БИТОЛА

bolnica-bitola

Тешко повредена Албанка во сообраќајка кај Меџитлија, уште три се со полесни повреди!

Четири лица од Албанија, меѓу кои и малолетничка, се повредени во сообраќајна несреќа на патот Битола – Меџитлија, при што 47-годишна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди.На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола - Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5168

Кривична пријава против четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Ресен и И.Б.(19) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против Д.Н.(29) од Битола и М.Џ.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“.Прво и второпријавениот, во периодот од 01.02.2025 до 23.04.2025 во два наврати извршиле „тешка кражба“, при што на делница од Битола до село Кременица одзеле поголема количина на акумулатори, сопственост на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Северна Македонија. Додека, трето и четвртопријавениот за одредена сума ги откупиле предметите и покрај тоа што знаеле дека потекнуваат од кривично дело и не го пријавиле во МВР.На тој начин пријавените предизвикале материјална штета во висина од 10.606.746 денари. На прво и второпријавениот од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_5244

Обвинителството бара притвор за дилерот од Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.-Осомничениот од октомври 2024 се до почетокот на овој месец, неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица-сведоци. На 4 август полицијата извршила претрес во неговиот дом и други простории. Во мопедот паркиран пред домот и во објект во непосредна близина кој не се користи полициските службеници пронашле вкупно 16,21 грама марихуана и 10,44 грама амфетамин. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања наменети за натамошна продажба и скриена во различни предмети. Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се наведува во сооштението.

Македонија | пред 6 месеци

armin-sempre

(Видео) Битола под ритамот на Армин ван Бурен: „Sеmpre msuic“ ја загреа сцената на „Битола Опен Ер“

Битола синоќа живееше музичка еуфорија каква што одамна не се памети. Под ѕвездите, во рамките на фестивалот „Битола Опен Ер“, на сцената настапи еден од најголемите диџеи на светската електронска сцена – Армин ван Бурен. Атмосферата беше токму онаква каква што ѝ прилега на една таква музичка легенда – експлозивна, хипнотична и незаборавна.Пред светската ѕвезда да го преземе пулсот на градот, на сцената се качија момците Sempre Music – кои со својот сет маестрално ја отворија вечерта. Со динамична комбинација од мелодичен техно и длабоки грувови, Sempre Music успеаја да ја раздвижат публиката уште од првата минута, поставувајќи го темелот за ноќ исполнета со ритам и енергија. Нивниот настап беше пречекан со ентузијазам, а нивната музика – со аплауз и скандирања.Битола полека, но сигурно, станува нова точка на мапата на големите фестивали. Настапот на Армин ван Бурен тоа само го потврди.

Магазин | пред 6 месеци

photo-collage-2.png-4-2-1024x576-1

Битолчанецот Дарко Талевски 20 часа и 11 минути пиеше едно кафе и победи на првиот „Филџан маратон“

По неверојатни 20 часа и 11 минути поминати на маса со полн филџан во рака, Дарко Талевски од Битола ја испи последната голтка и влезе во историјата како победник на првиот Филџан Маратон во светот!Со истенчена концентрација, цврста волја и љубов кон кафето, Дарко докажа дека не е важно само да пиеш кафе – туку и како и колку долго можеш да го правиш тоа.Огромна благодарност до сите учесници и до вас што не следевте и навивавте, се вели на Фејсбук профилот на Бабам Битола.

Македонија | пред 6 месеци

voz

Студенти заглавени во Велес – патничкиот воз не продолжил поради чекање друга композиција

Група студенти синоќа останале заглавени на железничката станица во Велес, откако патничкиот воз кој тргнал од Скопје кон Битола во 20:05 часот, застанал во Велес околу 21:50 часот и не го продолжил патувањето.Патниците се нашле во незгодна ситуација и неизвесност, бидејќи било потребно да се префрлат од една композиција на друга која доаѓала од спротивен правец.Како што сведочат некои од присутните во возот, не била дадена навремена најава ниту разјаснување за причината поради која доцни продолжувањето на патувањето.фото: Unsplash

Македонија | пред 6 месеци

ojo-1

Обид за убиство во Битола, поведена истрага: Напаѓачот е приведен

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Настанот се случил на 10 јули во објектот „Новиот пазар“ во Битола, каде 42-годишен битолчанец се обидел да лиши од живот едно лице, напаѓајќи го со кујнски нож од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата.-Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во грбот и слабината. Двајца сведоци го совладале, па осомничениот се дал во бегство. Бидејќи постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот, доколку биде оставен на слобода, ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и дека би можел да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор, се наведува во соопштението на ОЈО Битола.

Македонија | пред 6 месеци

bitola-bolnica

Запалена сува трева во кругот на битолската болница предизвика пожар, навремено е локализиран

Министерството за здравство информира дека синоќа избил пожар во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ во Битола, како резултат на палење сува трева.Според соопштението, веднаш по појавата на огнот биле известени Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица, по што екипите интервенирале навремено и успеале брзо да го локализираат пожарот.„Болницата ги презеде сите потребни мерки за следење на состојбата и заштита. Нема никакви оштетувања на болничките објекти, ниту беше загрозена безбедноста на пациентите и персоналот. Работата во установата се одвива непречено. Интервенцијата беше брза и успешно завршена, без потреба од евакуација или дополнителни мерки“, стои во известувањето од Министерството.Од таму додаваат дека состојбата во сите јавни здравствени установи се следи постојано.

Македонија | пред 7 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Пукање врз полиција во Битола – едно лице рането и хоспитализирано под надзор

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола врши увид на локација во битолскиот регион каде, според првични информации, лице по кое трагала полицијата отворило оган врз полициски службеници. Во престрелката, еден од полицајците возвратил, при што осомничениот бил повреден, а потоа приведен и задржан на болничко лекување под надзор.Обвинителството соопшти дека се издаваат наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 месеци

290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Притвор за битолчанец кој нападнал лекар и полицајци во казино

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 28-годишен маж кој на 29 јуни во казино во Битола физички нападнал доктор од Итната медицинска помош, а потоа и двајца полициски службеници.Како што информира Обвинителството, лицето најпрво го нападнало докторот кој се обидувал да му укаже здравствена помош, удирајќи го со тупаница и нанесувајќи му телесна повреда. Подоцна, додека бил пренесен во Клиничката болница во Битола, продолжил да дава отпор на медицинскиот персонал, по што била повикана полиција.При интервенцијата, осомничениот ги нападнал и двајцата полицајци – ги удирал и им се заканувал.Обвинителството го гони за две кривични дела – напад врз здравствен работник при вршење дејност и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Поради опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител побарал притвор за осомничениот.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-22-at-10.04.02

Токсична прашина во Битола, Обвинителството отвори предмет, инспекторатот констатирал недостатоци кај РЕК

Поради сомневање дека во Битола се шири токсична прашина од РЕК Битола, тамошното Обвинителство оформи предмет за да се утврди одговорност. Инспекторатот за животна средина направил вонредна контрола и утврдил повеќе недостатоци. Според неофицијални информации, токсичната  прашина се добива при производството на струја, која треба да се одлага во касети и да се затрупува со земја. Но, посебно при ветровито време, таа се разнесува низ воздухот, а оваа појава е видлива и од Битола.„ОЈО Битола издаде наредба до СВР Битола за увид на лице место и утврдување факти за евентуално постоење на кривично дело кое се гони по службена должност. Државниот инспекторат за заштита на животната средина изврши вонреден инспекциски надзор, при што веќе беа утврдени определени недостатоци во однос на мерките за спречување и намалување на емисијата на прашина на одлагалиштето за пепел“, соопштија од ОЈО Битола.На прашањето на Телма пред еден месец на што се должи големиот облак прашина, од РЕК Битола одговорија дека се почитувале сите протоколи при одлагањето на пепелта. Сега, пак, потврдуваат дека при увидот Инспекторатот утврдил неправилности.

Македонија | пред 9 месеци

ismailovskki-sulejman-768x364-1

(Видео) Застрашувашки: Во Битола фатени на лице место две лица кои договриле средба со малолетнички

Застрашувачко видео од лице на возраст од 49-години, кое признава дека договорило средба преку „Фејсбук“ со девојче кое му кажало дека е 14 години, е објавено од неформалната организација „Пантер“. Во видеото, организацијата го обвинува дека е педофил. Тој сам кажува дека е женет човек, кој има и внуци.„Се каам што се допишувам со малолетнички, ова не ми требаше, ова е најголемата глупост што сум ја направил“, јас сум најголемото ѓубре, вели тој, кој негира дека е педофил, ама признава дека пишувал со девојче кое му рекло дека е 14-годишно дете.И друго лице договорило средба со 14-годишно дете. Тој пак тврди дека требало да пијат кафе со малолетничката.

Македонија | пред 10 месеци

Нема фотографија

Коњановски: Битола во моментов е едно големо градилиште, заедно со локалната самоуправа насочени сме кон завршување на проектите во градот

Годинава го изгласавме досега историски најголемиот буџет од 2 милијарди 760 милиони денари вкупниот буџет или оперативниот дел е 1 милијарда 330 милиони, истакна градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител во „Тема на денот“.Коњановски укажа дека потребна им е дополнителна инјекција од страна на централната власт.„Потребна е дополнителна инјекција, макар да општина Битола со средствата кои сама ги собираше работеше и дотогаш функционално, ова значи многу посебно во инфраструктурата да се направи нешто позначајно имајќи го во предвид дека најголемиот дел од овие средства ќе се искористат во делот на инфраструктурата. Добивме пари за 16 проекти со кои аплициравме, тие поминуваат низ министерствата и владина проверка. Најголем дел од нив 13 се за инфраструктура, патишта и улици. 2 проекти се во делот на спортот, реконструкција и обнова на боксерска сала во Битола и јужната трибина на стадионот Петар Милошевски што би се дооформила таа целина. Имаме и реконструкција, изведба на фасада на училиштето Стив Наумов во Битола“, вели Коњановски.Коњановски потенцираше дека заедно со локалната самоуправа се насочени кон завршување на проектите во Битола.„Јас и локалната самоуправа насочени сме кон завршување на тие проекти. Битола е едно големо градилиште во моментов и јас се заблагодарувам и на граѓаните зошто им направивме мали непријатности затоа што улиците се во фаза на реконструкција, некој работи гледаме да ги завршиме пред нова година. Топлификацијата е во завршна фаза, прв пат Битола после 7 години застој се надевам дека тој проект ќе заживее“, заклучи Коњановски.

Македонија | пред 1 година

apsenje

Претрес во Битола: пронајдена дрога, уапсен 49-годишен маж

На 26.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(49) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и прашкаста материја.Д.Р. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

IMG_5250

Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во трговскиот центар „Блис“ во Битола

Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во трговскиот центар „Блис“ во Битола, чие отворање е закажано за 5 август.Пожарот избувна вчера попладне, го зафати североисточниот дел од објектот, а противпожарната единица од Битола веднаш интервенирала.Пожарот бил пријавен вчера околу 18 часот, и за нешто повеќе од 1 еден час бил ставен под контрола.„Нема жртви, ниту повредени. Единствено, според првичниот увид, причинета е материјална штета која го опфаќа фасадниот панел на источната страна, кој благодарение на фактот што е со PIR исполна (огноотпорен) во комбинација со PIR (огноотпорни) кровни панели и дополнителна внатрешна изолација со камена волна и огноотпорни ѕидови од гипсени табли, се спречи проширување во внатрешноста на објектот и на околните фасади од објектот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања