БОЈМАЦАЛИЕВ

Нема фотографија

Бојмацалиев: Поднесени 200 кривични пријави против 865 сторител од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал

Денеска, (20.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, оствари работна средба со раководството на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, со цел увид во постигнатите резултати и планирање на идните активности.Притоа Бојмацалиев од страна на раководството на ОСОСК беше брифиран за работата на оваа организациска единица од каде меѓу другото истакнаа: „Неспорни се резултатите на МВР во борбата против организираниот криминал и корупцијата. На тоа укажуваат и бројките од 2019 година наваму. Откривачката функција на полицијата во 2021 година беше зголемена за дури 50% и од година во година се зголемува. Од страна на организациските единици во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, само во текот на 2023 година беа поднесени 36 кривични пријави против 175 физички лица, а кривично беа пријавени девет организирани криминални групи. Додека пак за првите два месеца од 2024 година поднесени се вкупно шест кривични пријави, за 10 кривични дела, а кривично се пријавени 17 сторители, односно 13 физички лица” брифираа од ОСОСК.Имено во периодот 2019 година до крајот на 2023 во однос на резултатите на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесени се 200 кривични пријави, против 865 сторители по разни основи. Сузбиени се повеќечлени организирани криминални групи кои делувале во повеќе области – злоупотреба на службена положба и овластување, криумчарење на мигранти, тероризам, даночна измама, недозволена трговија со дрога и оружје, кривични дела против културното наследство и финансиски криминал, беше истакнато на состанокот и констатирано дека успехот е евидентен како во оперативните активности, така и во криминалистичките истражувања.Сериозен успех Одделот бележи и во делот на криминалистички истражувања. Така, во текот на 2023 година активни биле 50 криминалистички истражувања во кои биле опфатени 458 лица, од кои во тековната година 13 криминалистички истражувања биле затворени со вкупно 94 лица.Најголем број од криминалистичките истражувања и оперативни активности биле од областа на недозволената трговија со дрога а како карактеристични случаи во тој дел се една оперативна активност и криминалистичко истражување. Оперативната активност во однос на сузбивање на меѓународна организирана криминална група во делот на недозволена трговија и транспорт на големи количини наркотична дрога кокаин во Република Албанија, организирана од криминална група составена од македонски државјани, при што запленети се 324.4 килограми.Криминалистичкото истражување за недозволена трговија со дрога BMK, во соработка и координација со Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, Јавно обвинителство на Турција, Царинските служби на Турција и Северна Македонија, како и СЕЛЕК (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), при што поднесени се две кривични пријави против четири лица и запленети се 1002,52 кг „Фенилацетон“ или „бензил метил кетон“ (BMK), главен прекурсор за добивање на амфетамински тип стимуланси, класифициран во прва категорија на националната листа на прекурзори.На крајот од состанокот со раководството на ОСОСК Бојмацалиев истакна:„Со големо задоволство можам да кажам дека за оперативните активности и криминалистички истражувања колегите од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал се наградени од страна на СЕЛЕК со две награди во 2021 и во 2022 година, со прво место во Југоисточна Европа”, со уверување дека раководството и вработените во оваа организациска единица ќе продолжат со засилена динамика да ги спроведуваат сите оперативни активности кои значат намалување на севкупниот криминал на државата и гарантирање на безбедноста на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев: Со реформи и дигитална опрема успеавме да имаме повеќе пријавени давачи отколку примачи на мито

Денеска, (20.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев се обрати на јавна дебата на покана од Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров, на тема „Утврдување на интегритет на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на ГП и граничната линија со примена на полиграф, како превентивна мерка за спречување на можна корупција”, во организација на Националниот координативен центар со логистичка поддршка на Владата на Република Северна Македонија.„Наша примарна должност е да ги овозможиме сите елементарни услови за работа, да воведуваме норми и стандарди за неспорно легалистичко постапување. Притоа, да ја реафирмираме улогата и позицијата на полицискиот службеник, како во системот на МВР така и во очите на граѓаните како вистински сервис”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој се осврна на реформите и напредокот на МВР во борбата против корупцијата преку дигитализирани процеси на полициското работење и воведување дигитална опрема.„Најважно беше да создадеме мотивирана и задоволна полиција која нема да се впушта во коруптивни дејствија. За таа цел ја покачивме платата за 35%, вложивме 17 милиони евра во подобри услови во полициските станици низ државата, вложивме 14 милиони евра во униформи и опрема. Секоја година усвојуваме Антикорупциска програма со систем на мерки кои ќе овозможат справување со корупцијата и идентификување на причините, условите и факторите што ја овозможуваат. По препораките од ГРЕКО, МВР ја измени својата норматива (Законот за внатрешни работи) преку воведување на посебен Тест на интегритет за сите вработени и забрана за членување во политичка партија. Покрај Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионали стандарди, создадовме и надворешен механизам на контрола на полицијата, во рамките на Народниот правобранител, посебно одделение Полициски омбудсман. Паралелно во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се формираше посебно одделение кое исклучиво ги процесуира предметите кои се однесуваат на полициските службеници кои ја злоупотребилe својата позиција”, рече Бојмацалиев, надополнувајќи со тоа каква дигитална опрема е ставена во функција на борбата против корупцијата.„Тука би ги споменал и набавките на дигитални радари, на радари за ноќно снимање кои за првпат се набавија во државата, набавката на дигиталните дрегери за алкотестирање, кои се вмрежени во еден софтвер и од којшто не може да ги избришат податоците. Од држава со 7 дрегери и 10 радари, денес имаме 144 дрегери и 128 радари, најсовремени во регионот. Тука се 10-те специјални возила за надзор вредни 3 милиони евра низ регионалните центри за гранични работи низ државата. Тука се и боди камерите за граничната полиција, донација од нашите стратешки партнери САД, кои се покажаа како исклучителна алатка во овој процес на неселективност при постапувањето. Успеавме да имаме повеќе пријавени давачи отколку примачи на мито”, рече Бојмацалиев на крајот од своето обраќање, упатувајќи честитки до Националниот координатор за јавните дебати во насока на унапредување на граничната безбедност и уште поефикасна борба против корупцијата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев: 27 милиони денари вложени во објектот на ЕВР Гази Баба

Денеска, (19.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, оствари работна средба со раководството на Единицата за внатрешни работи Гази Баба, каде што беше брифиран за активностите и изготвените планови од СВР Скопје, а по кои постапуваат полициските службеници од оваа организациска единица, во насока на гарантирање на безбедноста на училиштата, јавниот превоз, сузбивање мигранти, обезбедување спортски натпревари, итн.„Во делокругот на кривичните дела на подрачје на ЕВР Гази Баба случени се 248 кривични дела кои се гонат по службена должност, каде за истите се сочинети 40 кривични пријави против 61 сторител и расчистени се 43 кривични дела”, информираше Бојмацалиев. Притоа, тој истакна дека вработените во ЕВР Гази Баба имаат драстично подобрени работни услови преку реконструираниот објект во вредност од 27 милиони денари.„Кога станува збор за ЕВР Гази Баба целиот објект е квалитетно решен и просторниот проблем на Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи-Скопје при Одделот за граѓански работи, но и на Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје, унапредувајќи го квалитативното ниво на работа на овие организациони единици кои се од исклучителна важност”, рече Бојмацалиев.Во оваа прилика Бојмацалиев ги посети и раководителите на организациските единици во рамки на СВР Скопје кои во моментот во ЕВР Гази Баба слушаат обука „Улогата на полицијата за време на изборите 2024”, во насока на гарарантирање на безбеден и мирен изборен процес.„Уверен сум дека колегите на обуката ќе ги утврдат веќе стекнатите знаења кои ги демонстрирале и во претходните изборни циклуси. Можам да кажам дека МВР е целосно подготвено за спроведување на фер, слободни и демократски избори по европски терк”, рече Бојмацалиев.

Скопје | пред 1 година

mitko-bojmacaliev-2

Бојмацалиев: МВР е целосно спремно за изборниот процес

Во интервјуто за ТВ Тера и прашање дали полицијата се подготвува за изборите со нивното наближување и зголемување на политичките тензии, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев потврди дека министерството за внатрешни работи е во интензивни подготовки и спремно да го гарантира мирното одржување на изборниот процес.„Од вчера од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски е формиран централниот штаб кој ќе ги следи изборите. Дадена е насока на сите СВР-а, ќе формираат и подштабови, така ќе ги собираме информациите од локално кон централно ниво, за локални појави ќе си носи одлука локалниот штаб, за поголеми случувања а се надевам дека нема да ги има ќе носи централниот штаб како ќе постапува македонската полиција и тоа е во исклучива надлежност на на БЈБ Сашо Тасевски.“, дециден беше Бојмацалиевб.Тој потврди дека на денешнините состаноци со раководството на СВР Битола е потенцирано дека безбедносната состојба во Битола е на задоволително ниво, има опаѓање на криминалитетот, опаѓање на сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди што дава една добра слика дека македонската полиција на територија на СВР Битола си ја врши добро својата работа и граѓаните ги почитуваат законите.

Македонија | пред 1 година

mitko-bojmacaliev-2

Бојмацалиев: ЕВР Ѓорче Петров со 50% реализација на кривични дела по службена должност

Денеска (14.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари работна средба со раководството на Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при Секторот за внатрешни работи Скопје, во рамки на серијата посети на организационите единици при МВР на територијата на целата државата, со цел согледување на сработеното и маркирање на идните активности.Полициската станица во Ѓорче Петров е дел од планот за квалитативно унапредување на работните услови на вработените, како нова градба  која беше пуштена во употреба кон крајот на 2017 година од поранешниот министер Спасовски, со што значително беа подобрени работните услови на вработените. Во рамки на планот за материјално-техничко подобрување на условите и средствата за работа се и 80-те комплетно реконструирани полициски објекти низ државата, а во тек е целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово и Управните служби во МТВ, како и нова градба на полициска станица во Аеродром. Воедно, пред околу три месеци беа промовирани 20 комбиња наменети за СВР Скопје, од кои дел беа предадени на ЕВР Ѓорче Петров, во насока на модернизирање на опремата на полицијата на ова подрачје.Од страна на раководството на ЕВР Ѓорче Петров, Бојмацалиев беше брифиран за поволната безбедносна состојба на подрачјето во надлежност на оваа организациска единица, како и за резултатите во изминатите два месеци од 2024 година.„На подрачјето на ЕВР Ѓорче Петров во текот на јануари и февруари 2024 година евидентирани се 103  кривични дела по службена должност или 15% од евидентираните кривични дела по службена должност на СВР Скопје. По структурата на криминалитетот, најголем дел се за тешка кражба, загрозување на безбедноста на сообраќајот, како и измами и разбојништва”, рече Бојмацалиев. Притоа, тој информираше за реализацијата на кривичните дела.„За овие два месеца реализирани се вкупно 48 кривични дела, против 35 сторители, за што се поднесени 43 кривични пријави, или тоа значи 50% реализација на кривичните дела”, рече Бојмацалиев, со уверување дека вработените во оваа организациска единица ќе продолжат со засилено темпо во расветлувањето на кривичните дела.

Скопје | пред 1 година

bojmacaliev

Бојмацалиев положи цвеќе на спомен плочата на загинатите припадници на САЕ Тигар

Денеска (13.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев положи цвеќе на спомен плочата на загинатите припадници на Специјалната антитерористичка единица Тигар, по повод одбележување на 43 години од постоењето на оваа елитна организациска единица при МВР.Бојмацалиев во оваа прилика на социјалните мрежи напиша: „Сите даваме по нешто, некои дадоа сѐ! Слава им!"

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев со честитка по повод 43 години постоење на САЕ Тигар

,,Денеска одбележуваме 43 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица Тигар - непрекинат напредок и успех во гарантирањето на безбедноста и редот во нашата земја.Специјалната антитерористичка единица - Тигар, претставува пример за високо ниво на обученост и професионализам, со подготвеност да се справи со секој предизвик што може да го загрози безбедноста на нашата земја и граѓаните. Единицата е резултат на заедничките реформски напори за целокупно унапредување на Министерството за внатрешни работи, вклучувајќи технички, материјални, професионални и организациски аспекти, согласно стандардите на НАТО и ЕУ.Почитувани припадници на САЕ Тигар,Вашите посветеност, обученост и способност да реагирате во најтешки ситуации ве прават да бидете нашиот најголем адут во борбата против криминалот и тероризмот. Одлучноста да работите како тим дава резултати признаени на меѓународно ниво.Со секоја оперативна активност ги демонстрирате вашите способности и ангажман за одржување на мирот и стабилноста во нашата земја, особено преку „Безбеден град”, со што покажавте дека македонската полиција е чекор пред криминалците.Во свое и во име на мојот тим во МВР оддавам признание за тоа дека вашиот пример на храброст и посветеност е историски.Да живее САЕ Тигар!Да живее македонската полиција!Да живее Република Северна Македонија", изјави Бојмацалиев, дополнителен заменик министер во МВР.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев на терен заедно со полицијата во Демир Капија

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, денеска во Демир Капија ги посети полициските службеници од пунктот за борба против илегалната миграција и криумчарење мигранти, во рамки на оперативната акција „Рефлекс“.„Тука сме директно на терен да посведочиме на остварувањето на работните задачи и планови на полициските службеници, со цел поефикасна борба со сите видови криминал, особено борбата против илегалната миграција, организираниот криминал и корупцијата, а со тоа гарантирање на безбедноста на сите граѓани.“, потенцираше Бојмацалиев. Притоа, тој сподели статистика во делот на сузбивање на илегалната миграција.„Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС е на територијата на Република Северна Македонија, по потпишувањето на Договорот помеѓу поранешниот министер Спасовски и еврокомесарката Јохансон. Оттогаш досега ги бележиме резултатите - во 2023 спречени 13.954 нелегални преминувања, од кои на РЦ ЈУГ се 12.000. во 2024 овие два месеца имаме 1.596 на целата територија на државата, 1.057 само за РЦ ЈУГ. Според земјата на потекло, доминираат обидите на лица по потекло од Сирија-1.199 обиди, додека останатите се од Мароко, Непал, Ирак, и во помал број од други земји. Исто така, во рамки на откриените 16 случаи спречено е криумчарење на вкупно 104 мигранти, а мерки на кривичен прогон се преземени против 14 лица, за сторени 11 кривични дела „криумчарење на мигранти“”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека успехот се должи на работата на контролните пунктови низ државата.„Ова се бројки кои говорат за одличната координација помеѓу нашите полициски службеници од МВР и службениците од ФРОНТЕКС во насока на намалување на рутата која беше атрактивна од 2015, па се’ до пред две години. Република Северна Македонија повеќе не е атрактивна рута, што се должи и на работата на македонската полиција со повеќе контролни пунктови низ државата во склоп на оперативната акција која трае веќе 4 години”, истакна Бојмацалиев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев: На подрачјето на ОВР Гевгелија за 100 % зголемена откривачката дејност

Денеска, (11.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев за време на посетата на Гевгелија оствари работна средба со раководствата на СВР Струмица, ОВР Гевгелија, во рамки на серијата средби по секторите за внатрешни работи на територијата на државата со цел увид во резултатите и мапирање на идните активности.„И оваа организациска единица во текот на 2023 година интензивно преземаше мерки и активности со цел спроведување на дадените приоритети од контролната стратегија во насока на одржување поволен јавен ред и мир и спречување и намалување на регистрирани кривични дела на подрачјето на ОВР Гевгелија. Според структурата на криминалитетот, ОВР Гевгелија во првите два месеци од 2024 година регистрирани се вкупно пет кривични дела од областа на економскиот криминал за физички лица, и тоа во јануари три дела а во февруари две ”, рече Бојмацалиев.Во делот на недозволена трговија со дрога и оружје, Бојмацалиев рече дека во текот на овие два месеци откриени се два кривично правни настани со пет лица. Во текот на 2023 година, поднесени се четири кривични пријави од Закон за опојни дроги и психотропни супстанции, што е за 100% повеќе во однос на 2022 година, при што констатираше дека оваа тенденција продолжува и годинава.Притоа, Бојмацалиев посочи и за резултатите во однос на спречувањето на илегалната миграција.„Исто така, за одбележување е и заедничката соработка со Регионалниот центар ,,Југ“ во делот на сузбивање на илегалната миграција, па така, поднесени се шест кривични пријави, за сторени шест кривични дела против шест сторители, а откриени се 44 мигранти”, рече Бојмацалиев, со уверување дека и ОВР Гевгелија како и останатите организациски единици ќе продолжат со полициско работење кое носи високи резултати и ја гарантира безбедноста на граѓаните на највисоко ниво.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50%, благодарение на раководството на РЦ ЈУГ

Денеска, (11.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во Прифатниот центар Винојуг во Гевгелија присуствуваше на Координативниот состанок во организација на раководството на Регионалниот центар ,, Југ“ со претставници од сите релевантни државни институции, меѓународни организации и невладини организации-присутни чинители во Привремениот транзитен центар како дел од националната компонента во справувањето со мешаните миграциски движења.Целта на состанокот беше последниот позитивен извештај на Народниот Правобранител како резултат на меѓусебното координирано и хармонизирано постапување на овие институции со илегалните мигранти во кампот Винојуг Гевгелија. Овој позитивен извештај е плод на сите заедничките вложувања и на несебичната поддршка на сите чинители во овој процес, соработка која и понатаму не само што ќе се одржува туку и ќе се продлабочува.Во последниот позитивен извештај отстранети се сите забелешки кои беа детектирани во изминатиот период, а заслугата е заедничка.Во своето обраќање по тој повод дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев рече: „Дозволете ми да истакнам дека она што ја одбележа измината година, во поглед на унапредување на граничното управување беше ратификацијата и операционализацијата на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража, кој го потпишавме со почитуваната еврокомесарка Јохансон. Договорот за Фронтекс овозможува конкретна поддршка на терен за зачувување на безбедноста на границите. Европската Унија на овој договор гледа и како на конкретен чекор во зачувување на безбедноста на Унијата, бидејќи заштитата на македонските граници од мигрантските текови, нелегалната миграција и од прекуграничниот криминал значи заштита на границите на ЕУ. Со неговото влегување во сила се овозможи, на наше барање, да се распоредат полициски службеници на ФРОНТЕКС на критичните точки на границата, заедно со нашите полициските службеници, што придонесува кон зголемување на нивото на соработка, размена на искуства и знаење, како и можност да се користи целата опрема на Фронтекс”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој сподели статистика во однос на откриени илегални мигранти и баратели на азил реализирани од страна на полициските службеници на ниво на МВР вклучувајќи ги овде сите Регионални центри во земјава компаративно со постигнатите резултати на ниво на Регионалниот центар Југ.„Според официјалната статистика на МВР, ако во 2023 година беа спречени 13.954 обиди за влез на илегални мигранти на ниво на сите Регионални центри, само на ниво на Регионалниот центар Југ таа бројка изнесуваше 12.265 спречени обиди за влез на илегални мигрант. За период од два месеци во 2024 година на ниво на МВР таа бројка изнесува 1596 спречени обиди за влез, само на РЦ Југ беа спречени 1057 обиди за влез на илегални мигранти. Компаративно на ова во 2022 година на ниво на МВР беа спречени 27.394 илегални обиди за влез , а само на ниво на РЦ Југ таа бројка изнесуваше 23.451.Овие бројки покажуваат намалување на илегалната миграција за 50% за што најголема заслуга имаат полициските службеници и раководството на РЦ Југ и во оваа прилика им упатувам честитки за постигнатите резултати бидејќи, ова не се само обични бројки, напротив ова се преземени заеднички активности во кои е вложен многу труд, посветеност, а пред се професионалност и многу хуманост за што изразувам особена почит и благодарност и до сите институции, меѓународни организации и чинители вклучени во овој процес”, рече Бојмацалиев.Бојмацалиев информираше и за баратели на азил во 2024: „Во делот на баратели на азил во 2023 година на ниво на МВР таа бројка изнесуваше 604 лица а во Прифатниот центар Винојуг имавме 202 лица, во истиот период првите два месеци од 2024 година на ниво на МВР изнесува 36 лица а во Прифатниот центар Винојуг имаме 24 лица”, рече Бојмацалиев.На крајот од своето обраќање Бојмацалиев упати благодарност до Европската Унија за континуираната помош која што ја добива Министерството за внатрешни работи преку регионалните ИПА проекти, со уверување дека и во периодот што следи со исклучителна посветеност ќе се работи кон операционализирање на Мастер планот изработен од Фронтекс, како еден од нашите стратешки приоритети кон доближување кон европските и меѓународните стандарди во оваа област.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев: Зголемен број на жени во специјалните единици, а на раководни позиции во МВР остварен сооднос од 50-50

Денеска, (08.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ги посети припадничките на Одделот за специјални полициски операции - Специјалната антитерористичка единица ТИГАР и Единицата за брзо распоредување, а по повод Меѓународниот Ден на жената - 8 Март, при што го честиташе празникот со цвеќе во знак на почит и благодарност за посветеноста во службата.„Како напредна и прогресивна држава, ние се стремиме кон целосна рамноправност меѓу половите. Освен што треба да создадеме услови за жените да можат подеднакво да аплицираат за работа во полициската служба, треба заедно да работиме на елиминирање на состојбите што ги спречуваат жените да ја изберат безбедноста како своја професија", истакна Бојмацалиев. Притоа, тој рече дека изминативе години МВР оставри напредок во однос на унапредување на правата на жените.„Во изминатите години, направен е значителен напредок во МВР, преземени се конкретни чекори во создавањето на економски силни и самостојни жени - зголемен број на жени на раководни позиции (сооднос од 50-50), како и во специјалните полициски единици, во ЕБР и САЕ ТИГАР. Покрај тоа што имаме еднаквост во одлуките, со новиот Колективен договор во МВР жените во полицијата се поддржани како мајки, со паричен надомест во висина од 100 евра во денарска противвредност", истакна Бојмацалиев, додавајќи дека целта е да се создадат задоволни полициски службеници кои работат за подобро општество на сите, да се забрза прогресот и да се овозможи иновативниот потенцијал на жените да биде двигател на промените.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев: Важно е да го промовираме дијалогот меѓу земјите како клуч за одржување на мирот

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за српскиот весник Данас беше запрашан за безбедносната состојба во регионот.„Безбедносната ситуација во регионот е сложена, бидејќи регионот, иако динамичен, сепак е чувствителен. Како држави, се соочуваме со заеднички предизвици како што се транснационалниот криминал и активностите на организираните криминални групи, кои главно дејствуваат на полето на нелегалната трговија со дрога и оружје”, рече Бојмацалиев, надополнувајќи со резултатите на МВР во делот на борбата против недозволена трговија со дрога и пресекување меѓународни канали.„Овде би издвоил неколку успешни меѓународни акции, кои се базираат на информации од нашите служби во МВР - едната со Грција, другата со Албанија, што ги направивме преку СЕЛЕК - заедничка иницијатива за борба против организираниот криминал во Југоисточна Европа. Во грчко пристаниште во заедничка акција со грчката полиција запленети се над 100 килограми кокаин, а во Албанија над 130 килограми кокаин и двете според информациите на македонските полицајци. Пресечени се многу меѓународни канали, како и запленето огромно количество оружје”, рече Бојмацалиев. Притоа, тој истакна дека службите комуницираат и соработуваат со НАТО сојузниците.„Можам да кажам дека нашите служби работат континуирано. Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање заедно со Министерството за внатрешни работи се во комуникација со цел одржување на стабилноста и безбедноста, а со тоа и влијание на регионално ниво. Појавите како насилниот екстремизам, радикализацијата особено кај младите и тероризмот се појави со кои безбедносните служби континуирано успешно се справуваат. Апсолутно, а поддршката на меѓународната заедница и интеграцијата во евроатлантските структури исто така играат клучна улога во зајакнувањето на безбедносната архитектура на регионот. Важно е да го промовираме дијалогот меѓу земјите како клуч за одржување на мирот и стабилноста. Се разбира, Северна Македонија, како членка на НАТО, е во редовна координација со Алијансата и нејзините сојузници во однос на активностите што се преземаат за зајакнување на безбедноста во евроатлантскиот простор”.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев: Илегалната миграција бара европски одговор, Mакедонија е лидер во регионот по ова прашање

Во интервју за српскиот весник Данас, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан за борбата против илегалната миграција во Северна Македонија и за потпишаниот Договор помеѓу албанскиот премиер Еди Рама и италијанската премиерка Џорџа Мелони.„Миграцијата е динамичен и сложен процес над кој е тешко да се воспостави контрола доколку нема соработка на европските земји. Затоа, партнерството и размената на информации меѓу земјите се клучни. По миграциската криза од 2015 година, која се почувствува на светски размери, можам да кажам дека миграцијата е на општествено-политичката агенда на многу земји. Северна Македонија е транзитна земја. Мигрантите доаѓаат преку соседните земји, Бугарија и Грција. Станува збор за лица претежно од ранливи категории на кои им е потребна меѓународна заштита”, образложи Бојмацалиев. Притоа рече дека потребен е европски одговор во однос на сузбивање на илегалната миграција.„Потпишувањето на договорот меѓу Еди Рама и Џорџа Мелони за сместување на мигранти од Италија во Албанија е дел од заедничкиот европски одговор во борбата против илегалната миграција. Претставува значаен чекор кон справување со миграциската криза во регионот на координиран и хуман начин, а уште повеќе, ја покажува важноста на меѓународната соработка и солидарност во справувањето со глобалните предизвици поврзани со миграцијата. А токму нашите напори како држава и министерства континуирано ја зајакнуваат соработката со соседните земји, ја подобруваат граничната инфраструктура и технологија, како и ги зајакнуваат капацитетите за управување со миграцијата”, рече Бојмацалиев, надополнувајќи со напредокот на нашата држава по однос на ова прашање.„Имавме слаби капацитети за борба против оваа појава, но од 2015 година, по низа мерки и активности, успеавме да станеме лидер во борбата против миграцијата на регионално ниво. Овде за нас беше од големо значење потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, како прв договор меѓу ЕУ и Северна Македонија, кој беше потпишан на македонски јазик. Од оперативна гледна точка, сепак, беше важно да се биде подобро подготвен за контрола на миграциските текови, со цел да се придонесе за регионалната и националната безбедност како клучна за севкупната европска безбедност”, рече Бојмацалиев. Притоа, тој сподели статистика во однос на резултатите на МВР во делот на спречување на илегална миграција и криумчарење мигранти.„Бројот на спречени обиди за илегално преминување во изминатата 2023 година покажува намален тренд и продолжува со ист интензитет од почетокот на 2024 година. Но, незаконското движење и затајувањето на полициските проверки и контроли често се успешно покритие за криминалните структури кои создаваат мрежи на соработници долж трасата за извршување на разни криминални дејствија, поради што мора постојано да бидеме будни и на ниво. Граничната полиција во периодот од 1 јануари до 29 февруари 2024 година спречила вкупно 1.619 обиди за илегални преминувања на границите со соседните земји. Откриени 16 случаи на криумчарење мигранти, спречен е криумчарење на вкупно 104 мигранти, а против 14 лица се преземени мерки за кривично гонење за сторени 11 кривични дела „криумчарење мигранти“”, рече Бојмацалиев.Бојмацалиев уште еднаш потенцираше дека успехот во делот на сузбивање на илегална миграција се должи на соработката со сите страни.„Уште еднаш ќе повторам, успешното управување со миграцијата зависи од заедничката соработка со сите страни - земјите на транзит, земјите на потекло и земјите на дестинација. Сепак, подготвени сме да ги прилагодиме нашите активности и да ја зајакнеме соработката со соседните земји, агенциите на ЕУ и ОН, Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Меѓународниот центар за развој на миграциска политика (ICMPD), но и бројни меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси, како што се Салцбург, Будимпешта, Прашкиот процес, Заедничката координативна платформа, Програмата за гранична безбедност на DCAF. Нашата цел особено во областа на враќање и реадмисија е да иницираме договори за реадмисија со други земји на потекло во Азија и Африка, но и да ги потврдиме постоечките иницијативи за склучување договори”, рече Бојмацалиев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев: Стратешките партнери САД и ЕУ ја препознаа нашата посветеност во борбата против корупција

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за српкиот весник Данас беше запрашан за коментар на севкупната безбедносна ситуација во Република Северна Македонија, односно на која област се издовјува најмногу внимание.„Целокупната безбедносна состојба во Северна Македонија може да се оцени како стабилна, но има одредени предизвици кои бараат континуирано внимание и ангажман. Во овој контекст, посебно внимание треба да се посвети на областите од борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои го поткопуваат владеењето на правото, а се клучни за заштита на демократските вредности”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој ги сподели резултатите на МВР во делот на борбата против корупцијата.„Секако дека напредокот е евидентен, на што укажуваат и резултатите според кои Република Северна Македонија е на 76-то место на листата на „Транспаренси Интернешнл“ за глобалниот индекс на перцепција на корупцијата, што претставува значителен напредок од 85-тото место што го имаше. во 2022 година. Можам да кажам дека како Министерство само во 2023 година утврдивме над 64 коруптивни злоупотреби, откривме 121 кривично дело, со вкупно 178 сторители, кои направиле материјална штета од над 350 милиони денари. Откривачката функција на полицијата во 2021 година е зголемена за цели 50 отсто во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Во периодот од 2017 до 2023 година, за време на раководството на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесени се вкупно 44 кривични пријави против 170 физички и 2 (две) правни лица”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека нашите стратешки партнери, Европската Унија и Соединетите Американски Држави, ја препознаваат нашата посветеност и нашата силна посветеност на реформите во судството и спроведувањето на системските реформи со зајакната антикорупциска политика.„Наш приоритет е да покажеме дека никој не е заштитен со закон, па ни функционери на која било власт. Искреноста и интегритетот се наши императиви и тие мора да ја победат корупцијата и сервилноста. Заради тоа, на ниво на Влада беше формирано меѓуресорско тело за координација на антикорупциските активности и предложен Закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, во кој сите директиви и лица ставени на листата на санкции на Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство ќе бидат ставени во законска рамка за да немаат можност да учествуваат во јавните набавки, да бидат дел од Владата, ниту да бидат кандидати за јавни функции. Секако, за спроведување на мерките од овој закон ќе се користат и каналите на меѓународна соработка, пред се Интерпол, Европол, СЕЛЕК и др., преку кои ќе се овозможи непречено да течат потребните информации во насока на натамошно обезбедување докази и спроведување на неговите надлежности”, истакна Бојмацалиев.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања