ЦУК

Screenshot-2024-10-24-101046

Маж падна во провалија на Шар Планина, полицајците успеаја да го извлечат

Вчера, во 17.31 часот е примена пријава за повредено лице по пад во провалија со мотор. Локација била на тешко пристапен терен на место викано „Мала Врата“ кај „Црно Езеро“ на Шар Планина, во делот кај караулата „Мазрача“ на дел кон границата со Косово.Лицето се движело со мотор, а по падот во провалијата ја скршило ногата.Во 18.15 часот од Полициската станица (ПС) Галате известија дека полицајци од ПС Мазрача успеале да го извлечат и да го спуштат до село Ѓурѓевиште каде што ги чекала екипа на Итна медицинска помош од клиничка болница „Ферит Мурат“ од Гостивар, извести Центарот за управување со кризи.

Македонија | пред 1 година

pozar-zgrada-cair-1

ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир е комплетно изгасен, состојбата допрва ќе се утврдува

Во 06.00 часот, денеска е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на терен биле три противпожарни возила од БППЗ на Град Скопје, а околу 09.30 часот бил доизгаснат, извести ЦУК.Во моментот пожарот е комплетно изгасен, но состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува, додаваат од ЦУК

Македонија | пред 1 година

pozar-zgrada-cair-2

ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир е се уште активен

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало регистрирано 16 пожари на отворено на територијата на државата, при што гореле стрништа, депонии, ѓубришта, одпад, гуми, сува трева, нискостеблеста вегетација и шума - сите се изгаснати, а паралелно пожарникарите гаснеле пожари во населени места, села и градови.Регионалниот ЦУК Скопје ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје во која се наведува дека од 01.50 часот на ден втори октомври со 20 пожарникари и седум противпожарни возила интервенираат поради запален магацин на улицата „Прохор Пчињски“ бр.136 во подрумски дел на зградата.Пожарот е проширен и на станбена зграда, на приземните дуќани, а имаше многу густ црн чад, поради што евакуирани се повеќе од жителите на зградата, велат од ЦУК.Од Итната медицинска помош во 14.25 часот, известиле дека имаат дадено прва медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, еден пожарникар и една бремена жена. Дополнително како помош на БППЗ на Град Скопје пристигнало специјално противпожарно возило на АРСМ.Во 06.00 денеска е добиена информација дека пожарот се уште е активен и во моментов на терен се три противпожарни возила од БППЗ на Град Скопје (Општина Чаир).

Македонија | пред 1 година

sar-planina

Утрово пронајдена 72-годишна планинарка на Шар Планина без знаци на живот

,,Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени.Во потрагата беа вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 07.30 часот е пронајдена жената во месноста „Ружен Камен“, но без знаци на живот.За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен се интервенира и од страна на алпинистот Надир Мурсели, којшто помага при вакви случаи на Шар Планина.Увид на местото ќе изврши екипа од СВР Тетово, а е известен и Јавен обвинител.", информираат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Lake-Dojran

Спасувачка акција на Дојранско Езеро

,,На 112 во ЦУК околу 16.30 часот е барано помош за лице коешто пливало во езерото заради лошото време со ветер, бранови и езерски струи кај месноста „Калдрма“ во Дојранско Езеро.Лицето е пронајдено живо од страна на полициски службеници од ПС Дојран.Конкретно од СВР Струмица известија дека лицето испливало до брегот во близина на грчката граница. Истото од таму е земено од страна на припадниците од МВР и е надвор од животна опасност.Инаку, полицајците од ПС Дојран со чамец на концесионерот на езерото беа излезени на теренот при силен ветер и бранови и вршеа пребарување на Дојранското Езерото на местото каде што било забележано лицето. ДЗС немаше чамец на Дојранско Езеро.”, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-16-at-19.16.33

Девет пожари на отворено на територијата на државата

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало регистрирано 9 пожари на отворено на територијата на државата, при што гореле ѓубришта, депонии, запалени кабли и гуми, стрништа, сува трева и нискостеблеста вегетација и шума.Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје, од 19.35 до 20.00 часот, гаселе запалена депонија на површина од 200 m2 во село Батинци. Интервенцијата ја извршиле со 1 ПП возило и 3 пожарникари (Општина Студеничани), од 20.45 до 21.10 часот, гасnеле запалена сува трева покрај ул. „Скупи“ б.б во Бардовци. Интервенцијата ја извршиле со 1 ПП возило и 2 пожарникари (Општина Карпош).РЦУК Битола, информира дека пожарникарите од ТППЕ Битола во која се наведува дека во период од 11.00 до 11.47 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено стрниште и ниска авегетација 2 км од бензиската пумпа ,,Пелагонија петрол“ (кон Прилеп).РЦУК Стумица, ја пренесува информацијата од ТППЕ Валандово во која се наведува дека во период од 14.15 до 15.20 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалени лисја и јавор кај с.Собри на површина од 0,2 хектара. Од ТППЕ Струмица, во период од 18.03 до 19.20 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена депонија кај с.Банско.РЦУК Велес, информира дека пожарникарите од ТППЕ Кавадарци од 12.05 до 13.00 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена дива депонија во близина на с.Раец.РЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кочани дека во период од 17.57 до 18.25 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалени кабли и гуми во близина на фабрика за вода во ромско маало во Кочани.РЦУК Охрид, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струга од 17.40 до 18.25 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубре во с.Теферич.РЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово дека од 19.10 до 19.50 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено стрниште и нискостеблеста вегетација кај асфалтната база во реон на с.Романовце.

Македонија | пред 1 година

pozar2

Седум пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало регистрирано седум (7) пожари на отворено на територијата на државата, при што гореле ѓубришта, депонии, стрништа, сува трева и ниска деградирана шума.Конкретно, Регионалниот РЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје, од 19.05 до 19.45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило, гаснеле запалено ѓубре на помала површина во с.Волково (Општина Ѓорче Петров).РЦУК Битола, известува дека ТППЕ Крушево, имала една помала интервенција поради запалено дрво во с.Бучин.РЦУК Велес, известува дека ТППЕ Велес, со 3 пожарникари и 1 ПП возило, од 15.37 до 18.10 часот, гаснеле опожарени 3 хектри ниска деградирана шума и 2 хектари сува трева во атарот на с.Иванковци.РЦУК Штип, известува дека ТППЕ Кочани, во текот на изминатото деноноќие од 17.57 до 18.30 часот, со 2 пожарникара со 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во атарот на с.Бели и од 19.45 до 20.50 часот, интервенирале на запалената Градска депонија во Кочани.ТППЕ Берово, од 17.45 до 18.05 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во атарот на с.Мачево.РЦУК Куманово, известува дека ТППЕ Куманово, со 3 пожарникари и 1 ПП возило, од 17.40 до 19.50 часот, гаснеле запалено стрниште и сува трева на патниот правец од кумановската населба „Карпош“ кон с.Никуљане.РЦУК Тетово, известува дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалено ѓубре покрај реката Пена во Тетово.

Македонија | пред 1 година

stojance-cuk

Повеќе помали пожари на отворено и покрај дождот; „Вриел“ телефонот на ЦУК, примиле над 1600 повици

Имало вкупно 1 620 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 56%, а 44% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.Кон Полиција биле упатени 64%, кон Итната медицинска помош 27%, a кон пожарникарите 6%, а кон АМСМ 0,42% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 711 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие повече помали пријавени пожари на отворено, покрај пожари во урбани средини и населени места, на територијата на државата.Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје во текот на изминатото деноноќие ги имала следните интервенции: од 06:05 до 17:30 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена мешана шума во атарот на с.Танушевци (Општина Чучер Сандево); Во период од 14.10 до 15.50 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од околу 1 000 m2 во атарот на с.Долно Коњари (Општина Петровец); од 16.55 до 17.35 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена депонија покрај ул.Црногорска бр.1 (Опш.Ѓорче Петров) и имала уште една помала интервенција.РЦУК Струмица, известува од ТППЕ Струмица дека во период од 11.00 до 12.50 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и лозје насади на површина од 17 хектари во с.Пирава (Општина Валандово); Во период од 12.05 до 14.15 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена просторија на сточен пазар кај с.Ново Село (Општина Ново Село).РЦУК Куманово, известува од ТППЕ Куманово од 14.55 до 15.20 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на автопатот Скопје – Куманово; од 16.35 до 17.35 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалено ѓубре и дрва во ЈП „Чистота и Зеленило“ – Куманово; Во период од 20.20 до 21.00 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Пчиња; Во период од 18.50 до 21.55 часот, со 1 ПП возило и 4 пожарникари интервенирале на запалено стрниште во м.в. „Никулски Пат“.ТППЕ Старо Нагоричане, известува дека во период од 15.52 до 16.20 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалено стрниште во с.Младо Нагоричане (месност Трендаловце).ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив, а секако и во речните корита.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Четири пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше четири (4) пријавени пожари на отворено, покрај пожари во урбани средини и населени места, на територијата на државата.Конкретно, Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола од 18.35 до 21.20 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Мусинци (Општина Могила).Од ТППЕ Прилеп, во период од 18.58 до 19.40 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено ниска вегетација кај ресторан „Романса“ (Општина Прилеп).Регионалниот ЦУК Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струмица од 13:35 до 14:40 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Градско Балдовци, каде што била зафатена површина од околу 1 хектар (Општина Струмица).Речиси истовремено, струмичките пожарникари во период од 13:20 до 18:40 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале и на запалена депонија во близина на с.Босилово (Општина Босилово).

Македонија | пред 1 година

pozar2

ЦУК: Три пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше пријавено три (3) интервенции врз пожари на отворено, покрај интервенциите врз пожари во урбани средини и населени места, на територијата на државата.Конкретно, Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот кој започнал во 14:53 часот во саботата (14.09.2024 година) помеѓу с.Белотино и с.Рич е локализиран. Како што не известија од ТППЕ Струмица нема константно горење, туку се појавува горење на сува лисната маса, борови иглички и падната лисната маса што е со дебелина од 20 до 30 см. Направен е безбедносен противпожарен ПП појас околу пожарот за да не се шири. Во интервенцијата учествуваа ТППЕ Струмица со 3 пожарникари и 1 возило и 3 вработени во ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ од Струмица.Денеска, од утрово, повторно е извршена контрола на пожарот за ако има одредени точки што се уште чадат – да се догаснува. Регионалниот ЦУК Штип, известува дека пожарникарите од ТППЕ Кочани, вчера, во период од 08:54 до 09:30 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена депонија и кабли на депонијата на месноста „Полачки Пат“, во Општина Кочани. РЦУК Тетово, ја информира дека пожарникарите од ТППЕ Тетово од 15:55 до 16:25 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубриште помеѓу селата Желино и Сирично.", информираат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

pozar

Вонконтрола се пет пожари, под контрола се шест - службите и вчера со полни раце работа

ЦУК: Во текот на денешниот ден 09.09.2024 година, до 13:30 часот, има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола се 6 и изгаснат е 1.АКТИВНИ: 51. Општина Прилеп 1: с.Волково (сува трева и ниска шума);2. Општина Прилеп 2: с.Дуње (сува трева и ниска шума);3. Општина Чашка: с.Степанци ( мешана шума)4. Општина Зелениково: с.Горни Дејковец над гробиштата (мешана шума)5. Општина Липково: с.Матејче (сува трева и ниска шума)ПОД КОНТРОЛА: 61. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);2. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);3. Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);4. Општина Прилеп 4: с.Вепрчани (сува трева и шума);5. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума).6. Општина Берово: место викано Паруца (ниска деградирана шума и сува трева)ИЗГАСНАТИ: 11. Општина Прилеп: Во близина на Дата центар (сува трева)

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-16-at-19.16.33

ЦУК: Пет активни пожари, шест се под контрола

,,Во текот на денешниот ден 09.09.2024 година, до 13:30 часот, има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола се 6 и изгаснат е 1.АКТИВНИ: 5Општина Прилеп 1: с.Волково (сува трева и ниска шума);Општина Прилеп 2: с.Дуње (сува трева и ниска шума);Општина Чашка: с.Степанци ( мешана шума)Општина Зелениково: с.Горни Дејковец над гробиштата (мешана шума)Општина Липково: с.Матејче (сува трева и ниска шума)ПОД КОНТРОЛА: 6Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);Општина Прилеп 4: с.Вепрчани (сува трева и шума);Општина Долнени: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума).Општина Берово: место викано Паруца (ниска деградирана шума и сува трева)ИЗГАСНАТИ: 1Општина Прилеп: Во близина на Дата центар (сува трева).”, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-6a6b2117dc807c8469251780ea3a67334ba376e04851f944963933f238f16f03_28e8401a1ec

Горело скоро низ цела Македонија: на седум локации се гасне, три не се под контрола

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден, сабота, 07.09.2024 година, имаше вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, под контрола се 4 и изгаснати се 31.АКТИВНИ: 31. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостеблeста шума);2. Општина Кичево: с.Арангел (деградирана шума);3. Општина Демир Хисар: с.Сопотница.ПОД КОНТРОЛА: 41. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);2. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);3. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума);4. Општина Прилеп: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);ИЗГАСНАТИ: 311. Општина Чашка 1: Планина Мукос – с.Ораов Дол се шири кон с.Габровник (активен), с.Оморани (повторно активен), с.Степанци (под контрола) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);2. Општина Чашка 2: с.Голозинци – с.Мелница (ниска вегетација);3. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);4. Општина Гази Баба 1: с.Јурумлери (депонија);5. Општина Гази Баба 2: с.Брњарци (сува трева);6. Општина Гази Баба 3: с.Идризово (сува трева и дрва);7. Општина Бутел: бул.Словенија (грмушки и сува трева);8. Општина Сарај 1: автопат Скопје – Тетово (сува трева);9. Општина Сарај 2: с.Горна Арнакија (сува трева и грмушки);10. Општина Сарај 3: с.Шишево (сува трева и трски);11. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);12. Општина Делчево 1: с.Разловци (сува трева);13. Општина Делчево 2: Градска депонија (ѓубре);14. Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);15. Општина Куманово: с.Табановце (сува трева);16. Општина Старо Нагоричане: с.Дренок (сува трева);17. Општина Липково: с.Лојане (сува трева);18. Општина Виница: на влез во градот (сува трева);19. Општина Брвеница: с.Милетино (шума и сува трева).20. Општина Теарце: с.Нераште (сува трева);21. Општина Гостивар: с.Форино (сува трева);22. Општина Валандово: с.Градец – с.Удово (нискостеблеста дабова шума);23. Општина Македонски Брод: с.Грешница, м.в.Стојанова населба (деградирана шума, сува трева и грмушки);24. Општина Битола 1: с.Трново (сува трева);25. Општина Битола 2: ул.Индустриска (ѓубре);26. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, с.Мало Илино (сува трева);27. Општина Охрид: с.Горенци, во близина на аеродромот (мешана шума и депонија);28. Општина Струга 1: с.Ложани (сува трева);29. Општина Струга 2: с.Ново Село (стрниште и сува трева);30. Општина Дебар 1: с.Бомово (мешана шума);31. Општина Дебар 2: с.Мал Папрадник (дива депонија)

Македонија | пред 1 година

0-02-05-22c9dcfbbc9f978e4bbf99ce9e27b9f7c34d3e7a894dd16d97bef8ed62d08b80_28e8400254e

Дождот помогна за гаснење на огнот кој шест дена беснее во Мариовско

Дождот кој пред малку заврна во прилепско помогна во гаснењето на пожарот во Мариовско и околината, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.Тој дополнително ќе извести дали е изгаснат целосно.Преку 30 километри достигна огнената линија од пожарот во Мариовско, кој е активен веќе шести ден, без знаци на смирување. На терен се над 200 професионалци кои превенираат ширење на огнот кон населените места.Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информира дека пожарот во Мариовско во моментов е најтешкиот пожар во државата и предизвикува голема вознемиреност кај граѓаните.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Девет пожари не се под контрола: Македонија и натаму се справува со огнените стихии

Во текот на изминатиот ден, петок, 06.09.2024 година, имаше вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, под контрола се 3 и изгаснати се 9.АКТИВНИ: 71. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);2. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Ораов Дол (активен), с.Оморани (локализиран), с.Степанци (под контрола) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);3. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостебелста шума);4. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);5. Општина Долнени 1: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума);6. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);7. Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума).ПОД КОНТРОЛА: 31. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);2. Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);3. Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре).ИЗГАСНАТИ: 91. Општина Гостивар: нас.Млаки, близу муслиманските гробишта (сува трева);2. Општина Струмица: м.в.Суфилар (сува трева и гаража);3. Општина Василево: с.Чанаклија – с.Нова маала (сува трева);4. Општина Куманово: нас.Карпош (грмушки и сува трева);5. Општина Ѓорче Петров: с.Никиштани (ѓубре);6. Општина Студеничани 1: с.Вртекица (мешана шума и сува трева);7. Општина Студеничани 2: с.Долно Количани (мешана шума и сува трева);8. Општина Кичево: с.Црвивци (ѓубре);9. Општина Македонски Брод: с.Русјаци (сува трева).

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања