ДПМНЕ

protets-9-nikoloski

Николоски: Понудата за лидерска средба се уште важи

Иако формалниот претседател на СДСМ и премиер на македонската Влада, Димитар Ковачевски ја одби понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски за лидерска средба на која, меѓу другото, би се разговарало и за одредување на брз датум за предвремени парламентарни избори, понудата се уште стои отворена.Ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од Неготино запрашан од новинарите, дали и покрај одбивањето на Ковачевски да седне на лидерска средба со Мицкоски, се уште важи понудата, при што додаде дека освен што понудата е отворена, ние сме спремни да разговараме со секој во СДСМ кој што ги носи одлуките, како на пример Зоран Заев, Радмила Шеќеринска или некој друг.Николоски додаде дека единствен излез од економската и политичка криза на Македонија се предвремените парламентарни избори и тие треба да се одредат час поскоро, но до тогаш ја повика власта да ги прифати четирите тима со високи професионалци од четирите клучни сектори кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се губи време до одржувањето на изборите, овие тима да работат и да нудат решенија за излез од кризите кои ја зафатија Македонија.„Ние дадовме десетина дена да размисли и еве да повторам оттука, доколку Димитар Ковачевски не е тој кој што ги носи одлуките во СДСМ, спремни сме да седнеме и да разговараме со тој кој што тие ќе го посочат дека ги носи одлуките во СДСМ. Ако е Зоран Заев, Зоран Заев ако е Радмила Шеќеринска, Радмила Шеќеринска ако е некој трет, тој кој што ќе го посочат. Потребно е Македонија да излезе од политичката и економска криза, преку решенија во четирите клучни сектори, економија, надворешни работи евро интеграции и односи со Бугарија и заштита на македонскиот национален идентитет, образование и здравство. И секако определување на брз датум за предвремени избори, затоа што излез од оваа криза се само предвремени избори, а додека да се случат тие предвремени избори, да не се губи времето и овие четири тима да работат. Нашата понуда стои и е отворена, оставаме на нивната политичка свест и одговорност“, рече Николоски.Николоски посочи дека Македонија е единствената држава во Европа која што се соочува со сериозни кризи, а каде власта одбива комуникација со опозицијата.„Мислам дека во моментов, Македонија е единствена европска држава која што се соочува со криза во која што власта одбива комуникација со опозицијата, што покажува дека единствена намера им е само продолжување на криминалните практики“, истакна Николоски.

Македонија | пред 3 години

nikolovski-696x381

Николоски: Владата се покажа како неспособна да ги решава проблемите на граѓаните и затоа треба да ја прифатат понудата на ВМРО-ДПМНЕ

„Денеска сме во посета на општина Неготино, имаме средби со градоначалникот, со пратениците, со претставниците на Советот, исто така покрај градот ќе ги посетиме и околните населени места, сакаме да поразговараме со земјоделците. Она што го кажа градоначалникот и е значајно, веќе по само 5 месеци од завршувањето на локалните избори се чувствуваат сериозни промени во општините каде што ВМРО-ДПМНЕ предложи свои кандидати и станаа градоначалници“, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Општините беа затекнати во исклучително тешка финансиска состојба, дополнително на тоа е енормното поскапување на електричната енергија која што поскапе некаде до 5 пати за општините, значи 500%. Доколку претходно една општина плаќала на пример 1 милион денари за улично осветлување, сега плаќа 5 милиони денари, што сериозно ги отежнува буџетите на општините и прави проблем на градоначалниците во реализација на проекти. Но, дури и во такви услови тука во Неготино има започнато проекти и дополнително во овој момент се планираат проекти кои ќе се реализираат во следниот период. Ние активно ќе ги следиме и се надевам дека после предвремените парламентарни избори ќе може владата уште повеќе да помага, затоа што сметаме дека жителите на целиот овој регион Тиквешијата, на Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Росоман заслужуваат поголема поддршка затоа што овој регион треба да се развива.Сакам да дадам коментар на 2-3 државни теми. Прво, она што според мене е најзначајно, тоа е политичката и економска криза со која Македонија се соочува. Во четвртокот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излезе со предлог решение за излез од политичката и економска криза.Во услови кога Македонија е во континуирана политичка криза веќе 5 години, во услови кога оваа влада го одржува мнозинството со само 1 до 2 пратеници плус во Собранието, дополнително на тоа, една економска криза, и војната во Украина која резултира со енормно поскапување на основните продукти, резултира со немање на доволно производи, запирање на македонскиот извод, го доведува македонското земјоделие во сериозна криза, особено во овој регион каде што под голем прашалник е извозот на македонските земјоделски производи и финалните производи, како виното, грозјето, но и праските и сето она коешто ќе стаса во следниот период.Во едни такви услови, ВМРО-ДПМНЕ нуди четири тима во четирите најгорливи области, а тоа е секако економијата, надворешните работи и евроинтеграциите односно односите со Бугарија, здравството и образованието. Овие четири тима со луѓе коишто се високо политички профилирани во ВМРО-ДПМНЕ но и се експерти во своите области се спремни да помогнат на Владата а со тоа и на граѓаните на Република Македонија за излез од кризата и исто така да се договори соодветен датум за предвремени парламентарни избори.Навистина сме разочарани што премиерот Димитар Ковачевски на самиот почеток ја одби оваа идеја, затоа што неговата Влада се покажа неспособна, како Влада којашто не знае да решава проблеми, како Влада којашто ја продолжува корупцијата на Зоран Заев и како Влада којашто дополнително економски ја тоне Македонија.Мислам дека добро треба да размислат, да ја прифатат оваа идеја на ВМРО-ДПМНЕ за четири тима во надворешните работи, економијата, здравството и образованието проследено со определување на датум за предвремени избори затоа што тоа е начин Македонија да излезе од оваа политичка и економска криза.И од овде да порачам од Неготино, доколку Димитар Ковачевски не е тој којшто ги носи одлуките во СДСМ и доколку не може да донесе одлука во СДСМ, спремни сме да разговараме во СДСМ со секој еден којшто тие ќе го посочат дека носи одлуки. Ако е Зоран Заев да разговараме со Зоран Заев, ако е Радмила Шекеринска да разговараме и со Радмила Шекеринска, кој носи одлуки во СДСМ со него да седнеме да поразговараме затоа што потребно е Македонија да излезе од оваа економска и политичка криза преку предвремени парламентарни избори и преки решавање на овие четири горливи проблеми со коишто се соочува Македонија.Се различно од ова значи само голо останување на власт и се различно од ова значи продолжување на криминалот, затоа што во најава има неколку големи тендери, повторно во четири очи во РЕК Битола, како што се случуваше минатата година. А, веќе коалиционите партнер на СДСМ, ДУИ јавно говори за некакви си повици за изградба на автопати во услови кога пет години не се градат автопати во Македонија. Но, гледаме паралелно се случуваат процеси кои што водат кон криминалитет во овие проекти, така што кога сето тоа ќе се стави на купче, јасно е дека изборот е или излез од политичката и економска криза и предвремени избори или продолжување на криминалот за што, секако ќе има одговорност.И втората тема која што сакам да ја споменам е состојбата во земјоделието. Како никогаш до сега, земјоделците се во очајна состојба и за жал, лошите практики само продолжуваат. Свежо се сеќаваме на состојбите од минатата и предминатата година со откупот на грозјето, кога земјоделците или не можеа да го откупат својот род или го продаваа по исклучително ниски, недостојни цени. За жал, оваа година очекуваме продолжување на тие трендови и проширување и во другите сектори, веќе има голем проблем со пролетната зелка. Очекуваме проблем со вишната, со малината, со праските кога ќе стасаат, со црешата и исто така со комплетните раноградинарски производи, што се на се, го става во една многу деликатна состојба македонското земјоделие.Во услови кога владата најавува најголемо задолжување во историја на државата од 900 милиони евра, во услови кога ќе се задолжи оваа Влада како ниедна претходна, не гледаме ни денар од тие средства дека одат за да се помогне на земјоделците. И внимавајте, оваа задолжување ќе биде исклучиво за тековни трошоци на владата, па се поставува логичното прашање, што правата со буџетот во услови кога им се потребни 900 милиони само за тековно трошење, а не за капитални инвестиции или за помош на земјоделците“.

Македонија | пред 3 години

mickoski-956

Мицкоски: 20 години една политичка елита ја држи државата во заложништво

При денешната посета на општина Штип во рамки на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што точно мисли во изјавата за обединување истакна дека 20 години една политичка елита ја држи Македонија во заложништво, ја уценува и ги слабее институциите, и повика на обединување за прогрес и подобра иднина на граѓаните во Македонија.„Да, честопати кога одиме на терен и кога разговараме со граѓаните го добиваме прашањето па добро што правите вие, каде сте вие, што прави ВМРО-ДПМНЕ и така натаму, и одговорот на тоа прашање го дадов и вчера на прес конференцијата, ќе го повторам и овде во Штип дека ВМРО-ДПМНЕ изминативе пет години од позиција на опозиција е на браникот на татковината и интересите на народот и граѓаните на Македонија, така и ќе продолжиме. И затоа вчера повикав на обединување околу политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе бидат исклучително важни за следните предвремени парламентарни избори, затоа што ни е потребно мнозинство да престане праксата на една политичка елита која што 20 години ја држи Македонија во заложништво и ја уценува, ја уназадува со своите непринципиелни уцени и наместо да гледа прогрес и да гледа иднина оваа политичка елита 20 години ги слабее институциите во Македонија. И тоа не го прави случајно тоа го прави со однапред осмислена стратегија, затоа ни е потребно обединување на македонскиот народ и на граѓаните во Македонија без разлика дали се тоа Македонци , Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми сите кои што не сакаат веќе оваа политичка елита што 20 години ја држи Македонија во заложништво, да ја држи во заложништво. Мора да си ја ослободиме Македонија од овие луѓе и конечно да завршиме со нив. Затоа повикувам на обединување и овде од Штип од Баби, повикувам на обединување за да си ја спасиме Македонија и да градиме иднина таква каква што овие граѓани заслужуваат да ја имаат“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-12-07-at-12.00.19

Мицкоски: Ако на едната страна се наставниците и професорите, а на другата криминалната Влада, јас и ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе бидеме на страната на наставниците

Тоа е стратегијата на СДСМ, јас не очекувам дека они мене ќе ме пофалат или дека ќе го пофалат тоа што го работат градоначалниците. Имаше еден збор, завидлизам мислам дека се викаше, тој претходниот, уствари вистинскиот лидер на СДСМ што го користеше во минатото. Но, ако тие нека се занимаваат со ниски страсти, нека завидуваат ние ќе работиме за она што му е потребно на народот. Најпрвин велеа пионот Јаким Неделков на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, па откако гледам дека Јаким Неделков сега стана нивен добар коалиционен партнер, он си знае зошто и како, се завртеа спротивно на интересите на наставниците, па почнаа нив да ги навредуваат и да велат, ете тие биле тие кои што сакале да предизвикаат криза, да имало избори, да ВМРО-ДПМНЕ дошло на власт и т.н., вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од Штип, запрашан за коментар на обвинувањата на СДСМ дека стои зад професорите кои се за продолжување на штрајкот во училиштата.„Јас сум пред се просветен работник, универзитетски професор, педагог и како професор и како педагог едноставно јас немам друг избор. Ако од едната страна е корумпирана и криминална Влада, а од другата страна се наставниците и професорите, јас знам дека наставниците и професорите тогаш ќе бидат мојот избор и изборот на ВМРО-ДПМНЕ и интересот на наставниците и професорите, бидејќи тоа се луѓето кои што треба да создадат генерации млади луѓе како овие деца овдека, кој што утре задутре треба да ја градат Македонија“, рече Мицкоски.Додаде дека негов и интерес на ВМРО-ДПМНЕ се наставниците и професорите и дека не разбира зошто Владата се плаши од пркосот и желбата за достоинствен живот на македонските работници, посочувајќи дека дури и да падне оваа влада ако се сигурни дека владата е многу јака, тогаш на предвремените избори ќе победат.Мицкоски додаде дека суштината е поинаква и дека власта се плаши од дебакл и голем пораз на тие избори и затоа грчевито се бори за своите фотелји и привилегии на грбот на напатените и сиромашни македонски граѓани, но и дека секој почеток има и свој крај и дека тие одлучуваат дали достоинствено и недостоинствено ќе си заминат од владата.„Мојот интерес и интересот на ВМРО-ДПМНЕ се наставниците и професорите. Јас не знам зошто Владата е толку исплашена дека овој пркос, оваа желба за повеќе правда и достоинствен живот, мислат дека е од некаде политички мотивиран. И навистина, глупаво делуваат оние изјави од страна на владата и Ковачевски дека сето ова било организирано од ВМРО-ДПМНЕ за да падне владата. Па, еве и да падне владата, ако таа влада е доволно јака на избори ќе победи. Суштината е поинаква, суштината е што тие се плашат од дебакл и од жесток пораз на тие избори и затоа грчевито се борат за своите фотелји и привилегии на грбот на овој напатен и сиромашен народ. Но, како што кажав и вчера така и денеска, секоја една работа има свој почеток но има и свој крај. Тие во владата се тие кои што треба да изберат каков крај ќе имаат, достоинствен или недостоинствен“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

mickoski-45312

Мицкоски: Набргу денеска на сето ова ќе му дојде крај

„Почекајте, чекор по чекор“. Ова е одговорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето што мисли кога вели дека на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски ќе им се случи народ. Ставот на Мицкоски доаѓа откако Ковачевски одби да се сретне со опозицискиот лидер, за да договорат датум за предвремени избори. Според ВМРО-ДПМНЕ, понудата има подадена рака за единство, за кое Мицкоски смета дека Владата нема капацитет за тоа.„Жалам што во СДСМ и Владата нема мудрост ниту државотворен капацитет. Жалам што вака постапуваат кога на народот му е потребно обединување. Од Ковачевски гледаме сѐ освен она што му е потребно на народот. Не можам да разберам, зар толку им се важни тендерите во четири очи и привилегиите кои ги уживаат? Не можам да разберам како можат денот да го започнуваат и завршуваат кога знаат дека огромно мнозинство граѓани сакаат оваа Влада да замине и огромно мнозинство македонски граѓани велат дека Македонија се движи во погрешна насока. Очекував аналитичност, Ковачевски да излезе пред медиумите, и ако се одлучил да ја одбие подадената рака од мене, тоа да го направи на отворена сцена, да не се крие позади статуси на социјалните мрежи или да испраќа непознати ликови да тоа го прават место него на прес-конференции. Во Ковачевски и Владата гледам неодговорно однесување. Набргу денеска на сето ова ќе му дојде крај“, рече Мицкоски.Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавноста постојано ги прашува „Што правите вие? Каде сте вие? Што прави ВМРО-ДПМНЕ?“. Мицкоски на ова вели: „Одговорот на тоа прашање го дадов и вчера, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција изминативе пет години е на браникот на татковината. Така и ќе продолжиме“.

Македонија | пред 3 години

mickoski-arsovska

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат и си даваат помош за работа, а во време на СДСМ се крадеа парите од општините, реагира опозицијата

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат и си даваат помош за работа, а во време на СДСМ се крадеа парите од општините“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Уште во првите неколку месеци градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа разлика. Се исчистија диви депонии кои беа резултат на неработата на нивните претходници од СДСМ за време од 4 години.Се прават игралишта, спортски терени, водоводни и канализациони системи, нови улици и паркови, низ сите општини каде ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт.Власта е нервозна затоа што за само неколку месеци се гледа разликата помеѓу работата на ВМРО-ДПМНЕ и тие претходните од СДСМ“.

Македонија | пред 3 години

vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ: Сите заедно да работиме за подобар и поквалитетен живот, за повисок стандард и за зачувана и исправена татковина

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани кои се од православна вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Христовото Воскресение - Велигден, со најискрена желба за добро здравје, љубов, мир, спокој, благосостојба и радост во секој дом.Христовото Воскресение е триумф на победа на животот над смртта, доброто над злото, и со тоа Исус ја докажал божествената моќ и го осветлил патот на иднината.За нас христијаните овој Голем ден - Велигден значи живот и надеж и не потсетува дека само со верба кон Бога, со мир во душата, со трпение, меѓусебно почитување, толеранција, труд и работа ќе постигнеме напредок за државата и подобар живот за сите граѓани.Во овие тешки времиња, ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрајност и разум, да надвладее доброто наспроти лошото, правдата да ја победи неправдата и сите заедно сплотени и посветени да го победиме злото и да донесеме посветла иднина.Воедно да ги спомнеме луѓето кои се соочуваат со сиромаштија, предизвици, ВМРО-ДПМНЕ ја разбира маката и сочувствува со секој еден граѓанин кој се соочува со тешката реалност, згазено достоинство, неправда, но заедно ќе ги надминеме овие премрежија со кои се соочуваме.Сите заедно да работиме и да се избориме за подобар и поквалитетен живот, за повисок стандард, за подобар живот, за зачувана и исправена татковина, зошто само така ќе успееме да создадеме подобра иднина во која сегашните и идните генерации ќе го градат својот живот во модерна и напредна Македонија.Воедно, да го прославиме Велигден во духот на православните обичаи, споделувајќи радост и љубов. Имајте убави празнични денови исполнети со духовен мир, хармонија, и добро здравје.Нека ни е честит големиот празник Велигден и нека е за многу години овој ден.Слава на Бога!Христос Воскресе!Навистина Воскресе!

Македонија | пред 3 години

22032022_VRSM_32_sednica-1

Владата спрема измама врз луѓето кои штрајкуваат, апелира опозицијата

„Откако Владата не успеа да го скрши штрајкот на СОНК и покрај сите притисоци, Владата измисли социјален дијалог преку омилениот синдикалец Дарко Димовски кој ќе прифати се што ќе му биде кажано од владата“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Очигледно е дека Владата и Ковачевски неспособни да излезат во пресрет на легитимните барања на КСС и СОНК си најде своја синдикална дружина која перфектно се согласува со се што ќе кажат од владата и покрај недостоинствените плати и тежок животен стандард. Нивната цел е да го минираат синдикалното движење и по извесен период омилениот синдикалец на Ковачевски Дарко Димовски да излезе задоволен и прифати се што владата ќе понуди, но и одблиску незадоволувајќи ги барањата на работниците за повисоки плати.Таквата измама на владата нема да ги реши, туку ќе ги продлабочи проблемите на работничкото движење. Таквата измама не смее да помине.На наставниците и просветниот кадар не им требаат трошките кои ги фрла омилениот синдикалец на власта, туку вистинско покачување согласно Колективниот договор во образованието.Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник.Истото тоа го имаме и во основните училишта, ако започнеме со општ работник кој што има коефициент еден и досега имал минимална плата 15.200 денари сега ќе има 18.000 денари. Тогаш соодветно надоле и хигиеничар, и перачка, сервирка, садомијач, ложач, ракувач на парни котли, возач и така натаму, па се до наставник приправник и наставник платите ќе бидат зголемени односно наставник приправник наместо досегашните 22.764 денари согласно колективниот договор кој што го имаат потпишано со синдикатот и коефициентот на сложеност на тоа работно место треба да изнесува 41.256 денари нето.Во средните училишта од сегашните 25.838 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.594 денари.Ова беше опфатено и во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, кои СДСМ ги одби, а се права кои ги следуваат наставниците“.

Македонија | пред 3 години

kocoska

Димитриеска Кочоска: Ја задолжија државата за да им помогнат на граѓаните, а не успеаја, најлоши сме!

„Најавите за ново задолжување од владата ќе ја фрли Македонија на колена. За само две години Владата на СДСМ и ДУИ не задолжи со нови 1,6 милијарди евра, а со новото повисоко задолжување оваа година кое го планираат со ребалансот на буџетот, новиот долг за само три години ќе биде 2,3 милијарди евра и ќе достигне историски ВРВ од 7,9 милијарди евра. Со вакво темпо на задолжување, вкупното задолжување коешто го направи оваа влада за период од 6 години го надмина 10 годишното задолжување на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ – само за споредба 3,2 милијарди евра за 6 години, наспроти 2,9 милијарди евра за 10 години“, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ.Таа додава:„Но, зошто се задолжија? Во 2020-та година се задолжија за да и помогнат на државата во услови на здравствена и економска криза. Дали успеаја? НЕ. Најлоши сме во поглед на борбата со пандемијата во светски рамки и најлоши сме во остварувањето на економијата. И покрај високото задолжување не успеа да ја стабилизира економијата во 2020-та година при што доживеавме најдлабок пад по оној од осамостојувањето од 6,1%, пад којшто беше двојно повисок од интерниот конфликт во 2001 година и пад којшто беше најдлабок во регионални рамки. Во 2021 година имавме раст на економијата од само 4%, што е најслабо остварување во регионални рамки. Немавме ниту една капитална инвестиција, ниту еден изграден регионален или пак да не зборуваме за автопат, ниту една изградена градинка, спортска сала. Ама затоа имавме скандали со набавки на софтвери, на консултански услуги, на фстаци и бадеми, на златни лажици и вилушки, поткуп со картички пред избори.И сега на повидок е ново задолжување кое го правдаат со енергетската криза и негативните ефекти од војната во Украина. На сите ни е јасно дека повторно оваа Влада не се справува успешно со кризите, како што не се справија ни со кризата предизвикана од пандемијата.И сега, најавија заем од ММФ за предпазливост и ликвидност со кој ги потврдија нашите стравувања во неколку сегменти:1. Нели буџетот ни беше ликвиден? Според министерот приливите во буџетот се собираа според планот, немаше потреба за брз ребаланс, се беше под контрола. Но, самиот заем од ММФ кажа дека е за буџетско финансирање коешто и оваа година со ребалансот ќе го прошират, зошто повеќе трошат отколку што собираат приходи. А, приходите се собираат заради високата инфлација, а не заради добрите остварувања во економијата. Ако не беше така, ќе имавме уште поголема буџетска дупка.2. Според министерот за финансии, квалификувањето за овој заем од ММФ не прави посигурни пред инвеститорите на меѓународните финансиски пазари. Ова било потврда дека Владата има здрави економски политики. Значи без потврда на ММФ, инвеститорите немаа доверба во политиките на Владата, и затоа еврообврзница за оваа година се одоговлечува. Веројатно, немаше кој да инвестира во неа, што ќе беше погубно за рејтингот на нашата држава.3. Пониска каматна стапка од 1% со заемот на ММФ, наспроти очекуваната од 4,5-5% којашто треба да ја платиме ако издадеме еврообрзница. Го прашувам министерот, што се смени за една година кога се фалеше дека заради добрите политики на Владата и добриот кредитен рејтинг ни дадоа историски ниска камата на тогашната еврообврзница од 1,65%? Значи, инвеститорите се уплашиле дека оваа Влада не испорачува добри политики како што ги ветуваа или пак ниската каматна стапка од лани беше рефлексија на условите на пазарите, а не на достигнувањата на оваа Влада ?И едното и другото е точно, со што се демантираше фалењето на Владата од претходната година.4. Доколку имаме ваква линија за финансирање, тоа ќе значи зајакната контрола на буџетските средства од страна на ММФ. Нема да има раст (или не висок) на платите во јавниот сектор, што ќе биде алиби на Владата дека немаат можност да ги зголемат истите. А, зошто немаше пари за раст на плати во јавниот сектор? Од 2019-2021 година вкупниот број на партиски вработувања во јавниот сектор порасна за околу 30.000 луѓе, што го стесни просторот за раст на плати. Воедно, од непродуктивното трошење на оваа Влада и од никаквите напори за да се оданочи сивата економија, нема простор за раст на платите.5. Средствата од оваа линија од ММФ се за финасирање на буџетскиот дефицит, но и за предпазливост. Не мора да се искористат во целост според министерот. Ова е само потврда дека покрај заемот од ММФ се спремаат и да издадат и еврообврзница годинава. Задолжувањето нема крај.Почитувани,На сите ни е јасно дека македонската економија е исправена пред уште еден силен предизвик. Војната во Украина и економските санкции на Западот кон Русија ќе имаат тешки и долгорочни последици врз светската, а со тоа и врз домашната економија. Инфлацијата ја јаде куповната моќ на парите, а платите не растат со темпо на инфлацијата. Фирмите се соочуваат со тешкотии во пласманот на странските и домашниот пазар, со зголемени цени на импутите во производство, со намалени изгледи за раст на бизнисот. Нерамнотежата во платниот биланс во подолг временски период е висока, а населението се плаши за денарските заштеди. Државата исправена пред овие предизвици треба да ја води кредибилна Влада. Влада којашто нема да работи во корист на сопствено збогатување и расипничко трошење.Оваа Влада ги изгуби сите битки со сите кризи. Оваа Влада своите лични интереси ги стави пред државните интереси - како во политиката, така и во економијата. Време е да се смени. Затоа повикуваме на предвремени парламентарни избори“.

Македонија | пред 3 години

278590698_657254308700253_1594293267548156360_n

Ковачевски знаел и дозволил формирање на клубот Ванчо Михајлов, се друго е фарса приредена откако народот крена глас, тврди опозицијата

„Ковачевски знаел и дозволил формирање на клубот Ванчо Михајлов, се друго е фарса приредена откако народот крена глас“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Ковачевски нема ништо против клубот Ванчо Михајлов, тој и го дозволил неговото формирање, и знаел за доаѓањето на Петков. Тој и 5 дена молчеше во надеж дека ќе стивнат реакциите на јавноста. Откако владата виде дека народот нема да дозволи фашизам Ковачевски излезе да изглуми загриженост во однапред снимено видео.Ковачевски наместо да глуми загриженост треба да побара писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја.Доколку владата продолжи со игнорантскиот однос, срамните настани ќе продолжат. А, тоа е се резултат на бегањето од национално единство“, додаваат тие.

Македонија | пред 3 години

paridenari1

Нов аларм: „Со новото задолжување државниот долг ќе достигне над 7.8 милијарди евра“

„СДСМ и Ковачевски ја продолжија црната слика за македонската економија оставена од Зоран Заев. Од ден во ден, од месец во месец, од година во година државата е се позадолжена и фрлена на колена“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Македонија станува презадолжена земја. Без капитални инвестиции, со минимален раст на БДП, а парите на граѓаните се трошат само за непродуктивни трошења, криминални тендери и богатења на функционерите на СДСМ и ДУИ.Со новото задолжување кое е предвидено од страната на оваа криминална власт на СДСМ и ДУИ, државниот долг ќе го достигне историскиот врв од 7.8 милијарди евра.За само 3 години оваа власт, под превезот на изгласаните кризи во државата се задолжи за неверојатни 2.3 милијарди. А, со тоа секој граѓанин за само 3 години го задолжија за нови 1.250 евра.Кризи со кои се справивме најкатастрофално во Европа, но и во регионот. Како со здравствената, каде што најубедливо сме најлоши, така и со економската каде што имаме најмал БДП од земјите во регионот за последните 2 години.Сега новото задолжување го оправдуваат со енергетската криза како и последиците од војната во Украина. И повторно заради лошото справување и менаџирање на кризите.Се поголем е бројот на затворени фирми, компании и отпуштање на вработени, поради задоцнетите или нецелосните мерки од страна на оваа криминална власт.Инфлацијата секојдневно го јаде стандардот на граѓаните, а Владата на СДСМ и ДУИ со прст не мрда да им помогне на граѓаните.Јасно е дека оваа власт е тотално неспособна да се справи економските предизвици и за подобрување на стандардот на граѓаните.Македонската економија е целосно уништена. Оваа неспособна и криминална власт мора да замине што поскоро, а за тоа се потребни брзи предвремени избори“.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-676987

Омилениот синдикалец на Kовачевски, Дарко Димовски и Ковачевски симулираат социјален дијалог, а всушност ги газат правата на наставниците и работниците, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Омилениот синдикалец на Kовачевски, Дарко Димовски и Ковачевски решија да симулираат социјален дијалог, а во суштина да ги саботираат легитимните барања на СОНК и КСС, ова е уште еден пример како се убива правото и вистината и како се газат правата на наставниците и работниците“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„На наставниците и просветниот кадар не им требаат трошките кои ги фрла омилениот синдикалец на власта, туку вистинско покачување согласно Колективниот договор во образованието.Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник.Истото тоа го имаме и во основните училишта, ако започнеме со општ работник кој што има коефициент еден и досега имал минимална плата 15.200 денари сега ќе има 18.000 денари. Тогаш соодветно надоле и хигиеничар, и перачка, сервирка, садомијач, ложач , ракувач на парни котли, возач и така натаму, па се до наставник приправник и наставник платите ќе бидат зголемени односно наставник приправник наместо досегашните 22.764 денари.Во средните училишта од сегашните 25.838 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.594 денари.Ова беше опфатено и во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, кои СДСМ ги одби, а се права кои ги следуваат наставниците“.

Македонија | пред 3 години

51826955305_3d3a744773_c

Оливер Спасовски 5 дена го нема, и тој како да исчезна со украденото оружје од депото на МВР, вели опозицијата

„Поминаа 5 дена откако беше ограбено оружје од полицискиот магацин во Охрид, а од Оливер Спасовски ни трага ни глас да даде одговори или да понесе одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Како и тој да исчезнал заедно со сериозниот арсенал од магацинот на МВР.Да потсетиме, од депо на министерството беа украдени рачни бомби, гранати, муниција, со еден збор оружје доволно да се вооружи цела единица.Спасовски е должен да одговори кој го украл ова оружје и каде е тоа оружје. Со право граѓаните се загрижени дека тоа оружје може да биде употребено во нови криминални дејствија. Исто така граѓаните оправдано стравуваат за својата безбедност, бидејќи велат ако МВР предводено од Спасовски не може своите магацини да ги заштити, тогаш како може да ги заштити нивните имоти.За доброто на сите е Спасовски , после сите неуспеси и скандали да си поднесе оставка веднаш“.

Македонија | пред 3 години

17012022_VRSM_1vaSednica-1

Власта ги игнорира легитимните барања на просветните работници и враќа со притисоци и понижувања, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Власта на СДСМ и ДУИ на секој можен начин ги понижуваат вработените во образованието. Еднаш тоа го прават со притисоците, заканите и заплашувањата, а од друга страна ги игнорираат нивните барања за покачувања на платите согласно колективен договор“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Затоа оправдани и легитимни се барањата за повисоки плати на просветарите. Покачувањето на платите кое го нуди владата не може да се покрие ни два дена пазарење од продавниците. Инфлацијата само во месец март достигна до 8,8%, маслото за јадење е поскапено 100%, лебот 110%, горивата за околу 80%, струјата за 30% и сите останати основни животни трошоци.И сега кога наставниците, негувателките и професорите бараат повисоки плати власта на СДСМ и ДУИ им велат дека немало пари, а во исто време милиони евра завршуваат на криминални физибилити студии, за кафиња, цвеќиња, фстаци и хотелски услуги. Криминалците од власта не сакаат да се откажат од парите кои може да ги трошат за своите удобства“.

Македонија | пред 3 години

278509580_467301221849539_1296767525976558213_n

Пред 10 години сдсмовците ги нарекуваа вмровците ,,Бугари, Бугари", а вчера послаа црвен тепих на злото, вели Јоци

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи сподели видео од пред 10 години, кога поддржувачи на политичката партија СДСМ, пред Град Скопје ги нарекуваа вмровците „Бугари“.„Погледнете како пред 10 години сдсмовци го кршеа Град Скопје и вмровци ги нарекуваа ,,Бугари, Бугари".И што остана од СДСМ во 2022, која вчера дозволи славење на ванчомихајловистичкиот повампирен фашизам и посла црвен тепих на злото? Ништо не остана.Прчвара!Срам за Македонија и за секој Македонец е денешново СДСМ“, вели таа.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања