„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

АРТАН ГРУБИ

media-librarym8hmt9gm6hffeAaGGLy

Адвокатот Димоски до Филков за притворот на Груби: Неспорна е одговорноста само на извршната власт

Министерот за правда, Игор Филков јавно ги повика сите инволвирани во постапката за поранешниот вицепремиер Артан Груби да дадат детално и транспарентно образложение за своите одлуки, потенцирајќи дека одговорноста мора да биде лоцирана со име и презиме.Адвокатот Војо Димоски на социјалните мрежи упати остри критики кон Филков, оценувајќи дека неговите изјави во врска со определувањето на мерката притвор покажуваат „тотално непознавање на работите“.„Министерот за правда демонстрира тотално непознавање на работите со барањето да се испита работењето на судијата кој не определил ефективен притвор. Како да определи притвор кога Обвинителството предложило куќен притвор?Дискутабилна е и одговорноста на обвинителот во светло на постоење на мислење од АНБ и МВР дека притворот не бил безбеден за Груби.Неспорна е одговорноста само на извршната власт во случајов претставена преку МВР и АНБ.За поздравување е што фризурата на Министерот за правда е секогаш уредна, ама уште поважно е да си ги среди мислите“, вели Димоски.

Коментари | пред 3 дена

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС стравува од сведочењето на Груби

Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, велат од партијата.

Македонија | пред 3 дена

maksim

Димитриевски за домашниот притвор на Груби: Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани

Невиден преседан е определувањето на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби, вели претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.Тој кажа дека ако сакаме во Европа, ќе мора да споделуваме европски вредности, нагласувајќи дека сериозна држава не смее да си дозволи вакви преседани.„Оваа одлука само ги потврдува нашите ставови и како политички субјект и моите лични ставови во делот на нефункционалноста на судскиот систем. Недозволиво е лице кое подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и да му се изрекува мерка притвор и истото од распит завршува дома. Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани. Но, оставам на институциите на системот да се позанимаваат со ова што тоа значи. Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци истите да ги санкционира, во спротивно не се менува ништо“, изјави Димитриевски.Тој потсети дека е легалист и дека самиот присуствувал на секое рочиште кое се водеше против него во Кумановскиот основен суд. За Димитриевски е недозволиво Груби после 14 месеци бегство да заврши во куќен притвор.„Јас сум легалист, видете кога бев обвинет, редовно се појавував на сите судски рочишта. Го повикав господинот Груби да го следи тој пример. За жал, беше отсутен од државата повеќе од 14 месеци, се врати и заврши во домашен притвор што е недозволиво за еден сериозен систем. Сакаме во Европа, сакаме да напредуваме, ќе мора да ги делиме и европските вредности во делот на поделба на правдата во државата“, изјави Димитриевски.Тој додаде дека е задоволен од работата на министерот за правда Игор Филков, а изјавите на одредени лидери, претставници на коалициски партнери, градоначалници за работата на министерот во однос на правосудниот испит, ги оцени како обид за дневна политика и собирање евтини политички поени.

Македонија | пред 3 дена

media-library7hl87ej9l27e4IgfDPj

Петрушевски: Одредената мерка куќен притвор за Артан Груби е одлука на Обвинителството

Пратеникот Бране Петрушевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија се осврна на одредената мерка куќен притвор за Артан Груби, и нагласи дека не станува збор за преземено судство или пак договор, како што инсинуира опозициската партија СДС, туку дека истата мерка е одлука на обвинителството.„Јас го разбирам и револтот на јавноста и ова коешто се говори по однос на изнесената мерка куќен притвор за Артан Груби. Меѓутоа таа мерка не ја носи Владата, ја носи Јавното обвинителство, по предлог на Јавното обвинителство ја носи судската власт. Со член 98 од Уставот, судската власт е независна“, дециден е Петрушевски.Тој додаде дека обвинителтвото е со два посто доверба за кое СДС се бореше да не биде сменето, притоа посочи дека за претходното седумгодишно владеење на СДС граѓаните им станало нормално да гледаат како министри нарачуваат обвиненија, за разлика од денес кога Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Артан Груби, Перпарим Бајрами, а во истата кривична пријава е и поранешниот премиер и претседател на СДС, Ковачевски, потенцирајќи дека можеби оттука им е и стравот и паниката на СДС.„Јас разбирам дека граѓаните веќе им станало нормално после претходното седумгодишно владеење на СДС да се шетаат министри во канцелариите на јавните обвинители, да нарачуваат обвиненија. Така што ова е истото тоа судство и обвинителство коешто има 2 проценти рејтинг против коешто јас секојдневно држам прес-конференции, коешто е под контрола на СДС и ДУИ и нивните луѓе коишто ги носеа. Кога ние излеговме и баравме комплетна смена на судскиот и обвинителскиот совет да ги разрешиме затоа што го доведоа судството до два проценти за да можеме да го ставиме на здрави нозе, токму СДС беше политичката партија којашто беше против тоа“, заклучува Петрушевски.

Македонија | пред 3 дена

media-library0p96u6skogd921mua8v

Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор, членот на Судски, Јошевска, одговори на прозивките од Филков

Сузана Јошевска-Анастасовска, член на Судски совет на Република Македонија, изјави дека судија не смее да изрече мерка ефективен притвор доколку од страна на јавниот обвинител има поднесен предлог за куќен притвор.„Судија НЕ СМЕЕ да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судскиот совет за да се расправа основно правило во кривичната постапка“, посочи Јошевска-Анастасовска.Нејзината реакција доаѓа откако министерот за правда, Игор Филков, јавно ги повика Судскиот совет и Совет на јавни обвинители да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител во врска со одлуката за куќен притвор за Артан Груби.Полемиката се отвори по одлуката наместо ефективен притвор, на Груби да му биде определен куќен притвор, што предизвика серија политички реакции и повици за институционална одговорност.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryd7m8obnhihku5dhVrDD

Тензии околу куќниот притвор: ДУИ бара разрешување на Филков и најавува поплаки до САД, ЕУ и ОБСЕ

Демократска унија за интеграција бара министерот за правда Игор Филков да се воздржи од, како што велат, натамошни јавни интервенции во врска со мерката куќен притвор за Артан Груби, а доколку таквата пракса продолжи – да биде разрешен.Од ДУИ обвинуваат дека Филков извршил притисок врз судиите и обвинителите со денешната изјава во која посочи дека мора да има одговорност „со име и презиме“ за одлуката Груби да биде упатен во куќен наместо во ефективен притвор.Според партијата, извршната власт нема уставно право да сугерира како ќе постапуваат судските органи, оценувајќи ја изјавата на министерот како директно мешање во тековен процес и загрозување на интегритетот на постапката.„Улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи кога политичката поларизација врши голем притисок врз поединци во рамките на правосудниот систем. Наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, министерот дополнително го поттикнува, создавајќи клима на однапред одредена одлука и јавно упатувајќи пораки што претставуваат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.Партијата на Али Ахмети апелира Филков да се воздржи од натамошни јавни коментари, а во спротивно, смета дека треба веднаш да биде разрешен „со цел заштита на независноста на судството во овој чувствителен момент“.Од ДУИ најавуваат дека ќе продолжат внимателно да го следат случајот и дека за случувањата ќе ги информираат стратешките партнери – Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Македонија.Претходно денеска, министерот за правда ги повика Судски совет на Република Северна Македонија и Совет на јавни обвинители да свикаат итни седници и да утврдат дали има елементи за одговорност кај јавниот обвинител кој побарал, како и кај судијата кој одобрил куќен наместо ефективен притвор за Груби, кој вчера се појави на македонско-косовската граница по повеќе од една година отсуство од државата.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryt83ec6udbqva1QkHzKC

По проценката на АНБ, Груби не е безбеден ниту дома, ама обвинителот сепак го прати во куќен притвор

Ниту АНБ, ниту МВР не изготвиле безбедносна проценка со која посочиле дека Артан Груби ќе биде небезбеден само доколку заврши во ефективен притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, неофицијално дознава „Скопје1“. Известувањето на кое вчера се повика обвинителот кога бараше куќен притвор, се однесува на општа безбедносна проценка, што би значело дека Груби не е безбеден никаде, па ниту дома.Сознанијата пак, дека има ризик по безбедноста на Груби не се тазе. Дел од нив оперативно се добиени пред една година и по истите е постапено. Затоа и му било доделено обезбедување кое поранешниот вицепремиер го имаше сѐ додека не замина од Македонија, по што беше баран со потерница. Според засега непотврдени информации, дел од лицата кои токмеле план за да му наштетат, се и затвореници. Но останува отворено прашањето, во кои затворски установи издржуваат притвори или затворски казни. Бидејќи, пракса е доколку еден затвор е небезбеден за издржување на мерка или казна, притворениот или осудениот да биде префрлен во друга установа.„Скопје1“ побара детали и од МВР за тоа што стои во известувањата до Обвинителството, но оттаму без детали за овие сознанија.„Министерството за внатрешни работи, согласно своите законските надлежности ги сподели со Јавното обвинителство сите информации и сознанија со кои располагаше, а кои се однесуваат на конкретното лице, вклучително и информациите од Агенцијата за национална безбедност. Во понатамошната постапка, одлуките за барање и определување на мерките ги носат исклучиво надлежното обвинителство и судот“, велат од МВР.За безбедноста во затворска установа, гарантира управата. Вчера, директорот на затворот во Шутка, Бобан Утковски, посочи дека безбедноста на Груби е гарантирана, додавајќи дека се почитуваат сите прописи и правила.„Скопје1“ постави прашања до обвинителот, како дошол до заклучок дека во било кое притворско одделение не може да се гарантира безбедноста на Груби – но не добивме одговор. Наспроти ова, стигна соопштение.„По проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен“, стои во кусото објаснување од соопштението.Прашавме и зошто Обвинителството се повикува на известувањето од МВР при предлогот за куќен притвор, кога истото укажува дека Груби не е сигурен ниту дома. Не добивме одговор.Молк и на прашањето дали на овој начин, Обвинителството индиректно ја префрла вината од своите редови кај извршната власт.Во исто времен, Груби издржува куќен притвор, кој доколку седне на обвинителна клупа и биде осуден, ќе му се засмета во изречената казна. Во спротивно, ќе биде ослободен, а државата ќе плаќа оштета.

Македонија | пред 4 дена

filkov-2-1

Филков јавно ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор

Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција  упати  пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра.Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори.„Досега, почитувајќи го принципот на поделба на власта, не сум коментирал конкретни судски и обвинителски одлуки. Тоа е темел на правната држава. Но кога одлуките отвораат сериозни дилеми и ја доведуваат во прашање еднаквоста пред законот, должност ми е да побарам отчетност“, истакна Филков.Тој нагласи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое бил утврден ризик од бегство – ризик што се остварил – и дека јавноста има право да знае врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е донесена одлуката за поблага мерка.Министерот јавно ги повика сите инволвирани во постапката да дадат детално и транспарентно образложение за своите одлуки, потенцирајќи дека одговорноста мора да биде лоцирана со име и презиме.„Јавно ги повикувам сите актери во постапката да дадат објаснување:Јавниот обвинител Даниел Коцев,– да објасни, врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот?Раководителот на обвинителството Анел Фидоски, –дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот?Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски, – кои околности го надминале ризикот од бегство кај лице кое веќе 14 месеци беше недостапно?” изјави министерот за правда Игор Филков.Тој информираше дека побарал објаснување и од надлежните институции во однос на условите во притворските установи и најави вонреден надзор во казнено-поправните установи со цел утврдување на безбедносната состојба.„Залудно носиме закони ако не се спроведуваат. Залудно зборуваме за реформи ако практиката ја руши довербата. Ова не е прашање на политика, туку на принцип“, порача Филков.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryg99ac7jt117b4pR5atQ

Петрушевски: Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Ги поздравувавме и Владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра.Очекуваме одлуката на судот да биде во заштита на правдата, а не соучесник во неправдата.Но, она коешто е уште поважно е дека СДС, партијата која соработуваше и молчеше кога Груби правеше криминал, се исплаши до срж, затоа што не знаат што се Груби може да каже. Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДС и премиер на Македонија? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други?Почитувани,Вистината е една и единствена, Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат. Затоа е и паниката и нервозата во редовите на СДС, стравот од одговорност им влегол длабоко во коски.Судскиот процес за Груби, екс вицепремиерот и министер во владата на СДС, почнува допрва, по судските клупи друштво ќе му прават и сите негови криминогени ортаци.Правда ќе има“, вели Петрушевски.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryi5ish1vu6ijf1MpZrZW

„АНБ и МВР проценија дека Груби не е безбеден во притвор“, Обвинителството ја префрла „топката“

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи.„Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со 24-часовен надзор, е исто така притворска мерка, која не се издржува во затворски услови само затоа што постојат специфични услови за тоа.Таквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка.За обвинителството од исклучителна важност е што овој осомничен е обезбеден и за него продолжува кривичниот прогон за сомненијата за сторено кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик. За него беше спроведена финансиска истрага и се обезбедени најголемиот дел од потребните докази, во кои одбраната веќе врши увид.Надлежните јавни обвинители во предметот постапуваат одговорно и во согласност со законските надлежности. Јавното обвинителство го разбира интересот на јавноста за овој предмет, но апелира за воздржаност на коментарите во однос на легитимно донесените јавнообвинителски одлуки за да се овозможи ефикасна и правична постапка“, велат од Обвинителството

Македонија | пред 4 дена

media-librarybc6ifbqc6jbu205RmBc

Се огласија од ДУИ, го бранат Груби и обвинуваат за „хистерија“ - бараат да се почитува невиноста додека не се докаже спротивното

Демократската унија за интеграција изразува крајно негодување од однесувањето на бројни политички партии, кои преку своите јавни настапи извршија длабока политизација на случајот со Артан Груби. Без разлика на политичките разлики, неприфатливо е правните процеси да се водат надвор од институционалната и правната рамка што е уставно загарантирано, велат од ДУИ.„Изминативе два дена сведочиме на тоа како политичките партии, нивни високи претставници и активисти, преку соопштенија и други јавни настапи, создаваат атмосфера на хистерија и линч преку однапред дефинирана пресуда. Тие целосно ја преземаат улогата на обвинители исудии, расфрлајќи се со мерки за претпазливост, јавно повикуваа на линч на претставниците на обвинителството и судот, без никакво  елементарно почитување на принципот на пресумпција на невиност. Ова особено што тоа го прават и партии кои се дел од Власта, што упатува на директно мешање од страна на извршната врз судската власт.Веќе го реафирмираме нашиот став, дека секој поранешен или актуелен функционер, за кого постои сомневање при извршувањето на функцијата, треба да се соочи со институциите и постапките пред домашните органи. Токму затоа ја сметаме позитивна одлуката на Артан Груби да се пријави на правосудните органи, и преку институционалните форми да ги соочиаргументите на својата одбрана. Но тоа преставува логичен став само доколку во исто време државата гарантира фер, непристрасна и транспарентна процедура, ослободена од партиски влијанија и политички притисоци.Упатуваме јасен повик до судот, обвинителството и сите надлежни органи да не потпаѓаат под политички притисоци и да постапуваат исклучиво врз основа на закон и докази. Независноста на правосудниот систем е темел на владеењето на правото и уставна обврска, а не предмет на толкување од стана на јавноста, уште помалку од политичките партии. Оттука сакаме даповториме дека очекуваме процесот да се одвива со целосно почитување на пресумпцијата на невиност, процесните права и достоинството на секое лице вклучено во постапката.Демократската унија за интеграција ќе продолжи внимателно да ја следи целата постапка во сите нејзини фази и ќе реагира на секој обид за селективност, двојни стандарди или политичка инструментализација на правдата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

media-library2kvkqmga87nl5nCPQ3j

Милошоски за Груби: Која било земја, каде и да престојувал, не верувам дека е расположена бесконечно да му овозможи гостопримство

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека во Собранието немало никаква информација за предавањето на осомничениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер, осомничен за проневера на 8 милиони евра.„Веројатно во изминативе 12 или 14 месеци имал време да процени дека нема да има брзи политички промени на власта во Македонија. Тоа што ДУИ го очекуваше или го најавуваше после нивниот пораз на изборите. И тоа може да биде една и од мотивациите на Груби да не одолговлекува и да се пријави на органите на прогонот“, рече Милошоски во гостување на Алсат.Според него, овде станува збор не само за лице кое што е осомничено од македонското јавно обвинителство, туку се работи за функционер кој е на црната листа на САД.„Која било земја, каде и да престојувал, без да прејудицирам, не верувам дека е расположена бесконечно да му овозможи гостопримство. Дипломатскиот притисок од една или од друга страна може да биде скап за таа земја која што би била домаќин на еден ваков човек којшто е осомничен“, истакна Милошоски.Груби вчера се предаде на полицијата на косовско-македонската граница на граничнот премин Блаце.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryovo9r7rsceu51TcfOtS

Во оваа држава само поштените лежат затвор, на Груби му се падна грепка со куќен притвор, вели Ќосето

Поранешниот осуденик за настаните од 27 април 2017 година, Горан Ангелов – Ќосето, реагираше на одлуката судот да му определи куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби.Ангелов, кој помина осум години во затвор по пресудата за насилниот упад во Собранието и беше обвинет за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, јавно ја критикуваше одлуката за домашен притвор.„Во оваа држава само поштените лежат затвор!“, напиша Ангелов во својата реакција.Тој додаде и: „Знаеш како викаат: ако законите важат за тебе во Македонија, значи не си успеал во животот“, како и „Среќа му се падна грепка со куќен притвор. Наместена лотарија“.Одлуката за куќен притвор на Груби предизвика низа реакции во јавноста, особено во контекст на споредбите со други случаи од висок профил и различните мерки што биле определувани во изминатите години.

Коментари | пред 4 дена

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Најчевска: Кој ќе се осмели на извршителот на мафијата нешто да му направи во затвор? Јасно ви е дека е направен дил?

Вчера судот одлучи Артан Груби да добие 30-дневен куќен притвор со 24-часовен надзор, по неговото приведување на граничниот премин Блаце. Професорката Мирјана Најчевска преку социјалните мрежи упати остри критики за мерката, доведувајќи ја во прашање проценката на обвинителството и судот во однос на опасноста од влијание врз постапката.„Кај ЈО не постои никаков сомнеж дека за извршителот на мафијата:“2) постои основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците илиприкривачите;“Кој бре ќе се осмели на извршителот на мафијата нешто да му направи во затвор?Јасно ви е дека е направен дил?Ма ве д*пат во здрав мозок. Ама не сакате да ви кажам колку сте глупи. Мислите дека ако не ви кажам тоа нешто ќе смени?Или поважно е да се бусате во гради како претци на Аце таткоубиецот, а всушност кој ќе стигне да ве шамара.Ахахаха. Не се работи овде за етницитет се работи за тоа дека ја прифаќате мафијата како држава“, вели Најчевска.

Коментари | пред 4 дена

media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци

Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.„Извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања