„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

белорусија

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски предупредува: Русија сè почесто ја користи Белорусија за напади врз Украина

Русија сè поинтензивно ги користи позициите на територијата на Белорусија за изведување напади врз Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по состанокот со целокупното воено раководство одржан во петокот. Според него, станува збор и за напади со дронови и за ракетни удари, при што Москва со оваа тактика се обидува да ги заобиколи украинските одбранбени позиции.„Ова претставува сериозен ризик и за самата Белорусија. Жалосно е што Белорусија го отстапува својот суверенитет во корист на руските агресивни амбиции“, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Тој додаде дека проактивната одбрана од овој нов правец на напади е отежната, бидејќи Русија ја има инсталирано неопходната опрема за напади во непосредна близина на станбени објекти.Според украинските разузнавачки податоци, антени и други системи за наведување, кои се користат за напади врз цели во Украина, сега се поставени на покривите на петкатни станбени згради во Белорусија. Зеленски оцени дека станува збор за „апсолутно непочитување на човечкиот живот“ и порача дека Минск треба да престане да учествува во вакви активности.Украинскиот претседател истакна дека воздушната одбрана на земјата добила инструкции да ја прилагоди својата стратегија на новата ситуација. Потсети и дека на почетокот на руската инвазија Белорусија ѝ го стави на располагање својот територијален простор на Русија како отскочна точка за неуспешниот обид за напредување кон Киев.Иако белоруските вооружени сили не се директно вклучени во борбите, потенцијалната закана од север ја принудува Украина да држи значителни воени сили долж заедничката граница, што дополнително ги оптоварува нејзините одбранбени капацитети.

Свет | пред 6 часа

lukasenko-1

Лукашенко: Рускиот ракетен систем „Орешник“ стапи во борбено дежурство во Белорусија

Најновиот руски ракетен систем „Орешник“ официјално стапи во борбено дежурство во рамки на белоруската армија, изјави денеска претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.Обраќајќи се на седницата на Севебелоруското народно собрание во Минск, Лукашенко потврди дека системот веќе е распореден и оперативен, но одби да открие детали за бројот на единици.„Еве го – на борбено дежурство е. Таму има повеќе од едно возило. Нема да зборувам јавно колку точно ги има“, изјави Лукашенко, пренесува белоруската државна агенција Белта.Тој дополнително нагласи дека ракетниот систем „Орешник“ во значителна мера е производ на белоруската воена индустрија.„Околу 50 отсто од системот е произведен во Белорусија“, рече Лукашенко, потенцирајќи ја улогата на домашното производство во заедничките воени проекти со Русија.Распоредувањето на „Орешник“ доаѓа во период на засилена воена соработка меѓу Москва и Минск, во контекст на згол

Свет | пред 1 седмица

media-libraryv3cg2dfgigin4xViLX3

Лукашенко не штедеше пофалби за Трамп: Импресиониран сум, велат дека Трамп сака ласкање, но тоа не е мојата намера

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера во Минск оствари средба со американскиот специјален пратеник за Белорусија, Џон Коул. На почетокот од средбата, Коул го поздрави Лукашенко со зборовите „Ми е драго што ве гледам“, на што белорускиот претседател одговори: „И мене исто така“.Лукашенко му честиташе на Коул за неговото именување за специјален пратеник на САД за Белорусија, нагласувајќи дека со тоа станува клучна личност за односите меѓу двете земји. Тој побара од Коул да му пренесе порака на американскиот претседател Доналд Трамп дека оваа средба ги обврзува двете страни на конкретни резултати. „Кажете му на господинот Трамп дека ова нè обврзува да постигнеме одредени резултати. И ние ќе го сториме тоа“, изјави Лукашенко за време на разговорот.Белорускиот претседател позитивно ги оцени и последните потези на Трамп, истакнувајќи дека бил силно импресиониран од неговите неодамнешни активности. „Велат дека Трамп сака ласкање, но тоа не е мојата намера. Морам да кажам дека навистина бев импресиониран од неговите последни чекори“, рече Лукашенко, додавајќи дека светот се менува многу брзо и дека се појавуваат нови проблеми за кои е неопходно да се разговара и да се бараат решенија.Поголемиот дел од средбата меѓу Лукашенко и американскиот пратеник се одржал зад затворени врати, без дополнителни детали за содржината на разговорите.Претходно, во средата, Лукашенко на седница на Советот за безбедност на Белорусија повторно ја нагласи улогата на Доналд Трамп во обидите за постигнување мирно решение за војната во Украина. Тој оцени дека, без оглед на обидите на дел од јавноста да ја минимизира улогата на Трамп, американскиот претседател работи сериозно на запирање на конфликтот. „Неговите изјави нема да поминат незабележано. Тој сака да ја запре војната за да спречи луѓето да гинат. Може околу тоа да се крева врева и да се зборува што било, но што може да се каже против она што Американците денес го прават“, изјави Лукашенко.

Свет | пред 2 седмици

putin-i-lukasenko

Лукашенко со критики за тимот на Трамп: Нека не се лутат...

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека американскиот предлог-план за прекин на војната во Украина е „функционален“ и може да послужи како темел за преговори, но предупреди дека документот е изработен во голема брзина и дека мора да се прецизира „до последниот метар“. Изјавата ја даде пред новинарите во Бишкек, пренесува репортер на белоруската агенција БЕЛТА.Лукашенко откри и дека долгиот разговор што го имал со рускиот претседател Владимир Путин го потврдил нивниот заеднички став: планот, во својата сегашна форма, не е конечен.„Разговаравме многу долго. И тој и јас засега гледаме недовршена, неофицијална верзија. Кога документот ќе биде доставен преку официјални канали, тогаш ќе може да зборуваме за конкретни работи“, рече Лукашенко.Тој сепак нагласи дека основата е добра. „Денес кажав дека планот е функционален. И Владимир Владимирович признава дека тоа е добра основа за преговори.“„Нека не се лути тимот на Трамп, но планот е составен на брзина. Мора да се претстави во форма прифатлива за сите – без широко толкување. Ако се решаваат територијални прашања, сè мора да биде дефинирано до метар, километар. Кои единици, каде стојат, кој треба да биде присутен, а кој не. Сè мора да биде запишано до најситната ситница. Инаку секој ќе може да го толкува на свој начин“, истакна тој.Според Лукашенко, целата работа на американската страна била „огромен напор“, иако јавноста го критикува документот дека премногу ги земал предвид руските позиции.

Свет | пред 4 седмици

lukasenko-1

Украина може да исчезне како држава, вели Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба побрзо да се насочи кон преговори за да се спречи исчезнувањето на Украина како држава. Тој порача дека тоа го изнел на маргините на самитот на Заедницата на независни држави во Таџикистан.Лукашенко рече дека во последните денови добил информации кои, според него, укажуваат оти главниот проблем не е во САД, ниту во Русија или во европските лидери, туку во самото украинско раководство.„Мислам дека тој веќе почнува да го разбира тоа“, посочи Лукашенко, додавајќи дека е неопходно дејствување веднаш зашто одлагањето може да има катастрофални последици.„Потребно е да се делува сега, бидејќи Русија напредува на првите линии. Знам што кажувам, бидејќи тоа го гледам секој ден. Тоа може да доведе до исчезнување на Украина како држава“, изјави белорускиот претседател.Лукашенко предупреди и дека некои западни соседи на Украина имаат свои стратешки интереси и дека постојат сили кои, како што рече, себе си ги гледаат во западните делови на Украина. Тој оцени дека ситуацијата е многу тешка и повика на итни преговори:„Се надевам претседателот ќе ги прифати моите предлози и дека ќе сфати оти вистинските партнери на Украина ѝ се нејзините словенски соседи. Потребно е да седнеме на преговарачкиот чин и да најдеме решение.“Во врска со најавите за можни испораки на далекострелни проектили на Украина, Лукашенко повика на воздржаност и оцени дека такви потези може да доведат до значително ескалирање на конфликтот. Тој го опиша пристапот на САД како тактика која прво создава силен притисок, а потоа прави отстапки, и посочи дека не треба брзо да се верува дека констатираните наводи значат непосредна испорака на оружје.

Свет | пред 2 месеци

polska-granica

Полската амбасада предупредува: Напуштете ја Белорусија веднаш

Полската амбасада во Минск издаде драматично предупредување до своите граѓани итно да ја напуштат територијата на Белорусија и да не чекаат понатамошно влошување на ситуацијата. Им се препорачува да користат сите достапни средства – комерцијални летови, автобуси или приватен превоз, бидејќи во случај на ненадејно затворање на границата евакуацијата може да стане многу тешка, па дури и невозможна.Оваа порака доаѓа само еден ден по повторното отворање на границата меѓу Полска и Белорусија, која беше блокирана речиси две недели. Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека преминот може повторно да се затвори доколку безбедносната состојба дополнително се влоши.Кризата започна во септември кога белорускиот КГБ го уапси полскиот католички монах, 27-годишниот Гжеѓож Гавела од Краков, обвинувајќи го за шпионажа поврзана со заедничките руско-белоруски воени вежби „Запад-2025“. Белоруската пропаганда тврди дека кај него бил пронајден „таен воен документ“, додека полската влада ги отфрла обвинувањата како апсурдна провокација. Премиерот Туск најави контрамерки против режимот на Александар Лукашенко.Воените вежби „Запад-2025“, одржани средината на септември, дополнително ги зголемија тензиите. Според официјалните податоци учествувале околу 13.000 војници, но западни извори проценуваат дека бројката достигнала и до 30.000. Поради тоа Полска ја затвори границата на 12 септември, а ја отвори дури на 25 септември, предупредувајќи дека ќе реагира на секоја нова провокација.Само еден ден по отворањето на границата, белорускиот претседател Александар Лукашенко итно отпатува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека „има низа регионални прашања“ за кои мора да се донесат одлуки до крајот на годината.Полската амбасада ги предупредува своите државјани дека во случај на повторно затворање на границата мора да користат премини преку Литванија и Летонија или директни летови од Минск. Граѓаните се советуваат да имаат подготвени документи и доволно финансиски средства за патување, бидејќи околностите можат многу брзо да се изменат.

Свет | пред 3 месеци

media-librarybr7fn62kt9adaMAl0tC

Лукашенко: Рускиот хиперсоничен ракетен систем „Орешник“ веќе е на пат кон Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека најновиот руски хиперсоничен балистички ракетен систем „Орешник“ веќе е на пат за распоредување на територијата на неговата земја. Информацијата ја пренесе државната новинска агенција БЕЛТА.„Веќе е на пат. Сè ќе биде во ред“, одговори Лукашенко на прашањето на новинарите во Москва дали системот е пристигнат.Тој претходно најави дека „Орешник“ ќе биде распоредeн во Белорусија до крајот на годината, во согласност со договорот постигнат со рускиот претседател Владимир Путин во Волгоград.Белорускиот лидер овој потег го оцени како чекор кон зајакнување на националната безбедност, заштита на суверенитетот и одвраќање од надворешни закани.Министерството за одбрана на Белорусија порано овој месец информираше дека заедно со руските сили вежбале планирање на употреба на нестратешко нуклеарно оружје и распоредување на системот „Орешник“ во рамките на заедничките маневри „Запад-2025“.„Орешник“ е ракетен систем со домет од 5.500 километри, способен да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави и да погоди цели со брзина до 12.300 километри на час. Неговото прво експериментално борбено лансирање беше изведено во ноември 2024 година.

Свет | пред 3 месеци

lukasenko-1

Лукашенко: Нема да се кандидирам за нов мандат

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во интервју за магазинот Time изјави дека не планира да се кандидира за нов претседателски мандат. Лукашенко, близок сојузник на рускиот лидер Владимир Путин, ја води државата повеќе од три децении и во јануари годинава беше реизбран за седми петгодишен мандат.„Не планирам повторно да се кандидирам“, изјави 70-годишниот Лукашенко, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп „изгледа пристојно“ и покрај тоа што има речиси 80 години.Тој смета дека неговиот наследник не треба да прави „радикални пресврти“, туку да продолжи да ја развива земјата за да се избегне „револуционерен колапс“. Притоа, категорично ги отфрли шпекулациите дека својот син Николај го подготвува за наследник: „Не, тој не е наследник. Знаев дека ќе ме прашате. Не, не, не. Прашајте го него лично“.Лукашенко во 2020 година силно ги задуши масовните улични протести по претседателските избори, за кои опозицијата и западните влади тврдеа дека биле фалсификувани. Многу негови политички противници се во затвор или емиграција.Од средината на 2024 година, неколку стотици лица осудени за „екстремизам“ и други политички мотивирани дела беа ослободени – потег кој аналитичарите го гледаат како обид на Лукашенко да ја намали изолацијата од Западот. Но, според групите за човекови права, речиси 1.200 лица сè уште се зад решетки. Лукашенко, пак, негира дека во Белорусија има политички затвореници.

Свет | пред 4 месеци

putin-i-lukasenko

Лукашенко: Некои украински политичари тајно разговараат со Путин

Некои украински политичари тајно разговараат со рускиот претседател Владимир Путин, изјави белорускиот лидер Александар Лукашенко во интервју за програмата „60 минути“. Тој не откри кој точно контактирал со политичарот, но рече дека самиот Путин може да зборува за тоа, пренесува Инфо24.Во разговор со новинарката Олга Скабеева, Лукашенко изрази мислење дека во Украина нема политичари „преговарачи“. Во исто време, претставниците на белоруската влада, според него, го продолжуваат дијалогот со Киев и покрај тоа што Украинците не изразуваат желба за комуникација со Минск и Москва.„Нема да зборувам, нека зборува Владимир Путин. Тој разговараше со нив. Му се јавија, му кажаа. Тој разговараше со некои луѓе. Тоа беше нејавен договор дека тие ќе зборуваат“, рече Лукашенко.Тој истакна дека Путин се уште јавно не известил за контакти со претставници на украинската влада. Самиот претседател на Белорусија нема овластување да ги објави овие информации, рече тој.

Свет | пред 9 месеци

putin-i-lukasenko

Лукашенко ги повика Трамп, Зеленски и Путин на преговири во Минск

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги покани претседателите на Соединетите Американски Држави, Русија и Украина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Володимир Зеленски, да дојдат во Минск и да водат преговори за постигнување мир и ставање крај на војната во Украина.Во интервју со блогерот Марио Науфал, Лукашенко рече дека нема потреба да се врши притисок врз Зеленски и дека е важно да се постигне договор со него, бидејќи голем дел од украинското општество ја поддржува неговата позиција, пренесе Белта.„Нема потреба да се турка Зеленски, кој и да е тој. Мораме да се договориме со него. Ако сакаш, дојди. Минск е блиску до Киев, половина час со авион. Ги чекам Трамп, Путин и Зеленски, ќе седнеме и мирно ќе се договориме“, рече Лукашенко.Тој истакна и дека верува оти Трамп е понезависен од неговиот претходник Џозеф Бајден, на кој, според него, големо влијание имале неговите советници. Лукашенко додаде дека Бајден поради карактерот и физичката кондиција имал потешкотии во донесувањето независни одлуки, додека Трамп е поспособен да носи одлуки.

Свет | пред 9 месеци

putin-i-lukasenko

(Видео) Лукашенко до новинарот на Би-Би-Си: Моите противници се во затвор и егзил, но вие сте тука

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го продолжи своето 31-годишно владеење со убедлива победа на претседателските избори кои западните влади ги отфрлија како фалсификат.„Можете да и честитате на Република Белорусија, ние избравме претседател“, рече на прес-конференција Игор Карпенко, шеф на републичката централна изборна комисија. Според прелиминарните резултати објавени на сметката на Телеграма на Централната изборна комисија, Лукашенко на изборите во неделата освоил 86,8 отсто од гласовите.Новинарот на Би-Би-Си Стив Розенберг известуваше за вчерашните избори.„Покрив многу избори. Видов премиери и претседатели како пристигнуваат на избирачките места, гласаат и потоа одговараат на неколку прашања од новинарите. Но, никогаш не сум видел нешто слично на сцената на избирачкото место 478 во Минск“, истакна Розенберг.„Долгогодишниот белоруски лидер Александар Лукашенко, некогаш наречен последниот диктатор на Европа, пристигна да гласа. Потоа, додека Белорусите сè уште гласаа, кандидатот Лукашенко одржа четири и пол часовна прес-конференција во живо на државната телевизија“, додаде тој.Розенберг учествуваше на таа конференција.„Какво патетично прашање ми подготви? Како и секогаш“, го праша Лукашенко.„Добро утро“, одговори Розенберг.„Добро утро, Стив“, рече Лукашенко.„Како може да ги наречете овие демократски избори, кога вашите главни ривали се или во затвор или во егзил?“, Розенберг беше заинтересиран.„Некои се во затвор, некои во егзил. Но вие сте тука. Секој има право на избор. Тоа е демократија. Некои избраа затвор, други егзил. Никогаш не сме протерале никого од земјата“, рече Лукашенко.„Неодамна рековте: „Не смееме да им ја затвораме устата на луѓето“. Но, вашите ривали не се само спречени да се натпреваруваат Во моментов има повеќе од 1.200 политички затвореници во Белорусија“, нагласи новинарот Розенберг.„Боже. Добро, ќе ти одговорам на прашањето... Затворот е за луѓе кои премногу ја отвориле устата и кои го прекршиле законот. Немате ли вие затвори во Британија и Америка? Во која било земја, ако го прекршите законот, треба да ги сносите последиците. Законот е строг, но тој е закон. Јас не го измислив. Мора да се придржувате до него", изјави Лукашенко.

Свет | пред 11 месец

vojska-belorusija-x-epa

Белорусија испрати третина од својата војска на границата со Украина: Испраќаат уште

Белорусија синоќа соопшти дека испратила авиони, противвоздушни сили и оружје на границата со Украина, еден ден откако претседателот Александар Лукашенко изјави дека распоредил речиси една третина од вооружените сили на неговата земја долж границата.„Групата е значително зголемена и моментално е на должност на јужните граници на нашата земја“, изјави за државната телевизија ЦТВ генерал-мајор Андреј Лукјанович, командант на воздухопловните сили и воздушните одбранбени сили на Белорусија.На границата се распоредени авијација, противвоздушни ракетни сили и радиотехнички единици, рече Лукјановиќ, според транскриптот објавен на веб-страницата на ЦТВ.Неколку дена по ненадејниот упад на Украина на руска територија, Лукашенко, лојален сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, го обвини Киев за агресивна политика и испраќање на повеќе од 120.000 свои војници на границата со Белорусија, потсетува Ројтерс.Украина соопшти дека не забележала зголемување на белоруските сили на границата и ги нарече забелешките на Лукашенко „реторика“ со цел да се смири Путин, кој ја користи Белорусија како „рампа за лансирање“ за да започне инвазија на Украина во февруари 2022 година.Лукјановиќ изјави за CTV дека Белорусија очекува повеќе испораки на воени авиони од Москва оваа година и дека Минск прави напори да ги зајакне своите системи против беспилотни летала.„Очигледен е фактот дека беспилотните летала се зло на 21 век. Тоа е главоболка од која мислам дека ќе најдеме начин да се ослободиме“, рече Лукјановиќ.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Обид за напад врз Белорусија

Белоруските специјални служби спречија напади со беспилотни летала од територијата на Литванија врз објекти во Минск, објави шефот на КГБ, Иван Тертел.„Комитетот за државна безбедност, во соработка со колегите од другите агенции, неодамна спроведе низа превентивни безбедносни мерки, кои овозможија да се спречат напади со борбени дронови од територијата на Литванија врз објекти во Минск и неговите предградија“, рече Тертел. говорејќи на Себелоруското народно собрание.Тој истакна дека работата во оваа насока продолжува, иако КГБ сè уште не може да даде детални информации.Се очекува дека Врховниот совет денеска ќе донесе одлука за усвојување на нацртот на новата воена доктрина и концепт за националната безбедност на БелорусијаСпоред извештаите, Украина обучила до илјада милитанти кои планираат да ги користат за окупација на населбите во Белорусија.Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги објави претходните планови на опозицијата и нивните начела да го окупираат регионот Кобрин во Белорусија, да прогласат нова влада и да побараат од Алијансата да испрати војници.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Белорусија одржува воени вежби во близина на границите со Европската унија и Украина

Белорусија денеска започна воени вежби во регионите кои граничат со Украина и членките на Европската унија Литванија и Полска, соопшти белоруското Министерство за одбрана.Тридневните вежби во регионите Гомел и Гродно имаат за цел да ги обучат офицерите и единиците на територијалната одбрана како да ги бранат своите региони и како да дејствуваат во случај на вонредна состојба, објави Министерството на апликацијата за пораки Телеграм.Белорусија, најблискиот сојузник на Русија, забележа влошување на односите со нејзините западни соседи и Украина во последниве години, особено откако Москва ја искористи белоруската територија како база за нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Свет | пред 1 година

putin-i-lukasenko

Украинците го доведуваат Кремљ на работ на очај, а Киев нема намера да запре: „Да ја немаше Белорусија, на Путин ќе му се заканува колапс“

Нападите со украински беспилотни летала врз руските нафтени постројки и рафинерии ја ставаат на ризик нафтената индустрија на претседателот Владимир Путин - камен-темелникот на руската економија, покажуваат последните настани.Производството на бензин во Русија падна по серијата украински удари врз нафтените рафинерии во земјата, покажуваат бројките. Росстат, Федералната државна служба за статистика на Русија, објави дека минатонеделното национално производство на моторен бензин паднало за приближно 7,4 отсто на 754.600 тони во споредба со претходната недела, кога производството беше 815.300 тони, објавија локалните медиуми.За да се справи со ризикот од недостиг на домашниот пазар бидејќи руските рафинерии се подложени на обемни итни поправки, Москва се обрати за помош до својот клучен сојузник и сосед Белорусија, објави во средата Ројтерс. Четири извори од индустријата и трговијата изјавија за новинската агенција дека Русија, која е еден од најголемите светски производители на нафта и гас, го зголемила увозот на бензин од Белорусија, достигнувајќи речиси 3.000 метрички тони во првата половина на март, во споредба со февруари, кога Русија увезени 590 тони, а во јануари, кога увозот беше буквално нула.Москва зависи од извозот на нафта и енергетската индустрија, кои сочинуваат околу 30 отсто од буџетските приходи на земјата и се клучни за финансирање на војната во Украина. Русија е трет по големина производител на нафта во светот, со повеќе од 12 отсто од глобалното производство на сурова нафта, покажуваат податоците на германската агенција „Статиста“. Енергетската индустрија во земјата, исто така, беше тешко погодена од западните санкции воведени како одговор на инвазијата на Украина. Во меѓувреме, Русија го забрани извозот на бензин на шест месеци од 1 март во обид да одговори на скокот на цените на горивата во земјата.Киев ги засили нападите врз руските рафинерии претходно оваа година. На 18 јануари Украина изврши напад со дрон на нафтениот терминал во Санкт Петербург, на околу 1.000 километри од украинската граница. Во друг од нападите со беспилотни летала, во близина на Санкт Петербург на 21 јануари, беше погоден голем терминал за извоз на гас - фабриката за гасен кондензат Novatek PJSC во пристаништето Уст-Луга, што предизвика голем пожар и прекин на снабдувањето со гориво. Уст-Луга е најголемото балтичко пристаниште во Русија, а Службата за безбедност на Украина (СБУ) ја презеде одговорноста за нападот, објави Киев пост.Претходно овој месец, Блумберг објави дека рафинериите кои мораа да затворат една недела заедно сочинуваат 12 отсто од националниот капацитет за рафинирање нафта на Русија. Ројтерс проценува дека таа бројка сега е зголемена на 14 проценти.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања