ЦУК

pozar-3

35 пожари во изминатото деноноќие – четири сè уште активни низ земјава

Во изминатото деноноќие низ Македонија биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор, покажува најновиот билтен на Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавен утрово до 09:30 часот. Од нив, четири пожари сè уште се активни, четири се ставени под контрола, додека 27 се изгаснати.На терен и натаму се води борба со огнот на неколку локации низ земјата:Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума.Македонски Брод, село Грешница – пожарот зафатил мешана шума и ниска вегетација.Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани – се шири во поширока површина од мешана шума и нискостеблеста вегетација.Липково, село Виштица – гори деградирана шума.Благодарение на навремена интервенција, следниве пожари се ставени под контрола:Велес – пожарот што се проширил меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде горела мешана нискостеблеста и деградирана шума.Дојран, село Николич – пожар во нискостеблеста шума.Демир Хисар – пожар на градската депонија.Македонски Брод – села Црешнево, Локвица и Крапа – опожарени површини со дабова шума, грмушки и ниска вегетација.Во текот на последните 24 часа биле изгаснати пожари во 27 различни региони, главно на ниска вегетација, стрништа и депонии. Издвоени се следниве:Ранковце: м.в. Иваница, м.в. Десетак, с. Ранковце – м.в. Коп (деградирана шума и ниска вегетација).Куманово: села Четирце, Пчиња и Романовце (стрништа и ниска вегетација).Липково: Виштица (втора локација) и Ваксинце (ниска вегетација).Старо Нагоричане, село Стрновац.Кратово, село Трновац.Јагуновце, село Јагуновце.Теарце, село Доброште (нива со ниска вегетација).Тетово: покрај патот Тетово–Гостивар.Свети Николе, м.в. Кантонче (ниска вегетација и борова шума).Битола, населба Довлеџик.Карбинци, село Долни Балван (житни полиња).Штип, градска депонија.Делчево, село Стар Истевник (борова шума).Скопје: Аеродром (ул. Гаврил Константиновиќ), Гази Баба (стрелиште Камник), Сарај (крај Вардар), Шуто Оризари (нас. Визбегово), Ѓорче Петров (влез во населбата и ул. Васил Чакаларов), Илинден (индустриска зона).Росоман, село Трстеник.Прилеп / Кавадарци: села Никодин, Ракле и Фариш.Центарот за управување со кризи повторно апелира до сите граѓани за висока претпазливост и одговорно однесување, особено во текот на летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен. Непридржувањето кон забраната за палење огнови, отпад и стрништа може да предизвика катастрофални последици по животната средина и безбедноста на луѓето.„Секој непромислен потег може да го вжешти теренот. Да останеме внимателни и совесни – за нашата безбедност и за природата“, порачуваат од ЦУК.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-12-at-10.32.13

ЦУК: Пет активни пожари, деветнаесет изгаснати, состојбата со пожарите до утрово

Според извештајот на ЦУК за пожарите на отворен простор за периодот 13/14 јули до 07:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 24 пожари, од кои пет се сè уште активни, додека деветнаесет се изгаснати.Активни пожари се бележат во пет општини:Во општина Дојран, кај селото Николич, гори нискостеблеста шума.Во општина Чучер Сандево, во селото Горњани, исто така е зафатена нискостеблеста шума.Во општина Велес, пожар има во близина на селата Џидимирци и Крушје, каде што гори мешана шума.Во општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина, зафатени се дабова шума, грмушки и ниска вегетација.Во општина Прилеп, во населбата Три Багреми, гори ниска вегетација.Изгаснати се 19 пожари на различни локации низ државата, меѓу кои:Два пожари во општина Гази Баба – кај гробиштата Камник и на улицата Душан Тавковиќ.Четири пожари во Прилеп и околината – кај патот хотел „Салида“ – Битола и меѓу селата Лажани и Ропотово.Пожари се изгаснати и во Ресен (с. Перово), Охрид (с. Оровник и н. Далјан), Виница (с. Ласки), Куманово (ФЗЦ, Пармакови ниви, с. Умин Дол), Старо Нагоричане (с. Пелинце – Мишинци и с. Милутинци), Крива Паланка (с. Градец – Ѓошинска маала), Ранковце (с. Милутинци), Тетово (Поправен дом), Гостивар (близина на стадионот и с. Чегране), како и во Шуто Оризари (ул. Индира Ганди).Надлежните служби продолжуваат со интервенции на терен.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-kukji

(Видео) Горат три куќи во Злокуќани: избувна голем пожар кој брзо се шири, присутна и Брза помош

Голем пожар избувна во Злокуќани, каде горат и куќи. Според првичните информации, станува збор за тесни улици, каде многу тешко е да стигнат противпожарни возила. Пожарот брзо се ширел.На терен се повикани и присутни екипи на Брзата помош. Засега нема информации за повредени лица. Чадот се гледа од повеќе делови на Карпош.„Во 20:02 часот преку Е-112 добиена е пријаа за пожар на куќа на ул.Скупи (опш.Карпош). Од страна на МВР, преку ДОЦ на ЦУК побарано е да се исклучи електричната енергија во нисконапонската мрежа за да може екипите на БППЗ да интервенираат. Имаме неофицијални сознанија дека од пожарот се зафатени и дополнителни три куќи.БППЗ е на лице место и работат на гаснење на пожарот“, велат од ЦУК.

Скопје | пред 6 месеци

pozar-3

38 пожари низ државата – три сѐ уште активни

Во текот на изминатото деноноќие (11/12 јули), надлежните служби регистрирале вкупно 38 пожари на отворен простор низ целата држава. Од нив, три се сѐ уште активни, пет се ставени под контрола, а 30 се целосно изгаснати.Најтешка е состојбата во општините Дојран, Велес и Македонски Брод, каде пожарите зафаќаат нискостеблеста и мешана шума, како и деградирани дабови појаси и грмушки.Пожарите под контрола се регистрирани во Македонски Брод, Чучер Сандево и Долнени, а се работи претежно за шумски појаси и запалени депонии.Меѓу изгаснатите пожари има повеќе локации со ниска вегетација, отпад, депонии и дури едно домаќинство, а интервенции се вршеле и кај населени места, патишта и објекти во Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Ресен, Радовиш, Крива Паланка, Струмица, Теарце и други општини.Надлежните апелираат до граѓаните на висока внимателност, избегнување палење на стрништа, отпад и друг запалив материјал во природа, особено при екстремно високи температури. Сите сомнителни активности треба веднаш да се пријават во МВР или во Територијалните противпожарни единици.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-Angelov1

Пожарите не стивнуваат: 38 пожари на отворено, седум сè уште беснеат

На територијата на цела Македонија, денеска до 07:30 часот, се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои седум се сè уште активни, четири се под контрола, а 27 се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари во моментов беснеат на неколку критични локации, меѓу кои и помеѓу селата Блаце и Горњани во Чучер Сандево, како и во шумските подрачја во Прилеп, Дојран, Тетово и Македонски Брод, каде се гори деградирана дабова шума и нискостеблеста вегетација.Особено е сериозна состојбата под Солунска Глава, на карпест терен, каде што има задржани огнени џебови и чадење. Пожарите кои се ставени под контрола се регистрирани во општините Македонски Брод и Делчево, вклучително и на градската депонија Острец. Повеќето од нив зафатиле ниска вегетација и мешани шуми, а се прошириле и поради влијанието на човечки фактори, како во случајот со пожарот што се проширил од фабриката Самоков.Во текот на изминатите 24 часа, успешно се изгаснати 27 пожари низ повеќе општини во земјава. Меѓу нив се регистрирани запалени депонии, сува трева, ниска вегетација, како и шумски подрачја – од скопскиот регион, преку источниот и југоисточниот дел на државата, до Пелагонија и Полошкиот регион. Пожар имало и кај Спомен-домот АСНОМ во Кочани, како и долж патот Тетово – Селце.Надлежните апелираат на крајна претпазливост и избегнување на активности што може да предизвикаат пожар, особено во услови на високи температури и суво време. Сите институции се мобилизирани, а на терен се ангажирани пожарникарски единици, припадници на шумска полиција, ЦУК и локалното население.

Македонија | пред 6 месеци

514412929_1040963561556941_8626817765418194968_n

(Виде) Пожар во Бардовци: Евакуирани пациенти и персонал од психијатриската болница

Попладнево изби пожар во скопската населба Геге, кој брзо се прошири кон Бардовци и зафати дел од дворот на Психијатриската болница. Огнот захвати површини со сува трева и дрвја, заканувајќи се да навлезе во самиот комплекс на болницата.Навремено реагирање спречи поголема трагедија – сите пациенти и персоналот беа безбедно евакуирани.Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш побара дополнителни сили од Противпожарната бригада и стапи во контакт со Хеликоптерската единица на МВР. Првично се разгледувала можноста за пренасочување на воздушна поддршка која веќе делувала во реонот на Чучер Сандево – Блаце, но на крајот тоа не било потребно.„Пожарот е ставен под контрола, а хеликоптерот на МВР останува на задачата во Блаце“, соопштија од ЦУК.На терен биле и директорот на болницата Иса Абдулаи и директорот на ЦУК, кои ја координирале акцијата на лице место.

Скопје | пред 6 месеци

pozarna-

Возила кои стоеле запуштени осум години сега спасуваат животи – државата заштедила десетици милиони евра, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Пепелиште порача дека државата е поподготвена од кога било досега за справување со пожари, благодарение на акцијата за обнова и пренамена на полициски и армиски возила, кои стоеле запуштени повеќе од осум години.„Ја видовте демонстрацијата – возила што не биле запалени со години, денес се во функција на заштита на животот и природата. Сезоната на пожари е веќе почната, но оваа година сме далеку подобро опремени“, истакна Мицкоски.Тој се заблагодари на сите институции и општествено одговорни компании кои помогнале во процесот – од вицепремиерот Љупчо Димовски, министрите Мисајловски и Тошковски, до градоначалниците на Кавадарци и Неготино, како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.Според Мицкоски, со оваа активност државата заштедила неколку десетици милиони евра, а капацитетите за интервенција се драстично зголемени. Во функција се ставаат и два полициски и два армиски хеликоптери, а до крајот на јули се очекуваат уште два противпожарни авиони.„Во однос на минатото – нема споредба. Ова е највисоко ниво на подготвеност до сега“, додаде премиерот, најавувајќи и засилени контроли и забрана за движење во шумски подрачја без дозвола, како дел од новите мерки за спречување пожари.

Македонија | пред 6 месеци

stojance-granki-aa

Стојанче Ангелов: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“ – Владата промовира нова генерација противпожарни возила

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ на институциите при гаснење пожари.Ангелов денеска, на воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Љупчо Димовски, министрите Панче Тошковски и Владо Мисајловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други функционери, ја промовираше новата опрема на Дирекцијата.Според Ангелов, институцијата сега располага со:18 теренски возила „Пинцгауер“ со резервоари од 1.500 литри (се очекуваат уште 5),15 оклопни возила БТР-80 со водни резервоари од 6 тона,5 оклопни возила „Хермелин“ со приклучени цистерни од 2 до 8 тона.Сите 43 возила се опремени со пумпи со млаз до 100 метри, што, како што беше демонстрирано на терен, значително ја зголемува ефикасноста при интервенции во шумски и теренски пожари.„Владата располага со ресурси како никогаш досега, распределени преку различни институции. Ова е сериозен чекор кон посилна, поопремена и поефикасна државна одбрана од пожари“, порача Ангелов.

Македонија | пред 6 месеци

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Четири активни пожари – ЦУК апелира за внимателност поради високите температури

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот денеска, 5 јули, на територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири сè уште се активни, а четири се успешно изгаснати.Моментално активни се следните пожари:Во селото Бешиште, општина Прилеп, каде гори приземен пожар во квалитетна мешана шума.Во с. Црешнево, м.в. Церо Поле, општина Македонски Брод, каде гори деградирана дабова шума и грмушки.Во општина Чашка, под Солунска Глава, помеѓу местата Изворите на Бабуна и Бабина Дупка – каде моментално нема активен пламен, но се забележува чад на карпест терен.Во општина Велес, каде гори ниска вегетација.Во исто време, изгаснати се следните пожари:Во с. Врањовци, општина Врапчиште, каде гореше ниска вегетација и ѓубриште.Во с. Лојане, општина Липково, каде беа зафатени ниска вегетација и стрниште.Во с. Радање, општина Карбинци, каде пожарот опфатил житни насади и ниска вегетација.Во с. Орланци, општина Арачиново, каде гореше ниска вегетација и отпаден материјал.Од ЦУК апелираат до граѓаните за максимална претпазливост и одговорно однесување во природа, особено во услови на високи температури, кои го зголемуваат ризикот од појава и ширење на пожари. Надлежните служби остануваат на терен и ги следат сите потенцијално критични точки низ државата.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-17.36.14

(Видео) Големи пожари кај Марвинци и Фурка – се бара и хеликоптерска поддршка

Два одделни пожари избувнаа денеска попладне во југоисточниот регион на државата – кај селата Марвинци (општина Валандово) и Фурка (општина Дојран), при што гори сува трева и ниска вегетација.Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), кај селото Марвинци интервенира Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. Пожарот засега се држи под контрола, но гаснењето е отежнато поради топлото време и ветерот.Пожарот кај селото Фурка е поинтензивен и проширен, па на терен се ангажирани:ТППЕ Гевгелија со едно возило и тројца пожарникариДоброволното противпожарно друштво (ДППД) Дојран со едно возило и тројца пожарникариПоради сложеноста на теренот и ризикот од проширување на огнот, ЦУК процесуираше итно барање до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за вклучување на хеликоптер за гаснење од воздух. Од МВР е потврдено дека ќе биде испратен хеликоптер за поддршка.Надлежните апелираат до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено и веднаш да пријавуваат појава на пожар, поради зголемената опасност од ширење во ек на летната сезона.

Македонија | пред 7 месеци

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Повеќе пожари на отворено – активен фронт кај Бешиште, изгаснато во Визбегово

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13:00 часот денеска евидентирани се неколку пожари на отворено низ земјава.Пожарот на дивата депонија во Визбегово е целосно изгаснат, а противпожарната единица на Град Скопје интервенирала и кај запалена сува трева на улицата Малешевска во населбата Драчево, како и по пријави во близина на авто-плац ЕНЗО и во Долно Лисиче, кај местото Чаталот.Најсериозен е пожарот кај село Бешиште (општина Новаци), во близина на границата со Грција. Пожарот кој избувна вчера попладне зафаќа уредена шума со бор, даб и бука, и е поделен на два краци. Гаснењето е отежнато поради непристапен терен и детонации од заостанати гранати. На терен се четворица вработени од ЈП „Црн Бор“ со едно возило.Во атарот на село Ерџелија, општина Свети Николе, пожарот е локализиран, а гореле сува трева и стрниште. Екипите на ТППЕ Свети Николе интервенирале со три пожарникари и едно возило.Исто така, пожар бил пријавен и на автопатот Гостивар–Тетово, кај Неготинска Петља, каде што интервенирале пожарникари од ТППЕ Гостивар.Надлежните апелираат на внимателност и одговорност при движење и активности на отворено.

Македонија | пред 7 месеци

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Невреме на пат кон Македонија – грмежи, дожд и град

Според информациите добиени од УХМР, денес до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град.Во Скопе, денес во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престоува на отворен простор и под осамени дрвја.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_6696

(Фото) Црн чад се крена над Скопје, се гледа од Карпош до Аеродром

Од Карпош па до Аеродром се гледа црниот чад од пожар кој избил кај гробиштата во Трубарево. Од Центарот за управување со кризи велат дека добиле десетина пријави. Веќе противпожарни екипи се на терен и се работи на негово гаснење.Според првичните информации, пожарот не е ризичен и се очекува брзо да биде изгаснат.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2024-04-06-at-09.26.20

Трагедијата ги смени фотелјите: Стојанче Ангелов ја презема ДЗС по пожарот во Кочани со 62 жртви

Стојанче Ангелов, досегашен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), е именуван за нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Одлуката ја донесе Владата, откако досегашниот директор Џеват Селами од коалицијата „Вреди“ беше суспендиран поради мерката домашен притвор. Тој е осомничен во истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март и однесе 62 човечки животи.Назначувањето на Ангелов доаѓа во чувствителен момент, кога институциите за справување со кризи и заштита се под зголемено јавно внимание и притисок да покажат капацитет, одговорност и транспарентност.Ангелов е долгогодишен функционер во безбедносниот систем и поранешен командант на специјалните единици. Во јавноста е препознаен како лице со искуство во управување со ризици и кризни ситуации, што беше особено нагласено во неговото досегашно раководење со ЦУК.Останува да се види како овие кадровски промени ќе се одразат на ефикасноста и довербата во системот за заштита и спасување, особено по една од најголемите трагедии во поновата историја на земјава.

Македонија | пред 8 месеци

grom

Во удар на гром, загина маж во Прилеп

Вчера попладнето, загина лице по удар од гром во Прилеп. За ова извести Центарот за управување со кризи, кои го добиле повикот за помош. Сѐ се случувало во селото Мажучиште.„Од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка. Според последната информација добиена од РЦУК Битола истите известиле до ЦУК дека лицето од село Мажучиште, Општина Прилеп било погодено од гром по што е пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп и била констатирана неговата смрт“, велат кусо од ЦУК.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања