„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

АРТАН ГРУБИ

media-libraryfbgbqlebk526eViWhLF

Трајкоска за апсењето на Груби: Ај сега да видиме што добила ДУИ

Активистката Жанета Трајкоска за апсењето на Артан Груби, вели дека е договорено и дека допрва ќе видиме што ќе добие ДУИ.„Артан Груби се вратил дома. Го уапсиле на граница, на Блаце, од каде што излезе да види нешто таму накај Косово пред повеќе од година.Сега нека дигнат 2 прсти тие што мислат дека нема некаков договор позади "враќањето на џедајот" на ДУИ во Македонија.Е до тука немаме доверба за ништо во државата. А и не дека ние сме криви за тоа! Државата ја урнисаа и "Боро и Рамиз" и нивните договори последните 25-30 години. Ја тебе војводо ти мене сердаре...ај сега да видиме што добила ДУИ....“, напиша таа.

Коментари | пред 5 дена

media-libraryftmqaukuqk6k2kXoNge

(Видео) По три часа во затворот во Шутка, Артан Груби со комбе однесен на распит во Обвинителството

По три часа поминати во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, ексвицепремиерот и поранешен министер Артан Груби е спроведен во Основното јавно обвинителство – Скопје на распит.⚡Сите вести за случувањта со Артан Груби следете ги тукаГруби претходно беше приведен на граничен премин, откако сам се врати во земјава по повеќе од една година престој надвор од државата. По него беше распишана потерница, бидејќи ја напушти Македонија два дена пред поднесување на кривичната пријава, иако се наоѓал на таканаречена „стоп-листа“. Сепак, граничен полицаец му дозволил да ја премине границата.Истрагата против него ја води скопското Обвинителство, а се однесува на сомнежи дека како раководител на владина седница го одобрил барањето на Државна лотарија за јавна набавка на ВЛТ-терминали, иако институцијата немала законско право самостојно да организира игри на среќа. Груби е осомничен за кривично дело „проневера во службата“.Постапката беше отворена по одлуката на Стејт департмент на САД да го стави на „црната листа“, поради основани сомнежи за вмешаност во коруптивни дејствија и влијание врз судски предмети поврзани со поранешниот директор на тајните служби, Сашо Мијалков.Со оглед дека истрагата е веќе завршена, а Груби сам се врати во земјата, можно е обвинителот да предложи поблага мерка од ефективниот притвор, како куќен притвор или други ограничувања. За тоа ќе одлучува судија на претходна постапка, кој ќе ја цени опасноста од бегство и можноста за влијание врз постапката.Груби беше прв вицепремиер во владината коалиција на СДСМ и ДУИ и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, а во повеќе наврати ја водеше и Владата во отсуство на премиерот.

Настани | пред 5 дена

media-libraryjv3va3fq8o872FpHYxd

Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

Правдата го добива своето место. По година и пол бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДС и ДУИ, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Артан Груби кој важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, конечно ќе се соочи со правдата.За потсетување на јавноста, криминалот на бегалецот од правдата, Груби достигна вредност од минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните.Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија освен што местеле милионски тендери, е исплаќање на аванси на деловни соработници.За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник.Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше.Сега е време на одговорност.Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе продолжи и секој кој се огрешил пред законот, порано или подоцна ќе се соочи со правдата“, вели Петрушевски.

Македонија | пред 5 дена

media-librarybc6ifbqc6jbu205RmBc

ДУИ за враќањето на Груби: Правдата мора да биде еднаква за сите, без двојни стандарди и политички влијанија

Демократската унија за интеграција (ДУИ) позитивно ја оценува одлуката на нејзиниот висок функционер и поранешен вицепремиер, Артан Груби, да се врати во државата и да се соочи со институциите. Од партијата сметаат дека со овој чекор се отвора можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите отворени прашања поврзани со него.Преку писмено соопштение, интегративците порачаа дека очекуваат правниот процес да се одвива според највисоките стандарди на владеењето на правото. Акцентот го ставаат на високата транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè на целосното почитување на презумпцијата на невиност и заштитата на индивидуалните права.„ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, на институциите и на довербата на граѓаните“, се наведува во партиското соопштение.На крајот, од партијата нагласуваат дека поради високиот политички и јавен интерес за овој случај, раководството внимателно и будно ќе го следи процесот низ сите негови фази.

Македонија | пред 5 дена

media-librarydis6rvcgivek8FsmT0K

Груби сместен во стандардна притворска ќелија, без забелешки за безбедноста која му е гарантирана, вели директорот на затворот, Утковски

Директорот на Затворот Скопје, Бобан Утковски, за „Скопје1“ изјави дека Артан Груби бил спроведен во установата во 09:20 часот.„Од страна на припадници на МВР лицето е спроведено во 09:20 часот. По лекарски преглед е сместен во стандардна притворска ќелија со уште едно лице. Немаше поплаки, беше прегледан од доктор и е во добра здравствена состојба“, изјави Утковски.На прашањето дали Груби се пожалил дека не се чувствува безбедно, директорот одговори дека таква поплака не била поднесена.Утковски нагласи дека во затворот се почитуваат сите правила и прописи и дека безбедноста на Груби е гарантирана, како и за секој друг притвореник кој издржува мерка во истражниот затвор.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryg99ac7jt117b4pR5atQ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нервозни и фрустрирани зошто Груби може да изнесе податоци за аферите и криминалите на Заеви, Филипче и Спасовски

Ги разбираме од СДС, тие се нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен, и сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружно работеа со Зоран Заев, Вице Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.„Затоа од СДС се обидуваат да ги затскријат трагите и на овој начин да се спасат себе си“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 5 дена

grubi5123

Нема да биде чудно Груби да биде и во куќен притвор, а моментално е во затворот Шутка

Вицепремиерот Артан Груби е спроведен во истражниот затвор „Шутка“, каде што моментално се наоѓа, дознава „Скопје1“. Оттаму ќе биде изведен пред надлежното Обвинителство, по што обвинителот може да предложи и поблага мерка од веќе изречениот ефективен притвор.Во зависност од предлогот, судија на претходна постапка ќе одлучи дали ќе го повика на сослушување и дали ќе ја измени мерката. Според досегашната пракса, во случаи кога осомничениот сам се враќа во државата и истрагата е завршена, можно е да се изречат и алтернативни мерки, како куќен притвор или други ограничувања, доколку се процени дека нема ризик од бегство или влијание врз постапката.Груби ја напушти Македонија пешки со македонски пасош два дена пред поднесувањето на кривичната пријава против него. Иако бил ставен на „стоп-листа“, граничен полицаец му дозволил да ја напушти земјата. Повеќе од една година престојуваше во Косово, од каде што тврдеше дека има службени обврски и дека не бега од правдата.По него беше распишана потерница, но наместо екстрадиција, тој сам се врати во земјава, по што беше приведен од граничната полиција и спроведен во „Шутка“ од страна на припадници на МВР.Истрагата ја води Основното јавно обвинителство – Скопје. Груби е осомничен дека како раководител на владина седница одобрил барање на Државна лотарија за јавна набавка на ВЛТ-терминали, иако институцијата немала право самостојно да организира игри на среќа. Се гони за кривично дело „проневера во службата“.Постапката против него започна по одлуката на Стејт департмент на САД да го стави на таканаречената „црна листа“, поради основани сомнежи за вмешаност во коруптивни дејствија поврзани со судијата Енвер Беџети и влијание врз предмети против поранешниот директор на тајните служби, Сашо Мијалков.Груби беше прв вицепремиер во владината коалиција на СДСМ и ДУИ, честопати раководејќи со владините седници во отсуство на премиерот, а истовремено ја извршуваше и функцијата министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryil0repj8ar032AFmIjN

Кузеска за Груби: Како што се договорија да го пуштат, така се договорија да се врати, кој се смее кога го апсат?

ДУИ го спасува Мицкоски, му фрлија гума за спасување. После денешниот театар на македонската граница, веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор. За да само ова го најави, уште во декември 2024 година, сега само се потврди пред очите на македонската јавност, вели Богданка Кузеска од СДСМ.„Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин, ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот наркоскандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на владата на Мицкоски. Но и бројни скандали со криминални тендери за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори. 161 тендер за семејна фирма на директорот на Созара, 51 тендер за пирамид билдинг, 74 тендери за Ленди Груп, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендер преку пошта за фирма блиска до "Знам".Сите тендери почитувани водат до најтесниот круг околу Мицкоски, а повеќе од 80 дена нема реакција од обвинителството. Повеќе од 20 дена нема одговори за 5 тони дрога, нема одговори за сликите со Симе, за Адамовиќ.Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата, но ќе добијат театар како денеска. Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтингот на Мицкоски. Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните. Копи-пејст по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е под пад најавува некоја апсење.Немаат одговор на скандалите, веднаш прават дефокус. Нема одговор за 5 тони дрога, веднаш 100 тони запленета марихуана од Струмица. Лесни македонски перници, на овој начин 5 тони дрога била пренесена преку границата. Значи, замешани се и од царината и од полицијата и од други институции под контрола на владеачката структура и на Мицкоски. Се отвори прашањето кој од актуелните функционери во владата на Мицкоски ќе одговара. Затоа почитувани им е потребен Артан Груби.Целта е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ. Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ. А вистината, почитувани, е дека ВМРО-ОКГ се во договор со ДУИ.Власта го презема судството и обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО, сега е вистинско време Груби да се предаде. Кој се смее кога го апсат?“, вели Кузеска.

Македонија | пред 5 дена

media-library1j8f21kriq3g4ritDgs

ВРЕДИ: Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде, кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме

„Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан“, соопштија денеска од ВРЕДИ.„Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови.Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме“, се вели во соопштението

Македонија | пред 5 дена

media-library4dmre2e8cfhsea0U6XW

(Видео) Снимка од апсењето на Груби на Блаце

Утрово на ГП Блаце беше уапсен поранешниот вицепремиер Артан Груби.„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, информираат од МВР.Тој е приведен за кривично дело „проневера во службата“ во Државна Лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени дека нарачале ВЛТ апарати и проневериле 8,2 милиони евра државни пари.

Македонија | пред 5 дена

media-librarynl4vsl9uo3lldSHJ3MW

(Фото) Објавени први фотографии од апсењето на Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Од Македонија избега во декември 2024 година.Артан Груби екс прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.Но тоа не е единствениот криминал во Лотарија. Ревизијата покажа дека над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра спорна, невалидна или неуредна документација оставиле Бајрами и Груби во Лотарија.Со Одлука на влада со која раководел Груби се отуѓи државно земјиште на фирмата на сопругата на Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за м2Груби од 9 декември 2024 е на Црна листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси.

Македонија | пред 5 дена

artan-grubi

Aртан Груби уапсен на Блаце

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово во 06:10 часот на граничниот премин Блаце е лишен од слобода поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.Според информациите од МВР, на 23 февруари 2026 година, при влез во Република Северна Македонија, Груби (роден на 7 јуни 1977 година), за кого била активна мерката „апси“, бил приведен и задржан за понатамошна постапка.Артан Груби е поранешен прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, а се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.Груби ја раководител владината седница и го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.Ревизијата покажа дека и над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра спорна, невалидна или неуредна документација оставиле Бајрами и Груби во Лотарија.Со Одлука на влада со која раководел Груби се отуѓи државно земјиште на фирмата на сопругата на Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за м2.Груби од 9 декември 2024 е на Црната листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси“.

Македонија | пред 5 дена

51527416724_29ef17fba6_c

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за милионските злоупотреби во Лотарија под покровителство на Груби: „СДСМ ги толерирала злоупотребите“

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека Државна лотарија во периодот кога со институцијата раководел Перпарим Бајрами, а под политичко покровителство на Артан Груби, функционирала како „приватна фирма“, при што, според партијата, биле направени финансиски злоупотреби вредни речиси 1 милион евра.Опозициската партија тврди дека СДСМ ги толерирала овие злоупотреби со цел да се зачува владејачката коалиција и да се остане на власт, повикувајќи се на наоди содржани во извештај на Државниот завод за ревизија.Според соопштението, Државна лотарија директно исплаќала аванси за мали добивки на деловни соработници, односно на 320 правни лица, во износ од околу 14 милиони денари, без да се користи пропишаниот „Мастер дилер“.Од таа сума, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, за околу 13 милиони денари, односно нешто повеќе од 210.000 евра, документацијата била неуредна, невалидна или воопшто недостасувала.Партијата посочува и на спорна и неверодостојна документација во делот на готовинските одливи во износ од 36,5 милиони денари, што е околу 600.000 евра, како и кај приливите од близу 8 милиони денари, односно околу 130.000 евра.Во соопштението се наведува и дека во периодот кога, според нив, се случувале овие злоупотреби, во Државна лотарија немало внатрешен ревизор.Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали СДСМ свесно замижала пред, како што велат, криминал тежок речиси 1 милион евра, како и колку пари завршиле во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами.Партијата бара Јавното обвинителство да отвори постапка и да истражи каде завршиле средствата, наведувајќи дека молкот на СДСМ отвора сомнеж за можна соучесничка улога со цел да се одржи коалицискиот мир.Во соопштението се додава дека поради предмети кои, според ВМРО-ДПМНЕ, се чуваат во фиока и се заташкуваат од страна на обвинителството, неопходни се реформи во правосудниот систем, со цел законите да важат подеднакво за сите.

Македонија | пред 2 месеци

artan-grubi

Истрагата ќе ја завршат, ама него го нема: Македонија не успева да стигне до Артан Груби

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека истрагата во која е осомничен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е практично завршена и дека се чека единствено на неговата екстрадиција. Како што истакна во гостување во „360 степени“ на МРТ 1, сите докази се собрани, вклучително и финансиската истрага, но Обвинителството не располага со информација каде се наоѓа Груби, бидејќи тоа не е во нивна надлежност.Во однос на наодите од извештајот на Европската комисија, каде се нотира дека „корупцијата останува распространета во многу области и претставува сериозна загриженост“, Коцевски смета дека за ефикасна борба против корупцијата мора да се создадат вистински услови – истражители, истражни центри и форензичари кои ќе ја водат работата.На прашањето дали Обвинителството го дава максимумот, Коцевски тврдеше дека институцијата работи „повеќе од максимумот“, и дека јавноста добро ги знае сложените случаи со кои се соочуваат обвинителите.Посочувајќи ја реакцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски – дека МВР поднесува кривични пријави, а Обвинителството селективно постапува – Коцевски одговори дека таквата констатација е неточна.„Јавното обвинителство постапува неселективно. Доказ за тоа е и предметот за Кочани, каде работевме по пријави на МВР“, рече тој, додавајќи дека Министерството поднело околу 14.000 пријави, а вкупниот број од сите институции и граѓани надминува 20.000.Според Коцевски, Обвинителството работи на крајниот праг на своите капацитети.„Со околу 70 обвинители помалку од потребното, а претходно и со сто помалку, ние работиме во рамките на можностите – и повеќе“, нагласи тој.Коцевски се повика и на законската обврска: Обвинителството мора да постапува по секоја кривична пријава и да прибира докази врз кои ги носи одлуките.

Македонија | пред 3 месеци

artan-grubi

Полицијата влезе во домот на Груби

Полицијата од утрово врши претреси на повеќе локации поради сомнеж за организиран криминал во Лотарија.Според информации на Скопје1, претрес е извршен и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.Како што објавивме претходно, тој не е во Македонија, но како што сам објави, во приватна посета е на Косово, а потоа ќе се врати во Македонија.Полицијата го бара и екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања