БЕЛГРАД

media-library62l39bde1j5qdLgCLfS

(Видео) „Знаењето е моќ“: Студентите на протест во Белград

Студентите во блокада на Електротехничкиот факултет во Белград, во име на сите студенти, денеска повикаа на протест под мотото „Знаењето е моќ“, се одржа вечерва од 18 часот пред Ректоратот на Универзитетот во Белград.Студентите порачаа дека државата треба да почива на образованието, нагласувајќи дека не е случајно што протестот се одржува токму на денот на Свети Сава. Според нив, симболиката на датумот дополнително ја засилува пораката за значењето на знаењето, автономијата и достоинството на образовниот систем.На протестот се обратија наставници, професори и директори на училишта, кои, како што наведуваат студентите, трпат последици поради јавно дадената поддршка на студентските барања. По говорите, тргнаа на протестна прошетка до Храмот ,,Свети Сава”.Во меѓувреме, студенти од неколку факултети во Србија денеска ја бојкотираа наставата во знак на солидарност со професорката Јелена Клеут и со нивните колеги од Универзитетот во Нови Сад.Студентите најавија и следен голем собир, кој ќе се одржи на 15 февруари – Сретење, во Шумадија, продолжувајќи го протестното движење кое во изминатиот период добива поддршка во академската и пошироката јавност.

Свет | пред 1 седмица

media-library6hurthps495s1YRnAsc

Експеримент со кучиња по белградските протести: Српски и руски експерти тестирале реакции за звучните топови!

Речиси две недели по антивладините протести во Белград, кои демонстрантите ги опишаа како насилно прекинати со силен и разорен звучен удар, српските власти спровеле контроверзни тестирања со моќни акустични уреди – овој пат врз животни. Документи до кои дојде Политико укажуваат дека експериментите биле дел од истрага чија цел била да се оспорат тврдењата на граѓаните дека против нив биле употребени таканаречени „звучни топови“.Тестирањата биле организирани од српската Безбедносно-информативна агенција – БИА, со вклученост на српски и руски експерти. Како тест-субјекти биле користени кучиња, избрани поради нивната висока чувствителност на звук, а експериментите се одвивале на полигон на БИА.Според документите, животните биле изложени на два типа далекусежни акустични уреди (LRAD), способни да емитуваат звук до 150 децибели – јачина споредлива со млазен авион при полетување. Уредите биле активирани на различни растојанија, од 200 до само 25 метри.Официјалната верзија: „Нема промени“Во извештајот на руската служба за безбедност – ФСБ – се наведува дека кај кучињата не биле забележани знаци на непријатност или промени во однесувањето за време на тестовите, ниту пак здравствени последици при прегледите неколку дена подоцна. Овој заклучок, според документите, бил користен како аргумент дека симптомите пријавени од демонстрантите не можат да се поврзат со употреба на звучни уреди.Српската влада претходно негираше дека употребила звучни топови за време на протестите, но призна дека полицијата располага со таква опрема и најави истрага за настаните од 15 март 2025 година, кога илјадници луѓе пријавија мачнина, вртоглавица, главоболки и паника по ненадеен силен звук во центарот на Белград.Сомнежи за законитоста на тестирањатаЕкспериментите, сепак, отворија нов фронт на критики. Српското Министерство за земјоделство соопшти дека никогаш не добило барање за одобрување вакви тестирања врз животни, што значи дека тие можеби биле спроведени без законска дозвола. Српските закони, како што потсетуваат правниците, строго бараат претходно одобрение и забрануваат тестирање оружје и воена опрема врз животни.Адвокатот за човекови права Данило Ќурчиќ изјави дека случајот може да претставува сериозно кршење на Законот за благосостојба на животните, оценувајќи дека кучињата биле изложени на злоупотреба под изговор на истрага.Политички реакции и обвинувањаОпозицијата во Србија оди чекор понатаму. Според опозицискиот политичар Радомир Лазовиќ, тестирањата врз кучиња се дел од обидите на власта на Александар Вучиќ да ја релативизира или прикрие употребата на звучни уреди против демонстрантите.„Илјадници луѓе минатата година директно ги почувствуваа ефектите од ова оружје. Наместо одговорност, гледаме експерименти врз животни за да се докаже дека граѓаните лажат“, изјави Лазовиќ.Истрагата што требаше да донесе одговори за настаните на протестите, наместо тоа, отвори нови прашања – за односот на државата кон сопствените граѓани, но и кон животните, како и за границите што институциите се подготвени да ги поминат во одбрана на официјалната верзија на настаните.

Свет | пред 2 седмици

media-librarydgavb81lnehud3WSk1H

Граѓаните на Белград може да здивнат: нема да се гради хотелот на местото на Генералштабот – фирмата на Кушнер се повлече од проектот

Проектот што со месеци го потресуваше Белград заврши со неочекуван пресврт: приватната инвестициска фирма „Афинити партнерс“ на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти дека се повлекува од планот за купување на зградата на Генералштабот. Од фирмата за „Волстрит џурнал“ велат дека одлуката е донесена „од почит кон народот на Србија и градот Белград“, бидејќи, како што наведуваат, големите проекти треба да обединуваат, а не да предизвикуваат поделби.„Од почит кон народот на Србија и градот Белград, ја повлекуваме нашата апликација и се повлекуваме во овој момент“, изјави портпаролот на фирмата, пренесуваат српските медиуми.Повлекувањето доаѓа во момент кога случајот со Генералштабот стана предмет на кривична постапка: Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ и уште тројца лица. „Волстрит џурнал“ потсетува дека Кушнер работел на проектот повеќе од две години, но дека тој станал „сè поконтроверзен“ поради постапките што ги презела власта.Кризата започна откако администрацијата на претседателот Александар Вучиќ се обиде да ја укине заштитата на културното наследство од комплексот на поранешниот Генералштаб, за да може просторот да му биде префрлен на Кушнеровиот инвеститор. Обвинителството реагираше, отворајќи истрага за фалсификување документи и апсејќи еден службеник. Како одговор, владејачката партија во Собранието со две брзи одлуки ги избриша заштитните статуси од оваа и од повеќе стари згради, потег што критичарите го оценија како неуставен и коруптивен.Опозицијата тврдеше дека државниот врв се обидува да му се додвори на Вашингтон. „Ова го нарекувате инвестиција, ние го нарекуваме велепредавство“, изјави пратеничката Мариника Тепиќ. Студентски протести, маршеви и најави за блокади и окупација на просторот дополнително го зголемија јавниот притисок.Во понеделникот, специјалниот обвинител соопшти дека поднел обвинение против Селаковиќ и уште три лица поради злоупотреба на службената должност и фалсификување документи поврзани со проектот.Според досега познатите информации, формално е потпишан само еден договор за заедничко инвестирање помеѓу стратешки партнер од САД и Србија. Во нацрт-форма се наоѓаат уште два договори за функционирањето на планираното заедничко вложување, како и предлог за 99-годишен закуп на земјиштето и модел за пренос на акции. Бидејќи документите не се потпишани или објавени, не можат ни да стапат во сила.Основниот инвестициски договор пропишува неколку причини за раскинување. Првата е неисполнување на т.н. претходни услови, неопходни за основање заедничка фирма. Други можни причини се непочитување на обврските во процесот на формирање на друштвото или неспособност страните да склучат договор за закуп и да го регистрираат во катастарот. Бидејќи во случајот не е постигнато ниту отворање на заедничка компанија ниту издавање под закуп на земјиштето – делумно поради нерешените оптоварувања на парцелите – договорот може да се раскине исклучиво поради неисполнети претходни услови.Интересно е што договорот предвидува дека само стратешкиот партнер може да го раскине договорот во таква ситуација. Србија, пак, има обврска во рок од пет дена од приемот на писменото известување да му ги надомести трошоците за раскинување: трансакциски трошоци плус еден милион евра. Стратешкиот партнер може да бара компензација и доколку државата прекрши некоја од дадените гаранции или ако гаранцијата се покаже како неточна и предизвикала загуба.Гаранциите се однесуваат на тоа дека земјиштето е навистина државно, дека не е оптоварено со реституциски или други права, дека даноците се платени – прашања што се директно поврзани со сомневањата дека укинувањето на заштитата за Генералштабот било направено со документ изработен надвор од законската постапка. Дали е така, ќе покаже текот на истрагата.

Свет | пред 1 месец

media-library9n79ol04h7ug1DI0bfH

Нов инцидент во Белград: Маж избоден во „Чациленд“

Уште еден инцидент се случи во центарот на Белград, во близина на Народното собрание.Припадните на полициските интервентни единици кои го обезбедуваат „Чациленд“ пред Собранието на Србија, уапсиле маж, кој, според Министерството за внатрешни работи нападнал жител на оваа шаторска населба.27-годишниот Д.П. со нож го нападнал 37-годишниот М.Н.Досега во „Чациленд“, се случија повеќе насилни инциденти и физички пресметки.Повредениот М.Н. бил веднаш пренесен во Ургентниот центар, а полицијата го уапсила напаѓачот.Министерството соопшти дека нападот се води како дело на лесна телесна повреда, спротивно на првичните шпекулации на социјалните мрежи дека се работи за терористички напад.Како што пренесе Б92, институциите брзо ја демантирале таа информација.Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на инцидентот.,,Граѓаните не треба да се плашат, државата ќе знае како да се справи со насилниците. Нема да дозволиме сценарија на уличен хаос. Институциите ќе реагираат строго на секој обид за нарушување на јавниот ред,“ изјави Вучиќ.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqaarju2to4cg7MmZSKE

Убиен водач на навивачката група на Партизан од Земун — Белград во состојба на зголемена безбедносна мобилизација

Млад маж, идентификуван како 23-годишниот Тадија Пантиќ од Земун, е убиен денеска околу 11:45 часот во Нов Белград. Според српските медиуми, двајца напаѓачи на скутер без регистарски таблички му се доближиле, се вратиле назад и пукале во него со рафален оган.Пантиќ бил погоден во главата и телото. Починал на самото место, зад трафика на булеварот „Арсенија Чарнојевиќ“, во близина на спортска обложувалница. Нападот го слушнале бројни минувачи, кои во паника се разбегале.На лице место брзо пристигнале екипи на Брза помош и полицијата, која веднаш го обезбеди просторот и започна увид. Подрачјето е покриено со голем број надзорни камери, кои веќе се анализираат.Според првичните информации, скутерот што го користеле убијците е пронајден подоцна запален на Вождовац.Семејството и пријателите на Пантиќ пристигнале веднаш по нападот. Неговата сестра, видно потресена, ги молела полицајците да ѝ дозволат да го види брат ѝ.Тадија Пантиќ важел за лидер на навивачката група на Партизан од Земун и претходно двапати бил мета на напади, кои ги преживеал.Поради убиството во Белград е активирана полициската акција „Вихор 3“, а интензивно се трага по напаѓачите.

Свет | пред 2 месеци

media-librarydgavb81lnehud3WSk1H

Таен договор исплива на површина: Србија со огромна концесија за проектот на Кушнер во срцето на Белград

Голем градежен мегапроект во Белград повторно ја разгори јавноста, откако независното српско списание „Радар“ објави документи што откриваат долгорочна заедничка компанија меѓу Владата на Србија и фирмата на Џаред Кушнер — зетот на Доналд Трамп — за развој на луксузен хотелски и станбен комплекс на просторот на поранешниот Генералштаб.Според договорот склучен во 2024 година, компанијата на Кушнер, „Атлантик Инкубашн Партнерс“, добива 77,5% од заедничкото вложување, додека Србија задржува 22,5%. Документите покажуваат и дека државата презема обврска до мај следната година да ги урне постојните објекти на локацијата — во спротивно, американската страна може да го раскине договорот и да побара значителни средства како компензација.Избраниот простор не е било кој: станува збор за руинираните згради на Генералштабот, симболичен и историски обележан комплекс разурнат во бомбардирањето на НАТО во 1999 година. Плановите за претворање на местото во хотелско-станбен центар предизвикаа масовни протести во центарот на Белград.Иако владата не ја демантира автентичноста на објавените документи, договорот беше целосно таен до минатата недела, кога српското собрание усвои специјален закон што го прогласува проектот за „инвестиција од посебно значење“. Законот ѝ овозможува на владата да ги заобиколи регулаторните процедури кои претходно го стопираа проектот, вклучително и истрагата дали документите за отстранување на заштитениот статус на комплексот биле фалсификувани.„Радар“ открива дека Србија се обврзала да го симне статусот на културно наследство и да обезбеди урнување на постојните згради во форма што ѝ одговара на компанијата на Кушнер. Договорот дава и исклучително поволен услов — бесплатен закуп на земјиштето на 99 години, со можност закупот да се трансформира во полна сопственост.Министерот за финансии Синиша Мали јавно го бранеше проектот, тврдејќи дека станува збор за развојна инвестиција и дека земјиштето не се продава, туку се издава под долгогодишен закуп. Но „Радар“ наведува дека во самиот договор експлицитно стои дека закупот е „без надомест“.Контроверзниот закон ги засили протестите предводени од студентските групи, кои со месеци излегуваат на улица борејќи се против корупцијата и нетранспарентните јавни проекти. Оваа недела демонстрантите формираа човечки синџир околу комплексот, цртајќи „црвена линија“ за да го блокираат започнувањето на уривањето.Според експертите и активистите, локацијата има исклучително културно значење — тоа е единственото дело во Белград на познатиот југословенски модернист Никола Добровиќ и симбол на еден од најдраматичните периоди од поновата историја.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryiam8t3uoadrucCUHmIG

(Видео) Со шишиња и петарди нападнат Немања Шаровиќ во Белград

Немања Шаровиќ, поранешен истакнат член на шешељевата Српска радикална партија и долгогодишен соработник на Воислав Шешељ, а денес новинар на КТВ Зрењанин, познат по исмејувањето на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), вчера бил нападнат во Белград за време на собир што го организирале приврзаниците на Александар Вучиќ.Шаровиќ со години беше едно од најпрепознатливите лица на Српската радикална партија, пратеник во Собранието на Србија и еден од најблиските луѓе на Шешељ. По расколот со него, го формираше движењето „Љубов, вера, надеж“, а потоа се посвети на медиумски активизам.Во последните години привлече големо внимание со видеата во кои со микрофон ги посетува митинзите на СНС и редовно ги исмејува приврзаниците на Вучиќ. Ваквата содржина, истовремено пофалена и критикувана во Србија, го направи една од највпечатливите фигури на антирежимската сцена.Како што објави Н1 Србија, Шаровиќ и екипата на КТВ биле на терен кога собирот на СНС станал агресивен. На снимките се гледа како насобраните го навредуваат, го напаѓаат и го гаѓаат со различни предмети. Во еден момент, еден од поддржувачите на Вучиќ силно му го избил микрофонот од рака.Според зборовите на Шаровиќ, кон него летале шишиња, петарди и други предмети. На снимката се слуша и извик: „Пи*ко усташка!“

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Србија „во лов“ по двајца снајперисти: „Знаеме дека се во Белград“, тврди Вучиќ

Безбедносните служби во Србија трагаат по двајца снајперисти во Белград. Претседателот Александар Вучиќ изјави дека изминатите денови и недели во Србија имало разни безбедносно-разузнавачки податоци за кои тој вели дека „не се наивни“.„Во моментов сме во потрага по двајца снајперисти во Белград за кои знаеме дека се во градот и не можеме да ги најдеме веќе три дена. Се надевам дека ќе успееме. Кои се тие и кои им се целите – ќе видиме. Но, знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде дојдоа парите, верувам дека надлежните служби ќе успеат да го решат тоа“, изјави Вучиќ.Во овој контекст, тој рече дека постои „само еден начин на кој можат да го победат“, додавајќи дека за каква било промена на власта „нема друг начин“, бидејќи нема да прифати „сила, насилство, надворешно влијание“.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryfhv7j8at9d2ff2H863r

(Видео) Големи немири и инциденти во Белград, се шири снимката од апсењето на кошаркарот Владимир Штимац

Во Белград синоќа беше приведен поранешниот српски кошаркар и граѓански активист Владимир Штимац, јави N1 Srbija. На видеоснимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа моментот кога полицијата го уапсила пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС).Според соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, издадено околу два часот по полноќ, биле приведени вкупно 37 лица осомничени за нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти пред Парламентот во Белград. Од МВР соопштија дека потрагата по останатите учесници продолжува.Домашните медиуми објавија дека апсењето на Штимац било по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, поради наводно повикување на насилство во текот на денот пред Парламентот.Главниот град синоќа повторно беше сцена на немири. На снимките од социјалните мрежи може да се види хаотична атмосфера и полициско присуство пред законодавниот дом. До судири дошло меѓу групата наречена „ќаци“ и граѓаните кои протестираа против власта на Александар Вучиќ. Протестот беше организиран како поддршка за Дијана Хрка, мајката на едно од загинатите деца во несреќата во Нови Сад, која започна штрајк со глад.Пред овие настани, Штимац јавно реагираше на нападот врз млад човек кој дошол да ја поддржи Хрка. Според nova.rs, младиот човек бил нападнат од членови на кампот „Ќациленд“, кои му го одзеле знамето со натпис „Трчам за студентите“.Неколку часа подоцна, поранешниот репрезентативец на социјалните мрежи упати остар коментар кон претседателот Вучиќ, пишувајќи: „Дали, лигав, дали се извинуваш вака! Фолирант!“.Вучиќ во изјава за Информер ги нарече демонстрантите „кукавици“ и најави дека државните органи ќе реагираат на сите инциденти.„Кога видоа дека одговорот е подготвен, избегаа. Користеа шишиња, петарди и факели, обидувајќи се да запалат луѓе,“ изјави Вучиќ, додавајќи дека ситуацијата е последица на, како што рече, „дебаклот во Нови Сад“.Сепак, снимките објавени на интернет не ги потврдуваат тврдењата на претседателот дека демонстрантите нападнале студенти во Пионирски парк.

Свет | пред 3 месеци

272036246_641907060398167_6220533566980419164_n

Македонците најмногу патуваат од регионот: Скопскиот и белградскиот аеродром со најмногу патници

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред се на проиширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“.Скопскиот аеродором планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе од лани, а белградскиот 518 илјади. На аеродромот во Охрид, пак, се очекува зголемување од 24 илјади патници, објави специјализираниот портал „Ex-Yu aviation“.Речиси сите аеродроми во поранешна Југославија го зголемуваат својот расположлив капацитет во споредба со минатата година. Аеродромот во Загреб ги комплетира првите три со најголем раст во регионоот, со 176 илјади патници повеќе од зимската сезона 2024/25, а главен двигател таму е „Кроација ерлајнс“, која ja проширува својата флота и мрежа.Четврти по раст се очекува да биде аеродромот во Сараево со 113 илјади патници, тузланскиот планира зголемување за 96 илади, љубљанскиот за 91 илјада, а аеродоромот во Ниш за 88 илјади патници.Најпрометна меѓународна дестинација кон која се насочени авиоператерите од регионот, е аеродромот во Истанбул, со 473.568 патници, по што следуваат Цирих со 414.502 и Истанбул Сабиха Гокчен со 342.704.На зимскиот распоред за летање вкупно се закажани 26 нови рути од аердормите во поранешна Југославија.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymnblj500vr4j40jsLV9

(Видео) Трагедија на автопатот Нови Сад – Белград: Загина дете, повредени седум малолетници од џудо-клубот „Партизан“

Едно дете загина, а седум други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 3:30 часот на автопатот Нови Сад – Белград, во близина на наплатната рампа во правец кон српската престолнина. Во несреќата е тешко повреден и возачот на комбето.Според информациите на Министерството за внатрешни работи на Србија, несреќата се случила кога комбе марка „Опел Виваро“ со белградски регистарски таблички излетало од коловозот, ја пробило заштитната ограда и паднало во канал.Во возилото се наоѓале осум малолетници на возраст од 13 до 16 години, членови на џудо-клубот „Партизан“ од Белград, кои се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан.Едно од децата, родено во 2009 година, починало на самото место, а останатите седум се повредени и се пренесени во Институтот за здравствена заштита на деца и млади во Војводина.„Во сообраќајната несреќа се повредени седум деца на возраст од 13 до 15 години. Две се сместени на одделението за интензивна нега, едно дете има повреда на цервикалниот ‘рбет и е транспортирано во Белград, а друго беше подложено на хируршка интервенција под општа анестезија. Останатите се во стабилна состојба и под лекарски надзор“, изјави за РТС доктор Андреа Ѓуретиќ од новосадската Детска болница.Возачот на комбето, маж на 43 години, идентификуван како С. С. (1982), е пренесен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина со повеќекратни трауматски повреди.Од таму информираа дека по целосна дијагноза и медицинска интервенција, тој се наоѓа под постојан надзор на лекарите.Со алкотест е утврдено дека возачот не бил под дејство на алкохол во моментот на несреќата.На местото на несреќата во тек е увид кој го води надлежниот јавен обвинител, со цел да се утврдат причините за трагедијата. Првичните податоци укажуваат дека комбето, од засега непознати причини, изгубило контрола веднаш по минувањето на наплатната рампа, по што излетало од патот.Веста за трагедијата предизвика длабока жал во белградската спортска јавност. Од џудо-клубот „Партизан“ засега нема официјално соопштение, но членовите и тренерите изразуваат сочувство до семејствата на децата и надеж за брзо закрепнување на повредените.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryjfbfv5tuvfma1cysqhw

Тричлено семејство загина во страотна сообраќајка во Белград

Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќта помеѓу саботата и неделата во Нов Белград.Во несреќата загинаа три лица:татко, мајка и нивното дете. Загинатите се на 42, 38 и 9 годишна возраст, соопшти полицијата.Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобил со босански регистарски таблички, управуван од Никола Ѓ., државјанин на Босна и Херцеговина, поминал низ раскрсница на црвено светло и удрил во возилото во кое се наоѓало семејството со голема брзина.Алкотестот покажал дека возачот кој го управувал возилото од кое загига семејството, Никола Ѓ. имал 1,17 промили во крвта. Тој ќе се товари за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај од член 297 став 2 од Кривичниот законик.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryhvkm2gion51faA8d8SH

(Видео и фото) Ликвидиран е Филип Ивановиќ од Цетиње во „Белград на вода“, бил баран од Интерпол

Доцна синоќа во познатата белградска населба Белград на вода, е убиен 33-годишен маж на детско игралиште.Станува збор за Црногорецот Филип Ивановиќ од Цетиње, кој бил застрелан со куршум во челото од страна на 21-годишно момче. Полицијата брзо го уапсила Ѓ.З. кај кого биле пронајдени два пиштола и словенечки документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани.По Ивановиќ била распишана меѓународна потерница, откако на 4 декември 2024 година побегнал од куќен притвор во Белград, при што насилно го отстранил електронскиот надзор.Во Србија против него се водел судски процес поради помагање на Лазар Тејиќ по убиството на Бојан Мирковиќ, додека Црна Гора го барала под сомнение дека бил член на организирана криминална група и соизвршител во неколку тешки убиства.Од Управата на полицијата на Црна Гора соопштиле дека Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион објавил меѓународна потерница по Ивановиќ и дека неговото екстрадирање во Црна Гора било планирано по завршување на судскиот процес во Србија.Ивановиќ претходно бил уапсен во Белград на 25 ноември 2020 година под сомнение дека учествувал во тешко убиство. По бегството од куќниот притвор, повеќе од девет месеци бил во бегство, сè до неговото убиство синоќа.Осомничениот, Ѓ.З. (21), бил пресретнат од полицајци во цивилна облека на само 200 метри од местото на злосторството, каде што бил разоружан и уапсен.На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа, а во тек е истрага, по што ќе бидат познати повеќе детали.Итната медицинска помош потврди за РТС дека човекот е убиен и дека пукањето се случило во 23:13 часот.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryshs7j1js8em1c3xWkbR

Се огласи таткото на Мартин, кој загина во експлозијата во Белград: Тој беше измамен, a не криминалец

Со длабока болка и неверување, Дејан Сипковски, таткото на загинатиот 21-годишен Македонец Мартин Сипковски, се огласи со јавно соопштение по трагичната експлозија во Белград во која неговиот син го загуби животот.„Мартин имаше само 21 година. Беше студент на Факултетот за менаџмент, манекен и поранешен ракометар на РК Вардар — млад човек со многу енергија, големи соништа и надежи за иднината“, пишува во своето обраќање таткото.Сипковски објаснува дека неговиот син бил „бунтовен, како и многу млади луѓе“, но никогаш не бил насилен и никогаш не би направил нешто што би загрозило туѓ живот.„Имаше детски и пубертетски грешки, но никогаш не бил дел од тежок криминал. Една година беше во домашен притвор во Македонија, во рамки на истрага што од самиот почеток беше сомнителна, бидејќи сите докази укажуваа дека тој не бил присутен на местото на настанот“, наведува таткото.Тој потенцира дека Мартин не бил првообвинет во случајот, туку подоцна бил вклучен во процесот, додека вистинскиот првообвинет „одамна е избеган во Белград и има сериозно криминално досие“.„Нашето семејство смета дека ваквиот тек на настаните е длабоко неправеден и бараме сериозни одговори — како и зошто Мартин бил вовлечен во нешто со што немал никаква вистинска поврзаност“, истакнува Сипковски.Според неговото сведочење, Мартин бил исплашен и разочаран од системот, особено по изречената пресуда која, како што наведува семејството, не била оправдана.„Семејството очекуваше дека со жалбата ќе биде ослободен. Но, пред тоа да се случи, замина во Белград — исплашен, збунет и, како што веруваме, измамен и злоупотребен од луѓе кои ја искористиле неговата доверба и страв“, вели таткото.Тој додава дека постојат сомнежи оти Мартин бил наведен и наместен, изложен на притисок да побегне во Србија, со лажни ветувања дека ќе може да замине во трета држава.„Затоа бараме целосна, темелна и објективна истрага — не само од српските, туку и од македонските институции. Вистината мора да се открие до крај“, порачува тој.Во своето писмо, Сипковски упатува и апел до медиумите:„Посебно им се обраќам на медиумите и порталите да покажат човечност и професионалност. Зад секој наслов стои едно скршено семејство и млада ќерка од 17 години која ги чита тие текстови. Пишувањето без проверка не само што ја нарушува вистината, туку и ја продлабочува нашата болка.“На крајот, Дејан Сипковски завршува со порака:„Нашето семејство останува скршено од болка, но решено да се бори за вистината за Мартин. Тоа му го должиме на него, на неговото име и на неговиот мир.“Српските медиуми, повикувајќи се на свои информации од српската полиција, објавија дека Сипковски загинал откако неправилно ракувал со бомба, па по грешка ја активирал. Според нив, таа била набавена за да се изврши убиство на лице поврзано со организиран криминал. Засега овие наводи не се потврдени официјално. Во тек е истрага и размена на информации помеѓу српските и македонските институции. Настанот се случи на 1 октомври.Инаку, Сипковски бил неправосилно осуден на затоврска казна од седум години за кривично дело „обид за убиство“, за кое таткото пишува и во писмото. Пред судот, докажувал дека нема никаква вина, како и дека исказите од сведоците се лажни и преправани. Во Обвинителството се воделе и други предмети.

Коментари | пред 3 месеци

media-librarysj5je9ba0fc89NvXJ1Q

Семејството на Сипковски до овој момент нема потврда дека тој е загинатиот во експлозијата во Белград

Семејството на Мартин Сипковски, за кого српските медиуми пренесоа дека е момчето кое по грешка активирало експлозив наменет за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал, нема никаква потврда или известување дека усмртеното лице е навистина момчето од Македонија.Според извори на „Скопје1“, тие барале информации од Министерството за надворешни работи, како и од белградската Судска медицина. Од МНР немале добиено никаква официјална информација преку дипломатските канали. Од Судска медицина, според нашиот извор, лицето на кое се праело обдукција се води се уште како непознато (НН) лице. Настанот се случи пред осум дена во вечерните часови, но според нашите извори, не е точно дека до овој момент е утврден идентитетот на Сипковски. Побаравме став и од МНР.„Се уште немаме официјална информација. Ќе информираме штом добиеме“, велат оттаму.Ова е спротивно на тврдењето на српските медиуми, меѓу кои „Телеграф“ кои пишуваат дека идентитетот на Сипковски е потврден со ДНК траги, преку размена на податоци помеѓу македонската и српската полиција.За Сипковски пак, до пред овој настан, во јавноста се пишувало само за неговите успеси. Тој бил ракометар, но и модел. По настанот, се дозна дека бил во куќен притвор, кој го издржувал околу една година и никогаш не го прекршил. Сѐ до 25 септември кога полицијата не го нашла дома. Пет дена потоа, се случува експлозијата во Белград. Тој е осуден за обид за убиство, кое го негирал, а и пред второстепениот суд докажува дека сведоците лажеле, сето тоа, според неофицијални информации, преку различните искази кои ги дале пред институциите. Наводно, сведоци кои го посочуваат дека тој го извршил обидот за убиство се недостапни за органите на прогонот.Белградските истражни органи соопштија дека го привеле Филип В. (26), кој е осомничен дека на 30 септември незаконски набавил и пренел експлозивна материја — пентрит — и, според сомневањата, му ја предал на Сипковски. По приведувањето тој бил сослушан во Више јавно обвинителство во Белград; против него е поднесено обвинение за недозволена набавка, држење и промет на оружје и експлозивни материјали, а обвинителството побарало да му се определи притвор поради опасност од бегање и ризик од повторување на кривично дело. Засега не е познато што сти во исказот на Филип В.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања