ЦУК

drvo

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите во Скопје

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на ул.,,Анкарска" кај популано именуваниот реон ,,Млечен ресторан".Паднатото дрво има оштетено 3 автомобили. Полиција е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило" за да го отстранат паднатото дрво од улицата.Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација (СОК), паралелно со известувањето на Полицијата, се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.

Скопје | пред 9 месеци

klima

Стојанче Ангелов го реши проблемот со расклатена клима во Кавадарци

„По добиена пријава во ЦУК за накосена и расклатена клима над Уни Банка во Кавадарци, која претставуваше опасност за минувачите, особено за лицата кои ги користат услугите на банката, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов веднаш стапи во контакт со градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, по што проблемот беше веднаш отстранет, односно климата беше фиксирана“, велат од ЦУК и додаваат:Апелираме до граѓаните доколку забележат слични вакви опасности кои можат да ја загрозат нивната безбедност по животот и здравјето, како и материјалните добра, веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК.

Македонија | пред 9 месеци

angelov-51435

(Видео) Шахтата во Аеродром доби поклопец!

Опасноста од отворената шахта спроти ТЦ Скопјанка е отстранета и ставен е поклопец на истата.„Голема благодарност до службите во општина Аеродром кои иако не е во нивна надлежност го решија овој проблем во интерес на безбедноста на граѓаните“, велат од ЦУК.Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов од терен уште упати апел до ЈП Водовод и канализација на Град Скопје за итно преземање на соодветни мерки во врска со отворената шахта спроти ТЦ Скопјанка, која претставуваше опасност и ризик од загрозување на безбедното движење на граѓаните.

Скопје | пред 9 месеци

potraga-cuk

Една недела се трага по исчезнато лице од Штип

Се уште трае потрагата по едно повозрасно лице од штипското село Степанци кое во понеделникот попладнето беше пријавено за исчезнато. Како што утрово информираше Центарот за управување со кризи, тоа последен пат било видено во саботата.Според информациите од Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Штип, во вчерашната акција за пребарување се вклучиле меѓу 70 и 80 лица, меѓу кои припадници на институции, служби, здруженија, како и голем број доброволци од локалното население и околните села.„Во текот на вчерашниот ден (12.04.2025) на зборното место кај продавницата во с. Лакавица големиот број доброволци и лица од институциите, службите и здруженијата се поделија во групи и по правци на пребарување беше поголем реон. Истовремено, со неколку дронови (3-4, и службени и приватни) систематски беа пребарувани местата каде што беа тешко достапни, подлабоки долови, а и течението и вировите на надојдената рекичка Лакавица. Беа вклучени од страна на МВР 10 полицајци, потоа 10-на извидници – членови на Извиднички одред „ЕКВИНОКС – Штип“, ловци – членови на ЛЗ „Ловец“ од Штип, доброволци – вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, роднини на исчезнатото лице. Одредени групи од подалечните села самостојно вршеа претрага во нивните реони“, информираа од ЦУК.

Македонија | пред 9 месеци

markova-reka

Мостот кај Башино село затворен поради висок водостој на Варадар, мостот кај Љубош е пуштен

„Од Македонија пат добивме известување дека-Сообраќајот на регионалниот патен правец Р1312 на мостот на р. Вардар кај Башино село ќе биде времено затворен за сообраќај за сите видови на возила поради висок водостој на р. Вардар.Според последните информации од контакт лицето на општина Студеничани добиено е известување дека мостот кај н.м. Љубош е пуштен за сообраќај по направената контрола од стручни лица. Во периодот кој доаѓа ќе се интервенира на прицврстување на истиот“, велат од Центарот за управување со кризи.

Македонија | пред 10 месеци

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Големиот шумски пожар над беровско е ставен под контрола - гори на уште девет локации

Големиот шумски пожар над беровското с. Двориште е ставен под контрола.„Инаку, во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имаше вкупно 62 пожари на отворен простор врз кои дејствуваа локалните противпожарни единици. Од нив 9 останаа активни во текот на ноќта и сеуште се активни иако со смален интезитет. Од вкупниот број на пожари на отворен простор 6 се шумски пожари“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.Шумски пожари на ден 09.03.2025 година, (недела).1.Во правец Ресен спрема с.Евла (Општина Ресен) - запалена ниска вегетација и грмушки, смрека и мал дела од букова шума.2.Помеѓу ресторан „Чифлик“ и с. Брусник (Општина Битола) - пожар на шума (гореле овошки).3.М.в. Кобел кај с. Алданци (Општина Крушево) - запалена ниска вегетација, трње и нискостеблеста дабова деградирана шума.4.с. Сладуево (Општина Демир Хисар) - запалена сува трева и шума.5.Планината Oгражден над с.Сушица (Општина Ново Село)- папрат, смрека и млада дабова шума6.С.Кованец (Општина Гевгелија) пожар на шума

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Кои патни правци се исчитени од снег, а кои не - детали од Центарот за управување со кризи

Центарот за управување со кризи ја соопшти последната состојба со патиштата низ Македонија.„Контакт со Општина Старо Нагоричане нѐ извести дека во текот на денешниот ден ќе интервенираат на расчистување на локалните патни правци низ Општината, исто така не извести дека сите патни правци се проодни во Општината.Општина Куманово -од лице одговорно за зимско одржување на локални патни правци низ Општина Куманово сме известени дека од нивна страна патните правци во нивна надлежност се исчистени и проодни. Се чистат со приоритет патните правци низ градот и населбите, а во текот на утрешниот ден ќе се чистат и патните правци кон селата.Општина Липково од лице одговорно за зимско одржување на локални патни правци низ Општина Липково сме известени дека од нивна страна патните правци во нивна надлежност се исчитени и проодни.ЈП МП секција Страцин дежурниот не извести дека државните патишта што се под нивна надлежност се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег, по интервенција од страна на екипите на ЈП МП истите се опесочени и чистени и се продни.( нема одрони).ЈП МП секција Крива Паланка дежурниот не извести дека државните патишта што се под нивна надлежност се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег, по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат истите се опесочени и чистени и се продни ( нема одрони). Магистралните патен правец Крива Паланка граничен премин Деве Баир е целосно расчистен и прооден за сите моторни возила.Во текот на денешниот ден ќе се расчистуваат регионалните патни правци Крива паланка-Огут и регионалниот пат с.Ранковце-с.Герман.Локалните патишта во Општина Ранковце се проодни во зимски услови.Од лице одговорно за зимско одржување на локални патни правци низ Општина Крива Паланка сме известени дека од нивна страна патните правци се исчитени и проодни. Во текот на денешниот ден ќе се чистат и патните правци кон селата Нерав и Калин Камен.Локален земјен пат до с.Дренак е непрооден.Локален земјен пат до с. Б,с е непрооден.Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека денеска на 12.01..2025 година во северозападниот регион по обилните врнежи од снег кои го зафати северозападниот регион до 16:00 часот, сообраќајот на магистралните и регионални патни правци се одвива отежнато со многу слаб интензитет во зимски услови со остатоци од снег по коловозите по интервенцијата на службите на ЈП МП и на службите за регионално одржување на патните правци. Висината на снежната покривка е од околу дваесет сантиметри во пониските места, додека на повисоките места е поголема и од 50 сантиметри. Од 08:05 часот е воведена забрана за движење на ТТВ на патниот правец Тетово- Попова Шапка, додека за останатите возила е задолжителна употреба на зимска опрема. Исто така е воведена забрана за движење на ТТВ од 00:43 часот на патните правци Гостивар-Стража-Кичево, како и Гостивар-крак Маврово- Дебар. Од службите за локално одржување во градските улици се излезени на терен и се чистат главните улици , додека споредните ќе се чистат по однапред утврден план со приоритет за пристап до болници и други места од јавен интерес. Во Тетово и Гостивар се уште не се исчистени тротоарите кои представуваат проблем за движење на пешачите кои се движат по коловозите иако е законска обврска сите да чистат пред влезовите и тротоарите каде имаат објекти. Исто така проблем представуваат и паркираните возила од кои неможат да пристапат и машините за чистење на снегот. Во селата се врши чистење на главните улици од страна на ЕЛС кои се надлежни за зимско одржување.По примена пријава за непрооден пат од село Зубовце до село Ново Село од општина Врапчиште стапено е во контакт со ПС Галате од каде известија дека од ЕЛС Врапчиште е пристапено за чистење со два багери од општината и дека се чисти постапно од село Ѓурѓевиште и дека ќе бидат очистени и другите села во општината.По извршениот разговор со ПС Маврово звестени сме дека екипи на Македонија пат се постојано на терен и вршат чистење на патниот правец од Маврово за Гостивар но дека има остатоци од снег на патот затоа што имаше интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за движење за ТТВ на овој патен правец , а од ЈП МП известија дека е поминат кружниот тек околу Мавровското езеро. Засега нема пријава од селата од Мавровскиот регион. Висината на снегот е над 50 сантиметри. Од ПС Ростуше сме известени дека засега нема пријава од селата од реканскиот регион, а не е очистен патот до село Врбјане каде што има помал број на жители но и овој патен правец ќе се чисти од страна на фирмите кои го имаат тендерот од општината за зимско одржување.Од ПС Попова Шапка сме известени дека патот од Тетово за Попова Шапка е тешко прооден за што има и забрана за движење за ТТВ а за останатите возила е задолжителна зимска опрема така да на излезот од Тетово за Попова Шапка има и полициска патрола која врши регулирање на сообраќајот а на оние возила кои не ги исполнуваат условите не им се дозволува движење по овој патен правец. Висината на снежната покривка на Попова Шапка е над 50 сантиметри, екипите на Македонија пат вршат чистење и посолување на патот на кој има остатоци од снег. Засега нема пријава за отсечени планински села на Шар Планина.Од ПС Теарце известија дека после 13:00 часот е отпочнато со чистење од страна на ЈП МП на регионалниот пат Тетово-Јажинце, додека засега нема пријава за непроодни локални патни правци.Од ЕЛС Брвеница градоначалникот извести дека сите села во општината се проодни, како и патот за село Гургурница кое се наоѓа на поголема надморска висина со многу кривини и тој е очистен и прооден. Нема пријава за други проблеми.Од ПС Групчин сме известени дека од ЕЛС Желино е започнато чистење на локално ниво како и по приоритет во повисоките планински села , засега нема пријава за отсечени села , висината на снегот е од околу 15 сантиметри.Истовремено, се потсетува дека, ако се планираат патувањата заради временските метеоролошки прилики и според дестинацијата е пожелно да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, согласно информациите од надлежните институции и служби.Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаим,“ велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од с. Рајчани

Во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет (5) малолетни лица и едно (1) возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите. Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и предадени на нивните родители.

Македонија | пред 1 година

sneg-5

Седумте лица заглавени во Лазарополе од 24 декември, денеска беа извлечени

Седумте лица заглавени во Лазарополе од 24.12.2024 година, денеска во 13:15 часот, беа извлечени и истите се упатени кон своите домови.Со силни напори вработените од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од вчера работеа за отворање на патот со тешка механизација со два багери (снегофрлачи) и камион, а двајца вработени на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се здобиле со повреди, известуваат од ЦУК.Од таму апелираат до сите граѓани да не патуваат во тој дел бидејќи ситуацијата е критична и денеска се уште врне обилен снег.

Македонија | пред 1 година

20230227071314

Пожарникарите гаснеле урбани пожари и помагале на патиштата

„Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 796 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 49,22%, а 50,78 % биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,48%, кон Итната медицинска помош 20,62%, а кон пожарникарите 3,78% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 924 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).ЦУК информира дека во последното деноноќие немаше пожари на отворен простор, туку само пожари во населени места и сите се изгаснати, а пожарникарите решаваа и други ситуации со давање помош. Конкретно Регионалниот ЦУК Охрид, известува од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид во изминатото деноноќие имале една техничка интервенција поради сообраќајна несреќа кај с. Ново Село.Водоснабдувањето во Велес и Куманово на неколку улици било прекинато во двата града вчера. Конкретно, Регионалниот ЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ЈКП „Дервен“ од Велес дека поради дефект на водоводна мрежа во период од 10.15 до 14.30 часот, без вода останале корисниците од ул. „Борис Трајковски“ и „Никола Карев“. Поради замена на вентили во период од 09.46 до 12.45 часот, без вода останале корисниците од населбата „Ќерамидна“ во Велес. Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ЈП „Водовод“ од Куманово, дека поради дефекти на водоводна мрежа во текот на вчерашниот ден, без вода останале корисниците од улиците: „Јован Поповиќ“, „Ратко Митровиќ“ бр. 8 и ул. „11 Ноември“.Електроснабдувањето во Скопје за дел од корисниците од една улица е прекинат, а во Крушевско три села останале без електрична енергија, Конкретно, Регинионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 08.56 часот, е добиена е пријава за прекин на електричната енергија во ул.„Имер Призрени“ бр.15 во населбата „Ченто“. За ова веднаш е известена ЕВМ „Хоум“, од каде што до ЦУК е пратена повратна информација дека се работи за сериозен дефект, односно подземна инсталација е изгорена. РЦУК Битола, известува од ЕВН – КЕЦ Прилеп дека поради технички зафати дистрибутивна мрежа во период од 09:30 до 13:00 часот, без електрина енергија останале корисниците од с.Јакреново, с.Белушино и с.Саждево (Општина Крушево).Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-01-at-15.23.31

Забрана за сите видови возила кон Попова Шапка

АМСМ доставија вонредна информација во која се наведува дека од 14:35 часот, на регионален пат Тетово -Попова Шапка воведена е забрана за сите видови на возила, поради наноси од снег.ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиште известува дека патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража е нормализиран за сообраќај од 14:00 часот.

Македонија | пред 1 година

328620681_1135741373780104_1355470336376853981_n

Вонредна информација за проодноста на патните правци по врнежите од снег

РЦУК – Тетово, известува дека по извршените контакти со одговорните лица од ЕЛС, Полициските станици и од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта добиена е информација дека во поголемиот дел од Северозападниот регион, Тетово и Гостивар, состојбата со локалните и регионалните патни правци е редовна.Во Тетовскиот реон, на повисоките населени места по коловозите има остатоци од снег кои го отежнуваат сообраќајот и за движење по истите потребна е зимска опрема. Патниот правец с.Стенче – с.Гургурница (опш.Брвеница) е прооден, а истиот го расчитувала екипа од ЕЛС од утринските часови. Истата екипа сеуште е на терен поради тоа што во тој реон има појава на силни ветрови кои би можеле да нанесат навеви од снег на коловозот. И патните правци кои водат до високопланинските села од Општина Тетово се проодни. Сообраќајот се одвива во зимски услови.Во општина Маврово-Ростуше, на некои места има наврнато и околу 80 см снег. Паднати биле десетина дрвја кои го попречуваа сообраќајот. Екипа од ЈП за одпжување и заштита на магистралните и регионалните патишта со моторна пила од утринските часови е на терен и постапно ги сече и одстранува паднатите дрвја. Паните правци моментално се чистат по приоритет. Возило од Македонија пат моментално почнува со чистење на патот околу Мавровско езеро од кај страната на Бунец. Поради големите наноси на снег се очекува чистењето на патиштата да потрае подолго време. По извршениот контакт со одговорното лице од ЕЛС Маврово добиена е информација дека во најголем дел локалните патни правци се проодни. Проблеми има во Мавровскиот дел додека во Ростушкиот не се забележани проблеми и таму количината на паднат снег е драстично помала.РЦУК – Скопје, известува дека според добиените информации од контакт лицата во општините во скопскиот регион, во планинските делови во општините Чучер Сандево, Бутел, Сопиште, Студеничани и Зелениково има остатоци од кашест снег кој се топи, патиштата се проодни и нема никаков застој во одвивање на сообраќајот во тие делови.РЦУК – Велес, известува дека во општина Кавадарци на повисоките места има снег и тоа: на Витачот има 25 сантиметри и кај Михајлово 50 самтиметри. Според известувањето од ТППЕ Кавадарци, кај излетничкото место Михајлово има 3 пожарникари со 1 теренско возило и со 2 моторни пили кои одстрануваат гранки од дрвја. На расчистување на патот работат екипи ангажирани од ЕЛС Кавадарци, и од 09:30 часот, патот за Михајлово е прооден по 1 лента, а се работи и на целосно расчистување.Во општините Велес, Свети Николе и Неготино има врнежи од дожд и патните правци се проодни.РЦУК – Битола, известува во општина Битола, се работи на расчистување на патниот правец кон Хотел „Молика“ и Ски центарот Ниже Поле. Останатите патни правци во општините Битола, Прилеп, Демир Хисар и Крушево се проодни.РЦУК – Струмица, известува дека во општина Гевгелија, на патниот правец Гевгелија – с.Фурка има одрон на патот и на расчистување на истиот работат од ЈП за одпжување и заштита на магистралните и регионалните патишта.Останатите патни правци во општините Струмица, Радовиш, Валандово, Гевгелија и Дојран) се проодни.РЦУК – Охрид, известува дека во општините Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози. Дождот кој во моментов е активен во регионот го стопи снегот на патиштата и нема проблеми во сообраќајот.РЦУК – Куманово, известува дека во општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, сите магистрални, регионални и локални патни правци се проодни, а сообраќајот се одвива тековно во зимски услови. Засега немаат информации за непроодни локални патни правци во планинските места.РЦУК – Штип, известува дека во општините Штип, Кочани, Пробиштип, Делчево, Македонска Каменица, Берово и Виница, сите патни правци се проодни, а сообраќајот се одвива тековно во зимски услови и по влажни коловози.АМСМ известува дека на ден 01.12.2024 година, вo 07:50 часот, на магистралниот пат А2 Охрид – Кичево, односно планинскиот превој Пресека и обратно, сообраќајот за Тешки товарни возила e нормализиран.На патниот правец Тетово – Попова Шапка е зaдолжително користење на зимска опрема (ланци).Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово.Од УХМР во 08:30 часот добиени се следните информации:НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за 24 часа, до 07:00 часот (во l/m2):127 Демир Капија; 96 Попова Шапка; 81 Гевгелија; 79 Кавадарци; 69 Прилеп; 61 Битола; 55 Пожаране; 52 Струмица; 48 Скопје-Петровец; 43 Штип; 42 Маврови Анови; 39 Куманово; 35 Претор; 34 Берово; 33 Тетово; 29 Скопје-Зајчев Рид; 27 Дебар; 25 Велес; 18 Охрид, Виница; 15 Крива Паланка.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07:00 часот (во сm):61 Маврови Анови; 44 Крушево, Попова Шапка; 15 Дебар; 14 Претор; 7 Берово; 4 Битола.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА:Облачно со повремени врнежи од дожд и снег, во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2). На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-11-30-at-11.32.32

Се трупа снег во Маврово: заглавено семејство со две мали деца

Од 112 во 10:21 часот, добиена е пријава за заглавени лица од ТППЕ Гостивар во снегот кај село Леуново.Исто така, во 11:43 часот, добиена е пријава и за заглавено возило (фамилија со 2 мали деца) во снегот, пред Хотел Радика, с.Леуново.РЦУК Тетово извести дека од страна на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци добиле информација дека висината на снежната покривка е околу 80 см, и дека веќе работат на расчистување на патот околу Мавровско Езеро, но истото им е отежнато поради паднати дрвја на патот.

Македонија | пред 1 година

planinarenje

Пронајдено исчезнато лице над Галичките терени во Маврово

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во 17.58 часот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за изгубено лице над Галичките терени во Маврово (Општина Маврово - Ростуше).Од страна на РЦУК Тетово веднаш е остварен контакт со пријавителката како и со ПС Маврово од каде добиле информација дека екипи од ПС Маврово, ПС Ростуше и од Национален парк „Маврово“ се упатени на терен, односно на локацијата каде што е евидентиран последниот телефонски повик од изгубеното лице.По кратко време, односно околу 18:45 часот во Регионалниот ЦУК Тетово е добиена информација дека лицето е пронајдено и дека е во добра општа состојба.

Македонија | пред 1 година

lift

Деца се заглавија во лифт во Куманово, пожарникарите ги извлекоа

Тројца кумановски пожарникари, вчера, во периодот од 18.30 до 19.40 часот имале техничка интервенција за извлекување заглавени деца во лифт на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово.Децата биле успешно извлечени, извести Центарот за управување со кризи.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања