мерки младите ќе имаат шанса да ги остварат своите потенцијали и да го градат својот дом токму во својата општина. „Заедно со вас, младите, ќе се избориме за нашиот дом, за нашиот Аеродром!“, заклучи Трајановски.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryilib0kqkp9106zGUDdX

Митовски: 50% субвенции за котизацијата на тезгите – поддршка за пазарџиите

Влатко Митовски кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од СДСМ денеска при посетата на пазарот во Автокоманда најави нова мерка – 50% субвенции за котизацијата на тезгите, со цел поддршка на пазарџиите и развој на локалната економија.„Со ова директно ќе им помогнеме на пазарџиите, но и ќе ги поттикнеме нерегистрираните препродавачи да се вклучат во легален и уреден систем,“ изјави Митовски.Тој нагласи дека пазарите се симбол на традицијата и економската живост, и оти општината ќе продолжи со мерки што создаваат фер и организирана пазарска средина за сите.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarygp8spuc1r7444kPthch

Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот 

„Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвораат клиники во интерес на приватните болници, кои му диктираат на министерот за здравство како да работи. Докторите од приватните болници му се советници. Може да замислите каква катастрофа од систем – едноставно, тотална блокада на државата,“ рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во општина Аеродром.Тој нагласи дека ова е доказ за неспособноста на власта, која е ненародна влада и нема ништо добро направено во ниту една сфера. „И тоа е само доказ за една незаинтересираност и неспособност на оваа власт која нема намера да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните или на државата”, истакна д-р Филипче, додавајќи дека нема ниту еден проект за кој оваа власт може да се пофали.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања