БЕЛГРАД

media-libraryno3lrkce7lihai2XloV

Избегал пет дена пред експлозијата во Белград: Мартин Сипковски имал криминално досие со тешки дела – бил осуден за обид за убиство на 7 години затвор

Младиот Мартин Сипковски кому му експлодирал експлозив и според српските медиуми загинал во Белград, има дебело досие на само 21 година, во Македонија. Во него се вбројуваат кривични дела како насилство, разбојништво, предизвикување општа опасност. Во јавноста речиси и да нема детали за негово криминално портфолио, се додека српските медиуми не излегоа со информацијата дека загинал откако несоодветно ракувал со експлозивот, наводно наменет, за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал. Од Обвинителството за „Скопје1“ посочуваат дека Сипковски е веќе осуден на 7 години и 6 месеци затвор, пресуда која не е правосилно за обид за убиство.„Основното јавно обвинителство Скопје против осомничениот поведе истрага за кривично дело - Убиство (во обид) извршено на 15.09.2024 година во зграда на булевар "Јане Сандански", при извршен напад со нож на едно лице, а надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје веднаш по лишување на осомничениот на 29.09.2024 година поднесе предлог за определување мерка притвор. Прифаќајќи дел од аргументите на одбраната, пред се во поглед на личноста на обвинетиот, судијата на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството и определи мерка куќен притвор и привремено одземање на патната исправа. Надлежниот јавен обвинител го обжали ваквото решение, но жалбата беше одбиена. На 26.12.2024 година, по спроведена истрага, ОЈО Скопје поднесе обвинение за кривично дело - Убиство (во обид), а по спроведена судска постапка, на 03.06.2025 година обвинетиот е огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 7 години и 6 месеци, при што со одлука на Судот мерката куќен притвор е продолжена до правосилност на пресудата“, велат од Обвинителството.Обвинителот за „Скопје1“ посочува дека на 25 септември биле првпат известени дека Сипковски не е пронајден во неговиот дом. Ова е една недела пред да се случи трагедијата во Белград. Ова би значело дека тој успеал и нелегално да премине граница.„Согласно тоа Јавното обвинителство во ниту еден момент не е известено за недостапност на обвинетиот, додека на 25.09.2025 година СВР Скопје-БЈБ доставило известување до Судот дека лицето не е пронајдено во неговиот дом, по што Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да ја укине мерката куќен притвор и да определи ефективен притвор за обвинетиот“, велат од Обвинителството.Детали за Сипковски сподели и неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ:

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr9f348cno9hlaT17L5I

(Видео) Од куќен притвор во Македонија до експлозија во Белград – нови детали за патот на Мартин Сипковски

Мартин Сипковски, момчето за кое српските медиуми јавија дека загинало во Белград, откако според првичните информации, по грешка активирал експлозив, избегал додека бил во куќен притвор, дознава „Скопје1“ од свои извори во скопското Обвинителство. На нему му се суди за обид за убиство, предмет кој го застапува обвинителот Александар Марковски, а бранител му е Владимир Туфегџиќ. „Скопје1“ контактираше со адвокатот, кој потврди дека му е застапник, но тој се уште нема никаква потврда дека Сипковски учествувал во настанот во Белград.„Како негов бранител известен сум од неговата мајка дека пред неколку дена Мартин под неразјаснети околности не е достапен но немам официјална потврда за неговото учество во настанот. Точно е дека во Кривичниот суд против него се водат неколку кривични постапки и изречена е мерка куќен притвор до правосилно завршување на кривичната постапка, во кои постапки сум негов бранител, и досега  против него не е изречена правосилна  пресуда“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.Според информации на „Скопје1“ од полициски извори, во евиденцијата стои дека Сипковски секогаш ја почитувал мерката куќен притвор. Постапката за обид за убиство се водела повеќе од година, а исто толку време тој издржувал мерка за обезбедување присуство. На момчето му биле изрекувани и други воспитни мерки, а Туфегџиќ го впери простот во институциите.„Како и да е надлежните институции не направија доволно за Мартин како исклучително интилигентено и талентирано дете, во насока на навремено превенирање и артикулирање на неговата енергија во вистинска насока, иако му биле изрекувани воспитни мерки како дете во судир со законот. Овој настан нека биде повод нашите институции и воспитно поправните домови навремено да превенираат и да работат со деца во судир со законот во смисла да им ја пренасочат погрешно насочената енергија“, додава Туфегџиќ од „Скопје1“.Стапивме во контакт и со МНР, од каде велат дека остваруваат контакти со српското МНР. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.Како што стои во досегашните откритија на истрагата објавени од српските медиуми, Сипковски наводно внел експлозивна направa во зграда на улица Дечанска, по што следната вечер, при наводно несоодветно ракување, детонацијата се случила и го усмртила. Случајот се третира како сериозна кривична постапка; истражителите собираат траги, материјални докази и сведочења за целосно разјаснување на околностите.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysj5je9ba0fc89NvXJ1Q

Од ракометар до модел: животот и мистеријата околу Македонецот Мартин Сипковски, кој загина во експлозија која сам ја предизвика

На 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград избувна експлозија во која животот го загуби државјанин на Македонија, Мартин Сипковски (21), пишува српски „Телеграф“. Неговата идентификација била потврдена по обдукцијата и размена на ДНК податоци меѓу српската и македонската полиција, пренесуваат белградските медиуми.Според првичните сознанија, Сипковски настрадал при нестручно ракување со експлозивна материја — пентрит (PETN), моќен детонабилен состав кој, како што се наведува, наводно бил наменет за ликвидација на лице поврзано со организиран криминал. Од експлозијата целосно е уништен станот каде што се случил настанот, а оштетени се и два соседни стана.Полицијата приведе лице осомничено дека му предало експлозивБелградските истражни органи соопштија дека го привеле Филип В. (26), кој е осомничен дека на 30 септември незаконски набавил и пренел експлозивна материја — пентрит — и, според сомневањата, му ја предал на Сипковски. По приведувањето тој бил сослушан во Више јавно обвинителство во Белград; против него е поднесено обвинение за недозволена набавка, држење и промет на оружје и експлозивни материјали, а обвинителството побарало да му се определи притвор поради опасност од бегање и ризик од повторување на кривично дело.Истрага за околностите и мотивитеКако што стои во досегашните откритија на истрагата, Сипковски наводно внел експлозивна направa во зграда на улица Дечанска, по што следната вечер, при наводно несоодветно ракување, детонацијата се случила и го усмртила. Случајот се третира како сериозна кривична постапка; истражителите собираат траги, материјални докази и сведочења за целосно разјаснување на околностите.Кој беше Мартин Сипковски?Во јавноста Сипковски беше познат како поранешен младински ракометар на РК Вардар, кој подоцна се насочил кон моделинг и работење во модната индустрија. Неговиот пресврт кон модата и достигнувањето договор со агенција во Истанбул беа широко покриени во медиумите, а соработуваше и со покоен Зоки Фаци; исто така е споменат како студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопје. Белградските извештаи, како и некои информации од Македонија, укажуваат дека имал претходни полициски евиденции, но точниот карактер и опсег на евентуалните криминални активности се предмет на истрагата.Што е пентрит?Пентрит (пентаеритритол тетранитрат, PETN) е силен експлозив во форма на бели кристали, користен во детонатори и во производството на одредени видови пластични експлозиви. Заради големата разорна моќ и чувствителност на удар и триење, неговото нелегално поседување и употреба претставува значаен безбедносен ризик.Надлежните српски служби најавија дека ќе продолжат со темелна истрага за да ги утврдат сите факти и мотиви поврзани со трагичната експлозија.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycoqhqjb31gba4tzRfN7

Пукање во Вишничка Бања: Пет лица ранети во кафе-бар во Белград

Пет лица се ранети во пукање кое се случило нешто по 14 часот во кафе-бар во белградската населба Вишничка Бања.Непознати напаѓачи влегле во локалот „Локал бар“ и отвориле оган врз присутните гости.Досега е познато дека меѓу ранетите се маж на возраст од 59 години и жена од 42 години, соопштуваа од Министерството за внатрешни работи (МУП) на Србија.Денеска околу 14:23 часот во угостителски објект во Вишничка Бања, од страна на засега непознато лице, било употребено огнено оружје, при што се повредени пет лица – три мажи и две жени. Повредените се пренесени и згрижени во Ургентниот центар. Во тек е увид и полицијата интензивно работи на расветлување на случајот, стои во соопштението на МУП.Според првичните, неофицијални информации, повеќе вооружени лица излегле од возило, упаднале во локалот и почнале да пукаат. Сведоци велат дека кафулето во минатото било собиралиште на навивачи, но засега не е познато дали нападот има поврзаност со тоа.Одеднаш слушнав пукање. Прво не знаев што се случува, а потоа видов дека луѓето трчаат на сите страни. Се слушаа истрели од повеќе страни, а на улицата имаше минувачи и луѓе на автобуската постојка. Сите почнаа да бегаат, изјавил еден од очевидците за порталот nova.rsПолицијата е на местото на настанот и врши увид.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryqvmiahhal2qf9Yym6fz

По две и пол години започна извлекувањето на сплавот ‘Фристајлер’ од Сава

По две и пол години започна извлекувањето на познатиот белградски сплав „Фристајлер“, кој потона на 1 јануари 2023 година за време на новогодишната прослава.На местото кај Бранковиот мост, каде што сплавот исчезна под водата, поставена е голема механизација која работи на негово отстранување.Во моментов механизацијата вади наслаги од кал, по што се очекува сплавот постепено да биде подигнат на површината.И во минатото имаше обиди за извлекување на овој објект, но тие завршија без успех.Да потсетиме, „Фристајлер“ потона меѓу 1 декември 2022 и 1 јануари 2023 година. Како главна причина тогаш се наведуваше преголемиот број луѓе кои се наоѓале на сплавот во моментот на неговото потонување.

Свет | пред 4 месеци

media-library671c23rfb7564wlIBxx

Војска и студентите се поздравија и покрај полицискиот кордон на парадата во Белград

На денешната воена парада „Снага јединства“ во Нов Белград, и покрај строгите полициски бариери, дојде до кратка интеракција меѓу студентите и припадниците на Војската на Србија, јавува Nova.rs.Според извештаите, полицијата прво спречила дел од студентите и граѓаните да присуствуваат на парадата, држејќи ги во полициски обрач. Истовремено, друга група луѓе која била организирано доведена, се движела без пречки.И покрај тоа, дел од војниците возвратиле на поздравите што им ги упатиле студентите и граѓаните од внатрешноста на полицискиот кордон. На социјалните мрежи се појави и видео од моментот, проследено со пораката на студентите: „Војска је народна“.Организацијата на парадата ја спроведоа Министерството за внатрешни работи и Жандармеријата под команда на директорот на полицијата Драган Васиљевиќ и министерот Ивица Дачиќ, а пред сè со поддршка на претседателот Александар Вучиќ.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-09-125139

Џеки Чен доби нова главна улога, ќе биде амбасадор на EXPO 2027 во Белград!

Светски познатиот актер и мајстор на боречки вештини Џеки Чен е назначен за амбасадор на специјализираната изложба Експо 2027, што за прв пат ќе се одржи на Западен Балкан, во Белград.Настанот ќе се одвива под мотото „Играј за хуманост – Спорт и музика за сите“ и има за цел да покаже како преку спортот и музиката луѓето можат да се поврзат и заеднички да одговорат на глобалните предизвици.Во разговор за Euronews, Чен нагласи дека културата, спортот и музиката не треба да се гледаат одвоено, бидејќи се различни изрази на ист дух. Тој изрази уверување дека Белград во 2027 година ќе стане место на средба меѓу Истокот и Западот. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)По повод назначувањето, српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со актерот и сподели фотографија на социјалните мрежи.„Голема чест е што оваа глобална филмска ѕвезда и еден од најголемите културни амбасадори ќе го претставува EXPO во Србија. Убеден сум дека како промотор на EXPO 2027 ќе обезбеди силна поддршка за презентирање на настанот, кој ќе ја стави Србија во центарот на светското внимание“, напиша Вучиќ.

Балкан | пред 4 месеци

studenti

„Сè запира во понеделник“ - нов голем протест во Белград

Студентите во блокадата најавија нов голем студентски протест за понеделник во Белград поради, според организаторите, полициската репресија во Нови Сад. Протестот ќе започне во 14 часот пред Владата на Србија под слоганот „Индексот е посилен од пендрек“. Студентите во блокадата, кои го координираат собирот преку социјалните медиуми, најавија дека по Владата, колоната ќе се движи низ градот до Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.Овој протест следеше по бурните настани во Нови Сад, каде што минатиот петок полицијата употреби сила врз граѓаните и студентите собрани пред Филозофскиот факултет. Во тоа време беа употребени шок бомби, солзавец, топовски истрели... Студентите тврдат дека станува збор за однапред планиран чин на репресија, а не за реакција на наводното насилство, како што тврдеше Министерството за внатрешни работи во своето соопштение. View this post on Instagram A post shared by Samoorganizovana grupa studenata - Blokada (@studenti_u_blokadi)Во соопштението што студентите го објавија по интервенцијата, се наведува дека полицијата извршила „најбрутални напади врз сопствените граѓани“, додека сцените на тепања и рации на факултетите беа оценети како доказ дека државата се справува со мирни демонстранти.Тие додадоа дека однесувањето на студентското движење во последните недели имало за цел смирување на тензиите, но дека настаните во Нови Сад покажале дека мирно решение „не е можно ако само едната страна го сака тоа“.Во меѓувреме, дел од приведените демонстранти во Нови Сад веќе се слушнати, додека протести се организирани и во други градови на Србија. Во исто време, минатата недела се одржаа собири против блокадите, организирани од поддржувачи на Српската напредна партија, а во некои градови имаше директни конфронтации меѓу двете групи. Според Министерството за внатрешни работи, ситуацијата главно се смирила до доцна навечер.„Сè запира во понеделник. Се гледаме“, рекоа студентите пред денешниот протест.

Свет | пред 4 месеци

frosina111

Последен аплауз за Фросина Кулакова: Белград ќе ѝ оддаде почит со ревија на нејзината последна колекција

Модниот свет ќе ѝ се поклони на Фросина Кулакова на 26 октомври во Белград, во рамки на финалната вечер на „Топ Модел Европа Балкан“ што ќе се одржи во престижниот хотел „Москва“. Неповторливата дизајнерка, која остави силен печат во македонската мода, ќе биде чествувана со специјална трибјут-ревија на нејзината последна колекција.Токму оваа колекција, создадена со нејзината препознатлива креативност и посветеност, ќе ја потсети публиката на уникатниот потпис што Кулакова го внесе во модната сцена. Настанот ќе претставува симболичен „последен аплауз“ – ревија во нејзина чест, која ќе ја овековечи нејзината работа и страст кон модата.„Топ Модел Европа Балкан“ оваа година носи силен македонски печат. На сцената ќе дефилираат 20 македонски манекени и манекенки кои ќе се натпреваруваат за титулата и можноста да го претставуваат Балканот на големото финале во Брисел. Жирито ќе ги оценува според харизмата, сигурноста и умешноста да ги презентираат модните дела.Заедно со Кулакова, публиката ќе ги проследи и креациите на уште две познати македонски дизајнерки – Душица Шалева, со нејзините ексклузивни модели од високата мода, и Ирина Тошева, која носи современ и иновативен пристап.„Би била многу горда ако некој од Македонија победи на натпреварот,“ изјави Шалева, која е и директорка на „Топ Модел Европа Балкан“.Белградската вечер најавува спектакл исполнет со стил и емоции, а трибјут-ревијата на Фросина Кулакова ќе биде најсилниот момент – потсетник на нејзината оставнина и инспирација за идните генерации.

Македонија | пред 4 месеци

1756545527_Screenshot_2025-08-30.format-webp.width-1200

„Виз ер“ хаос: Патници од Крит тргнале за Белград, но слетале во Скопје, а на аеродромот очекувале празен авион?

Летот на „Виз ер“ од Крит за Белград, кој требаше да полета 15 минути по полноќ, заврши со неочекуван пресврт – патниците наместо на белградскиот аеродром се најдоа во Скопје околу 4 часот изутрина, пренесе српската „Н1“.Една од патничките, Јелена, изјавила дека никој не бил информиран дека летот ќе биде откажан, туку добивале пораки на секој час со нови одложувања. Конечно, летот тргнал во 4:20 часот, но наместо во Белград, слетале во Скопје.„На аеродромот во Скопје сите беа изненадени и полицијата и службениците, бидејќи ‘Виз ер’ им пријавил дека слетува празен авион, а од него излегоа околу 200 патници,“ раскажала Јелена.Таа додала дека патниците биле задржани подолго во авионот без објаснување, а една жена се почувствувала лошо. „Пилотот кажа дека нивното работно време завршува и дека информации ќе добиеме на аеродромот. Но таму никој не знаеше ништо,“ вели таа.Како причина за пренасочувањето било наведено дека белградскиот аеродром „не работи и дека авиони не слетуваат“. Патниците дури ја контактирале и српската амбасада, но им било одговорено дека не може ништо да се стори.По инсистирање на патниците, аеродромот во Скопје обезбедил автобус за нивен транспорт до Белград.Засега од ТАВ Македонија нема официјално соопштение за настанот.

Балкан | пред 5 месеци

e00491cd-8f09-4102-88c4-8053fbfa2c79

(Видео) Полицајци во Белград влечат млад човек по улица, еден од нив го удира со палка по грб

На социјалните мрежи се појави видео од протестите во Србија, на кое се гледа како полициски службеници влечат млад човек, по што еден од нив со палка го удира по грбот, иако тој лежи на земја и не пружа никаков отпор.Според порталот Нова.рс, снимката е направена во петокот, на раскрсницата меѓу улиците Ресавска и Немањина во Белград. На крајот од видеото, видно повредениот маж е врзан со пластични лисици додека сè уште лежи на асфалтот. Во описот на објавата на Инстаграм стои дека младиот човек бил без свест.Удирањето се случува пред поголем број полицајци во опрема за растерување демонстрации. Нова.рс пренесува дека станува збор за припадници на Единицата за обезбедување личности и објекти (ЈЗО), која ја предводи командантот Марко Кричак. Тој веќе беше снимен како трча со телескопска палка по граѓани, а повеќе очевидци го обвинија за малтретирање и физичко насилство.Контроверзии предизвикува и снимката на неговата заменичка Тања Дробњак, која во јули беше забележана како пред Правниот факултет во Белград влече студентка за коса, обидувајќи се со нејзиното лице да отклучи телефон – практика што е незаконска.Единицата за обезбедување личности и објекти последните месеци постојано е присутна на протестите, а студентските организации и граѓанските здруженија тврдат дека нивното постапување е надвор од законските рамки и дека вклучува брутална сила врз демонстранти.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-23.51.03

(Видео) Напнати протести во Србија: Парола против власта, судири со полицијата

Вечерва во Белград и неколку други градови се одржаа нови граѓански протести кои ескалираа во судири со полицијата.Белград – симболичен отпор во кампусотВо кампусот на Универзитетот во Белград, полицијата влезе на терен, што демонстрантите го оценија како директно нарушување на автономијата на универзитетот. Реакцијата на собраните беше симболична – граѓаните пееја: „Коалиција – чаци и полиција.“Оваа парола, која брзо се рашири меѓу присутните, ја изрази перцепцијата за спојот на власта и безбедносните сили во потиснувањето на протестите.Валјево – пиротехника против полицијаВо Валјево, според извештај на ТВ Нова, демонстрантите со пиротехника ги гаѓале полициските единици.Нов Белград – солзавец и тешко вооружени силиОколу 22:30 часот, полицијата интервенирала на Нов Белград и употребила солзавец за да ги растера демонстрантите. На булеварот „Михајло Пупин“ беа распоредени силни полициски единици и возила на МВР, а низ околината се слушаа топовски удари и пиро техника.Ситуацијата накратко се смири по првиот инцидент, кога беше фрлен солзавец.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-00.47.03

(Видео) Судири во центарот на Белград: Запалени контејнери, полицијата интервенираше со солзавец

Во центарот на Белград, на платото кај Славија, полицијата вечерва интервенираше со солзавец за да ги растера демонстрантите.Граѓаните беа потиснати во околните улици, а според информациите, контејнери биле запалени и на улицата Белградска. Дел од демонстрантите се движат кон Правниот факултет.Ова е уште една од серијата тензични сцени кои се одвиваат низ Белград во рамки на протестите што траат веќе неколку дена.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.32.28

(Видео) Затегната атмосфера во Белград: олицијата тврди дека протестантите се вооружени – активистите негираат

Во Нов Белград, полицијата побара од присутните граѓани да се повлечат, тврдејќи дека дел од демонстрантите се вооружени. Според N1 Србија, активистот и советник во општинското собрание на Нов Белград, Здравко Јанковиќ од Зелено-левиот фронт, разговарал со командантот на полициската бригада Драгослав Репац, кој му порачал дека собирот е незаконски бидејќи не е пријавен, а дека во толпата има наоружани лица.„Ви издавам јасна наредба да ја напуштите оваа позиција или да се поместите на безбедно растојание, за да не дојде до судир со полицијата. Ако има напад врз полициски службеници или други граѓани, ќе реагираме согласно законот“, изјавил Репац, пренесуваат тамошните медиуми.Јанковиќ одговорил дека присутните не се вооружени и дека само сакаат да се приклучат на другата група граѓани, но полицијата тоа не го дозволила.Во меѓувреме, во улицата „Кнеза Милоша“ пристигнал дополнителен кордон, кој се позиционирал пред Владата на Србија. Полицијата се најде меѓу две групи демонстранти – едната која дошла од Нов Белград преку Газела и другата која веќе била во центарот. Зад полициските кордони застанале оклопни возила со вклучени ротации, а демонстрантите од страната на Газела поставиле контејнери на средината на улицата.

Свет | пред 5 месеци

protesti-srbija

Напнато во Белград: блокади, собирања и провокации со ласери

Во Нов Белград, на кружниот тек кај Општината, граѓаните се собраа на коловозот, но сообраќајот сè уште не е запрен.Некои од присутните изјавиле дека бил присутен голем број оклопни возила, што предизвикало вознемиреност, но нагласуваат дека се решени да го одржат вечерниот протест. Дел од нив споменале и можност да се упатат кон простории на Српската напредна странка во Нов Белград. Атмосферата е бучна, се слушаат свирежи, а возачи им даваат поддршка со свирење сирени.Паралелно, во Белград граѓани се собираат и кај Владата на Србија, каде што го блокираа сообраќајот на аголот меѓу улиците „Немањина“ и „Кнез Милош“. Нема униформирана полиција, но има полициски службеници во цивил.Според Nova.rs, приврзаници на Српската напредна странка повторно ги провоцираат демонстрантите кај Главниот штаб во Белград, постојано осветлувајќи ги со ласери.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања