ДПМНЕ

IMG_4387

Ако Владата не троши пари за апетисани, скапи ручеци и златни лажици ќе има пари за покачување на платите на наставниците, смета Јанева

Состојбата која доведе до штрајк е долгорочна и не е тоа нешто што се случи за неколку дена и наставниците. Преговорите на СОНК почнаа уште во минатиот мандат на истата влада со променет премиер и министри, кога и се обратија на министерката Мила Царовска, но немаше разбирање. Потоа се обратија до новиот министер исто така да преговараат, и тој исто така кажа дека првото барање е на 3 март, а денеска сме 17 април и оттогаш до сега немаше ништо, значи никакви сигнали од страна на владата за она што се случува меѓу наставниците, вели проф. д-р Весна Јаневска, претседател на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука на денешната трибина насловена „Повисоки плати за просветниот кадар“.Јаневска потенцираше наставниците земаат помала плата од просечната плата во државата, со што се доведени до ситуација на преживување со згазено достоинство.Не е во прашање само платата. Значи наставниците примаат помала плата од просечната плата во нашата држава што ги доведува до една незавидна состојба и состојба на зависност од власта и од многу други чинители. Оние кои очекуваме да бидат столб на државата да градат нови кадри, успешни кадри со компетенции, тие луѓе всушност се со згазено достоинство и сведени се на ситуација на преживување, рече таа.Јаневска ја искоментира и изјавата на министерот за образование и наука Јетон Шаќири каде што побара од наставниците да се вратат на настава и да го прекинат штрајкот истакнувајќи дека учениците се секогаш на прво место, но владата мора да им го реши проблемот и да им го исполни барањето за покачување на нивните плати од 18 проценти.Ученикот и наставата се на прво место но владата е должна да им го реши проблемот и ургентно треба да им даде 18 проценти покачување што е минимално за да им се врати пристојниот живот. Не е тоа некаков луксуз кои што тие го бараат, туку тие бараат средства за нормален живот. Се друго што ќе понуди како и оваа усна понуда од 10 проценти е играње мајтап со наставниците и дополнително нивно понижување, смета Јанева.Јаневска додаде дека пари за повисоки плати има, само треба владата да го сузбие криминалот кој што го прави, и наместо да троши пари за апетисани, скапи ручеци и да купува златни лажици да ги даде парите на наставниците.Владата вели криза било и нема пари во државата. Но, не е така, има пари во државата ако го сузбијат криминалот, ако на своите миленици на кои им даваат на подарок пари како што е ЕСМ, ако двајцата секретари на владата не ги потрошија парите, ако не купуваат златни лажици, апетисани, ако не трошат пари на ручеци за кои што стварно е назамисливо како може толку многу да чинат, тогаш ќе има пари на наставниците. На владата и е работа да си обезбеди пари, а доколку не знаат има кој знае, меѓутоа за тоа ќе треба промени и решението е многу лесно предвремени парламентарни избори, а ние на наставниците ќе им го дадеме тоа што им го ветуваме, истакна таа.Јаневска го повика парламентарното мнозинство да го поддржи законот кој што ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднеси во собранието за повисоки плати на наставниците и пред велигден наставниците да го добијат заслуженото покачување.И сега интервенираме со закон за кои не обвинуваат дека ние сме го кочеле, па затоа наводно не можеле да им ја покачат платата на наставниците. Се надевам дека тој закон најдоцна до утре или задутре ќе биде предаден во собранието и ајде заеднички да го изгласаме и пред Велигден да им ја покачиме платата на наставниците, изјави таа.

Македонија | пред 3 години

slika-5

Мицкоски за игралиште во Бутел: со пари кои порано градоначалниците од СДСМ ги трошеле за еден проект, сега се прават два

„Како што кажа Дарко тука во Бутел проектите еден по еден се реализираат од тоа што беше ветувано. Минатата недела едно игралиште веќе е во функција пуштено веќе се користи и тоа посебно ме радува бидејќи континуирано бутелчани го користат тоа прво игралиште“, кажа Христијан Мицкоски, претеседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Еве и второто игралиште денеска тука почнува со користење па не знам дали спомена Дарко, но овие две игралишта се направени со онолкав буџет колку што минатиот градоначалник успеал да направи едно игралиште. Значи ние, а и Дарко и неговиот тим не магионичар, туку само работи чесно, посветено и со средствата кои што во минатото биле трошени за еден проект, тој успева да сработи два проекта заедно со неговиот тим и тоа е за честитање и за пофалба.Ќе ве потсетам дека минатата недела најавивме почеток на изградбата на детската градинка во Бутел за месец и половина од денеска, во тек е изградбата на Основното училиште во Визбегово, завршен е тендерот кој што Градот Скопје ќе го инвестира овде а тоа е Бутелска, и така натаму продолжуваат проектите да се работат насекаде Скопје и видливо е тоа по мерењето на јавното мислење кај граѓаните, тие се задоволни од градоначалниците во општините и ние мора да покажеме дека не се сите исти, дека народот не треба да се разочарува, не треба да губи верба затоа што подобрите времиња допрва доаѓаат. Покажуваме што значи работа, што значи промени на локално ниво, тоа наскоро после предвремените парламентарни избори оваа политичка партија со овој тим на млади мотивирани и чесни луѓе ќе го направи на државно ниво насекаде низ Македонија.Многу проекти, многу посветеност, многу работа, мотивирани и храбри луѓе се прифаќаат во костец со проблемите да ги решаваат а јас мислам дека овој тим на ВМРО-ДПМНЕ е токму таков. Млади градоначалници, енергични, спој со искуството и мислам дека тука ќе имаме успех се разбира кој што ќе дојде без дилема.Така што уште еднаш мојата порака до граѓаните е допрва доаѓаат убавите денови, немојте да губите надеж, оваа криминална влада е на одење, наскоро од денеска ќе има предвремени парламентарни избори, ни треба општествено обединување околу ВМРО-ДПМНЕ ЗА промени, работа и проекти“.

пред 3 години

Screenshot-2022-04-16-at-12.26.26

Мицкоски упорен за предвремени избори, а нервозен за замрзнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека доаѓа ден кога ќе го ослободи судството и обвинителството. Посочи дека неговата партија ќе работи на нови парламентарни избори, затоа што тоа и треба на Македонија, а со оглед, како што кажа, дека тешко се живеее.„Јас повеќе би сакал да коментирам зошто четири дена го држат замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ, не можеме да располагаме, да го отуѓуваме, до скоро имавме замрзната сметка. Знаеме за какво судство и обвинителство имаме. И по налог на луѓето од власта, тие вештачки го држат замрзнат имотот на најголемата политичка партија. По четири години никој не се најде од таму за сходно да престане оваа политичка хајка против оваа политичка партија“, рече Мицкоски.Тој им порача на СДСМ да ја согледаат јавноста.„Ние ќе превземеме чекори во иднина кои се надевам дека ќе ја вразумат оваа влада. Ќе ја ослободат државата. Тоа и треба на Македонија за да тргне од почеток. Има многу работи кои лошо функционираат“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Aleksandar-Nikolovski

Со толкав број забелешки секоја нормална власт би поднела оставка и би го проверила легитимитетот на избори, вели Николоски за извештајот на Стејт Департмент

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, беше во посета на општина Василево каде заедно со градоначалникот Славе Андонов извршија увид на градежни активности на улици во село Градошорци, општина Василево каде беше дадена и изјава за медиумите.Запрашан за став околу најновиот извештај на Стејт Департментот за Република Македонија, Николоски истакна дека е многу важно она што го пишуваат САД како главен партнер на Република Македонија во своите годишни извештаи и дека со толку многу забелешки секоја нормална власт би поднела оставка и би го проверила својот легитимитет на избори.„Да детално го прочитав. САД се најзначајниот партнер на Република Македонија и затоа исклучително е значајно што пишуваат во своите годишни извештаи кои што ги објавува Стејт Департментот. Извештајот е едно отсликување на реалноста , на она што го знаеме. Зборува за високо ниво на корупција, за нетранспарентност во Владата, за политизација на институциите кои треба да бидат независни, зборува за урнисаното судство и обвинителство. Зборува генерално за лошата состојба со човековите права и за лошата состојба со владеењето на правото. Ова се голем број на забелешки после коишто секоја нормална власт би си поднела оставка и би побарала да го провери својот легитимитет на избори. За жал кај овие не гледаме таква одговорност, но во следниот период многу побрзо од што мислат ќе се случат предвремени парламентарни избори на коишто ќе се случат големи промени и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе воспостави функционален систем на владеење на правото и ќе го врати достоинството и независноста на македонското судство и обвинителство“, потенцираше Николоски.

Македонија | пред 3 години

vlado-misajlovski

Луѓе блиски до СДСМ се фатени како земаат мито на царина, наместо одговорност од Спасовски и Ковачевски ние имаме целосен молк, вели Мисајловски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ беше во посета на oпштина Ранковце каде заедно со градоначалникот Борче Спасовски извршија увид на градежни активности на улици во село Радибуш каде беше дадена и изјава за медиумите.Запрашан за коментар околу снимката која се појави вчера каде се гледа како македонски полицајци бараат и примаат мито од албански новинари, Мисајловски истакна дека и за оваа како и за сите криминални афери кои излегоа на површина деновиве од луѓето кои ги водат институциите има само молк наместо да се осудат сите овие работи.Тој исто така додаде дека се надева дека за ваквите активности ќе има одговорност и дека доколку од овие институции нема, ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе преземе одговорност да овие луѓе бидат санкционирани.„Јас пред некој ден реков дека во Македонија како секој ден да гледаме црна хроника. За жал ни се случуваат не само вакви афери туку имаше и нерасчистено убиство кое што пробаа на некој начин да го затскријат, што е срамно и безобразно. Денеска видовме нова снимка каде што службеници кои што работат на царина земаат мито и тоа се блиски до СДСМ, луѓе што се поставени од раководните луѓе на СДСМ. Затоа треба да има одговорност за сите овие луѓе од СДСМ. Тие што ги водат институциите како Оливер Спасовски и останатите, па еве го повикувам и Димитар Ковачевски како премиер да каже што има да каже како навод по овие сите криминални афери, бидејќи гледаме дека има некој молк. Не е добро да се има молк и треба да се осудат сите овие работи. Нерасчистени убиства кои пробаа да ги затскријат, гледаме дека има местени тендери со милионски суми за физибилити студии, а сега гледаме како се прима мито и корупција на царина. Тоа е сликата на СДСМ за Македонија. Жално, но се надевам дека ќе има одговорност. И ако од овие институции нема, верувајте дека ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе преземе одговорност да овие луѓе бидат санкционирани“, истакна Мисајловски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot_8-1

Излезе на виделина убиството кое Спасовски и Ковачевски го криеја, Спасовски да поднесе оставка веднаш, побара опозицијата

„Излезе на виделина убиството кое Спасовски и Ковачевски го криеја, одговорност во врвот на власта мора да има“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Од снимките објавени во медиумите се гледа како три лица го тепаат починатиот ракометар Тот, а сведоци на настанот се десетина луѓе.Спасовски и Ковачевски три пати ги менуваа изјавите. Институциите се ставија во погон на прикривање на убиство.Спасовски и Ковачевски и институциите под нивна контрола ги сменија изјавите кога притисокот на јавноста, медиумите и опозицијата беше преголем.Како можеше Спасовски и Ковачевски да се дрзнат да прикријат убиство?Снимките кои ги видоа граѓаните со сигурност им се достапни на институциите уште од сам почеток, зошто не реагираа е прашање во чиј одговор се крие и зошто се обидоа да го сокријат убиството.Спасовски мора да понесе одговорност. Потребна е оставка веднаш.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.50

СДСМ да не се обидува да го попречува правото на штрајк, наместо закани да ги исполни барањата на наставниците, обвини опозицијата

„СДСМ да не се обидува да го попречува правото на штрајк, наместо закани да ги исполни барањата на наставниците“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштение на СДСМ.Од партијата додаваат:„Синдикатите имаат право на штрајк, а наставниците и вработените во градинките право да бараат тоа што со закон им следува.Платите во образованието треба да се усогласат со Колективниот договор, и на нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места според растот на минималната плата.Барањата на синдикатите не се нереални, туку сето тоа ги следува и власта наместо да ги игнорира и да го попречува штрајкот, да ги реализира нивните барања.ВМРО-ДПМНЕ одамна излезе со пресметка дека покачување е можно, и дека е потребно усогласување на платите согласно Колективниот договор.СДСМ не сака да им даде поголеми плати на наставниците, за да има повеќе за матни тендери и договори во милионски суми за функционерите како Ден Дончев, Рашковски, Зекири, Филипче, Ковачевски, и сите други.Пари за поголеми плати има, само треба да престане да се крадат“.

Македонија | пред 3 години

vmro-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ повикува на масовно обединување против власта

„Промените се случуваат, секогаш со народот - ВМРО-ДПМНЕ повикува на масовно обединување против власта. СДСМ се плаши и бега од народот затоа што нема анкета на која не губат, и знаат дека ќе доживеат тежок пораз на избори“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„СДСМ не сака избори затоа што народот има празни џебови од сиромаштијата која ја донесоа, а е резултат на криминалот кој го прават, преку тендерите и разните матни шеми со државниот буџет.Донесоа инфлација. Горивата поскапеа и за 70%, основните намирници исто така, а лебот и до 110%.И во сиот изминат период платите не пораснаа ниту еднаш.СДСМ вети дека ќе влеземе во ЕУ, а наместо тоа државата и народот голтаат само кнедли, а ЕУ ниту на повидок. Со СДСМ нема ниту ЕУ, ниту иднина. ВМРО-ДПМНЕ има јасен став во поглед на спорот со Бугарија. Ние сме против каков било чин или чекор кој ќе значи нарушување на идентитетот, јазикот или срамно решение кое ќе значи откажување од нашето историско наследство. Ние сме за решение кое ќе ги одразува и зачувува националните и државни интереси.Со СДСМ Македонија само губи. Поразите се секојдневие, а сиромаштијата се поприсутна. Затоа е потребно обединување на народот против власта“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

Мицкоски за спорот со Бугарија: Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме, а таму во Европа обезличени не се оди

Навистина е нејасно зошто се радува Бугарија, а Владата на Македонија молчи. Нејасно е и на што се должеше тоа што двете страни го опишуваат како придвижување во разговорите, за да на крај ни кажат дека договориле заедничко чествување на Цар Самоил. А истово ова го соопшти и Заев дека го договорил уште пред 2 години, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во говорот пред Унијата на млади сили во врска со спорот со Бугарија.Мицкоски вели дека сега власта играјќи на картата на кратко помнење на народот сакаат да ни кажат дека треба повторно да се радуваме за продавање на работа која веќе ја продале во 2019-та година.- А воедно кога ќе го прашаат Ковачевски кога датум за преговори со ЕУ? Тој ќе одговори, не робувал на датум. Може Ковачевски не робува на датуми ама изгледа и не робува и на ветувања, затоа што партијата чијшто претседател е, дојде на власт со ветување дека ЕУ ќе дошла веднаш и сега. А гледаме дека со СДСМ нема ниту ЕУ, а нема ниту иднина, туку само криминал и тендери, рече Мицкоски.Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ за прашањето со Бугарија има многу јасни позиции, и е против каков било чин или чекор кој ќе значи нарушување на идентитетот, јазикот или срамно решение кое ќе значи откажување од нашето историско наследство.- Ние сме за решение кое ќе ги одразува и зачувува националните и државни интереси и нема повеќе отстапки кои Владата ги опишува со реченица „Ајде само уште ова и само што не дошло подобро време“. Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме, а таму во Европа обезличени не се оди. Туку такви какви што сме Македонци, со богата историја, со свој јазик и идентитет, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

Штом Бугарија прогласува успех, а нашата власт молчи, тоа значи дека се отвора врата за негацијата на македонскиот идентитет

„Власта на СДСМ и ДУИ го става македонскиот народ во подредена положба и со тоа директно задира во идентитетските прашања, македонскиот јазик и историја. Со прифаќањето од страна на историската комисија во нашите учебници да бидат претставени различните перцепции од определен настан на таа држава или за одредена личност, се отвора врата за негаторските позиции кон засебноста на македонскиот идентитет да влезат директно во образовниот процес“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму додаваат:„Ова само покажува дека со оваа власт поразите се секојдневие.Тоа што бугарската страна прогласува успех, а нашата власт молчи доволно говори какви решенија се подготвуваат во целосно нетранспарентниот процес.Повторно предупредуваме дека ниту граѓаните, ниту пратениците не се ни приближно целосно информирани што е договорено во историската комисијата и за кој напредок Бугарија прогласи успех. Тајните договори само отвораат сомнежи дека зад затворени врати се договора нова распродажба, не само на Цар Самоил, туку и на целокупната историја, јазик и идентитет“.

Македонија | пред 3 години

miteva13022022

Митева: Власта ги урива преговарачките процеси со Бугарија, го става македонскиот народ во подредена положба

„Историјата да се учи низ перцепција. Ова е еден дел од договореното за што Бугарија прогласува успех. Ова е став од страна на членови на историската комисија кој потврди дека ние сме препорачале на ученикот да му бидат претставени различните перцепции од определен настан на таа држава или за одредена личност“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Таа додава:„И нашиот предлог бил дека постојат различни перцепции, дека не постои една единствена вистина. Ова е штетната матрица низ која се водат преговорите со Бугарија на сметка на македонскиот национален идентитет. Ова е начинот на кој власта ги урива преговарачките процеси, го става македонскиот народ во подредена положба со цел да се согласи за работи кои ќе задираат во македонскиот јазик и историја.Дополнително, самиот Османи изјави дека во иднина кога ќе бидеме во позиција треба да кажеме дека имаме разбирање за сите аспекти, повторувам ЗА СИТЕ аспекти бидејќи нашиот пристап бил дека или се е договорено или ништо не е договорено.Османи потенцираше дека нема да го информира Собранието за секој договорен елемент, туку тоа да го направи на веќе завршени преговори и постигнат договор без согласност на македонската јавност. Секој ден имаме нови порази, секој ден власта молчи за скандалите дека македонски службеници работеле против интересите на Македонија.Што правеа Османи и Ковачевски до сега, како им се случувале вакви скандали пред нивни очи без притоа да преземат било каков чекор кој би го спречило тоа? Кои се тие службеници на Османи кои работеле против договор и што презема владата за тоа?Османи да одговори како дозволил негови вработени да работат на можна штета на државата, колкав период знаел за такви активности, а не преземал ништо?“.

Македонија | пред 3 години

45560772_1451051438331125_5885791713213022208_n

Централниот регистар го блокира развојот на скопски Водовод, обвини опозицијата

„Централниот регистар не дозволува спроведување на едногласно изгласаната одлука на Советот на Град Скопје, блокирајќи го скопски Водовод и канализација да инвестира во обновливи извори за енергија за сопствени потреби како начин за заштита на животната средина, и остварување на дополнителни заштеди“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Двојните стандарди во постапувањето се гледа во нивното тврдење дека иницијативата на ЈП Водовод и канализација не е можно да се впише под изговор дека производство на електрична енергија од Националната класификација на дејности не е комунална дејност како дејност од јавен интерес за давање на комунални услуги за задоволување на потребите на физички и правни лица за кои јавните претпријатија се основаат. Истото ова не важи кога станува збор за водоводното претпријатие во Кочани кому истиот Централен регистар дозволи впишување на иста ваква дејност.Во ваквата блокада на Централниот регистар препознаваме тенденција бидејќи:ЈП Водовод и канализација во член 14 од Статутот уште во 2018-та година е утврдено дека покрај основната дејност, претпријатието извршува и други дејности:43.2 Електроинсталерски, водоводни и канализациски инсталации и други градежни работи.43.22 Поставување на инсталации за водовод, канализација, плин и инсталации за греење и клима уреди.71. Архитектонски дејности и инженерство, техничко испитување и анализа.Овие дејности кои не преставуваат дејности од јавен интерес се непосредно поврзани со дејностите од јавен интерес за кои јавното претпријатие е основано. Ниту тогаш кога се направени измените, ниту претходно биле пречка ваквите измени.Дополнително ЈП Водовод и канализација е влезено во реализација на капиталниот проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води во рамките на кое се предвидува и производство на биогас.Апелираме дека производството на еко енергија исклучително влијае на остварување на заштита на животната средина и големи финансиски заштеди во работењето на претпријатието. Огромен тренд е стимулирањето на ваквото производство, освен кога политиката не е во прашање“.

Скопје | пред 3 години

Stoilkovski-01.04

Осуден полициски началник на Спасовски за предизборни притисоци, тврди Стоилковски

„Политичкиот притисок и злоупотребите на полицијата во изборни цели при последните локални избори почнаа да излегуваат на површина“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Ова е копија на судски документ во којшто стои дека еден од првите луѓе на Оливер Спасовски, Владимир Ристов - познат како Камењар, - Началник на единицата за економски криминал, заедно со уште тројца негови колеги, креирале полициски случај и ја злоупотребиле својата положба врз кандидат за градоначалник којшто не е од СДСМ.Ристов, познат близок соработник на Оливер Спасовски е осуден за несовесно работење по член 353 од КЗ.Документот од Основниот кривичен суд Скопје докажува дека Оливер Спасовски ја злоупотребува својата позиција и наместо да се бори со изборни нерегуларности, неговите луѓе работат по партиска насока за притисоци и креирање недемократска атмосфера за политичките противници на СДСМ.Овој документ, во којшто се казнети и прогласени за виновни дури тројца началници и еден виш инспектор, е доволен доказ за работата, партизацијата, злоупотребите и инструментализацијата на полицијата од страна на Спасовски во изборни цели.Владимир Ристовски - Камењар е познат на јавноста по спектакуларните затворања на угостителски локали коишто не се блиски до оние каде што редовно уживаат самиот тој заедно со Оливер Спасовски.Ова е судски документ којшто открива многу повеќе од тоа што СДСМ и Оливер Спасовски сакаат од го сокријат од јавноста. Овој документ покажува класична злоупотреба и партизација на полицијата за којашто укажувавме во време на изборниот период. Овој документ покажува дека се кршат основните столбови на демократијата во заштита на криминалот и корупцијата.Дури и исклучително заробеното судство не може да ја сокрие злоупотребата на МВР од СДСМ.Секој еден ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори“.

Македонија | пред 3 години

stoilkovski-i-kaevski-960x552-1

Целосен молк од институциите за луксузната вила на Каевски, која има отворен сомнеж дека е изградена без дозвола и е дивоградба, реагира опозицијата

„Секој ден социјални протести во државата, секој ден граѓаните се посиромашни, ама за тоа функционерите на СДСМ и ДУИ градат хациенди, купуваат луксузни коли, одмараат на егзотични места“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Цела недела целосен молк од Дарко Каевски, ДКСК, како и од институциите за луксузната вила која ја гради во Волково за која и има отворен сомнеж дека е и дивоградба.Ниту една институција не превзема ништо заради прикривањето на имот на Каевски. Поранешниот директор на АМС, а сега пратеник на СДСМ, Дарко Каевски со години го крие имотот во својот анкетен лист, кој преку ноќ прерасна во луксузната вила, со базен. Откако ја срушил старата куќа во Волково, тој на нејзино место гради нова, поголема и многу по луксузна вила, која е дивоградба.Државната комисија за спречување на корупцијата се уште не отворила постапка по допрен глас за потеклото на имотот и парите на Дарко Каевски.Исто така целосен молк и од страна на Јавното обвинителство. Нема одговори како Каевски на свои 30 години, после 3 години директорување и една година пратеник купува станови во Скопје и гради луксузни вили.Македонија тоне во криминал и корупција, секој меѓународен извештај нотира пад на борбата со криминалот и корупцијата на функционерите на СДСМ и ДУИ, ама за тоа функционерите на власта секој ден се побогати.За секој сторен криминал на функционерите на СДСМ и ДУИ одговорност ќе има многу скоро“.

Скопје | пред 3 години

vmro-1

Македонија во 2021 со најмал раст на БДП од земјите во регионот и за разлика од нив се уште не сме го надополниле падот од 2020 година, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Доказ дека економските политики и мерки на владата на СДСМ и ДУИ не даваат резултати се податоците за растот на БДП“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Македонија според податоците 2021-ва година ја заврши со раст од само 4%, што е убедливо најнизок раст на БДП во споредба со земјите од регионот. Па така Косово во 2021 има раст на БДП од 10,53%, Албанија има раст 8,54%, а Србија има раст од 7,40%.Дека власта на СДСМ и ДУИ водат катастрофална економска политики говорат и податоците од 2020 година. И тогаш Македонија имаше најлош резултат. Македонија 2020 година ја заврши со пад на БДП од -6,1%, Косово имаше помал пад од нас со -5,3%, Албанија со -4%, а Србија имаше пад на БДП од само - 0,9%.Овие податоци покажуваат дека и Србија и Албанија и Косово успеале да го надополнат падот кој што го имале во текот на 2020, а само ние доцниме цела година зад нив.Македонија со владата на СДСМ и ДУИ администрирана од Ковачевски е прва само по економски неуспеси. Дополнително на овој поразувачки показател Македонија достигна рекордно ниво на долг кој сега е 61% од БДП или над 7 милијарди евра, пад на индустриско производство и намален број на вработени во индустријата“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања