ДПМНЕ

KaevskiDarko

Дарко Каевски од голтар преку функционер од СДСМ до милионер - на само 30 години 4 милиони на сметка и стан, вели ВМРО-ДПМНЕ

Дарко Каевски од голтар преку функционер од СДСМ до милионер - на само 30 години 4 милиони на сметка и стан, вели ВМРО-ДПМНЕ„Дарко Каевски има само 30 години, а во банка има 4 милиони и стан од 60тина квадрати на свое име.Каевски за разлика од неговите врсници кои едвај преживуваат имал среќа да биде функционер од СДСМ, пратеник и директор на АМС. Но и тоа не го оправдува неговиот имот, зошто така ако не трошел ниту денар од своите примања 6 години можел да го купи само станот, но не и 4те милиони на сметка.Каевски нема оправдување за својот имот. Исто како што немаат оправдување ниту Зоран Заев, ниту Димитар Ковачевски.ДКСК да отвори случај и да утврди како Каевски на само 30 години се стекнал со 4 милиони на сметка и стан, и дали за тоа ја злоупотребил функцијата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

pcenica

Бектеши и Ковачевски молат за пченица во Србија за да може трговци блиски до нив да ја извезат и да профитираат, вели Трипуновски

Крешник Бектеши вчера призна дека тој и Ковачевски лажеле кога кажаа дека во стоковите резерви има пченица, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ„Бектеши кажа дека 45.000 тони пченица за која од владата зборуваат наназад подолг период е пченица во посед на приватните млинови и трговци, а не дел од стоковите резерви.Ковачевски и Бектеши во период на криза ја оставаат државата во неизвесност. И наместо да работат на полнење на стоковите резерви со пченица, од владата ќе одат во Србија да молат за пченица во име на Република Македонија, не за државата, и не за народот, туку за сметка на одредени трговци, кои пченицата која Ковачевски и Бектеши ќе ја добијат во име на народот ќе ја реекспортираат во трети држави и ќе остварат огромен профит.Ковачевски и Бектеши ќе земат 50.000 тони пченица од Србија, за неколку трговци истата да ја извезат во Грција, Бугарија, Албанија или Косово.Сега се поставува прашањето кои се тие трговци кои ќе можат по повластени услови да земат пченица од Србија, за на истата да стават маржа и да ја извезат во Грција, Бугарија, Албанија или Косово? Како се одбрани тие трговци кои ќе можат да ја купат пченицата и дали лица блиски до врвот на власта треба од еден извоз да направат милиони?Сето ова немаше да биде воопшто проблематично ако цената на брашното во Македонија не пораснеше за 40%, исто како и лебот и другите намирници.Доколку владата наместо за профит на бизнисмените блиско до нив обезбедеше пченица за нашиот пазар и ја регулираше цената сега ќе јадевме поефтин леб, и ќе плаќавме помалку за килограм брашно“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

17012022_VRSM_1vaSednica-3

Додека државата и граѓаните тонат во кризи и сиромаштија, владата на СДСМ и ДУИ си трошела на луксуз, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Додека државата и граѓаните тонат во кризи и сиромаштија, лицемерната влада на СДСМ и ДУИ администрирана од Ковачевски си трошела на луксуз, вели опозицијата.„Скоро 5 месеци знаеле дека ќе следува толку голема криза, но наместо мерки за заштита на стандардот на граѓаните ДУИ и СДСМ трошеле на мебел, возила, цвеќиња, кафиња и хотелски услуги.Наместо да спречат ценовен шок, поважно за власта било министерството за надворешни работи да има 1.370.000 денари за мебел, 590 илјади денари за подароци и 350 илјади денари за цвеќиња.Наместо помош за граѓаните и стопанството, за власта поважно било министерството за политички систем да троши 350 илјади денари за перење автомобили, 530 илјади денари за ажурирање на веб сајт, 400 илјади денари за набавка на жардињери, а за консултантски услуги 470 илјади денари.Наместо да има поевтино гориво и поевтина струја за граѓаните, за власта било поважно секретаријатот за европски прашања раководен од Маричиќ да потроши 700 илјади денари за мебел и перење на коли, а министерството за внатрешни работи на Спасовски дури 15.400.000 за канцелариски мебел.Знаеле за кризата, но сепак во рок од 5 месеци потрошиле над 2 милиони денари на непродуктивни трошоци. И откако си ги обезбедиле хировите, лицемерно велат дека треба да се штеди.Да биде катастрофата поголема потрошиле над 2,5 милиони евра за набавка на нови луксузни автомобили од кои повеќето чинат над 30.000 евра, во период кога илјадници граѓани остануваа без работа и илјадници компании затворија.Да се штеди требаше уште од порано бидејќи додека тие аздисувале со народни пари кризата удри по граѓаните и стопанството.Но, штедење и домаќинско работење не е симбол за оваа расипничка и криминална влада на СДСМ и ДУИ.Најголеми виновници за кризата која ја зафати Македонија се СДСМ и ДУИ, тие се проблемот и изворот на кризи, затоа потребни се предвремени парламентарни избори за Македонија и граѓаните да може да тргнат нагоре“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

МВР на Спасовски врши жесток притисок врз земјоделците кои протестираат, вели Трипуновски

Ковачевски и Николовски преку Министерството за внатрешни работи на Спасовски вршат жесток притисок вез земјоделците, кои преку протести го изразуваат својот револт од неспособноста на владата да обезбеди пласман за нивните земјоделски производи, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ„Ова е барање за поведување на прекршочна постапка против 9 лица од Кочанско, сите членови на Иницијативниот одбор на оризарите, кои протестираа со блокади на патот Кочани - Штип, заради отсуството на откуп и нормални откупни цени на оризот.Власта ја злоупотребува полицијата и сака да ги заплаши оризарите да не излегуваат и да не го користат нивното со Устав загарантирано право на протест.Почитувани,Ова е поканата за разговор од јавен обвинител, за еден од организаторите. Од која јасно се гледа дека тој е повикан во својство на обвинет затоа што протестирал и го искажал својот револт поради ниските откупни цени на оризот.СДСМ од опозиција ветуваше сигурен пласман и високи откупни цени. 5 години се на власт, секоја година дел од родот завршува на буниште, а се помал е и бројот на земјоделци, но и на површини под посеви и насади.Почитувани,Апелирам владата на чело со Ковачевски и Николовски да не се изживува со земјоделците. Веднаш да го запре прогонот против нив.Дополнително, наместо преку нишан да гледа кон земјоделците, да се договори за производство за основните продукти, и истите преку Агенцијата за стокови резерви да ги откупи државата.Недозволиво е во глобално непредвидлива ситуација земја како Македонија, која има потенцијал да произведе основни продукти, суровини и преработки од храна, да гладува“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

„Јас во животот сум се борел да бидам прв“, Мицкоски не прифаќа дека СДСМ е успешна

„Порано или подоцна ќе има предвремени парламентарни избори. Не можат на сила да останат таму каде што се“. Ова е ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој смета дека Македонија е константно во криза. Кажа дека прво бил коронавирусот, па вакцините, па пожарите низ Македонија кој ги гаснеле странски држави, за сега, да има енергетска криза.„Покажаа некадарност, неспособност, најголема во Европа. Ако е резултат економската политика на СДСМ која не закова на дното во регионот според бруто домашен производ. Јас таков успех не прифаќам. Јас во животот сум се борел да бидам прв. А Македонија е последна според бруто домашниот производ. Истото е и според дефицититот во буџетот, рекордери сме, најголем е дефицитетот во регионот“, кажа Мицкоски.Тој рече дека за ова ќе пресудат граѓаните.„Ако не се краде, ќе има. Новото задолжување е за покривање на непродуктивните трошоци“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

mickoski-956

Мицкоски најавува избори, но не и протести, па се правдаше зошто нема да се излезе на улица

Христијан Мицкоски најавува избори, но не и протести. Тој смета дека може да има инфлтрирања кои ќе ги контаминираат, ако вака се изразува незадоволството. Побара и разбирање од јавноста, како и трпение. Убедува дека и тој живее лошо.„Не би сакале ВМРО-ДПМНЕ да влезе во состојба да му даде вештачко дишење на нашиот политички ривал. Внимателни сме со постапките кои ги превземаме. Сега за сега продолжуваме во рамките на институциите. Но, нормално ќе ја анализираме состојбата. Врз основа на тоа ќе повлекуваме потези. Нашите внатрешни анализи велат дека може да има инфлитрирања, било какви, герила акции, кои ќе ги контаминираат чистите народни изливи на негативно расположение на оваа корумпирана и неспособна и власт и на тој начин ќе се овозможи вештачко дишење на овие од власта. Јас го разбирам секој граѓанин кој е револтиран“, кажа Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава: @Ве молам за трпение, мораме да бидеме трпеливи, да не ги правиме грешките од минатото. Гледаме изминативе четири години колку не чинат грешките од минатото. Потешко се живее, нема проекти, од први во регионот станавме повторчувачи“.

Македонија | пред 3 години

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Спасовски мува не го лази што за 60 дена има 50 разбојништва во Скопје и 3500 кривични настани во Македонија, вели опозицијата

Компанијата „Инфинити“, која директно се поврзува со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Македонија добила над 10 тендери вредни 1,5 милион евра, а најголемиот го добила токму од МВР на Оливер Спасовски, вели ВМРО-ДПМНЕ.„МВР и „Инфинити“ во јануари годинава склучиле договор за набавка на компјутери во вредност од 1 милион евра. Со ова се загрозува безбедносниот сектор на Македонија, особено ако се има предвид дека компанијата е на црната листа на САД.Очигледно Спасовски мува не го лази за диловите на МВР кои се скандалозни.Впрочем него мува не го лази ниту за метазстазирањето на криминалот во Македонија. Само во овие 60 дена откако е реизбран за министер за внатрешни работи, освен матни зделки ништо друго не превзема. Во Скопје за овие 60 дена се случија 50 разбојништва, а низ цела македонија има 3500 кривични настани. Царува криминалот, а што друго и да се случува кога мафијата е власт во државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

21122021_PVRSM_dogovori_OtvorenBalkan-6

Јавноста слушна како Заев, Кирацовски и Богоев земале 350.000 евра рекет, обвинителството треба веднаш да покрене постапка, вели ВМРО-ДПМНЕ

Јавноста слушна како Заев, Кирацовски и Богоев земале 350.000 евра рекет, обвинителството наместо да штити криминал, треба веднаш да покрене постапка, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Заробеното обвинителство уште еднаш се става во одбрана на криминалот на Зоран Заев и не отвора истрага за него и за Кирацовски и Стефан Богоев за 350.000 евра кои ги земале како рекет за кои потврди и самиот Бојан Јовановски.Јовановски пред целата јавност потврди дека Заев, Кирацовски и Стефан Богоев во 2017 година земале 350.000 евра за незаконско финансирање на партијата за локалните избори, а од обвинителството молк.Слушнавме како истите тие пари се изрекетирани од коалиционен партер на СДСМ со цел тој да добие атрактивни локации за градење во општина Карпош додека Богоев беше градоначалник.Слушнавме и како се рекетирале други бизнисмени за проектот „Меѓународен сојуз“ пари кои очигледно е дека завршиле во кланот Заев и за кои нема никаква постапка.Слушнавме и дека се што се правело било со знаење и амин лично на Зоран Заев додека истиот беше премиер.Уште еднаш се потврди дека Зоран заев е главата на октоподот, а сите други како Кирацовски и Богоев биле само пипците кои му помагале при рекетирањето.Нормално обвинителство веднаш на распит ќе ја повикаше оваа „златна криминална тројка“ на чело со Зоран Заев, но ова обвинителство кое се уште е во канџите на СДСМ и на Заеви одлучува да го штити криминалот.Тоа што обвинителството и судството не реагираат само фрла сомнеж дека истите тие матни зделки, рекетирања и криминали СДСМ се уште ги спроведува.Обвинителството и судството треба да се одважат, да излезат канџите на Заев и конечно да почнат да ја спроведуваат правдата и да се борат против криминалот.Порано или подоцна правдата ќе ги стигне сите кои што се огрешиле пред законите, одговорност мора да има и ќе има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

krazba

За СДСМ е успех тоа што во 60 дена во Скопје се случиле 50 вооружени разбојништва, вели ВМРО-ДПМНЕ

За СДСМ е успех што во Скопје за 60 дена се случиле 50 вооружени разбојништва, од кои едното го направија нарко бос кој требаше да биде во затвор и полицаец. За СДСМ е успех што за 60 дена низ цела Македонија се случиле 3500 кривични настани. За СДСМ е успех што криминалот владее, а подземјето дрско среде бел дел го ограбува народот и воопшто не се плаши, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ако за СДСМ е успех тоа што Македонија издала 215 пасоши на белосветски криминалци и тоа што кадрите на Спасовски ги фаќаат со дрога во меѓународни акции, тогаш навистина се одлепиле од реалноста сосема.СДСМ само потврдува тоа што народот зборува дека мафијата на власт и криминалците на улица се во коалиција и институциите не се грижат за безбедноста на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

133482167_1805636049614010_615093259097823783_o

За 60 дена видовме дека Спасовски може и полошо од претходно, 50 разбојништва во Скопје и 3500 кривични настани, вели Петрушевски

„Поминаа 60 дена откако Оливер Спасовски беше реизбран за министер за внатрешни работи, а овие 60 дена криминалот буквално метастазираше. Впрочем како што и претходните 4 години мандат на Спасовски во МВР царуваше криминалот, така, па и уште полошо, продолжи во овие 60 дена“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Ако милевме дека видовме се од неспособноста на Спасовски до сега, од делење на 215 пасоши на белосветски криминалци, до фаќање на полициски началник со дрога од страна на американската ДЕА, сега во овие 60 дена гледаме дека Спасовски може и полошо.Од јануари до денес на територија во Скопје имаме преку 50 разбојнички кражби како од криминалистичките филмови. Буквално во секоја општина секојдневно криминалците пљачкаат со употреба на калашникови, сред бел ден ограбуваат продавници, банки, кладилници, приватни бизнисмени, куќи, легнуваат вработени по земја, ги тепаат, ги малтерираат и со парите си одат како ништо да не било. Таков беше и последниот случај со ограбувањето на банка во Скопје во кој учествувале полицаец и наркобос кој требало да биде во куќен притвор.Спасовски треба да каже зошто криминалците се чувствуваат вака слободни и заштитени да прават дрски вооружени грабежи.На ниво на цела Македонија за само два месеци има над 3.500 кривични настани и тешки кражби каде Битола и Велес водат по сите параметри, или ако сакате попрецизно за овој период од два месеци само во Скопје имало 516, во Битола 300, Велес 110 тешки кражби и илјадници други дела.Ова е неуспехот на Спасовски. Ова е цената која граѓаните ја плаќаат поради неспособноста на Спасовски. Спасовски е одговорен зошто во Македонија наместо владеење на правото гледаме дивеење на криминалот. Спасовски е одговорен зошто дел од полицијата е во коалиција со криминалот, а дел е нем сведок на зулумот кој се случува.Се додека Спасовски е на чело на МВР, до тогаш граѓаните ќе бидат небезбедни, а криминалците ќе бидат конфорни“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-19-at-12.02.20

Зошто обвинителството се уште не отвара истрага за 350.000 евра рекет кои ги земале Заев, Богоев и Кирацовски?, праша Арсовски

„Јавноста и граѓаните вчера имаа можност да ги чујат како изгледаат од блиску криминалот и корупцијата на СДСМ и кланот Заеви кој што раководеше и се уште раководи со СДСМ и со владата. Бојан Јовановски во вчерашното излагање пред Судот најбрутално го посочи и раскажа рекетирањето кое го правеле Заеви, СДСМ и сите останати од таа власт, нормално на чело со Зоран Заев. Се што говоревме како ВМРО-ДПМНЕ од оваа говорница тука изминативе 3 години во врска со случајот Рекет и со рекетирањето во Република Македонија, вчера се покажа дека е вистина“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Неспорно и несомнено е дека СДСМ ја има најкриминалната структура и клика на власт и единствена нивна цел беше доаѓање на власт само заради лично богатење, рекетирање, корупција и криминал. Ништо друго. Затоа и државата и граѓаните ни се дојдени на ова дереџе, каде што трпат за леб.„Златната криминална тројка”, како што вчера ја нарекоа во судницата, мислејќи на Заев, Кирацовски и Стефан Богоев, слушнавме во вчерашното обраќање на Бојан Јовановски, дека во 2017 земале 350.000 евра во кеш за незаконско финансирање на партијата на локалните избори. Зошто се уште нема отворено случај за ова? Парите тие 350.000 евра за коишто претходно се говореше и се пишуваше во медиумите, но за жал никој не покрена никаква постапка, бидејќи обвинителството ги штити криминалците на власт, биле од зетот на нивниот коалиционен партнер Фијат Цаноски и завршиле во џњбовите на ова „Златна криминална тројка“, како што ја нарекоа вчера во судницата, а за возврат човекот кој ги дал парите, зетот на Фијат Цаноски, добил атрактивни локации за градење во општини каде владеела СДСМ, а конкретно во Карпош, бидејќи таму и најголем дел од парите завршиле за кои што вчера говореше Бојан Јовановски.Да потсетиме дека Стефан Богоев е актуелен потпретседател на СДСМ. Иако глуми наивен, а всушност гледаме дека воопшто не бил наивен со оваа сума на пари, редно е да излезе и да си даде оставка после ваков срам.Вчера исто слушнавме и дека се споменува и бизнисменот Силјан Мицевски кој уплатил пари за проектот на Меѓународен сојуз за фамознитее домови и никој не знае каде завршиле парите, а согласно сомнежите кои вчера се искажаа во судницата завршиле кај некој од СДСМ нормално од криминалната тројка, или четворка или петорка, никој веќе не знае колку луѓе биле вмешани, а за возврат истиот бизнисмен добил десетици милиони тендери во евра и бизниси од страна на СДСМ.Да потсетиме дека пред само неколку дена приведен беше поранешен премиер на друга соседна држава, за иста ваква работа, изнуда од бизнисмени. За жал кај нас обвинителството се уште спие и се уште го штити криминалот бидејќи е управувано од овие луѓе.Самиот Јовановски вчера кажа дека за целиот проект Меѓународен сојуз, амин и поддршка имало лично од Зоран Заев, а освен Кирацовски и актуелниот потпретседател на СДСМ Богоев, вмешани биле и роднини на Зоран Заев. За сето ова Јовановски вели дека има докази. Зошто тие докази не се истакнати, и прифатени во судот, претпоставете сами. Власта го има судството под контрола. Судството и обвинителството ги штитат криминалците на власт.Е сега, дали, колку и каде завршиле овие огромни суми на пари кои Јовановски ги изнесе во јавност споменувајќи ги Заев, Кирацовски и Стефан Богоев?Зошто после вакви изјави не се приберени на распит Заев, Кирацовски и Богоев? Стефан Богоев како актуелен потпретседател на Ковачевски после вакво тврдење треба да излезе и да си поднесе оставка. А Ковачевски наместо да молчи и да се однесува како да не е од тука треба да си преземе мерки во врска со неговите луѓе кои се веднаш до него, а земале 350.000 евра во кеш како што беше тврдено вчера во судницата. Ако земале тогаш, верувајте дека сигурно некој од таа партија продолжува од таа партија да го прави и во моментов додека е Ковачевски на власт.Дополнително, зошто обвинителството се уште молчи?Кого крие? Јасно е, за ова ВМРО-ДПМНЕ говори 3 години и јасно е кого крие, го крие Зоран Заев и неговиот рекет, криминал и корупција. Сите знаеме дека главата на криминалниот октопод е Зоран Заев, а сите други споменати како Богоев и Кирацовски и сите останати се само пипци на октоподот.Порано или подоцна, одговорност мора да има и ќе има. Никој нема да се спаси од криминалот кој го сторил. Прашање на време е. И којзнае ли колку други бизнисмени се изрекетирани и парите завршиле во џебовите од функционерите на СДСМ“.

Македонија | пред 3 години

11-1

Дали Мајорот Д. П. е вратен од мисија затоа што немал НАТО сертификат, и кој лобирал тој да биде пратен, прашува опозицијата

Петровска да одговори дали Мајорот Д. П. од струмичко е официрот вратен од мисија затоа што немал НАТО сертификат, и кој лобирал тој да биде пратен, вели ВМРО-ДПМНЕ„Дали Министерството за одбрана пратило на мисија пред неколку месеци официр, Мајор Д.П. по потекло од струмичко на мисија на КФОР во Косово?Штетата која е нанесена врз министерството со овој чим е над 50.000 евра, за плати на официрот и логистички трошоци.Официрот без НАТО сертификат не можел да извршува задачи од важност на мисијата, и се доаѓа до заклучок дека единствено што можел истиот да работи е да спортува.Петровска и Ковачевски да одговорат зошто се праќаат лица на мисии без да поседуваат НАТО сертификати? И дали се свесни дека со ваквите дејствија и штетат на Алијансата?За чии интереси работат Петровска и Ковачевски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

22022022_od-16-ta-sednica-na-Vladata_2

Мерките на власта за штедење се после свадба тапани, вели опозицијата

Од ноември, од кога владата на СДСМ и ДУИ знаеле за кризата потрошиле над 2 милиони евра за луксуз. Мерките на штедење кои сега ги промовираат се според народната после свадба тапани. Тие за 5 месеци потрошија пари, па сега ќе штеделе, вели ВМРО-ДПМНЕ„За овие 5 месеци владата потрошила 300 илјади евра за цвеќиња, кафиња и хотелски услуги.Министерството на Артан Груби потрошило 30 илјади евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардињери.МВР во време на криза набавило мебел во вредност од 250.000 евра, а министерствата на Маричиќ, Османи и Николовски околу 2,5 милиони денари за перење на возила и мебел.Нема институција која не правела непродуктивни трошоци во време на криза. Додека народот едвај крпи крај со крај власта на СДСМ и ДУИ во време на кризи потрошила 2,5 милиони евра само за набавки на службени возила со парите на граѓаните.Затоа Македонија само во последните три години е задолжена за дополнителни 2,2 милијарди евра нов долг, за да се покрива аздисувњето и луксузот на власта на СДСМ и ДУИ.Ова е резултатот на недомаќинското, неодговорно и криминално владеење на владата на СДСМ и ДУИ која сега ја администрира Ковачевски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

21122021_PVRSM_Tirana_OtvorenBalkan-3

Матните зделки во Меѓународен сојуз биле правени под покровителство на Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ

Вчерашното сведочење на обвинетиот Бојан Јовановски во случајот Меѓународен сојуз потврди дека Зоран Заев стои зад секоја матна зделка и корупција во Македонија. Впрочем ова уште еднаш покажува дека сите рекетирани пари во Македонија треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Ако имаше правна држава после вчерашните тврдења на Јовановски обвинителството ќе го повикаше на распит Зоран Заев да одговори каква била неговата улога во спорната зделка меѓу бизнисмените и Меѓународниот сојуз. Како што сведочеше обвинетиот Јовановски за оваа зделка знаеле Зоран Заев, Александар Кирацовски и Стефан Богоев. Како што изјавил и бизнисменот Амзовски ваквите зделки ги правел само затоа што политичари од власта тоа му го советувале. Сведоштвата потврдуваат дека Зоран Заев знаел за работењето на Меѓународниот сојуз кој сега е предмет на судски прогон, бил добро информиран и давал поддршка активностите.Ова значи дека сите активности за кои сега се товари меѓународниот сојуз биле правени под покровителство на Зоран Заев, само што обвинителството и судството во Македонија се ставени под канџите на Заев и не смеат да ја истражат неговата улога. Секое споменување на неговото име во судница е строго забрането, а секое обвинение кое се поврзува со него завршува или во фиока или со нова „аболиција“Заев треба да знае дека правдата можеби е бавна, но ќе пристигне“, се ели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

armija-bugarija

Скандал во АРМ открил пратеник

Славјанка Петровска по стапките на Радмила Шекеринска упатува персонал во мисии надвор од Република Македонија без да се почитуваат основните услови, а тоа е кандидатите да поседуваат НАТО безбедносни сертификати. На мисии се праќаат офицери без да ги исполнуваат потребните услови, само ако се во врска со политичкиот врв, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ„Според наши информации земјава има случај на сериозен безбедносен пропуст кога е вратен висок офицер на АРМ од мисијата КФОР во Косово. Имено постојат индиции дека службите имале одредени информации дека офицерот не ги задоволува критериумите, сепак по одредено политичко влијание од поранешни политичари со потекло од истото село од кое потекнува и тој, село Муртино, струмичко, офицерот без безбедносен сертификат заминал на мисија.Ова не е првпат да се направи ваков безбедносен пропуст, потсетуваме дека слична ваква ситуација имаше и во мисијата ИСАФ во Авганистан, кога беа упатувани лица без безбедносни сертификати, кои не можеа да обавуваат никакви дејности, дури и не можеа да се движат слободно низ базите.Во најновиот скандал, после поминати пет месеци во мисија, офицерот по налог на НАТО беше приморан да се врати предвреме, но се поставува прашање кој ќе ја преземе одговорноста за направена штета на буџетот во висина од 50.000 евра по основ на плати, логистички трошоци и административни трошоци?Без поседување на сертификат, нашиот офицер во базата во Косово не можел да извршува никакви задачи, тоа значи дека пет месеци само спортувал и одмарал без да има пристап до било какви информации и активности.Дали некој од одговорните лица во министерството за одбрана и од Воената служба за безбедност и разузнавање ќе сноси одговорност за ваквите безбедносни инциденти, како и одговорност за нанесената штета на буџетот“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања