ДПМНЕ

Screenshot-2024-03-03-at-21.58.19

Денес над 27 илјади граѓани со потпис за Гордана Силјановска Давкова

„Денес над 27 илјади граѓани, својот потпис го ставија позади кандидатот за Претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и додава:„Условот од 10 илјади потписи е надминат. Ви благодарам за поддршката. Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина!“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-02-at-13.46.25

Силјановска Давкова: Благодарам за поддршката, ова покажа дека народот сака промени и длабоки реформи

„Голема благодарност за поддршката! Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени“, вели Силјановска-Давкова.„Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата.Верувам дека речта е прва и дека веројатно и тие веруваат дека она што го зборувам ќе го направам!“.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-56-0090PM

Маричиќ со службено возило платено од граѓаните си брка партиски работи, ДКСК да реагира, велат од ВМРО-ДПМНЕ

“Медиумите објавија дека Бојан Маричиќ со службено возило пристигна да даде потпис за Пендаровски. Неговиот шофер му ја отвора вратата, во неработен ден тој користи државни ресурси платени од граѓаните”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Оттука добро е да одговори Државната комисија за спречување и борба против корупцијата што мисли за овој случај?Според кои европски практики Маричиќ злоупотребува државни ресурси платени од граѓаните?

Македонија | пред 1 година

mickoski-gordana-siljanovska-Konvencija-6-02032024

Очекувањата се дека потписите за Силјановска-Давкова ќе бидат собрани за еден ден

„Денеска се собирааат потписи за кандидатурата на професорката Силјановска Давкова, очекувањата се дека истите ќе бидат собрани за еден ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:„Денес се собираат граѓански потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова за претседател на Република Македонија.Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи.Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна.Очекувањата се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден.Сите мерења на јавното мислење покажуваат повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДС. Доаѓаат промени“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-02-at-13.46.25

Гордана Силјановска Давкова ќе биде претседател кој ќе ги промовира македонските национални интереси, најавува ВМРО-ДПМНЕ

„Претседателот на државата има должност и обврска да служи на граѓаните на државата, да ги штити нивните интереси и да има лидерство кое ќе значи непотклекнување на туѓи лични агенди, таков претседател ќе биде професорката Гордана Силјаноска Давкова“, велат од ВМР0-ДПМНЕ и додаваат:Македонија заслужува претседател на народот, а не протеже на клики и елити кои за сметка на колективниот интерес, водат лични агенди.Македонија има потреба од Претседател кој ќе знае дека му припаѓа на народот и одговара единствено пред него, го штити Уставот.Претседателот треба да промовира законитост и бескрупулозна борба против криминалот и девијациите во општеството.Македонија има потреба од претседател како Гордана Силјановска Давкова, која ќе гради мостови и сојузи, дипломатијата ќе ја гради на стратегија и ќе се грижи за промоција на македонските национални интереси.Македонија има потреба од лидерство, од визија, од стабилност, од решителност. Македонија има потреба од промени.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-gordanaKonvencija-702032024

Мицкоски со 10 постулати за тоа каков претседател и треба на Македонија, потребно е лидерство за промени и враќање на надежта

На денешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Македонија, претседателот Христијан Мицкоски промовираше десет постулати за тоа каков претседател и треба на државата, додавајќи дека е потребно лидерство за промени и за враќање на надежта на македонските граѓани.Десетте постулати промовирани во говорот на претседателот Мицкоски се следните;1.Претседателот има должност и обврска да служи на граѓаните на државата, да ги штити нивните интереси и да има лидерство кое ќе значи непотклекнување на туѓи лични агенди. Да биде претседател на народот, а не застапник на интересите на клики и елити кои за сметка на колективниот интерес, водат лични агенди. Претседателот на државата му припаѓа на народот и одговара единствено пред него, го штити Уставот како акт кој произлегува од волјата на суверенот- граѓаните на Република Македонија. Претседател за народот, а не слуга на кликите.2. Повикувајќи се на славните традиции на илинденците и народно ослободителната борба, темелејќи се на јадрото воспоставено од претседателот на славната Крушевска Република, Никола Карев, од првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, па се до лидерите и водачите кои се втемелија во историскиот раст на Македонија, претседателот е должен безусловно и со голема посветеност и капацитет да го продолжи истото дело. Да градиме држава која ќе ги почитува своите темели и ги надоградува со верба и посветеност кон идеалите кои беа обврска и за сите наши претходни претседатели. Во историските крстосници и бури на овој народ, посветеноста кон државата, долгот и почитта кон сопствениот народ треба да бидат најсилната врска на која треба претседателот да се потпира во секоја своја одлука. Претседател верен на традициите, на битките за слобода, на делата на великаните врз кои почива македонската држава.3. Претседателот треба да промовира законитост и бескрупулозно да се бори против неправдите и беззаконието. Потребна е решителна борба против криминалот и корупцијата која го разјадува нашето општество, која народот го реди во подредена позиција. Поддршка на обесправените, внесувањето на надежта дека промените се можни, само преку доследност и принципиелност, почитувањето на законите и Уставот се, како што кажав, обврска на Претседателот. Треба да се стави крај на неправдите, да се отворат портите за правдата, да се утеши изморениот народ од неправди и на гладните за достоинство и правда да им се каже јасно и гласно-правдата доаѓа! Заедно со правдата следи и одговорност за сите кои печалат преку криминал и корупција. Одговорност која нема да заврши преку инцидентни случаи кои се разводенуваат долж години за да на крајот биде неважно и целосно разводенето дали правдата воопшто ќе пристигне. Претседател за правда и одговорност подеднакво за сите, без поделби на вера, нација и припадност.4. Претседателот мора да има свој став. Тој не треба да зависи од партиски шефови, од партиски структури. Тој треба да и служи на Македонија и нејзиниот народ. Претседателот мора да има став па макар тој бил различен од Собранието, Владата или други носители на јавни и државни функции. Претседател кој ќе има карактер да се спротивстави доколку другиот греши. Да каже пред народот дека е отпорен на притисоци, дека не е нечиј слуга, туку политичар изграден од верувања, идеали и борба за принципи и вредности. Да биде свој, да служи непристрасно и објективно на Уставот и граѓаните. Да реагира согласно своите уверувања и државните интереси, а не за да задоволи суети, политичари и институции. Претседател со став, изградена личност, претседател кој им се спротивставува на другите кога грешат. Да престане практиката тој да е фигура во куклен театар, туку водач со став и интегритет.5. "Македонците се борат за своите правдини..." се најгласните зборови од нашата химна. Претседателот на државата мора да се грижи и пожртвувано, посветено да се работи за заштита на македонскиот идентитет и посебноста на македонскиот народ и македонците насекаде низ светот. Потребно е да се стави крај на политичките преговори и договори со кој се начнуваат есенцијалните прашања врз кој се потпира нашето егзистирање како народ и држава. Предолго и преагресивно во краток период се разградува македонското јадро по повеќе основи. Потребно е претседателот да биде браната пред налетот на разни пропаганди и настојувања за идентитетско осакатување на македонскиот народ. Претседател кој бескомпромисно ја штити посебноста на Македонија и македонскиот народ, наместо соучесник и изговор за штетни отстапки и договори какви досега сме гледале многу. Претседател за Македонците дома и за Македонците насекаде низ светот. Претседател кој треба да биде гласот на нивните потреби, бедрото на нивната енергија, колевката на нивната љубов и грижа за Македонија.6. Претседател кој ќе води дипломатија која се темели врз стратегијата за одбрана и промовирање на македонските интереси. Потребно е да се направи мобилизација на мудрите луѓе во нашето општество. Потребно е да се подаде рака, без комплекси и суети на луѓето кои имаат капацитет и знаење да помогнат на Македонија. Потребно е дипломатијата да изгради мостови, договори и сојузи кои ќе ги штитат и промовираат нашите интереси. Дипломатија која ќе биде необременета од партиски интереси, туку полна со знаење, квалификации и компетентност. Дипломатија која ќе ја штити вистината за Македонија, која ќе води борба за ставовите во кои веруваме и со кои настапуваме пред светот. Потребна е стратегија а не стихијно делување како досега. Претседател кој ќе обединува со мудрост, претставителност и знаење поткрепено со дипломатија која нашите сојузници ги убедува во работите кои се наш државен и стратешки интерес. Дипломатија и разговор како рамноправни чинители, а не послушници и неми посматрачи. Претседател кој води дипломатија со капацитет и создава пријателства и сојузи.7. Претседателот треба да ги промовира вредностите врз кои почива Македонија и да ја води државата кон исполнување на нашите стратешки планови за членство во Европската Унија. Македонија е изградена врз сонот и тежнеењето на прозападните цивилизациски вредности. Во тој контекст Претседателот на државата треба да работи за силна демократизација на процесите и водење на Македонија кон полноправно членство во Унијата како процес со кој се заокружува есенцијален напор за долготрајно стабилизирање и зацврстување на постоењето на македонската држава и сигурност за нашата заедничка иднина. Треба да се водат разговори без заблуди, со искрен и чесен пристап. Македонија нема друга алтернатива освен членството во ЕУ, но и го нема комодитетот да експериментира со своите идентитетски основи. Претседател кој работи за полноправно членство на Македонија во Европската Унија, кој гарантира сигурност за интеграција преку заштита на идентитетот на нашиот народ како посебна и уникатна целина.8. Претседателот треба да биде реализирана личност, која е препознаена од народот и мудрите луѓе на ова општество. Потребни се луѓе кои ќе работат за државата, а нема да се богатат од функцијата која ќе ја извршуваат. Државата е уморна од поединци кои градат кариери, без притоа да посветат внимание и не чувствуваат должност и обврска кон народот кој ги избира. Претседател со интегритет, стожер на чесноста. Потребна е одговорност и отчетност. Никогаш да не се заборави врската со народот. Удобствата, комфорот кои ги нуди позицијата се минлива категорија, трагата која се остава со функцијата е вредност која мора да трае.9. Претседател кој го промовира концептот – Македонија за сите луѓе. Силата која што ќе ги обедини сите искрени и чесни граѓани кои си ја сакаат земјата и кои сакаат својата иднина да ја градат овде дома, во Македонија. Време е да зборуваме за иднината, да му кажеме на народот која е и што е нашата визија, заедничкиот сон за нашата заедничка Македонија. Време е да се крене земјата од оваа национална и економска девастација. Време е да се победат неморалот, кичот и парадерството. Македонија за сите луѓе е одговор за заедничките неправди и предизвици. Економско обединување на народот и решавање на заедничките проблеми. Македонија за сите луѓе е Македонија и на Македонците, на Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите останати.10. Претседател кој промовира лидерство за промени. Потребно е да се стави крај на хаосот, неправдите, злоупотребите. Системот е распаднат, а народот вели дека се повеќе му се одзема државата. Ниту еден атрибут на државата не функционира. Потребно е да се внесе надеж, енергија дека она што никогаш не било полошо отколку сега, време е да се промени. Таа промена започнува од секој поединец, од неговата одлука да ги промени работите. А, изборите што следат се таа шанса за голема промена. Од секој од вас зависи и секој од вас е носител на своите одлуки и креатор на сопствените судбини. Овој народ е создаден од верба и надеж. Македонија има сила за големи промени, одлуки кои ќе ја определат судбината за сигурна иднина. Македонија која повторно ќе биде исправена, горда и твоја.

Македонија | пред 1 година

Konvencija-10-02032024

Мицкоски: Државата е во хаос и му ја одземаа на народот, време е за промени и за Македонија која ќе ја вратиме на народот

„Државата е во потполн хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност која е насекаде. Изгубена е вербата во политичарите, затоа што волјата на народот многупати е изигрувана. Ништо не функционира, граѓаните имаат чувство дека државата е киднапирана од мала група на корумпирани политичари и затоа се скептични дека тоа може да се промени. Државата е одземена од рацете на народот, и ако најкусо може да се опише тоа чувство на народот со зборовите -немаме веќе држава“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната конвенција за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија.Претседателот Мицкоски истакна дека нема лични карти, ниту најобични документи за кои со години претходно знаеле дека треба да се обезбедат.„За пасоши се чека. Ќе не носеа во Европа, а заробија два милиони граѓани, и порано во короната беше карантинот, а сега создадоа државен затвор. Системот не функционира. Нема лични карти, нема ниту најобични документи за кои со години претходно знаеа дека треба да се обезбедат. Пациентите не се сигурни каква терапија добиваат, се заработува бескрупулозно на грбот на најранливите, непотизам насекаде, правда никаде. Не само младите туку и се повозрасните размислуваат да ја напуштат државата негледајќи систем и ред. Македонската партија во власта СДСМ е сведена на измеќар и соучесник во сите скандали. Нема човек кој не се срами од нивните настапи каде и да не преставуваат низ светот“, кажа Мицкоски.Претседателот Мицкоски посочи дека овие избори се за Македонија.„Да не се лажеме дека ова се избори за тоа дали ќе влеземе или нема да влеземе во Европската унија. Туку пред се ова се избори за Македонија. Каде изборот треба да биде Македонија средена, со закони кои важат за сите, со немање граѓани од прв и втор ред. И јас верувам дека граѓаните го знаат и ќе го направат вистинскиот избор, за себе, за своите семејства, за своите деца“, вели Мицкоски.Претседателот Мицкоски истакна дека на 8 мај народот ќе каже доста е. Ќе каже доста е од кражби, доста е од непостоење на систем, доста е од потценување.„Затоа ви велам дека она во што верувам пред овие избори е шансата во која сите можете и морате да учествувате. Ова не е Македонија која ја знаете, која ја сакате и која ја заслужувате. Очајот не е решение. Да не се делиме според политичките погледи, секоја наша разлика е помалку важна од Македонија која ни ја земаа. Време е да си ја вратиме. За одење напред. За развивање на концептот Македонија за сите луѓе. Да ја вратиме државата на народот. Да кажеме ова е твоја Македонија“, истакна Мицкоски.Претседателот Мицкоски потенцираше дека дојдено е времето е за промени.„Време е за промени и тоа време доаѓа. Ова нема да биде, моја, и само наша победа. Туку победа на секој еден човек на Македонија против естаблишментот кој не влече надоле. Доаѓа тоа време. Следуваат подобри времиња“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

gordana-jankuloska-janakieski

Јанкулоска за Силјановска: Поддршка, никогаш не било полошо, но мора да се бориме

„Поддршка за мојата професорка , затоа што докажа дека жената истовремено може да биде добра мајка, посветена сопруга и експерт во својата професија - сочуствителна но истовремено храбра, достоинствена и принципиелна“, напиша Гордана Јанкулоска, ексминистерка за внатрешни работи.„Овој народ, оваа Македонија мора да собере сила да биде подобра држава!Никогаш не било полошо, но мора да се бориме! Јас и сите како мене што без оглед на цената што ја плаќаме никогаш не побаравме друга опција освен МАКЕДОНИЈА, ќе продолжиме да се бориме за нормален живот на нашите деца овде - во Македонија!“.

Македонија | пред 1 година

voler02032024

Волер со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ: На вашите граѓани им треба претседател и влада кои се силно посветени и фокусирани на европските реформи

„Дозволете ми да ви посакам сѐ најдобро на вашата денешна конвенција за избор на вашиот кандидат за претседател на државата. 2024 година не е само клучна година за Европската иднина, имајќи ги предвид изборите за Европскиот парламент во јуни, туку е особено важна и за вашата земја, која за многу брзо, веќе на пролет, ќе излезе на клучните претседателски и парламентарни избори. На ВМРО-ДПМНЕ како членка на Европската Народна Партија и посакуваме се најдобро и успех на изборите“, рече Патрик Волер, директор за надворешни односи на Европската Народна Партија и додава:На вашите граѓани им треба претседател и влада, кои се силно посветени и фокусирани на европските реформи и стандарди, кои ќе се борат против корупцијата, ќе го зајакнат владеењето на правото и независноста на судството, и на крајот, ни не помалку важно, ќе ја зајакнат економијата, за вашата земја да просперира и да оди напред на Европскиот пат.Денес, ви посакувам успешна Конвенција, добри одлуки и се надевам дека ќе се видиме со многу од вас на Конгресот на ЕПП следната недела во Букурешт.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-02-at-13.06.56

(Фото) Јане Ченто се појави на Конвенцијата во „Филхармонија“ со поддршка за Силјановска

Јане Ченто, осуден за „27 април“, кој бараше повторување на постапката и правично судење за дело кое го сторил, слободниот викенд од затвор го искористи за да ја посети конвецијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседател. Фотографија од Ченто, пред „Филхармонија“ објави Богдан Илиески, член на извршниот комитет на партијата.Во нивно друштво, на фотографијата е и Борис Дамовски, кој со Илиески, беше предводник на протестите за „За заедничка Маекдонија“. Ченто, Илиески и Дамовски излегоа со поддршка за Гордана Силјановска-Давкова.Во „Филхармонија“ се одвива Конвенција за избор на кандидат.

Македонија | пред 1 година

milelefkov02032022.jpg

(Видео) Пендаровски нема кредибилитет да биде претседател, дали се кандидира под присила, прашува Лефков

„Стево Пендаровски нема кредибилитет да биде претседател на републиката. Пендаровски не држи до сопствениот збор и менува ставови во рок од неколку часа. Во претстојниот период ќе ја потсетиме јавноста зошто Стево Пендаровски не треба да биде претседател. Прв и најмаркантен пример зошто Пендаровски нема капацитет за претседател е неговата неспособност да додржи на својот став“ вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и додава:На 6 декември Стево Пендаровски лично кажа дека не планира да се кандидира за втор мандат. Тоа е објавено од медиумите во 14:13, за само час и неколку минути подоцна во 15:19 тој да биде демантиран од неговиот кабинет дека бил погрешно разбран.Што кажа Пендаровски на 6ти декември? Имено тој прашан дали размислува да се кандидира за нов мандат, кусо и децидно одговори: НЕ. Како НЕ на Пендаровски стана да за неколку часа?Дали личниот став на Пендаровски, кој исто како и останатите политички чинители во државата ги гледа анкетите, но и знае колкава штета имаат направено тој и СДС е да не се кандидира? И дали се кандидира под присила на Ковачевски, Маричиќ и Зечевиќ затоа што никој друг во СДС не сака да го носи поразот на грб, па ниту Оливер Спасовски, кој до последен момент мереше дали има математика за влегување во трка?Стево Пендаровски како претседател се покажа исклучително слаб, често демантиран од своите соработници, владата или од самиот себе по неколку часа или неколку дена.Со Стево Пендаровски, Македонија може да оди само назад, кон нови понижувања и порази.Стево Пендаровски го гази достоинството на народот и на државата.

Македонија | пред 1 година

Foto-2

Да го потсетиме Стево Пендаровски што е уличен жаргон - покажува дека освен што нема кредибилитет и интегритет тој е и лицемер, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Стево Пендаровски не само што потврди дека нема кредибилитет и интегритет, туку и дека е лицемерен во своите ставови. Да точно е, граѓаните добро знаат кој е Стево Пендаровски, тоа е човекот на кој може да му симне капа пред уличниот жаргон што тој го користи“, вели вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Денес ќе го потсетиме само на дел од навредите кои ги кажува, етикетирањата и вокабуларот кој го користи од типот, стока, народ во бачило, нешто меѓу нозете, психопат, гнида од човек и слично.Проценете сами за каков карактер станува збор кога се говори за Стево Пендаровски.Стево Пендаровски го гази достоинството на народот и на државата.

Македонија | пред 1 година

430597744_965005968334370_5150970690000115535_n

Давкова лута: Не ми се верува дека 54 пратеници, творци на хаосот, си дозволија да гласаат против загарантирано уставно право

„600 000 луѓе се заробени заради неодговорното однесување на владејачката коалиција!“, вели кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.„Не ми се верува дека 54 пратеници, творци на хаосот, луѓе кои ги кршат човековите права, меѓу кои и правото на движење си дозволија да гласаат против загарантирано уставно право!Претседателот на државата не знае што е правото на вето. Тоа не значи дека тој се прави силен, туку значи дека е под Уставот, ги почитува законите и може да примени кочница на законодавната власт кога се работи за лоши закони“, додава таа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Крими-скандал: Директор на центар за социјални работи, приведен за трговија со дрога, тврди Стоилковски

„На крими-скандалите на СДС им нема крај. Директор од СДС, пулен на Јована Тренчевска, прв човек на институција за социјални работи во Радовиш, е фатен од полицијата за трговија со дрога“ вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Александар Филев, ВД директор на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, на 17-ти месецов, 5 минути пред полноќ, во Штип, бил приведен од службеници од одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај директорот Филев била најдена и одземена дрога.За тоа има и полициски записник, дека е приведен, дека е пронајдена опојна дрога и дека следува поднесок.Почитувани, ова е тежок скандал. Прв човек на центар за социјални работи, центар за луѓе во социјален ризик, центар за деца во ризик, центар кој е одговорен за трезвеност во носење одлуки за помош на деца и семејства во ризик, меѓу кои и помош за состојби предизвикани од зависности, таков центар е воден од директор, кадар на СДС, фатен во трговија со дрога.Почитувани, легитимно е прашањето дали одлуките коишто се носени во меѓуопштинскиот центар за социјални работи Радовиш, директорот Филев, избор на Јована Тренчевска, ги носел воден под дејство или во врска со неговата ноќна активност, да повторам, фатен во 5 до полноќ во Штип од полициски службеници од одделот за недозволена трговија со дрога?Почитувани, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, време е да си ја вратиме државата!

Македонија | пред 1 година

Foto-3-1

Кабинетот на Пендаровски го нападна ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните добро знаат кој е претседателот

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска понуда за граѓаните„ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Пендаровски и неговиот кредибилитет“, велат од Кабинетот на Пендаровски и додаваат:„Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните.Доколу се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, им препорачуваме да се фокусираат на тоа, отколку на малограѓанско политиканство“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања