Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

битола

20220618181518

30 вработени во фабрика во Битола со симптоми на труење со храна

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) ја затвора втората менза во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, откако кај нови 30 вработени се појавиле симптоми на труење со храна.Според информациите од ДЗСИ за „Макфакс“ заедничко за сите е конзумирање на салата со краставица, домат и пченка.

Македонија | пред 3 години

361724

Украдено руското знаме од Конзулатот во Битола

Од битолскиот конзулат на Русија било украдено руското знаме, информираше Министерството за внатрешни работи.Според овие информации, кражбата во полицијата ја пријавила вработена во конзулатот.„На 14.06.2022 во 16.50 часот во СВР Битола, вработена во Конзулатот на Руската Федерација во Битола пријавила дека било одземено знамето на Руската Федерација, кое било закачено на зградата на конзулатот на улица „Маршал Тито“, се преземаат мерки за расчистување на случајот“,се вели во соопштението на МВР.

Македонија | пред 3 години

deca-poprecenost

Уапсената негувателка врзала дете за кревет била под дејство на алкохол

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола за време на работа во алкохолизирана состојба врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет, а другите ги запоставила, констатирал Народниот правобранител, постапувајќи по предмет по сопствена иницијатива по непосреден увид во установата.Омбудсманот соопшти дека утврдено било дека вработената била во алкохолизирана состојба, а раководството на установата презема мерки против вработената, поради таквото постапување. Очекува реакција и од надлежното министерство.„Омбудсманот очекува од надлежното Министерство да преземе мерки за најстрого санкционирање на ваквиот однос на вработената, при што укажува дека особено треба да се зајакнат критериумите, но и да се води грижа за начинот на селекција на лицата кои се вработуваат во установи и други форми на згрижување на деца и деца/лица со попреченост и апелира редовно да се контролира и мониторира квалитетот на услугата која ја даваат вработените во јавните установи, вклучително и во Малите групни домови, односот кон децата“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

286406737_5706219066063290_8969078072716909126_n

„Ламбе не се оправдува себеси, сам призна дека го сторил делото“, адвокатот на Алабакоски смета дека тој не треба да е во притвор

Адвокат Александар Георгиев бранител на Ламбе Алабакоски за „Канал 5“ кажа дека се спротивставиле на барањето за одредување притвор бидејќи тоа не е казна туку мерка за обезбедување присуство. Според адвокатот, Алабакоски во целост претходно пред јавен обвинител го признал делото, има 34 години, со семејство, татко на две малолетни деца, со приходи во Македонија – обезбедувањето можело да биде и со помалку строги мерки за обезбедување на присуство.„Со давање на ветување, јавување во судот еднаш неделно, па дури и куќен притвор, депонирање на патна исправа ќе дадеше резултати. Доблесно е она што Обвинителство од старт побара само поради бегство, а не и заради влијание врз сведоци и повторување на делото. Одлуката на судот за притвор е поради двојното државјанство“, објасни адвокатот.За квалификацијата на делото, не сакаше да коментира.„Одговорно тврдам дека позади тоа што Ламбе го призна, тоа е негово. Не го оправдувам, ниту тој сам себе се оправдува. Да, со тоа што го направил го исполнува битието на кривичното дело за кое се товари“, додаде адвокатот за „Канал 5“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-07-at-22.59.27

„Ламбе во ваква држава чест е да се биде во затвор“, Јане Ченто со поддршка за Алабаковски

Јане Ченто даде поддршка за Ламбе Алабакоски кој доби осум дневен притвор. Ченто пишува дека го знае осомничениот за палењето на вратата од бугарскиот клуб од 2004 година. Тој посочи дека двојните стандарди го тераат да има ваков став.Писанието објавено на страницата Слобода за Јане Ченто во целост:Во Јануари 2005 со моите другари како средношколци држевме дискотека во Прилеп се викаше Габијано ние решивме да се вика Аристократ, денешно Калипсо и на газдите Диме и Папазо им рековме да му се јават на Димитров кој му беше менаџер за да го донесеме во Прилеп и да направиме концерт иако имаше една песна со која победи, се викаше СПАСИ МЕ.Дојде денот за концертот Ламбе дојде со Димитров и мислам дека тоа му беше прв настап откако победи на М2.Диското беше преполно, девојки најмногу, бидејќи беше најмногу популарен меѓу женската популација. Ако се сеќавам добро продадовме повеќе од 1500 карти.Дојде се запознавме за прв пат, прекрасен скромен дечко патриот.Поминавме одлично таа вечер и потоа имавме и повеќе соработка.Оваа слика што е споделена со него е во 2009 година кога организиравме хуманитарен концерт и кога му се јавивме на Ламбе прифати веднаш да учествува.Дечкото јавно ни даваше поддршка кога не затворија, од Америка се јави и ни даваше поддршка и лична и преку социјалните мрежи.Зошто му давам поддршка на Ламбе, поради двојните стандарди кои ги имаа оваа власт:🔴 Во Тетово се запалија живи луѓе, КАЗНА НЕМА, одговорни нема.🔴 Автобуската несреќа со многу жртви КАЗНА НЕМА.🔴 Шарената револуција ја ЗАПАЛИ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА. КАЗНА НЕМА за инспираторите и оние кои ја запалија пола Македонија и срушија легално избрана власт.🔴 За пучистите од 27ми Април казна нема!🔴 За терористи кои ја запалија Македонија и убиваа македонска полиција и војска, кои дигнаа во воздух со динамит живи луѓе врзани на стубовите од хотел КАЗНА НЕМА!🔴 За Карпалак КАЗНА НЕМА!🔴 ЗА Вејце КАЗНА НЕМА!И да не редам други случаи каде што има селективна правда а ги има многу.🎈НАШИОТ случај е доказ какви двојни стандарди има оваа власт и како селективно работи.Крсто и оние што го сменија името на слобода и наградени со тендери а ние по затвори со монтиран судски процес.Затоа и му давам поддршка на Ламбе, бидејќи има двојни стандарди во оваа држава, затоа што го знам лично од моите средношколски денови и знам дека се работи за човек патриот воспитан во духот да си ја сака Македонија, второ затоа што има селективна правда во оваа држава.Трето, затоа што им ги затвори устите на МНОГУ самопрогласени фејсбук "патриоти" кои само лаат а не прават ништо.Македонија имала јунаци кои покажале пркост кон неправдите што и се прават на Македонија.Ова од Ламбе е пркост и крик на Македонецот кон неправдите што и се прават на Македонија и Македонците подолго време од страна на оваа власт.🔴 Ламбе, кажав на суд и верувај така е, ВО ВАКВА ДРЖАВА СО КОЈА РАКОВОДИ ВАКВА ВЛАСТ ЧЕСТ Е ДА СЕ БИДЕ ВО ЗАТВОР!Тоа значи дека се бориме за македонските национални интереси против оние што ја окупираа Македонија и го репресираат македонскиот народ.Затоа Македонци, не прашувајте за кого бијат камбаните. Тие бијат за вас.Време е да излезете од вашиот комфор и страв и да ја спасите Македонија.Не можат сите да нѐ затворат 🙏🇲🇰

Македонија | пред 3 години

vmro_dpmne

Инцидентот во Битола е реакција на акцијата на власта поради распродавањето на државните и национални интереси, смета ВМРО-ДПМНЕ

„Инцидентот во Битола е реакција на акцијата на власта поради распродавањето на државните и национални интереси“, е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за палењето на бугарскиот клуб.Од партијата додаваат:ВМРО-ДПМНЕ не поддржува никаков вид на насилство и смета дека тоа не е одговор на проблемите, но воедно подвлекуваме дека инцидентот во Битола е реакција, на акцијата на власта поврзана со распродавањето на државните и национални интереси.Таквата распродажба на националните интереси, дозволувањето и патронатството на провокации сервирани од источниот сосед, од страна на Владата на Македонија предизвикува кај голем број на граѓани фрустрација и бес.Во време кога се уште нема одговор каде се парите од Рекетот, во време кога се дозволи Ден Дончев да избега со туце пари кои ги зема како мито, кога Рашковски и Зекири се осомничени за огромни злоупотреби, кога нема виновни за горењето на пациентите во модуларната болница во Тетово, нема одговорност за несреќите во Ласкарци и Бугарија, кога Спасовски не одговара за нелегални пасоши издадени на белосветски мафијаши, спроведувањето на закон врз сторител на инцидент во Битола е замачкување на очите на јавноста за да се дефокусира вниманието од колективна неправда, срушениот правен систем и економската катастрофа во која живее народот.Решението на сето ова е да се промени владата, затоа што премногу е!

Македонија | пред 3 години

286085495_1164194940788802_8882344881900776234_n

Бугарскиот клуб со писмо до амбасадите и навреди за Македонците: Кој е сега фашист?

Љубчо Георгиевски, претседател на бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов од Битола, објави писание на фан страницата на здржуението. Тој го сподели текстот од писмото кое како што вели го испратил до сите странски амбасади во Македонија. Во него наведува дека во Македонија има кампања против бугарскиот народ. Нему не му е јасно зошто странските амбасади не реагираат на чинот на палење на бугарскиот културен центар.Писмото кое Георгиевски го испраќал, го пренесуваме интегрално:„Како што веројатно знаете пред неколку дена во Битола беше извршен уште еден чин на насилство врз културниот центар на бугарската заедница во Битола. Центарот „Иван Михаилов“ среде бел ден беше преплавен со бензин и запален. Овој нов чин на заплашување доаѓа по целата злобна кампања против бугарскиот народ во Северна Македонија. Во јавните обвинувања против клубот најактивно учествуваа претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот Османи, кои до вчера нагло тврдеа дека Ванчо Михаилов бил хитлерист, а по истата логика - и ние Македонските Бугари. Но еве - оваа лага доведе до уште еден чин на национална омраза баш во стилот на Кристалната ноќ во ноември 1938 година. Кој е сега фашист? И зошто никој од Вас - нашите европски партнери не реагира на овој срамен чин. Тоа е директен и докажан резултат на државно субвенционираната кампања на омраза против нашиот бугарски народ во Северна Македонија ! Ова е резултат на замената на нашиот бугарски национален идентитет од југословенската окупација во 1944 година до денес. Подметнувачите на пожари се од круговите кои со децении пишуваат глупости во учебниците, кои ги конфронтират нашите деца со сопствениот бугарски народ. Доколку Вие, на кои се надевавме дека ќе помогнете за започнување на демократизацијата на скопскиот режим, не го прифатевте премолчено фалсификувањето на пописот, денес немаше да бидеме сведоци на ова беззаконие. Оти ​​да бевме само 3.500, очигледно немаше да се плашат од нас и да не запалат. Денеска се прашуваме дали ќе молчевте ако беше запалена албанска џамија?! Пошто ние би реагирале на секое повредување на демократските права на која било група на наши граѓани.Ние од клубот Иван Михаилов не сме бугарски државјани. Ние сме меѓу стотиците илјади кои се сеќаваат на нивното вистинско потекло и историја. Ќе останеме верни на аманетот на Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михаилов. И нема да се плашиме од пироманите што праќаат против нас. Ве молиме, господине амбасадоре, како претставник на земја од европското семејство, во кое сакаме да се приклучи нашата татковина, да го заштитите нашиот бугарски народ во Северна Македонија од омразата што ја диктира владата и насилството што таа го роди“, стои во писмото.

Македонија | пред 3 години

285347448_588121299337605_8056488531798221162_n

Левица бара слобода за Ламбе, ќе понуди да ги плати трошоците: Треба да се гони претседателот на здружението!

„Единствен кој треба да се гони кривично е претседателот на здружението 'Ванчо Михајлов'!“, смета Левица.Од партијата додаваат:„Денешната објава за експресно апсење на лицето кое го запали клубот, што го носи името на фашистот Ванчо Михајлов, само потврди дека власта на СДСМ и ДУИ е во целосна служба на бугарскиот неоврховизам!Потсетуваме дека Левица пред еден месец поднесе кривична пријава против претседателот на здружението „Ванчо Михајлов”, поради „излагање на подбив на македонскиот народ“ и „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“. За оваа кривична пријава, сè уште нема никаков одговор дали е поведена некаква постапка.Повеќе од месец дена во градот на Стив Наумов, пред очите на целата јавност и органите на прогонот, незаконски и скандалозно функционира клуб кој го носи името на џелатот на македонската кауза!Во услови кога институциите на системот затајуваат да ги заштитат националните и државните интереси, целосно оправдан е потегот на веќе приведениот Ламбе Аламбаковски. Секоја друга пресуда, освен ослободителна, ќе претставува анти-државнички чин и напад врз македонската државотворност, конституирана во АСНОМ!Од тие причини, Левица ќе стапи во контакт со адвокатите кои ќе го застапуваат Аламбаковски и ќе се понуди да ги покрие трошоците на одбраната. Слобода за Ламбе Аламбаковски“.

Македонија | пред 3 години

286406737_5706219066063290_8969078072716909126_n

„Немојте на ФБ, Ламбе се брани на улица“, повика Дурловски

Покрај низата коментари во одбрана на пејачот Ламбе Алабаковски кој според МВР признал дека го запалил бугарскиот клуб во Битола, зад него застана и Игор Дурловски. Тој пак, повика на улица да се брани осомничениот.„Немојте на ФБ, Ламбе се брани на улица!“, напиша Дурловски, споделувајќи негова фотографија.Претходно, адвокати се понудија бесплатно да го бранат Алабаковски на суд. Од пејач, Алабаковски стана „војвода“, „патриот“, „херој“.Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, дознава „Скопје1“. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото. МВР ќе го гони Ламбе за предизвикување општа опасност поради палењето на клубот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Адвокати се понудија бесплатно да го бранат Ламбе

Адвокати од Скопје јавно се понудија бесплатно да го бранат Ламбе Алабаковски пред суд. Драган Пешевски и Јанаки Митровски повикаа на организација за одбраната на Алабаковски, а откако пејачот признал во полиција дека го запалил бугарскиот клуб во Битола пред неколку денови.„Под итно организација за одбрана на Ламбе!!!! Прв се пријавувам!!!“, напиша Митровски.Слично постапи и Пешевски: „Ja и Јанаки Митровски јавно се пријавуваме за pro bono одбрана на Ламбе!!! Нека разберат клетите фашисти!!!“.Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, дознава „Скопје1“. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото. МВР ќе го гони Ламбе за предизвикување општа опасност поради палењето на клубот.

Македонија | пред 3 години

285868464_1164194590788837_6943824726583806736_n

Спасовски: Го приведовме лицето кое призна дека го предизвикал пожарот во бугарскиот културен центар

„Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан - пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото“, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.Тој додаде:„Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода.Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил - мора да одговара!“.

Македонија | пред 3 години

lambe-3

(ФОТО) Ламбе од печај стана „војвода“, „мушкарчина“, „херој“, откако се откри дека го потпалил бугарскиот клуб во Битола

Веста дека пејачот Ламбе Алабаковски е потпалувачот на бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола од дел најголем дел на јавноста е дочекана со восхитување. Тој доби поддршка, па е прогласен од „мушкарчина“ до „патриот“, а дел пишуваат и: „да му се позлатат рацете“. Ваквите реакции доаѓаат и по нецел час откако се обнзнани веста. Според информациите кои засега се познати, Алабаковски го признал делото пред полицијата, од која бил приведен.Речиси и да нема негативни реакции, додека Алабаковски од пејач го прогласуваат за „војвода“.

Коментари | пред 3 години

lambe-klub

Познат пејач е приведениот кој го запали бугарскиот клуб во Битола

Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, дознава „Скопје1“. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото.„Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода“, вели Спасовски.Инаку, Алабаковски пред една година се врати од САД. Тој е родум од Битола. Изминатиот период, гостуваше и по ТВ шоу-а во Македонија. Тој е женет и татко на две деца.

Македонија | пред 3 години

lambe-alabakovski

МВР ќе го гони Ламбе за предизвикување општа опасност поради палењето на клубот

На 07.06.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола e лишен од слобода Л.А.(34) од Битола.„Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, со наредба од Основен суд Битола, извршени се претреси на дом и други простории кои ги користи Л.А., на две локации во Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик“, вели МВР.Според Кривичниот законик, на Ламбе му се заканува казна затвор.„Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“, стои во КЗ.

Македонија | пред 3 години

jule-244

(ВИДЕО) Еднаш го уби возачот, вторпат системот: Трогателно интервју на битолчанец чиј брат загина преминувајќи улица

Бојан Петровски од Битола отворено за „А1он“ зборуваше околу трагичната смрт на неговиот брат. Возачот кој го прегази доби 18 месеци затвор, што за семејството на загинатиот е мала казна. Тие раскажаа низ што поминуваат, што бараат од државата, а објаснуваат и зошто се сомневаат на корупција.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања