ДПМНЕ

benzinska-benzin-nafta-

СДСМ и ДУИ откако се на власт ја зголемија акцизата на горивата за 13.13 денари, тоа е дел од цена која требаше да се укине, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и ДУИ откако се на власт ја зголемија акцизата на горивата за 13.13 денари, тоа е дел од цена која требаше да се укине, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Доколку СДСМ и ДУИ наместо дневна корист гледаа долгорочно за граѓаните ќе го прифатеа предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50%. Со тоа ќе се анулираше зголемената акциза од 13.13 денари која е резултат на владеењето на оваа власт.Со намалување на акцизата за 50% граѓаните ќе точеа горива по разумни цени, а индустријата и земјоделците ќе имаа помали трошоци на производство.Но наместо да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ тие излегоа со половично решение за намалување од 30%, кое е врзано со цената на суровата нафта на светските берзи.Дополнително за да биде очајот поголем веќе два дена се фалат со намалување на цената на горивата кое е исклучиво резултат на падот на цената на нафтата на берзата, а не резултат на Ковачевски и СДСМ.Народот ја гледа проѕирноста на владата, нивните мерки немаат суштина и не носат долгорочен резултат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-grubi-dui

Власта на СДСМ и ДУИ во кризи потрошила 2,5 милиони евра за набавка на возила, а уште неколку милиони за цвеќиња, кафиња и хотелски услуги

„Владата на СДСМ и ДУИ во услови на кризи и сиромаштија потрошила над 2,5 милиони евра за набавка на автомобили. Најголем дел од тие нови службени возила се со цени над 30 илјади евра. Буквално додека народот нема пари да стави гориво, власта на СДСМ и ДУИ со народни пари купува луксузни возила и потоа пак со народни пари ги развозуваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Власта тврди дека за кризата знаела од ноември месец минатата година, а токму во тој период потрошиле милиони евра за непродуктивни трошоци и луксузи. Гледаме дека освен за нови службени возила, трошеле и за хотелски услуги, кафиња, жардињери, мебел, цвеќиња, а во исто време лицемерно бараат од граѓаните да штедат.Власта на СДСМ и ДУИ се тотално одлепени од реалноста, едно зборуваат, друго прават. Сигурно своите семејни буџети не ги трошат вака бескрупулозно како што тоа го прават со народните пари од државниот буџет. Овие милиони наместо за аздисување на власта, можеа да завршат во поддршка на компаниите, стопанството, граѓаните, студентите, пензионерите, земјоделците“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања