ДПМНЕ

leb

Основните продукти и горивата се зголемени и за 70%, а лебот за 110%, вели ВМРО-ДПМНЕ

Инфлацијата ги јаде примањата, владата не презема ништо, основните продукти и горивата се зголемени и за 70%, а лебот за 110%, вели ВМРО-ДПМНЕ„За само година ипол горивата поскапеа за 70%, а тие се основен елемент и кај граѓаните и во скоро секоја гранка од индустријата. За високите цени пред се е виновна владата на СДСМ и ДУИ, кои откако дојдоа до денес ги зголемија акцизите за 13.13 денари. Тоа значи дека без акцизата која ја зголеми оваа влада сега горивата ќе беа околу од 72 до 75 денари за литар.Раст на цените во малопродажба има и кај основните намирници како брашно, млеко и леб. Цената на лебот е зголемена и за 110%.Зголемените цени силно удираат по стандардот на граѓаните.Еден од најголемите удари по џебот на народот е зголемувањето на цената на струјата за 30%. Што е последица на лошото менаџирање со енергетските ресурси на државата. Во сред енергетска криза увозот на струја по берзански цени изнесуваше и до 50%, затоа што владата ги испразни хидроакумулациите и не копаше јаглен кога требаше, па домашното производство беше на минимум, и се се покриваше со скап увоз.Лошите политики на владата во изминативе години ги чинат граѓаните многу“; се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

KOVACEVSKI-VO-SDSM

СДСМ се нервозни, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираат проекти, а нивните функционери трошат милиони евра за цвеќиња, коли, мебел и слични непродуктивни трошоци, посочи опозицијата

„СДСМ се нервозни бидејќи и тие гледаат дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите опструкции од централната власт и долговите кои ги оставија градоначалниците на СДСМ, успеаја да реализираат илјадници проекти“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ.Тие додаваат:„Втората причина за нервоза на СДСМ е тоа што граѓаните гледаат како нивните функционери безмилосно ги трошат народните пари за луксуз во време на криза. Народот виде дека функционерите на СДСМ и ДУИ во време на криза потрошиле 2 милиони евра за мебел, цвеќиња, жардињери и слично, како и над 2,5 милиони евра за нови службени возила.Да потсетиме дека министерството за политички систем на Груби ќе потроши 350.000 денари за перење коли, 530.000 денари за ажурирање на страната, 400.000 денари за жардињери и 470.000 денари за консултантски услуги. Министерството за надворешни работи троши 1.3 милиони за мебел, 600.000 денари за набавка на подароци и 350.000 денари за цвеќиња. МВР ќе плати 15.400.000 денари за канцелариски мебел, а Маричиќ во СЕП ќе потроши 700.000 денари за перење на коли“.

Македонија | пред 3 години

penzioneri

СДСМ ако сака реално да им помогне на пензионерите нека го прифати предлогот за покачување на пензиите за 20%, вели ВМРО-ДПМНЕ

Владата на СДСМ ги доведе до питачки стап и пензионерите.Со тоа што денес се фали Владата на СДСМ е недоволно како помош бидејќи на пензионерите премногу им скрати. Владата три години краде од парите на пензионерите.Потребно е покачување од 20% на пензиите.Владата на СДСМ го укина моделот на раст на пензиите кој сега го враќа од 2018 година.СДСМ ако сака реално да им помогне на пензионерите нека го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, тоа ќе ги израмни пензиите и ќе го зачува стандардот на пензионерите.Владата на СДСМ не се грижи за граѓаните бидејќи е зафатена како од голтари да станат милионери.

Македонија | пред 3 години

metalni-rabotnici

Три години по ред опаѓа бројот на вработени во индустријата, а дополнително сме на дното по странски инвестиции во регионот, вели опозицијата

Економските политики на владата на СДСМ и ДУИ предизвикуваат економска катастрофа, вели опозицијата„Три години по ред индексот на бројот на работници во индустријата се намалува и тоа почнувајќи од 2019-та година кога е намален за 1,6%, па во 2020 година кога е намален за 4,6%, па во 2021 година кога е намелен за 2,4%, се до почетокот на 2022 година кога е намален дополнително за 2,4%.Ова покажува дека реалниот сектор, стопанството и индустријата се во слободен пад. Затоа Македонија има најнизок раст на БДП во споредба со сите земји во регионот во 2021 година.Дополнителен поразителен параметар за тоа како ја завршивме 2021 години е нивото на странски директни инвестиции.Приливот на странски директни инвестиции по глава на жител ја закова Македонија на дното во споредба со земјите од регионот. Албанија има 364 евра по жител СДИ, Србија има 560 евра по жител СДИ, Косово има 396 евра по жител СДИ, а Македонија ја заврши годината само со 251 евро по жител СДИ. Ова за жал е лош тренд кој ги следи сите години од власта на СДСМ и ДУИ. Македонија е убедливо најлошата земја по странски инвестиции во време на нивната власт.Затоа македонската економија пропаѓа, а долгот галопирачки расте. Оваа неодговорна и недомаќинска власт го искачи долг на 61% од БДП или во пари ја надмина психолошката бариера од 7 милијарди евра и што е пострашно уште повеќе ќе расте“; се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Bislimovski

Од денес поскапи горивата, а Бислимоски на Јадран на ручек во луксузен ресторан, вели ВМРО-ДПМНЕ

Од денес поскапи горивата, а Бислимоски на Јадран на ручек во луксузен ресторан, вели ВМРО-ДПМНЕ„Од ноќеска на полноќ горивата со одлука на РКЕ, каде Бислимоски е претседател поскапеа за 1.5 денари.Цената на дизелот во малопродажба е 87.5 денари, а на бензинот 85.5 денари. Цените на горивата сега се и над 70% поскапи од пред една ипол година.Високата цена на горивата не се должи само на растот на цената на светските берзи, туку и на акцизата која владата на СДСМ и ДУИ ја зголеми за 13.13 денари од 2017 до денес.Да не беше зголемувањето на акцизата од СДСМ и ДУИ, денес дизелот ќе се продаваше по максимум 74.5 денари, а бензинот по 72.5 денари. Но СДСМ и ДУИ решија да ја зголемат акцизата за да има повеќе за матни тендери и трошење на функционерите.И додека народот плаќа поскапо, власта се луксузира, како Бислимоски на Јадранот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

anastasija20ilieska

Илиеска: 2,2 милијарди евра изнесува новиот долг кој оваа Влада го создаде за само три години со променливите и ненавремени економски политики

2,2 милијарди евра изнесува новиот долг кој оваа Влада го создаде за само три години со променливите и ненавремени економски политики, вели Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ„Во претходните две години кумулираа 1,6 милијарди евра нов јавен долг кој ќе се зголеми со ново задолжување од 600 милиони евра за оваа година.Покрај големата оптовареност за отплаќање на јавниот долг секојдневно, товарот создаден од неодговорните и неуспешни политики на оваа Влада ќе го носат и идните генерации. Ваквото расипништво ќе не чини многу скапо уште многу години пред нас.Растот на јавниот долг секогаш треба да биде предмет на критика, но доколку споредуваме може лесно да се увиди кој какви политики спроведувал.Во период од 10 години кога мандатот го има ВМРО-ДПМНЕ јавниот долг беше зголемен за 2,9 милијарди евра во време на три кризи: светска финансиска криза, должничка криза во еврозоната и политичка криза.Сегашнава Влада остварува рекорди единствено во најлоши рејтинзи во економските извештаи и има катастрофални резултати во справување со кризни состојби.Во 2020-та година со дефицит од 53,4 милијарди денари и пад на БДП од 6,1%, влеговме во рецесија најдлабока од осамостојувањето и најголема во споредба со повеќето земји од регионот.Во 2021 година со дефицит на буџетот од 38,8 милијарди денари и 4% раст на БДП, го доживеавме најлошото остварување во споредба со земјите во регионот.Од почетокот на оваа година до сега имаме дефицит на буџетот од 13 милијарди денари, кој за последниве 26 месеци вкупно изнесува 1,7 милијарди евра, што јасно покажува дека економската криза сериозно го руши економскиот стандард на граѓаните.Дополнително, инфлацијата и нискиот раст водат во ситуација на стагфлација.За жал, со економската криза се справуваат исто како што се справија и со здравствената криза.Реализацијата на капиталните расходи е исклучително ниска. Очигледно е дека оваа година како претходните, кратењето на капиталните расходи заради обезбедување на средства за справување со кризи, не може да ја убеди јавноста во искреноста на таа намера, поради секојдневните непродуктивните трошења, непотребните и сомнителни набавки.Доколку издадат нова еврообврзница од 600 милиони евра, вкупниот износ на издадени еврообврзници за мандат на оваа Влада ќе биде 2,5 милијарди евра, износ којшто треба да се покрие со идните буџети или пак да се рефинансира. Овој износ е речиси двојно повисок од 1,39 милијарди евра издадени обврзници во мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во период од 10 години.Агонијата во која се наоѓаме само ќе се продлабочува доколку не се преземат вистински, суштински мерки кои ќе донесат подобра состојба на државата и повисок животен стандард на граѓаните, но секако и на идните генерации.Единствен реален излез се брзи предвремени избори народот да избере начин за излез од кризата. Секој еден ден минат со СДСМ на власт чини повеќе од брзи предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

darko-kaevski

Стоилковски: Институциите да не молчат, градел ли Каевски на диво, има ли доказ за потекло на парите?

„Дарко Кaевски, најмладиот милионер во СДСМ, на 30 години и со административна плата од Агенцијата за млади и спорт успева во иста година, 2020-та, да се стекне со нов стан во Скопје и да изгради луксузна куќа, хациенда во медитерански стил, со базени и сите удобности, во скопско Волково“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТој додава:„Дарко Каевски три дена не кажува дали има документи за градба на луксузната вила, ниту пак кажува дали има одобрение за копање базен, ниту пак за рушење на стариот објект.Да потсетам, на имот на потесното семејство на младиот милионер и портпарол од СДСМ, Дарко Каевски, легализиран е објект, којшто во 2020-та година, според фотографии од Гугл е срушен, а на негово место никнува луксузна хациенда.И тука се две главни прашања: Дали Дарко Каевски има документ за градба издаден од општината тогаш водена од СДСМ? Како прашање за изворот на парите, како со административна плата гради луксузна хациенда и се купува стан од 65 квадрати во Скопје во иста година?Дарко Каевски може да продолжи да молчи, но институциите не смеат да молчат. Мора да се отвори предмет и да кажат дали ова е резултат на самоволието на СДСМ, дали е резултат на аздисаноста на функционерите на јавните функции, дали ова е резултат на неработењето на министерот за борба со корупција, дали ова е резултат на посветеноста на личното богатење наместо грижа за државата западната во тешки кризи?Институциите за тоа се должни бидејќи Дарко Каевски е пратеник и портпарол на СДСМ партијата на власт, носител на јавни функции пред и за време на градбата на луксузната вила. Институциите да не молчат, градел ли Каевски на диво, има ли доказ за потекло на парите. Молкот на институциите и молкот на СДСМ не смее да се гледа подалеку од обид за забошотување на скандалот.Пет години се на власт, пет години се тоне во криза и сиромаштија, само функционери од СДСМ го множат богатството и уживаат во луксузи. Секој ден минат со СДСМ на власт е поскап од предвремени парламентарни избори!“.

Македонија | пред 3 години

bislimovski1

Бислимоски се гоштева во Дубровник, а народот се мачи како да ги плати сметките за струја и чека ред на бензинска, вели ВМРО-ДПМНЕ

Народот се мачи како да ги плати сметките за струја и чека ред на бензинска, а Бислимоски се гоштева во Дубровник, вели опозицијата.„Бислимоски со одлука на РКЕ во изминатиов период ја покачи цената на струјата за 30%. Граѓаните кои плаќале сметка од 3.000 денари, сега плаќаат 4.000 денари.Тој ги покачи цените нa горивата, кои пораснаа за 70%, и не се спротивстави на владата кога ја покачи акцизата за 13.13 денари. Заради СДСМ и Бислимоски сега плаќаме поскапо гориво.Бислимоски е одговорен за давање на лиценци за трговија со струја, и тој му даде лиценца на синот на Зоран Заев.Откако го направи сето ова, и откако народот се соочува со раст на цените на сите производи и за 70%, а 500.000 живеат со 150 денари на ден, тој без проблем седи во луксузен ресторан во Дубровник.И да биде трагедијата поголема, Бислимоски се вади дека сам си го покрил патувањето, па секако дека тоа е најмалку што може да направи со плата од 130.000 денари, што е еднаква на 7 минимални плати, односно со која преживуваат 7 семејства, т.е. и до 28 наши сограѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Како Каевски ги стекнал 4 те милиони на сметка, хациендата во Волково и станот кој го купил сам, ДКСК да отвори случај, бара опозицијата

Каевски да докаже како ги стекнал 4 те милиони на сметка, хациендата во Волково и станот кој го купил сам, ДКСК да отвори случај., вели ВМРО-ДПМНЕ„Дарко Каевски има само 30тина години, а на сметка има 4 милиони. Тоа се пари за кои луѓе да ги заработат работат 30 години. Како Каевски со чиновничка плата успеа да ги заработи за 5 години?Дополнително кога ќе заврши со докажување на потеклото на парите на сметка, нека каже од каде му се парите за станот во Кисела Вода од 60 м2?Каевски должи одговори и дали луксузната хациенда на местото на неговата стара куќа во Волково е изградена дивоградба додека тој бил директор на Агенцијата за млади и спорт, а со Ѓорче Петров управуваше СДСМ?ДКСК да не молчи пред овие очигледни докази и да отвори случај за Дарко Каевски.Каевски мора да докаже како со чиновничка плата до имот од над 8 милиони денари, за кој тврди дека е негов“, се вели во соопштението,

Македонија | пред 3 години

17012022_VRSM_1vaSednica-2

СДСМ ја користи ДУИ за блокада на законот за една изборна единица, вели опозицијата

СДСМ ја користи ДУИ за блокада на законот за една изборна единица, вели ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ не сака Македонија да биде една изборна единица, и тие 5 години ги лажат граѓаните дека ќе направат измени на Изборниот законик.СДСМ ако се искрени во ветувањата ќе поддржат една изборна единица без условувања, а не да ја користат ДУИ за блокада, и изговор.ДУИ по нарачка на СДСМ блокира, а СДСМ бара консензус. Тие се договорени да не се договорат.Граѓаните се изиграни од СДСМ. А користени и употребени се и помалите партии во владата како ЛДП, ДП, ДОМ и другите кои очигледно се принудени да молчат кога СДСМ и ДУИ се во прашање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

21122021_PVRSM_dogovori_OtvorenBalkan-6

Заев од голтар стана милионер, од Муртино до фабрики за марихуана и трговија со струја, вели опозицијата

Зоран Заев е класичен пример како од СДСМ преку функција од голтар се станува милионер, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Додека Заев беше премиер, Заеви влегоа во бизнисот со марихуаната. Во две фабрики за производство на масло од канабис семејството Заеви е официјален сопственик.Заев од позиција на премиер си даде дозвола за ископ на глина и на неговата семејна фирма Еленица.Кога замина од функција Зоран Заев, преку неговиот син отвори фирма за трговија со струја. И додека децата на 18 години запишуваат факултет или бараат прва работа, синот на Заев влезе во милионски бизнис, за кој е потребно и предзнаење и капитал.По примерот на Заев во СДСМ се и Димитар Ковачевски и Дарко Каевски.Во СДСМ модел на работа е да се следи примерот на Заев, како од голтар без работа, преку политика да се стане милионер“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Џабе просечна плата 500 евра, кога трошоци за живот 1000 евра, а најчестата плата далеку под просекот, вели ВМРО-ДПМНЕ

После цели пет ипол години власт срамно е што Ковачевски се фали со 500 евра просечна плата, во време кога реалните трошоци за живот се 1000 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Наместо да се фалат со просечната плата, Владата на СДСМ треба да каже која е најчесто исплатената плата, која реално е далеку под тие 500 евра. Просекот на исплатената плата вештачки се крева од страна на помал број на луѓе чии плати се енормно високи, и затоа реперот треба да биде платата која најчесто се исплатува на пазарот на труд.Воедно тие 500 евра плата најмногу ги троши инфлацијата, струјата која СДСМ ја поскапи, зејтинот, бензините, лебот, млекото.Тие 500 евра плата на Ковачевски се доволни само во паралелниот свет на власта каде тече мед и млеко, има тендери и добра заработка на политичарите кои како голтари влегоа во политиката а сега се милионери. А во реалниот свет на обичните граѓани има беспарица, невработеност и сиромаштија која расте“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Затворањето на Кам маркетите удар за граѓаните кои пазарат поевтино, вели ВМРО-ДПМНЕ

Под чудни околности се затвора еден од најголемите ланец на маркети каде граѓаните пазарат поевтино, вели ВМРО-ДПМНЕ„ВМРО-ДПМНЕ претходно предупреди дека работата на УЈП е погрешно насочена и политички мотивирана.Доведени се во прашање стотици работни места, додека олигарсите од власта продолжуваат да печалат на грбот на народот.Власта на СДС и ДУИ е должна да одговори дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата на структури блиски до власта?Дали власта е свесна дека затворањето на Кам маркетите е удар за граѓаните кои пазарат поевтино?Дали е точно дека се работи за нарачка директно од зградата на Илинденска за спас на коалицијата на власт, и заштита на еден од финансиерите на кампањата на политичка партија од власта“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

51527416724_29ef17fba6_c

Волкот влакното го менува исто како Артан Груби што менува коалиции, но карактерот не, порача опозицијата

Артан Груби очигледно погоден од објавите дека ненаменски и недомаќински троши народни пари за ажурирање сајтови, перење на коли и набавки на жардињери во време на тешка криза, почна да станува нервозен и невнимателен. Веројатно направи фројдовска грешка па во напад на огорченост се препозна во изјавата дека некои ликови во политиката влегоа како голтари, а станаа милионери.Причината поради која се најде повикан да реагира веројатно е потсвесна.Но многу свесна беше улогата и партиципацијата на Артан Груби во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2008 до 2017. Може Артан Груби има амнезија, ама народот памети дека беше еден од најревносните пратеници кои ја бранеа коалицијата во тој период. Тоа барем може лесно да се провери и на тој начин да си го освежи паметењето самиот Груби.Убаво ќе беше Груби наместо со провокации да се позанимаваше малку со економската состојба во Македонија, бидејќи на крајот од денот од граѓаните зема солидна плата да врши функција вицепремиер. Разбираме дека се наоѓа во лична борба за пол позиција во ДУИ, и поради тоа се врти кон национализмот и реторика против македонските политички субјекти. Но тоа му е трула даска и нема да му донесе успех. Народот мери по тоа што е сработено, а не според удирањето во гради, дерењето, национализмот. Граѓаните велат волкот влакното го менува, Артан коалициите, ама карактерот не. Тој повеќе од деценија е во политиката, а нема ништо за народот направено.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-grubi-dui

Заради СДСМ и ДУИ граѓаните 5 години плаќаат поскапи горива за 13.13 денари на литар, тоа се пари за буџетот и за матни тендери, тврди ВМРО-ДПМНЕ

„Од 2017 година до денес акцизата за горивата е зголемена за 13.13 денари, тоа се пари кои граѓаните ги плаќале повеќе на еден литар гориво не затоа што цената на горивата на светските берзи била висока, туку затоа што СДСМ и ДУИ така одлучиле, и на тој начин имале екстра приход за буџетот, за да имаат повеќе пари за тендери“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„И сега кога цената на горивата скокна на светските берзи, тие не се откажуваат од својата екстра заработувачка, и не го прифатија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%.Но не е само до растот на цените на горивата во изминатава година и половина цените на брашното, зејтинот, млекото и другите основни продукти се зголеми и за 70%.Како резултат на нивната неспособност се покачи и цената на струјата за 30%, и милиони евра од буџетот завршија кај трговците со струја, кога истата рушеше рекорди на берзите.И додека цените растат, платите и пензиите не се покачија воопшто.СДСМ одби покачување на пензиите за 20%, како и покачување на платите. Тие носеа само привидни мерки без реален инпакт по стандардот на народот и трошоците на производство во индустријата и земјоделието“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања