БЕЛГРАД

srbija-protesti-belgrad

(Видео) Почна хаос и пред Генералштабот во Белград

На социјалните мрежи вечерва се појавија снимки и објави за, како што се наведува, „почеток на хаосот“ пред Генералштабот во Белград.Според описите, полицијата се повлекла кон Савски венец, по што следел напад од приврзаници на Српската напредна странка (СНС) со пиротехнички средства и палки кон демонстрантите.Информациите засега не се официјално потврдени, а медиумите јавуваат дека ситуацијата околу зградата на Генералштабот е напната, со присуство на полиција и групи демонстранти.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.37.39

(Видео) Група мажи со палки во центарот на Белград

Зелено–левиот фронт вечерва на својот профил на „X“ објави снимка на која се гледа група помлади мажи, најголем дел облечени во црно, како во улицата „Кнез Милош“ држат дрвени палки.Од другата страна на улицата се наоѓа поголема група граѓани што протестираат, а меѓу двете групи поставен е кордон на Жандармеријата.Сцената се одвива во контекст на масовните протести кои вечерва се одржуваат во Белград и други градови низ Србија, со силно полициско присуство и повеќе пријавени инциденти.

Свет | пред 5 месеци

srbija-haos-n1

(Видео) Ескалација во Србија: повредени демонстранти, полицајци и новинари

Неколку демонстранти и најмалку четворица полицајци беа повредени во вторник навечер во Врбас и Бачка Паланка за време на антивладините протести, откако групи приврзаници на Српската напредна странка (СНС) фрлаа пиротехника, камења, столчиња и шишиња кон насобраните, а во нив бил испукуван и огномет.Бранoт студентски и граѓански протести во Србија трае веќе девет месеци, поттикнати од трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица. Протестите се одржуваат со барање за одговорност на власта поради корупција и несовесно изведени градежни работи. Синоќешните собирања пред седиштата на СНС во Војводина беа во знак на солидарност со претходно уапсените и повредените демонстранти.Според извештаите на порталите 021, N1 и снимките на социјалните мрежи, полициски кордон во Врбас и Бачка Паланка ги разделувал демонстрантите од приврзаниците на СНС, но присутните тврдат дека полицијата не ги спречила нападите врз граѓаните. Министерството за внатрешни работи, пак, соопшти дека демонстрантите ги нападнале приврзаниците на СНС и дека четворица полицајци, меѓу кои и заменик-началникот на ПУ Нови Сад, биле повредени.  Според новинарите на N1 и „021“, има и повредени демонстранти, а на терен интервенирала Итната медицинска помош. Во Врбас, асистент-снимател на N1 бил погоден со два камена во стомакот и рамото.Медиумите јавуваат дека нападите во двата града биле координирани, што предизвика студентските организации да повикаат на нови протести, кои во текот на ноќта се одржаа пред локалните седишта на СНС во Нови Сад, Белград и Ниш.Протестите се одвивале со турканици со полицијата, а неколку лица биле приведени поради „попречување на службено лице“. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои граѓани прашуваат зошто полицијата не интервенирала за да ги заштити демонстрантите во Врбас и Бачка Паланка.РТС кусо извести за протестите, додека провладините таблоиди ги нарекоа демонстрантите„терористи блокатори“ и „дивјаци“, обвинувајќи ги дека „крвопролевањето им е единствена цел“. Министерството за внатрешни работи најави подетално соопштение во текот на денот.

Свет | пред 5 месеци

policija-belgrad

Поранешните министри Весиќ и Момировиќ во притвор за корупција

Вишиот суд во Белград им одреди притвор до 30 дена на 13 осомничени во случајот за корупција за време на реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад и реконструкцијата и модернизацијата на железничката пруга Нови Сад – државна граница. Меѓу нив се и поранешните министри Томислав Момировиќ и Горан Весиќ.Одлуката за притвор сепак не е конечна, бидејќи адвокатите на осомничените имаат право на жалба на оваа одлука во следните три дена.Томислав Момировиќ, Анита Димовски, Небојша Шурлан и другите осомничени кои досега беа испрашувани од Обвинителството за организиран криминал негираа каква било вина во врска со корупцијата во проектот за реконструкција на железничката пруга од Нови Сад до Суботица.Горан Весиќ не бил испрашуван бидејќи била доставена медицинска документација во која се наведува дека е на болничко лекување.Приведените се сомничат дека го оштетиле буџетот на Република Србија за 115,56 милиони американски долари, што претставува разлика помеѓу преземените финансиски обврски за државниот буџет и договорната цена од комерцијалниот договор.

Свет | пред 6 месеци

nastresnica-belgrad

Се урна настрешница во центарот на Белград, се уште виси! Делови од бетон завршиле на шеталиштето

Дел од настрешницата на зграда на адреса Кнез Михајлова 10, во строгиот центар на Белград, се урна во текот на ноќта пред парфимерија, пренесува Н1 Србија.Според изјавите на вработена во продавницата, сè било во ред во текот на претходниот ден, што укажува дека инцидентот најверојатно се случил во текот на ноќта или рано изутрина.Властите веднаш реагирале и ја обезбедиле областа со црвена сигурносна лента со натпис „претпазливост, опасност“. На граѓаните им е забрането да се движат низ тој дел од улицата додека не се отстрани урнатиот материјал и не се процени стабилноста на објектот.Делови од настрешницата завршиле директно на шеталиштето, а еден дел сè уште виси, што претставува дополнителен ризик за минувачите.Надлежните служби се очекува да спроведат инспекција и да утврдат што точно ја предизвикало оваа опасна ситуација во една од најфреквентните улици во Белград.фото:Print Screen/N1

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-12.55.34

(Видео) Уапсена активистка во Белград: Грубо приведување на мајка на дете со аутизам предизвика бурни реакции

Утринава во Белград, покрај штандот кај плоштадот Фонтана, полицијата привела жена идентификувана како В.К., мајка на девојче со аутизам и основачка на културно-едукативниот Центар „Тара“. Снимка од моментот на приведувањето, на која се гледа како тројца полицајци ја внесуваат В.К. во службено возило со употреба на сила, се прошири на социјалните мрежи и предизвика остра јавна осуда.Српскиот хип-хоп состав „Београдски синдикат“ потврди дека станува збор за В.К., објавувајќи поддршка и апел до институциите.„Таа е човек кој несебично се залага за прифаќање и инклузија на децата и младите со развојни потешкотии. Очекуваме оваа неправда да биде итно исправена, а полицајците кои употребиле прекумерна сила – најстрого санкционирани“, напишаа членовите на бендот на Instagram.Приведувањето се случува во контекст на засилените граѓански протести и блокади низ Белград, каде што од вчера се поставени физички бариери – контејнери и метални огради – на клучни крстосници. Утрово дошло до обид за разградување на блокадата на раскрсницата меѓу Булеварот на кралот Александар и улицата Белградска, кој бил спречен од студенти кои таму дежурале цела ноќ.Протестите продолжуваат како реакција на неодамнешните апсења и наводната полициска бруталност, кои граѓански организации и активисти ги осудуваат како доказ за се поотворената репресија од страна на режимот.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-14.08.31

Уапсени и оштетено полициско возило, во Белград полицијата ги отстрани блокадите

Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград по протестите на Видовден и во неделата.Сообраќајот сега може да се одвива нормално. Според полицијата, нивните припадници дејствувале професионално.Повеќе лица се приведени за напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред.Оштетено е едно полициско возило.Студентите повикаа на граѓанска непослушност по апсењето на осум нивни колеги.Вишото јавно обвинителство обвини осум студенти за наводно подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија и во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-11.11.10

(Видео) Снимка од дрон од вчерашниот протест во Белград: олку нè затру со омраза и поделби, што повеќе не знаеме кој ни е брат, а кој непријател

Илјадници граѓани од цела Србија се собраа во саботата во главниот град на масовен протест под слоганот „Видимо се на Видовдан“, организиран од студентите во блокада. Главните барања на демонстрантите беа распишување нови избори, одговорност за изборните нерегуларности и укинување на т.н. „Ќациленд“ – ограден простор пред Собранието, во кој властите сместија контрапротестанти.Протестот започна мирно, но вечерта заврши со тензии и судири помеѓу демонстрантите и полициските сили на потегот од Славија кон Парламентот. Полицијата употреби сила за да го растера делот од толпата што се обиде да влезе во оградениот простор пред законодавниот дом.Најголемо внимание во јавноста предизвикаа снимки направени од воздух, кои ја прикажуваат контрастната слика на протестот: од едната страна – морe од граѓани, а од другата – кордони полиција кои го штитат делот со неколку стотици симпатизери на власта. Според многу корисници на социјалните мрежи, токму оваа слика ја отсликува реалната состојба на поделбата во српското општество.„Толку нè затру со омраза и поделби, што повеќе не знаеме кој ни е брат, а кој непријател. Разделија семејства, соседи, целиот народ – само за да останат на власт. А вистината, гола и страшна, најјасно се виде на Видовдан“, напиша еден граѓанин на мрежата X.Организаторите на протестот изјавија дека ова е само почеток на граѓанскиот отпор и дека нема да престанат додека не дојде до вистински демократски промени. Од страна на власта, пак, нема официјална реакција за случувањата на протестот, освен изјави дека сè било под контрола и дека биле загарантирани „јавниот ред и мир“.За многумина, протестот на Видовдан претставува пресвртна точка. Додека едни зборуваат за поделен народ, други велат дека поделба нема – туку постојат граѓани кои се борат за промени и малкумина што, според нив, се платени да ја одбранат власта.

Свет | пред 7 месеци

IMG_1918

(Видео) Топовски удари, солзавци, апсења

Студентскиот протест наречен „Се гледаме на Видовдан“, кој вчера се одржуваше во Белград, околу 21 и 22 часот, како што претходно прогнозираше претседателот Вучиќ прерасна во бран на инциденти и апсења во центарот на главниот град на Србија.Ова се случило откако демонстранстите се обиделе да се доближат до „Ѓациленд” во паркот „Пионир“. Интервенираа и силни полициски сили при што дојде до судир со демонстрантите, употреба на топовски удари, солзавци, а камерите забележаа апсења.Имаше сериозни инциденти кога полицијата доби наредба и тргна на насобраната толпа граѓани и почна да ја притиска. Насобраните фрлаа со разни предмети.До инцидентот дојде пред амбасадата на Турција.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави обраќање за денеска во 11 часот.Според Архивата на јавни собири на повикот на студентите учествувале околу 140.000 луѓе, објави Индекс.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-28-at-21.29.43

(Видео) Србите се поделија: Студентски протест со 500.000 луѓе, контрапрограма со шатори и поддршка од власта

Под слоганот „Се гледаме на Видовден“, денеска во Белград се одржа еден од најмасовните протести во поновата српска историја, организиран од студентите кои веќе неколку месеци се предводници на граѓанскиот отпор. Повод за протестите останува трагедијата од 1 ноември, кога во уривање на надстрешница на новата железничка станица во Нови Сад загинаа 16 лица. Протестот започна со симболично 16-минутно молчење на плоштадот Славија, во чест на загинатите. Десетици илјади граѓани се собраа со транспаренти, знамиња и пораки за правда и одговорност. Организаторите соопштија дека на протестот учествувале над 500.000 луѓе, додека Министерството за внатрешни работи објави бројка од 36.000. Паралелно со протестот, на платото пред српското Собрание се одржуваше настан организиран од групата „Студенти 2.0“, поддржана од власта. Поставени беа шатори во таканаречениот „Ќациленд“, а вечерта се одржа културна програма со литературни читања и проекција на филм.Настанот беше поддржан од високи владини функционери, меѓу кои министрите Никола Селаковиќ, Златибор Лончар, Адријана Месаровиќ, како и претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, и Александар Вулин. Во близина беа поставени метални бариери и засилено полициско обезбедување.На неколку точки низ градот, како и на влезовите во Белград, имало обиди за попречување на движењето на граѓаните кои доаѓале на протестот. Според сведоштва, групи блиски до власта ги пресретнувале автобусите, фрлале јајца и шишиња, и вербално ги навредувале учесниците.И покрај тоа, протестот помина мирно, со јасни барања: распуштање на парламентот, распишување вонредни избори и прекин на шаторските контрапротести кои студентите ги сметаат за инструмент на политичка манипулација.

Македонија | пред 7 месеци

splav.jpg

(Видео) Пожар на сплав на Ада Циганлија - 22 пожарникари на терен

Голем пожар избувна попладнево на сплавот „Оган и вода“ на белградската Ада Циганлија. Како што јавуваат српските медиуми, пожарот бил пријавен во 14:55 часот, по што веднаш на терен интервенирале противпожарните екипи.На местото на настанот се распоредени 22 пожарникари со седум противпожарни возила, кои се обидуваат да го локализираат и изгаснат пожарот. Засега нема информации за тоа што ја предизвикало огнената стихија, ниту дали има повредени лица.Не е познат ниту износот на материјалната штета, а надлежните служби работат на расветлување на случајот. Очевидци сведочат за густ чад и пламени јазици кои се гледале од далечина.Линк од видеото: https://www.instagram.com/p/DLXZUsxI-qk/

Свет | пред 7 месеци

print-skrin-studenti-belgrad

(Видео) Студентите во Белград го блокираа РТС, дојде до тепачка со полицијата

Студенти и граѓани во Белград веќе трет ден ги блокираат зградите на Радио-телевизија Србија (РТС) на улицата Таковска и Кошутњак. Како што објавија студентите на социјалните мрежи, полицијата утринава успеала да ги внесе вработените во зградата на јавниот сервис, но дошло до тепачка со студентите.Насобраните скандираат „Народна полиција“ и ги држат рацете нагоре како знак дека сакаат мирен протест.Студенти од универзитетите во Белград и Нови Сад во понеделникот вечерта организираа блокади на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, незадоволни од известувањето на двата јавен сервис за студентските протести и општествено-политичката криза во земјата, а во исто време најавија протести „до понатамошно известување“. Раководството на РТС вчеравечер преку соопштение оцени дека студентите „незаконски го блокираат“ јавниот сервис.„Блокирањето објекти и спречувањето на вработените во јавниот сервис да ја вршат работата за која се законски одговорни претставува неприфатлив притисок врз медиумите во кои граѓаните со години покажуваат најголема доверба“, објави РТС.Директорот на РТВ Горан Караџиќ употреби поинаков речник, оценувајќи дека студентите преку блокадата ги „киднапирале“ вработените во медиумската компанија, а нивната акција ја нарече „тероризам“. Додека протестот и блокадата во Белград продолжуваат и се одвиваат без инциденти, РТС продолжува да ја емитува својата програма без прекин. Студентското движење излезе на бранот протести предизвикани од смртта на 16 лица во урнатата настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, а од властите бараат кривична и политичка одговорност за трагедијата и бараат борба против корупцијата и непристрасно дејствување на институциите без политички притисок и влијание.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

(Видео) Уапсени 22 лица, 56 повредени, со тракторите се спречи крвопролевање, вели Вучиќ

Неколку десетици луѓе во алкохолизирана состојба ја напаѓаат полицијата, затоа ве доведовме овде, во Палатата Србија“, рече Вучиќ.„Оддржан е голем протест, со негативна енергија, гнев, а нема жртви или тешки повредени, вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, 11 во клиничката болница Звездара, едно во Земун, вкупно 56 лица, нема сериозни повреди“, рече Вучиќ.Уапсени се 22 лица за кривични дела против имотот, напади врз полицајци и други лица.„Три служби, од армијата која процени дека има 80.000 луѓе до полицијата која процени 108.000. Голем број луѓе пристигнаа од внатрешноста на земјата, изненадувачки голем број луѓе дојде од внатрешноста, и од север и од централна Србија“, рече Вучиќ.Тој додаде дека е особено горд на работата на полицијата. „Не само што им честитам, туку како претседател сум горд на тоа колку одговорно ја завршија својата работа“, вели тој.„Оштетени се повеќе од 100 трактори. Да не беа тракторите ќе беше тешко да се спречи крвопролевањето. Тракторите се таму за да го запрат бранот, гужвата, да спречат конфликт со децата во паркот Пионирски“, рече Вучиќ, додавајќи дека сите што учествувале во уништувањето на тракторите ќе бидат приведени.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-15-at-20.25.44

(Видео) Колку луѓе има на протестот во Белград? Првичните проценки велат – 500.000

Студентски протест наречен „15 за 15“ беше организиран денеска во центарот на Белград. Се чини дека цела Србија се собрала во главниот град и нема каде да падне иглата, бидејќи демонстрантите го пополнија секое последно место на централните улици на главниот град, пишува „Нова.рс“. Големината на денешниот собир ќе се процени во наредните денови, но соговорниците на „Нова.рс“ тврдат дека ова е еден од најголемите одржани досега во Србија.Божо Прелевиќ, адвокат и поранешен министер за внатрешни работи на Република Србија, за порталот Нова.рс зборуваше за тоа колку луѓе присуствуваа на денешниот собир.„Во моментов сум на протестот и можам да ви кажам дека Теразије, плоштадот Никола Пашиќ, улицата Крал Милан и плоштадот Славија се преполни... Како некој што учествуваше на 5-ти октомври, морам да кажам дека овде има повеќе луѓе и според мое верување, на протестот има повеќе од 500.000 луѓе. Не можам да проценам, затоа што е едноставно неразбирливо. Само што го поминав Зелени Венац, кој исто така е полн, а луѓето доаѓаат преку мостовите“, рече Прелевиќ.Тој наведува дека не е сигурен дали на митингот има 700 или 800 илјади луѓе, бидејќи не може точно да знае.„Ова е сигурно повеќе луѓе отколку на 5-ти октомври, не можете да поминете овде, но тогаш можевте. Не сите улици тогаш беа преполни, а денес се преполни. Полн е Мањеж, полн е и паркот Ташмајдан. Единствено е што Чациланд зазеде простор пред Собранието, но тоа е неспоредливо“, додаде тој.Тој тврди дека присуствувал на натпреварите на стадионот на Црвена звезда, на пример кога играле против Ференцварош и имало 130.000 луѓе, но вели дека тоа не се споредува со денешниот собир.„Тоа е некако... Тоа е мала работа во споредба со она што се случува денес“, објасни Прелевиќ.Денешниот одѕив на граѓаните го коментираше и Момир Стојановиќ, политичар и генерал во пензија, кој беше и шеф на Воената разузнавачка служба за Србија и Црна Гора.Тој тврди дека бил на денешниот митинг, а од Ниш дошол да им даде поддршка на младите.

Свет | пред 10 месеци

IMG_0656

Новак Ѓоковиќ ги поддржува студентските протести: „Историја! Величествено"

Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер и според многумина најдобриот во историјата на „белиот спорт“ ги поддржа студентските протести.Ѓоковиќ ја објави својата одлука преку Инстаграм и објави фотографија со краток опис:„Историја! Величествено“. Во втората порака, Новак накратко напиша „Србија“, споделувајќи три знамиња.

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања