Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Со шишиња и петарди нападнат Немања Шаровиќ во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-libraryiam8t3uoadrucCUHmIG
Инстаграм

Немања Шаровиќ, поранешен истакнат член на шешељевата Српска радикална партија и долгогодишен соработник на Воислав Шешељ, а денес новинар на КТВ Зрењанин, познат по исмејувањето на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), вчера бил нападнат во Белград за време на собир што го организирале приврзаниците на Александар Вучиќ.

— реклама —

Шаровиќ со години беше едно од најпрепознатливите лица на Српската радикална партија, пратеник во Собранието на Србија и еден од најблиските луѓе на Шешељ. По расколот со него, го формираше движењето „Љубов, вера, надеж“, а потоа се посвети на медиумски активизам.

Во последните години привлече големо внимание со видеата во кои со микрофон ги посетува митинзите на СНС и редовно ги исмејува приврзаниците на Вучиќ. Ваквата содржина, истовремено пофалена и критикувана во Србија, го направи една од највпечатливите фигури на антирежимската сцена.

— реклама —

Како што објави Н1 Србија, Шаровиќ и екипата на КТВ биле на терен кога собирот на СНС станал агресивен. На снимките се гледа како насобраните го навредуваат, го напаѓаат и го гаѓаат со различни предмети. Во еден момент, еден од поддржувачите на Вучиќ силно му го избил микрофонот од рака.

— реклама —

Според зборовите на Шаровиќ, кон него летале шишиња, петарди и други предмети. На снимката се слуша и извик: „Пи*ко усташка!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryunl3b12jp8n2cQoBQoe

Денес во 14 часот протестен марш во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Во недела протест во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 1 месец

detska-klinika

Шест месеци работа без плата и без продолжен договор, вработените од Детска клиника на протест

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryac0v5icv2era1h85iUp

Транспарент „Скопје е со Албанија“ на протест во Скопје, Муамеди реагира: Македонците ќе даваат поддршка, но со знамиња на Македонија

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања