ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за да остане на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под покровителство на Груби
По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС и ДУИ, Артан Груби. Поранешниот вицепремиер Артан Груби се поврзува со сериозен криминал и корупција во периодот на владеење на СДС и ДУИ, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.„Осомничен е за проневера во службата за случајот со државна лотарија. Штетата на државата од неговите постапки е над 8 милиони евра со индиции сумата да биде и значително повисока.Во јавноста беа изнесени сомнежи дека заедно со тогашниот директор на Државна лотарија, Бајрами, биле спроведувани спорни тендерски постапки и исплаќани аванси кон деловни партнери.СДС знаеле за криминалот на Груби и молчеле и не реагирале.СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами, а под покровителство на Груби тоа го потврди и извештајот на ДЗР.Јавноста очекува институционална разрешница.Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет, а секој што постапувал спротивно на законот ќе мора да одговара согласно правниот поредок“, се вели во соопштението.
Македонија | пред 4 дена