БИТОЛА

Screenshot_84

(Видео) Македонија плачеше, снимка со загинатата Мартина која ја испрати најсилната порака

Ден пред да ја испрати на вечното почивалиште, на „Инстаграм“ се огласи вереникот на Мартина Наумовска, 29-годишната битолчанка која загина во сообраќајната несреќа што се случи во близината на Солун. Тој сподели снимка на која тој свири на гитара и двајцата ја интерпретираат баладата „Расцветај“, големиот макфестовски хит на Ѓоко Танески.Денес не можеш да ме сопреш… Овој ангел не беше тивок, видео кое не ми дозволуваше да го објавам, сега има смисла, видео кое стои година и пол во драфт спремно да го објавам, сега има смисла зошто не сакаше, видео кое трае повеќе од 40 минути, друго немам, и секоја песна што е одбрана има смисла, но не ви го давам цело, не сакаше внимание, го добивме наметнато и трагично, затоа го објавувам, цел свет знае за тебе душо, а не знае ништо, покрај душата не беше свесна што поседува, и двајцата пеевме, но таа беше посебна, тивкиот ангел имаше неверојатен ангелски глас кој само јас го слушав, природна музичка интелегенција, едвај чекав да запееме и скришно снимав, се договоривме дека еден ден ќе пееме јавно, ја чувавме среќата само за нас, но сега гледам што значело ова видео, јас во црна маичка, а таа само сенка на нашиот магичен прозорец кој ја имаше Битола на дланка, беше толку добро да е вистинито, ја чувавме среќата само дома, не ја експониравме, но сепак џабе, сите знаеја што имаме и ни завидуваа, еве сега ситете се сите душегрижници. Ристе го нема скриениот дијамант кој го брусеше со години, и бев најголемата поддршка и гориво во животот, ја охрабрував да си ги цени вредностите, беше многу храбра и се трудеше но секогаш велеше: “нема назад за вас, ѓаволот ве има земено длабоко под контрола”, за жал во право беше. Научете ја лекцијата од чупето, барем малку некогаш сетете се да помогните некому без интерес, не судете, почитувајте се, радувајте се на малите работи, бидете смирени, со молк како ангел ни држеше лекции и се разочаруваше, скромен ангелу не сме достојни да зборуваме за тебе, сите сме грешници, секогаш ни велеше: “блазеси ви на паметот што го имате, камо јас да можев така”……….имам многу да кажувам за тебе но толку е доволно. Цветај расцветај, љубов мила, таму горе…“, напиша вереникот Ристе.Тој се обрати и после погребот.„Пред се да се заблагодарам на огромниот број луѓе кои дојдоа денес да дадат сочуство до нашата Мартина и нашите семејства, бескрајно благодарен... Се потрудив на крајот да одржам говор кој ја носеше оваа порака на Кристијан, порака кој секој треба да ја прочита, трогнат од нашиот настан, Кристијан и другите јавни личности а и медиуми можеби премногу чекаат вакви трагични настани за да се потсетиме на она старото, она бесплатното, она што со пари не се купува, тоа е толку едноставно а толку комплицирано денес, сите грешиме но мораме подобро, знам дека сето ова е свако чудо за три дана, но потрудете се да се сетите некогаш на овие зборови. Се од ова што е набројано е БЕСПЛАТНО. Мартина, не грижи се, твојата тивка мисија, ќе се потрудам јас да ја пренесам малку погласно“, додаде Илијовски.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-06-13-at-05.37.37

Се трага по Стефан од Битола: се води за исчезнат, пријавено е како е облечен

Исчезнато е лицето Стефан Ангеловски од населбата Горно Оризари во Битола, објавено е на социјалните мрежи.Како што е наведено во објавата која масовно се споделува, младото момче е високо 190 сантиметри, има тежина од околу 90 килограми.„Стефан е облечен во црна маица, бермуди и бели патики. За било каква информација јавете се на 192“, се вели во објавата.

Македонија | пред 1 година

hrvatski-zatvori-iskustvo

Алармантно во битолскиот затвор: „Заштитени осуденици се чуваат тука, место нема, 26 вработени се справуваме со 100 осудени лица“

Алармантна е состојбата во затворот во Битола, алармира Независниот синдикат на затворската полиција и администрација-Битола. Тие посочуваат дека затворот е пренатрупан, директорот за извршување санкции Јовица Стојановиќ им носи уште затвореници, а тие се само 26 вработени кои треба да се справат со 100 осуденици и 18 притвореници.„После настаните во Казнено поправните домови проблемот се пресели и во затвор Битола. ДВАЕСЕТ И ШЕСТ ВРАБОТЕНИ ВО ЗАТВОРСКА ПОЛИЦИЈА неможат да се справат со пренатрупаноста од осудени лица во затворот.Како што знаете КПУ Затвор Битола е затвор од полуотворен тип во кој што престојуваат 100тина лица (иако капацитетот е за 60) и има притворско одделение во кое моментално има 18 лица. И покрај ваквата пренатрупаност и неможноста за прием на лица за издржување казна затвор, Управата за извршување на санкции и Директорот Јовица Стојановиќ од нему познати причини пред 2 месеци издаде решенија за преместување на лица кои се од Скопско Апелационо подрајче и на кои што местото не им е во затвор Битола, а кои се заштитени од моменталната гарнитура на власт во државата.Како ние 26 луѓе да се справиме со 100 осудени лица и 18 притворени меѓу кои се и овие лица кои ги премести Директорот Јовица Стојановиќ наводно на неколку денови а ги остави 2 месеци и сега несака да слушне да ги врати во Скопје во затворите каде што и треба да ја издржуваат казната.Ние како вработени во Кпу Затвор Битола се обративме писмено преку Независен Синдикат на затворска полиција и администрација до Директорот на Управата и Министерот за Правда за проблемот меѓутоа не наидовме на разбирање.После ваквиот игнорантски однос на Директорот на УИС и Министерот за Правда одлучивме да ја известиме јавноста за проблемот и дека ги разгледуваме законските можности за стапување во генерален штрајк се до моментот на решавање на проблемот“, велат од Независен синдикат на затворска полиција и администрација Битола

Македонија | пред 1 година

20230227071314

Запален битолскиот затвор, повреден е затвореник

Пожар избил во битолскиот затвор во текот на вчерашниот ден, а осуденик бил повреден. „Скопје1“ проба да стапи во контакт со тамошниот директор, Драган Крајовски, но тој не одговори на нашите повици.Според информации од полицијата, осуденикот кој е повреден има 33 години и е од Бтиола. Засега не се знае како избил пожарот.Интервенирала и противпожарната бригада, а пожарот е изгаснат. Увид извршила и увидна екипа.

Македонија | пред 1 година

Vladimir-Taleski

Почина ќерката на ексградоначалникот и актер, Владимир Талевски

Марија Талеска-Мургоска, ќерка на ексградоначалникот на Битола и актер, Владимир Талевски, почина на 39-годишна возраст. Лошата вест, доаѓа во моменти кога нејзиниот татко издржува затворска казна за случајот „Транспортер“ во прилепскиот затвор. Марија е една од двете ќерки на Талевски. Причината за смртта, според првичните информации, е срцев удар.Талевски денеска ќе биде пуштен од затворот за да присуствува на погребот. Марија Талеска-Мурговска е сопруга и мајка.Нејзините пријатели и сограѓани се опростуваат од неа и на социјалните мрежи.

Македонија | пред 1 година

bolnica-bitola

„Ваквите сомнителни случаи не трпат годишни одмори, ќе разбери целиот свет, дури и до Стразбур ќе стигнам, вели родилката од Битола

Во Институтот за Судска медицина конечно стигнати се наодите од обдукцијата за починатото новороденче, кое пред безмалку четири месеци почина во битолската Клиничка болница, само по два часа од породувањето. Меѓутоа, резултатите од вештачењето, најрано можат да се очекуваат дури во септември, зашто во тек биле годишните одмори.Родилката Викторија Крстевска, денеска повторно објави статус на Фејсбук."Би требало до септември да го завршиме вештачењето“...Би требало и моето бебе да е живо сега и да бидам најсреќната мајка. Но, за жал.. Не е така.Најранетата птица сум во моментов. Мајка.. но моето дете е на небото.Ви треба време се разбира, додека се годишни одмори да се фатат пријатели.. некоја врска, партија, тато, мама..вујче владика. 💰💸💵💲Ова го нема никаде!Ваквите СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ, не трпат годишни одмори! Не трпат месеци! Ама во нашето продадено државиче, се трпи. Не знам кај ќе ви оди душата.. без трошка осет.И што..?Само ви ветувам дека овој случај нема да го заташкате како што си знаете.Министерство за здравство / Ministria e ShëndetësisëЈзу Клиничка Болница БитолаНе бил Таче, Маче, Грујо...Ќе разбери целиот свет.Па дури и до Стразбур ќе стигнам!Ама нема да ве оставам!До последен здив“, вели Крстевска.

Коментари | пред 2 години

bolnica-bitola

Според ДСЗИ нема пропусти ниту за мртвото новороденче во Битола

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирале пропусти ниту во случајот со мртвороденото бебе при вонредниот надзор во Битолската Клиничка болница. Претходното, родилката Викторија Крстевска и натаму вели дека нема да се откаже од намерата да ја истера правдата до крај.Од инспекторатот за Сител потврдија дека во рамките на нивните надлежности медицинскиот кадар постапил како што треба со 21 годишната родилка која била породена со мртов плод во 36-тата недела.Сепак, ниту инспекторатот, министерството за здравство не го објавува извештајот, тврди телевизијата. Од ДСЗИ велат дека го доставиле до кабинетот на министерот зошто тие го инцирале надзорот и тие требало да ја информираат јавноста, а од таму пак го велат тека тоа треба да го стори инспекторатот.Државниот санитарен и здравствен инспекторат при вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола – одделение за педијатрија не пронајде грешка ниту во врска со лекувањето и третманот на починатото 6-годишно девојче Јана Христовска од село Кравари-Битола.

Македонија | пред 2 години

zatvor

Детали за пожарот во битолскиот затвор: Откако не успеале да го изгаснат со ПП апарати, биле евакуирани 18 притворени лица

Управата за извршување на санкциите Ве информира дека на ден 11.07.2023 година во период околу 19 часот и 20 минути во КПУ Затвор Битола избил пожар во притворското одделение. Службените лица од КПУ Затвор Битола најпрво со ПП апарати пробале самите да го изгасат пожарот, но бидејќи не успеале веднаш почнале со евакуација на 18 притворени лица кон шеталиштето за притворени и повикале надворешно обезбедување-СВР Битола, пожарна и брза помош. Пожарот бил за кратко време локализиран.Дел од вработените лица биле упатени на превентивни прегледи во Клиничката болница во Битола, при што за среќа нема повредени притворени и вработени лица од Установата.Сите притворени лица согласно наредбите на надлежните судови биле преместени во други притворски одделенија во КПУ Затвор Скопје и во КПУ Затвор Охрид, со полициска асистенција.Надлежните истражни органи дополнително ќе ги утврдуваат можните причинители за пожарот.

Македонија | пред 2 години

bazen-bitol

Mомче се удави во базенот во Битола

Момче на 22-годишна возраст од Шпанија вчера се удави на отворениот Олимписки базен во Битола, пренесе ТВ Телма.Несреќата се случила околу 17 часот, а безуспешни биле обидите на лекарите од Итната помош за негова реанимација, по што е констатирана смрт кај младиот шпански државјанин кој престојувал во Битола.На местото на несреќата излегла полиција, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, од која се очекува да бидат прецизирани причините и околностите за овој трагичен настан.

Македонија | пред 2 години

285868464_1164194590788837_6943824726583806736_n

Поднесено обвинение против битолчанец кој бил овластено лице на бугарското здружение за ширење омраза и дискриминација

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против 45-годишен битолчанец, овластено лице на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, кој се товари за продолжено кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа и за продолжено кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.-Обвинетиот како овластено лице на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, со намера да ги повреди чувствата на припадниците на еврејската заедница, го сместил просторот кој го користело здружението токму во т.н. Еврејско Маало во Битола, односно на истата улица во која се наоѓа и објектот познат како „Пионерски дом“, во кој пред Втората светска војна било сместено Здружението на Млади Евреи „Хашомер Хацеир“. Овој простор бил свечено отворен за користење за членовите на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“ на 16 април 2022 година – ден Шабат и прв ден Песах – еден од најголемите еврејски празници, соопшти државното Јавно обвинителство.Со цел промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван Михајлов, што е декларирана цел во Статутот на Здружението, обвинетиот дозволил на влезот во просториите да биде поставена табла со цитат од Иван Ванчо Михајлов со кој се негира посебноста на македонската нација.-Како администратор на фејсбук-страницата на Здружението, обвинетиот континуирано објавувал постови со кои се негира посебноста на македонскиот народ и јазик и историската улога на борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна 1941-1945 во создавањето на независната македонска држава. Со објавите се промовирале контроверзни ставови на Иван Михајлов и се поттикнувала омраза и дискриминација спрема наследниците, почитувачите и продолжувачите на делата на Сојузот на борците, како и спрема македонскиот народ и македонскиот јазик, информира ЈОРСМ. ​Обвинетиот 45-годишен битолчанец ги сторил кривичните дела во периодот од 16 април 2022 година до 22 март 2023 година, „свесен декa на дискриминаторен начин ќе разгори омраза и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, јазик, религија и општествен статус спрема македонскиот народ и спрема припадниците на еврејската заедница во земјава“.

Македонија | пред 2 години

bolnica-bitola

Родилката од Битола се уште не ја добила отпусната листа

Викторија Крстеска, родилката чие бебе почина на гинеколошкото одделение во Битолската клиничка болница се жали дека и по речиси две недели се уште ја нема добиено отпусната листа. Тоа според неа фрла дополнителна сенка врз нејзиниот случај и дава сомнеж дека нешто се крие, пишува Телма.Таа повторно се обрати преку статус на ФБ во кој прашува зошто се дозволува и по 12 дена откако е дома се уште да не е испишана, односно нема отпусно писмо, иако како што вели тоа треба да биде направено веднаш откако го напуштила објектот.Рскажува дека вчера била да го побара документот на гинеколошкото одделение но одговор зошто се уште го нема не добила.Вели дека се сомнева и во обдукцискиот наод кој според неа може да биде наместен, а додава и дека не очекува брзо да го добие иако било наложено тој да биде изработен во најбрз можен рок.Крстеска и претходно се огласи по трагичниот настан. Најави дека нема да отстапи од барањето правда, но и дека дел по дел ќе обелодени сѐ.

Македонија | пред 2 години

droga-prodazba

(ФОТО) Расфрлани шприцеви, игли и дрога во центарот на Битола: Со дрогата што правиме?

Групата „Бабам Битола“, на социјалната мрежа фејсбук, каде се објавуваат разни информации поврзани со Битола, вчеравечер, објави застрашувачки фотографии од расфрлани шприцеви, кутии од метадони, дијазепами и игли во, како што велат, центарот на градот.„Со дрогата шо прајме? Врие низ градов, врие. Да си ги чуваме децата. (слики од центарот на Битола)“, објавија тие на Фејсбук.По оваа објава, голем број од корисниците на оваа социјална мрежа реагираа на состојбата, за која велат дека со години е така.

Коментари | пред 2 години

bolnica-bitola

До утре или задутре ќе биде готов извештајот за починатото новороденче во Битола

Одлуката на Судот на честа при Лекарската комора за период од седум години да му се одземе лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог во ЈЗУ Клиничка болница Тетово, ја најави министерот за здравство Фатмир Меџити пред неколку дена, а денеска изјави дека „од тука веќе настапува Обвинителството и судскиот процес“.Лекарската комора денеска утврди дека со снимањето пациенти и вработени во Тетовската болница на социјалната мрежа Тикток, докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРСМ, како и на Меѓународниот кодекс на медицинска етика. Согласно правните прописи, наведе Комората, тоа е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето.Министерот Меџити соопшти дека до четврток треба да биде готов извештајот од стручната комисија што тој ја формираше за случајот со починатото новороденче во болницата во Битола.– До четврток законски поминува рокот. Како што сум известен, едната докторката што била инволвирана била на пат, ја чекале неа да се изјасни за настанот. Мислам дека најдоцна до утре или задутре ќе имаме извештај од стручната комисија во врска со родилката и бебето кое, за жал, почина, рече Меџити по презентација на платформата Е-здравство.Одговарајќи на новинарско прашање, Меџити рече и дека службите ги проверуваат наводите дали во тетовската болница има недостиг од ампули „Фентанил“ и дека деновиве Министерството за здравство ќе информира во што е проблемот доколку има дефицит.

Македонија | пред 2 години

elizabeta-ivanovska-klinichka-bolnica

Елизабета Ивановска е нова в.д. директорка на битолската болница

Елизабета Ивановска е нова ве-де директорка на Битолската клиничка болница.Д-р Ивановска која е специјалист интернист, субспецијалист пулмолог доаѓа на местото на д-р Александар Обедниковски кој си поднесе оставка од директорската позиција поради морални причини.Во битолската болница за три недели имаше два смртни случаи. Почина петгодишната Јана Христова, а причините за ова се уште се непознати. Обдукцијата не е завршена.Нов смртен случај имаше пред два дена, кога почина новороденче.

Македонија | пред 2 години

image-185510

Директорот на битолската болница ќе поднесе оставка

Д-р Александар Обедниковски, генерален директор на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, за денеска најави дека ќе поднесе оставка од морални причини.Повод за повлекувањето на Обедниковски од функцијата прв човек на битолската болница е најновниот инцидент во таа здравствена установа, односно смртта на новороденче која беше регистрирана во болницата, а за што денеска министерот за здравство Фатмир Меџити изврши вонредна посета во Битола.Како што е познато неодамна во ЈЗУ Клиничка болница-Битола почина и 6-годишното девојче Јана Христовска за што се води истрага, а битолчани во знак на протест организираа мирни собири во овој град.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања