Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

битола

policija-2

За тепањето на тројца полицајци, обвинител поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица, од кои за едниот постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека другиот сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.Двајцата битолчани, на 22 мај, на паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“, физички нападнале тројца полициски службеници кои вршеле работи на јавната безбедност – обезбедување на спортски натпревар.Осомничените се затрчале кон навивачите на кошаркарскиот клуб МЗТ – Скопје кои влегувале во салата со полициска придружба и не ја послушале усната наредба од полициските службеници да застанат.Првоосомничениот со тупаници ги удирал оштетените полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди. Вториот осомничен, пак, ги влечел при што му ја искинал службената униформа на еден од полицајците.За првоосомничениот до судијата на претходна постапка надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор, со оглед на тоа што тој и претходно се јавувал како сторител на кривични дела, па би можел да го повтори делото или да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон​.​

Македонија | пред 3 години

278432211_495042112296970_5760044784411904543_n

(ВИДЕО) И Каракачанов дојде на свеченото отворање на клубот „Иван Михајлов“ во Битола

Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна во Битола, на отворањето на клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола.Петков е во друштво на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова и пратеничката Екатерина Захариева.На отварањето на клубот присуствуваше и Каракачанов.Градот е под засилено полициско обезбедување поради посетата на високата делегација.Во 16:30 часот, делегацијата ќе го посети и Охрид, а ќе има и прошетка околу стариот град. Утре делегацијата на Бугарија ќе положи венци пред споменикот за загинатите 15 бугарски туристи од бродот „Илинден“ во 2009 година.

Македонија | пред 3 години

278401239_10224712599675376_6455699885886245126_n

Со „Гробиштата се полни од бугарското пријателство“ пречекан бугарскиот премиер Кирил Петков во Битола

„Крвави ви се рацете“, „Гробиштата се полни од бугарското пријателство“, „Фашисти пресоблечени во администратори“ се само дел од транспарентите со кои жителите на битолското село Кравари ќе ја пречекаат бугарската делегација предводена од премиерот Кирил Петков, во Битола.Фотографии на Sвонко Димоски:

Македонија | пред 3 години

Zemjotres34

Регистриран земјотрес во подрачјето на Битола

Утрово е регистриран земјотрес 106 километри јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Битола.Како што наведува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран утрово во 6 часот и 15 минути.Потресот бил почувствуван од населението во Битола, Ресен и околината.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Коњановски тврди дека има мобинг, своеволие и притисоци во детската градинка Естреа Овадија Мара

Централната власт, продолжува со опструкции врз локалната самоуправа во Битола, овој пат, директно удирајќи по воспитно образовниот процес и нанесувајќи им индиректна штета на нашите најмлади, нашите најмили - децата од предучилишна возраст, вели Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола„Ветивме промени, а централната власт на секој начин сака да ги стопира промените, не почитувајќи ја волјата на народот, со која се соочија пред само четири месеци.Во досегашниот период, до Општина Битола беа доставени низа претставки од вработени во ЈОУДГ Естреа Овадија Мара, каде се наведени жалби од однесувањето на директорот на оваа установа.Јас и во текот на вчерашниот и денот пред тоа се сретнав со повеќе од 50-тина вработени од таа институција.Мобингот, своеволие, притисоци. Вака вработените ја опишуваат атмосферата во дел од деветте објекти кои се во склоп на градинката, со кои раководи директорката на таа градинка.Дополнително, група вработени, реагираат и на начинот на одржување и изборот на член во Управниот одбор на установата од редот на вработените, опишувајќи го како нерегуларен, спроведен без присуство на сите членови и во недостаток на гласови, дополнет со глас на директорката која самата гласала. Нелегално избраниот член, не беше изгласан од Советот на општина Битола.Како локална самоуправа, не можеме да дозволиме ваков начин на функционирање во установите под наша надлежност и ингиренција, поради што целата документација ја доставивме до министерството за труд и социјална политика. Ова впрочем го правиме со повеќе дописки до министерството и за поплаките и преписките кои ги имаат вработените во детската градинка.Наместо преземање на соодветни мерки, денес, се соочуваме со одземање на ингеренциите за оваа детска градинка, токму поради нашата посветеност за законско спроведување на постапките и обезбедување соодветни услови за работа на вработените, а пред се непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.Ја прашуваме почитуваната министерката за труд и социјална политика:- Дали ќе ги игнорира и понатаму претставките на вработените?- Дали ќе дозволи партиската волја да го креира начинот на работа во установата?- Дали незаконското работење е она што го поддржува централната власт на крајот од краиштата?Очекувам, министерството за труд и социјална политика да запре со опструкциите врз Општина Битола, особено во овој случај кога се во прашање децата, да ја преиспита својата одлука и преку надлежните институции, да спроведе постапка со која ќе се провери работењето на детската градинка Естреа Овадија Мара, а истовремено да создаде услови за професионално и посветено работење на установата.Во име на промените ветени пред граѓаните, бараме да престанат опструкциите, стопирањата и блокадите.Граѓаните избраа промени, а промените повторно ќе победат“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања