Пожарникарите гаснеле урбани пожари и помагале на патиштата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
20230227071314

„Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 796 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 49,22%, а 50,78 % биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,48%, кон Итната медицинска помош 20,62%, а кон пожарникарите 3,78% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 924 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

— реклама —

ЦУК информира дека во последното деноноќие немаше пожари на отворен простор, туку само пожари во населени места и сите се изгаснати, а пожарникарите решаваа и други ситуации со давање помош. Конкретно Регионалниот ЦУК Охрид, известува од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид во изминатото деноноќие имале една техничка интервенција поради сообраќајна несреќа кај с. Ново Село.

— реклама —

Водоснабдувањето во Велес и Куманово на неколку улици било прекинато во двата града вчера. Конкретно, Регионалниот ЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ЈКП „Дервен“ од Велес дека поради дефект на водоводна мрежа во период од 10.15 до 14.30 часот, без вода останале корисниците од ул. „Борис Трајковски“ и „Никола Карев“. Поради замена на вентили во период од 09.46 до 12.45 часот, без вода останале корисниците од населбата „Ќерамидна“ во Велес. Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ЈП „Водовод“ од Куманово, дека поради дефекти на водоводна мрежа во текот на вчерашниот ден, без вода останале корисниците од улиците: „Јован Поповиќ“, „Ратко Митровиќ“ бр. 8 и ул. „11 Ноември“.

— реклама —

Електроснабдувањето во Скопје за дел од корисниците од една улица е прекинат, а во Крушевско три села останале без електрична енергија, Конкретно, Регинионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 08.56 часот, е добиена е пријава за прекин на електричната енергија во ул.„Имер Призрени“ бр.15 во населбата „Ченто“. За ова веднаш е известена ЕВМ „Хоум“, од каде што до ЦУК е пратена повратна информација дека се работи за сериозен дефект, односно подземна инсталација е изгорена. РЦУК Битола, известува од ЕВН – КЕЦ Прилеп дека поради технички зафати дистрибутивна мрежа во период од 09:30 до 13:00 часот, без електрина енергија останале корисниците од с.Јакреново, с.Белушино и с.Саждево (Општина Крушево).

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи“, велат од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sneg-sk-1

Патиштата проодни, службите на терен – стабилна состојбата по снежните врнежи

Македонија | пред 1 седмица

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Состојбата со поплавите се смирува, водата се повлекува од земјоделските површини во Пелагонија, информира ЦУК

Македонија | пред 3 седмици

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Вонредна состојба по врнежите: одрони кај Тетово и Гостивар, поплавави во Охридско и Струшко

Македонија | пред 3 седмици

media-library3hnubop6vppq7VaXwuC

Обилните врнежи предизвикаа поплави и евакуации во повеќе региони низ Македонија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања