Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Поднесено обвинение против битолчанец кој бил овластено лице на бугарското здружение за ширење омраза и дискриминација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
285868464_1164194590788837_6943824726583806736_n

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против 45-годишен битолчанец, овластено лице на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, кој се товари за продолжено кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа и за продолжено кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

-Обвинетиот како овластено лице на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, со намера да ги повреди чувствата на припадниците на еврејската заедница, го сместил просторот кој го користело здружението токму во т.н. Еврејско Маало во Битола, односно на истата улица во која се наоѓа и објектот познат како „Пионерски дом“, во кој пред Втората светска војна било сместено Здружението на Млади Евреи „Хашомер Хацеир“. Овој простор бил свечено отворен за користење за членовите на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“ на 16 април 2022 година – ден Шабат и прв ден Песах – еден од најголемите еврејски празници, соопшти државното Јавно обвинителство.

— реклама —

Со цел промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван Михајлов, што е декларирана цел во Статутот на Здружението, обвинетиот дозволил на влезот во просториите да биде поставена табла со цитат од Иван Ванчо Михајлов со кој се негира посебноста на македонската нација.

— реклама —

-Како администратор на фејсбук-страницата на Здружението, обвинетиот континуирано објавувал постови со кои се негира посебноста на македонскиот народ и јазик и историската улога на борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна 1941-1945 во создавањето на независната македонска држава. Со објавите се промовирале контроверзни ставови на Иван Михајлов и се поттикнувала омраза и дискриминација спрема наследниците, почитувачите и продолжувачите на делата на Сојузот на борците, како и спрема македонскиот народ и македонскиот јазик, информира ЈОРСМ. ​

— реклама —

Обвинетиот 45-годишен битолчанец ги сторил кривичните дела во периодот од 16 април 2022 година до 22 март 2023 година, „свесен декa на дискриминаторен начин ќе разгори омраза и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, јазик, религија и општествен статус спрема македонскиот народ и спрема припадниците на еврејската заедница во земјава“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypqmmgbb0s4eqchKoPyi

Невремето направи проблеми во Битола: Поплавени домови на девет локации

Македонија | пред 6 дена

media-libraryp2c0hp8dfpr72uf96PF

(Видео) „Облечете чизми, покажувајте кон шахтите и глумете дека работите“ - Остра реакција по невремето во Битола

Македонија | пред 6 дена

media-libraryk43u7rdvmsvi3zvfdTe

Невремето предизвика штети во Битола, екипите на јавните претпријатија на терен

Македонија | пред 4 седмици

media-library9jfs53m8c4hqaMljnIb

Нов импулс за културата во Битола: Реконструкција на „Партизан“ и реставрација на Јени џамија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања