ДПМНЕ

21122021_PVRSM_dogovori_OtvorenBalkan-6

Заев да врати 1.4 милиони евра што му ги даде Љупчо Николовски преку МЗШВ, и 8-те милиони од Глобал, бара опозицијата

„Заев да врати 1.4 милиони евра што му ги даде Љупчо Николовски преку МЗШВ, и 8 те милиони од Глобал“, порача ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Овие 1.4 милиони евра што се дадени на фирмата Тргопродукт на Заеви се дадени во време кога Николовски ништо не прави да обезбеди пласман за македонските зњмјоделски производи, а егзистенцијата на земјоделецот е се потешка.Зоран Заев да ја врати и концесијата за ископ на глина која си ја даде додека беше премиер на 30 години на семејната фирма Еленица.Заев да ги врати парите кои ги испумпаа од државата изминативе 5 години.Ковачевски беше заменик министер за финансии додека Заев испумпуваше пари како премиер.Ковачевски е учесник и активен чинител во осиромашувањето на Македонија изминативе 5 години“.

Македонија | пред 3 години

Mucunski-08052022

Муцунски на значајни средби во Франција

На покана од француското министерство за надворешни работи и европски прашања, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски неодамна престојуваше во повеќедневна посета на Франција. Во тој период оствари средби со значајни личности од национален и од локален интерес.„Една од првите средби беше со сенаторката од сестринската партија Les Republicains, Марта де Сидрак и со пратеничката од партијата En Marche, Лилиан Тангуи. Со двете соговорнички заклучија дека Македонија заслужува итен почеток на прегововорите со Европската унија врз основа на европски критериуми.Во француското министерство за финансии, економија и индустрија, се сретна со директорот за Турција, Балканот и Блискиот Исток, Николас Сежур. Разговарале за потребата од засилена економска и трговска соработка меѓу двете земји, посебно земајќи ја предвид актуелната глобална безбедносна и економска криза. На средбата Муцунски нагласил дека Македонија наскоро ќе добие влада која искрено ќе се заложи за привлекување на странските директни инвестиции, а меѓу нашите приоритети ќе бидат токму француските мултинационални корпорации.Во француското министерство за одбрана заедно со Ренауд Дорлхиак кој е одговорен за билатерални односи со Европа и Северна Америка, отворени биле прашања од регионален и глобален интерес. Македонија и Франција се партнери во НАТО, и затоа воено-безбедносната соработка мора да се продлабочува.Исто така, се сретнал и со Грегори Виленуев, раководител за Балкан во Француската агенција за развој. Разговарал за можностите за реализација на конкретни проекти од областите дигитализација и заштита на животната средина во општина Аеродром. Наскоро се очекува посета на делегација на AFD во Аеродром и конретизирање на дел од понудените проекти.Во француското министерство за надворешни работи и европски прашања остварени се повеќе средби и тоа со: Николас Фаје (директор за Западен Балкан), Лук Леви (одговорен за културна и образовна соработка со Западниот Балкан) и Клотилд Варин и Маделин Коурант (одговорни за Европа во Центарот за анализа, предвидување и стратегија на МНР). Со соговорниците се дискутирало за понатамошен развој на билатералната политичка соработка, но и за постојана соработка од областа на културата и образованието.За време на престојот во Франција во својство на градоначалник на Општина Аеродром Муцунски го посетил и градот Ла Везинет каде што се сретнал со градоначалникот Бруное Корадеки. Ла Везинет во Франција е познат по својот успешен локален мултимедијален центар, токму таков каков што треба да се изгради во Аеродром во текот на актуелниот мандат. Заедно со француската влада, Ла Везинет ќе понуди искуство, поддршка и помош за успешна реализација на ова ветување.Франција е актуелен претседавач со Европската унија, а Македонија со сигурност ќе ја добие нејзината поддршка на патот на европската интеграција“, информира ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 години

dimitar-kovachevski-hristijan-mickoski-960x504-1

Резултати од анкета: Во кој политичар најмногу веруваат Македонците, дали СДСМ треба да остане на власт

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) денеска излезе со анкета за ставовите на граѓаните за нивната поддршка на политичките партии и политичарите, како и за одредени актуелни прашања во моментов.На прашањето дали Владата, предводена од СДСМ треба да остане на власт до крајот на мандатот во 2024 година или се потребни предвремени парламентарни избори, 39,1 отсто се определиле за предвремени избори, 32,5 проценти сметаат дека треба да остане на власт, а 28,4 отсто одговориле со „не знам“.Кусата телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. ИПИС напоменува дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 проценти, поради што сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.Според резултатите од анкетата на прашањето за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори, 21,2 отсто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 16,2 за СДСМ, 7,2 за ДУИ, 3,8 отсто би гласале за Алијанса за Албанците, 2,9 отсто за Левица, 1,5 отсто за БЕСА и еден процент за Алтернатива.За ниту една партија не би гласале 17,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 16,1, а одговор немале 12,8 отсто.На прашањето во кој политичар имаат најголема доверба, 16, 2 отсто од анкетираните се определиле за Христијан Мицкоски, 8,7 отсто за Димитар Ковачевски, 6,4 отсто за Зоран Заев, 7,3 проценти за Али Ахмети. Од анкетираните 3,8 проценти имаат најголема доверба во Зијадин Села, 2,7 во Димитар Апасиев, 1,9 отсто во Билал Касами, еден отсто во Африм Гаши, а 1,4 проценти во Никола Груевски. Триесет и два отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, не знаеле да одговорат 15,4 отсто, а 3,2 проценти се изјасниле за друг.Во врска со тоа дали со формирање на новата Влада се надминала политичката криза во земјава, 27,9 одговориле „да“, 47,4 „не“, а 24,7 „не знам“.ИПИС напоменува дека заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, бил креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна била спроведена анкетата, а истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок, кој бил стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во земјава.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-grubi-dui

Владата на СДСМ и ДУИ се задолжува 900 милиони евра, за ДУИ да краде и профитира, вели опозицијата

„Задолжувањето кое го најавува владата од 900 милиони евра е задолжување кое треба да послужи за отпочнување на еден проект кој долго го најавува ДУИ, а за која цел бизнисмен близок до ДУИ влезе во сопственичката структура на една стара македонска градежна фирма“, смета ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Парите од задолжувањето треба да поминат преку фирмата која сега е во сопственост на човек близок до ДУИ.На тој начин државата зема кредит, народот плаќа, а профитот го носи ДУИ.Сето ова е испланирано на штета на македонските граѓани. А долгот по ова задолжување ќе биде над 8 милијарди евра, и иако дуплиран во споредба од пред 5 години резултат и проекти нема, само криминал и корупција“.

Македонија | пред 3 години

dimitar-kovachevski-hristijan-mickoski-960x504-1

Мицкоски со ултиматум: Ковачевски има време до 10 мај да размисли

При денешната посета на општина Охрид, претседателот Христијан Мицкоски даде изјава за медиуми, при што даде одговор и на ставот на Димитар Ковачевски, кој кажал дека не е спремен на дијалог, со точка на дневен ред, предвремени парламентарни избори и дека проблем е активната блокада.„Мојот став е дека до 10 мај има рок, нека не брза, нека размисли, по 10 ние продолжуваме според она што го усвои ИК на партијата, а тоа е активна блокада на македонскиот парламент, рече претседателот Мицкоски.Доколку не сака сам, тој на таа средба може да го земе и Османи, и Ахмети, и Љубчо Георгиевски, нека дојде и со Павле Трајанов, со Маја Морачанин, Горан Милевски, со сите со цела коалиција, еве јас ќе бидам со моите соработници, да разговараме за датум за избори, а до тогаш му нудам 4 тим, да му помогнат колку толку да ги ублажиме ефектите од оваа кризна состојба во која што се најде нашата земја“, кажа Мицкоски.Тој изјави дека со месеци повикува на дијалог, на разговор, бидејќи Македонија е во криза, а луѓето од владата се невешти да се справат со реалните проблеми, односно со кризата кои сами ја наметнале.

Македонија | пред 3 години

mickoski-pratenici-vmro-dpmne-1

75% од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока, Ковачевски и СДСМ да ја прифатат подадената рака, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Нервозата кај Ковачевски и СДСМ е очигледна. Тие се очајни и фрустрирани затоа што гледаат дека над 75% од граѓаните сметаат дека Македонија се води во погрешна насока, што е резултат на неспособноста, неодговорноста и криминалот на оваа власт на СДСМ и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„ВМРО-ДПМНЕ повторно подава рака во интерес на граѓаните и државата.Затоа бараме СДСМ да се вразумат и да прифатат да се договори датум за предвремени парламентарни избори, а до тогаш да вклучат тимови од експерти да помогнат во изнаоѓањето на решенија за кризите и проблемите кои им тежат на граѓаните.СДСМ треба да покажат доблест и интересите на граѓаните да ги стават пред нивните тесни партиски интереси и желбата за гола власт“.

Македонија | пред 3 години

28032022_PVRSM_Kovacevski_sostanok-vo-Sofija_6-1

Ковачевски ја турка Македонија во провалија, само да ја зачува власта, вели опозицијата

„Ковачевски е деструктивен, заради него и СДСМ државата се наоѓа во неколку кризи, а народот е се посиромашен, тој нема идеја како да ја извади државата од ќорсокакот во кој не внел и упорно сака да остане на власт и бега од избори“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму додаваат:„Народот плаќа 30% поскапа струја директно, а индиректно преку буџетот се плаќаат стотици милиони за увоз на скапа струја и тоа е се заради неспособноста на власта и криминалот во РЕК.Цените на основните намирници се и до 100% поскапени, а платите не мрдаат од мртва точка.Владата е главниот виновник за лошата ситуација во економијата. Државата е во стагфлација. Имаме и инфлација и економски крах.Ковачевски е свесен дека националната катастрофа која ја живееме, а предизвикана од нив не може да ја реши, но по секоја цена сака да остане на власт, па макар народот и државата да платат огромна цена.Лошите политики на Ковачевски се гледаат и во односите со Бугарија. Тој не знае како да ги брани македонските интереси, па чека и по неколку дена како јавноста ќе реагира за да сними видео од кабинет.Македонија не била во полоша положба од денес. И СДСМ нема капацитет да направи било што за да тргне на подобро.Ковачевски и СДСМ мора да сфатат дека единствен излез од кризата се предвремени парламентарни избори, само така државата ќе добие силна влада водена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе знае како да ја изведе од кризата“.

Македонија | пред 3 години

protets-9-nikoloski

Николоски: Македонија ја има се помалку, од 10 мај почнуваме со активна блокада на Собранието, СДСМ-ДУИ да си го преиспитаат своето однесување

„Во тек е седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ каде меѓу другото се расправаше за актуелната политичка состојба и националната катастрофа предизвикана од криминалната и неспособна власт и исто така разговараме и за одредени внатрепартиски прашања и кадровски одлуки кои ги носи партијата“, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Тоа што е најинтересно за јавноста би сакал да го презентирам. Сметаме дека животот во национална катастрофа од која Македонија ја има се помалку, станува за жал секојдневие. Ваквата позиција во која се донесе државата ја донесе токму оваа влада и задолжително создава обврска соодветно да одговориме на истата.Морам да потенцирам дека ваквите чекори како овој вечерва е реакција на акцијата на власта и нивното неодговорно однесување и за секој понатамошен чекор, единствен виновник е коалицијата на СДСМ и ДУИ и никој друг.Токму на седницата на ИК донесовме заклучок за активна блокада на Собранието,. Што подразбира активизам за блокада на сите штетни законски решенија и прописи коишто доаѓаат од оваа влада на СДСМ и ДУИ. Оваа блокада ќе стапи на сила на 10 мај, а дотогаш бараме коалицијата СДСМ и ДУИ да го преиспита своето однесување и да ја прифати подадената рака за дијалог вклучително и организација на лидерска средба на којашто ќе се договориме за датум за предвремени избори и ќе отвориме најбитните сектори за коишто ВМРО-ДПМНЕ понуди тимови. Тоа се секторите финансии, здравство, образование и секако меѓународните односи, европските интеграции и проблемот којшто Македонија го има со Бугарија.Така што топката сега е кај СДСМ и кај ДУИ да донесат правилна одлука, да седнеме на лидерска средба, да го дефинираме датумот за предвремени избори и да наоѓаме решенија за најклучните проблеми во Македонија.Доколку тоа не се случи почнуваме на 10 мај со активна блокада на Собранието. Ваквата одлука следи по континуираното подавање на рака за дијалог на власта од страна на нас. И наместо разумно однесување имаме целосно непочитување на ВМРО-ДПМНЕ кое што има најмногу пратеници во Собранието и најмногу градоначалници после последните локални избори на кои беше апсолутен победник. Волјата на граѓаните мора да се почитува.Со такво игнорирање на власта сакаат да покажат сила. На тој начин сакаат да го понижат ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и македонскиот народ кој со мнозинство гласа за ВМРО-ДПМНЕ и ја поддржува партијата.Државата се наоѓа во драматична ситуација, инфлацијата галопира, економијата оди кон полошо, инвестиции нема, а згора на тоа власта ги задолжува идните генерации со задолжување од 900 милиони евра што е историски најголемо задолжување кое што било која влада, било кога го зела.За криминалот и тендерите во 4 очи мислам дека знаат и малите деца. Кршењето на деловникот на Собранието, преку носењето на сила на законски решенија, одбивањето на консензус за горливото прашање со Бугарија и застојот во евроинтеграциите не покажуваат колку се силни, туку колку се ранливи како власт. И токму затоа посегнуваат по чекори кои значат елементарно непочитување на граѓаните, на македонскиот народ и тоа што го прават е чекор кон продлабочување на кризата. Кога нема да покажат почитување на народот, кога нема да има слух за потребите на народот, кога покажуваат сила треба да знаат дека тоа раѓа одговор и раѓа нова сила. Оваа активна блокада ќе трае во континуитет се до промената на власт, односно до договорот за датум за предвремени парламентарни избори.Воедно ова е еден од првите чекори, а потоа во наредните денови ќе продолжат разговорите во рамките на телата на партијата за преземање на идни чекори, при што сите опции се на располагање.Повторувам ова е само првиот чекор, ќе следат и бројни други чекори доколку продолжи неразумноста на СДСМ и на ДУИ. Затоа СДСМ и ДУИ ги повикувам да го преиспитаат сопственото однесување. Ние ќе одиме по овој пат се до конечна победа и до конечно менување на грдата реалност. Затоа што тоа им го должиме на граѓаните на Македонија.Апелирам до јавноста да биде трпелива, затоа што ова е процес којшто ќе трае и процес коишто бара сеопшта мобилизација на што ги повикувам граѓаните. Процес во кои грешки не се дозволени и процес во кои е потребен активизам и политичка размисла на секои еден поединец коишто е добредојден.Затоа што кога народот и мудрите глави во општеството се повлекувале од одлучувачките процеси, други носеле лоши одлуки. Барам мобилизација и активизам, да не дозволиме да ни ја крадат иднината и во наше име да одлучуваат и на наш грб да се богатат.Македонија е земја на нејзиниот народ, на сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци и заедно ќе се избориме. Промените ќе се случат, а ВМРО-ДПМНЕ е секогаш со народот.Воедно сакам да кажам дека седницата на Извршниот комитет продолжува и ќе се разговара и за останати битни прашања“.

Македонија | пред 3 години

nikoloski-press

Донесена одлука: ВМРО-ДПМНЕ почнува блокада на Собранието

Ваквите чекори како овој вечерва е реакција на акцијата на власта и нивното неодоворно однесување и за секој понатамошен чекор единствен виновник е коалицијата на СДСМ и ДУИ и никој друг, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.-Токму на седницата на Извршниот комитет донесовме заклучок за активна блокада на Собранието што подразбира активизам за блокада на сите штетни законски решенија и прописи кои што доаѓаат од СДСМ И ДУИ. Оваа блокада ќе стапи на сила на 10 мај. Власта има време да си го преиспита однесувањето и да прифати лидерска средба на која ќе се договориме за датум за предвремени избори, рече Николоски.

Македонија | пред 3 години

mickovski-mickoski-hristijan-5

Мицкоски: И СДСМ признаа дека Македонија е во криза, затоа ВМРО ДПМНЕ размислува да пристапи кон активен бојкот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при денешната посета во општина Карбинци, одговараше на новинарско прашање кое се однесува на вчерашните најави за активен бојкот на Собранието на Република Македонија доколку власта нема слух за барањата на опозицијата, како и изјавите од страна на СДСМ по однос на тие најави.Мицкоски рече дека СДСМ со таа изјава практично признава дека Македонија е во криза, а во оваа криза, тие наместо да се обратат на најголемата политичка партија со најголемата пратеничка група и најголем број градоначалници и советници, тие одлучиле да молчат.- Два месеци буквално ги молевме и секој наш чекор е реакција на нивната акција. Јас на самата прес конференција кога го најавив ова кажав дека за сѐ понатаму единствената одговорност ќе биде врз Ковачевски и СДСМ. Ако некој за тоа не е свесен, еве уште еднаш ја користам оваа прилика да ја потенцирам нашата сериозност.Ќе повторам, ова нема да трае еден, два, три или пет дена, ова ќе трае со недели а можеби и со месеци сѐ додека оваа влада конечно не се вразуми, не седне да разговара со опозицијата и не организираме предвремени парламентарни избори – рече Мицкоски.Во однос на изјавите од страна СДСМ дека не е потребно во време на криза да се организираат избори, Мицкоски запраша дали било домаќински да се закажуваат локални избори во Центар Жупа и Маврово Ростуше без консултација со опозицијата, ако знаеле дека тие нема да успеат, како што впрочем и не успеале?- За кои домаќини зборуваме, за оние кои се наполнија со пари на криминален начин на грбот на народот? За тие домаќини зборуваме? Тие се сѐ само не се домаќини, тие се расипници но не на своите пари, туку на парите и на маката на граѓаните. А дали треба да се организираат избори – избори треба да се организираат час поскоро за да излеземе од оваа криза. Денеска Европа се подготвува за есента и зимата, веќе е мај месец и за четири месеци ќе ни дојде есента а за шест месеци од денеска и зимата, дали вие слушнавте некој од владава денеска да каже дали и што презема за тоа што ќе нѐ очекува за четири месеци од денеска? Еве јас ќе ви кажам, не можете да слушнете затоа што овие луѓе немаат капацитет. Нивниот капацитет е само да обезбедат што поголема моќ за себе и што повеќе тендери во четири очи, сето останато е оставено народот сам да се снаоѓа кој како умее. Е тоа, ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и партија од народот и ќе дадеме сѐ од себе на овој народот да му помогнеме, а така ќе ѝ помогнеме и на Македонија – додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

mickoski-mickovski-hristijan

Мицкоски: Додека функционерите од власта се корумпирани и крадат, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ штедат, работат и градат

„Продолжуваме со активностите на терен под мотото Промените продолжуваат, заедно со народот, она што денеска го гледаме овде во Карбинци е доказ дека не се работи само условно кажано во поголемите општини, туку се работи насекаде каде што градоначалниците се дел од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, вели Христијан Мицкоски.Тој додава:„Задоволен сум од ова што го гледам, затоа што ова претставува одлична можност каде што општината покажува дека со сопствени средства, со домаќинско работење, посветено работење може да се направи многу и да се овозможат услови на индустријата да ги заврши своите инвестиции, а со тоа да обезбеди развој на локалната економија и нови вработувања.Јас навистина сум среќен што можам да кажам дека еве за помалку од половина година разликата е евидентна. Не се сите исти, додека некои се корумпирани и крадат, другите штедат и работат и градат. Тоа е разликата помеѓу оваа корумпирана и криминална власт и онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има можност да покаже пред граѓаните како се работи.Тоа е иднината која што ние ја нудиме, проекти, домаќинско работење, посветено работење, се во интересите на граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ покажала многу пати во минатото, така ќе биде и во иднината дека е државотворна партија и партија која што се грижи исклучиво за интересите на граѓаните и на Македонија.Јас уште еднаш им честитам и на градоначалникот и на неговиот тим што навистина овозможува од сопствениот буџет во едни вакви тешки услови да се реализира една ваква капитална инвестиција, а со тоа да им овозможи на бизнисмените кои што одлучиле овде во оваа индустриска зона да купат парцела да изградат свој објект и да обезбедат нови вработувања, кои што значат голема поддршка за локалната економија, но и за Македонија“.

Македонија | пред 3 години

2-2

Мицкоски со услов: Нема да поддржиме промена на Уставот за влегување на Бугарите доколку нема писмени гаранции

„ВМРО-ДПМНЕ нема никаква официјална информација од страна на надлежните за тоа за што се преговара. И многу е чудно кога зборуваат за уцени, а тие всушност го држат во заложништво и го уценуваат целиот македонски народ бидејќи преговараат за неговиот идентитет, а најголемата политичка партија не знае за што се преговара. Практично ги има заробено институциите, тоа е прво. А, второ, можното решение може да има три подваријанти. Првата подваријанта е официјалната Софија во јуни на Европскиот совет, да го тргне ветото и да се одржи првата меѓувладина конференција, но да не почнат преговорите се додека дел од бугарскиот народ не влезе во Преамбулата на македонскиот Устав“,истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во своето гостување во дневникот на Сител телевизија.Мицкоски посочи дека втората подваријанта е исто така Софија официјално да го тргне ветото, меѓутоа барањето од бугарската Декларација од 2-ри ноември 2019-та година да биде дел од преговарачката рамка. Но Мицкоски се надева дека голем број на земји членки нема тоа да го дозволат бидејќи билатерални прашања не треба да бидат дел од преговарачката рамка. И третата подваријанта е воопшто да не се тргне ветото.„Што е заедничко во овие три сценарија? Заедничко е дека нема да почнат преговорите. Туку преговорите можат да почнат само во услов кој што ќе биде дел од преговарачката рамка наметнат од Софија. Е, сега доаѓам до одговорот, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ може да поддржи да дел од бугарскиот народ биде од Преамбулата само под еден услов да добиеме гаранции кои што ќе ги изгласа бугарскиот Парламент, а со кои што јасно ќе стави дознаење дека со вклучувањето на дел од бугарскиот народ ви Преамбулата на Уставот завршуваат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија. И од тој момент натаму никогаш повеќе до самиот влез на Македонија во рамките на ЕУ тие нема да ја блокираат“, нагласи Мицкоски.Мицкоски посочи дека треба да се каже стоп за двојните стандарди за Македонија, нема да се поддржи промена на Уставот ако нема писмени гаранции дека повеќе Бугарија нема да ја блокира Македонија.

Македонија | пред 3 години

274070854_502198351262096_2037882220863491264_n

Енергетската неспособност на СДСМ ги чини граѓаните 30% поскапа струја, и стотина милиони од буџетот, реагира опозицијата

„Енергетската неспособност на СДСМ ги чини граѓаните 30% поскапа струја, и стотина милиони од буџетот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„СДСМ го остави РЕК Битола без јаглен пред почеток на грејна сезона, и како резултат на тоа месечно се трошеа и над 50 милиони евра за увоз на скапа струја.СДСМ не функционално работи и со хидроакумулациите, кои ги испразни додека струјата беше евтина во ек на пролет и лето, за да бидат на минимум во текот на грејната сезона.СДСМ нема направено еден стратешки проект во енергетиката.Со СДСМ енергетскиот сектор колабира, а граѓаните плаќаат се поскапа струја“.

Македонија | пред 3 години

miteva

Митева: Власта да одговори до каде е дијалогот со СОНК

„Власта ја исполни својата цел после многубројните притисоци, наставниот кадар започна со настава, но одговор за тоа до каде се преговорите со СОНК се уште нема. Стана јасно за методите на власта уште во моментот кога беше поставен помирувачот. Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика Тренчевска и тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски. Владата успеа да го стави СОНК во подредена положба, а наставниците да ги деградира и понижи“,вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Таа додава:„После бројните закани кои владата ги упати кон СОНК, а истите не успеаја да ги предомислат наставниците, сепак владата изнајде начин како да го запре штрајкот повикувајќи се на Законот за мирно решавање на споровите. Власта брутално го уништи достоинството на наставниците во моментот кога се закануваа дека ќе ги загубат своите работи места, дека ќе се најде нивна замена, дека платите нема да им бидат исплатени во целост, за само еден ден после тоа да дава поддршка и благодарност до наставниот кадар. Доколку владата навистина сакаше да го реши спорот по пат на медијација тогаш тоа можеше да го стори уште пред да започне штрајкот или многу брзо по започнување на штрајкот. Нивната манипулација се гледа и денес кога молчат и не ја информираат јавноста до каде се преговорите, дали и каков напредок е постигнат, кој е предлогот на Владата за решавање на проблемот?Почитувани,Власта е должна на јавноста да и одговори што се влегло во т.н. преговарачка рамка, а не да се надева дека јавноста ќе заборави и нема да има потреба од дополнително информирање.Измама и злоупотреба на наставниот кадар нема да дозволиме, бараме владата да одговори до каде е дијалогот на власта со СОНК?“.

Македонија | пред 3 години

Arsovski-02.05

Арсовски: Хипокризија е обвинувањето на Ковачевски за криминални проекти, кога често и непосредно се дружел со тогашните функционери

„Следниот пат кога Димитар Ковачевски ќе прочита напишан текст во кој ќе го напаѓа проектот Скопје 2014 и ќе зборува за некаков криминал, имајте предвид дека тоа е лицемерие. Бидејќи тоа го видовте и со видеото кое го презентиравме вчера“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Димитар Ковачевски не само што учествувал во настани поврзани со Скопје 2014, туку бил често друштво на тие кои ги обвинува за криминал. Архивските снимки кои ги виде целата јавност, медиумите, ги видоа сите, можеше и сам да ги види да се потсети што правел пред неколку години и архивските фотографии го потврдуваат сето она кое што го говориме.Видно задоволен, можеби најрадосен за отворањето на проектите од Скопје 2014, во првите редови секогаш никогаш позади, Ковачевски уживал во друштвото со тогашните функционери, се смеел, аплаудирал и уживал. Едноставно му одговарало да биде помеѓу нив. Човек при вакви видеа и слики да помисли дали Ковачевски потоа со денови не си дека раката не си ја миел само за да го држи истото чувство откако се гледал со истите луѓе кои сега ги нарекува криминалци.Објаснувањето на СДСМ дека тој е само директор на компанија во тоа време, не држат затоа што имало и многу други директори, но никој како Ковачевски не бил толку често и толку непосредно и толку блиску до функционерите на власта. Веројатно затоа што друштвото му одговарало, а ова сега што го кажува е само хипокризија.Затоа велиме дека овој човек нема никаков интегритет. Овој човек нема никаков легитимитет. Чита што ќе му напишат и донесува одлуки како ќе му кажат други. Ниту самиот одлучува што ќе говори и ќе каже, ниту самиот одлучува што ќе прави и како ќе постапи во политиката. Тој е еден обичен пиун.Ајде Ковачевски охрабрете се и излезете на избори, проверете си го легитимитетот меѓу народот, проверете си го интегритетот, па да видиме што мислат и што ќе кажат за вас. Да видите што мисли народот за вашата хипокризија, за вашите политики, за вашата неспособност како влада да се справува со кризите бидејќи во моментов е полошо од најлошото кога беше Зоран Заев. Да видите што мислат граѓаните за осиромашувањето, за вртоглавиот пад на стандардот, за покачениот долг, за новите задолжувања кои се обидувате да ги направите и сите неуспеси кои ни се случуваат на Република Македонија изминативе неколку месеци под ваше водство и изминативе неколку години под водство на СДСМ. Затоа ајде повелете излезете на избори, доколку не можете вие да одлучите, кажете вие со кого да разговараме и кој треба да одлучи за да вие излезете на избори и се охрабрите“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања